Бајката наречена Кападокија

Дали знаевте дека локалното население долго живеело со цврсто уверување дека нивната земја ја обликувале суштества од некоја друга планета? Пределите на Кападокија навистина така и изгледаат, па прави потајно и ние да се согласиме :)!

Кападокија се наоѓа во централниот дел на Анадолија во Турција и нејзиното име значи “земјата на убавите коњи”. Денес Кападокија е едно од најпосетените и најромантичните места на светот. Овој крај покажува и докажува дека Турција има многу повеќе од море и прекрасен брег! Секако, кога на природната убавина ќе се додаде гостопримство и вкусна храна, не е ни чудно што #ЦелСвет сака да го истражи ова магично парче земја... И не, Кападокија не се само балони... Кападокија е мнооогу, многу повеќе..! 

Сé што сакаме да посетиме е во триаголникот помеѓу Невшехир, Аванос и Ургуп, па избравме да се сместиме во срцето на Кападокија, во малечкото место Гореме. Сигурно постои некоја легенда за која допрва ќе слушнеме, која вели дека Гореме веднаш го краде срцето и е љубов на прв поглед! За магијата да биде целосна се сместуваме во хотелите во карпи (cave хотели). Ретко каде има прилика да се доживее такво нешто, така што оваа прилика не ја пропуштаме. Модерни хотелски соби на кои сме навикнати ги има секаде на светот, но во Кападокија бираме автентично за да ја доживееме на вистинскиот начин. Апартманите/собите се прекрасно уредени и луксузни, а самиот момент дека спиеме во исклесана карпа пренесува енергија со која полниме батерии и едвај го дочекуваме секој нов ден!

Хедонизмот во Кападокија е на многу високо ниво. Мноштвото ресторани со вкусна храна пленат со својот мирис и ќе ве дочекаат на секој агол. Ретко кое ресторанче може да ве разочара. Неизбежна е превкусната баклава со сладолед или пак традиционално припремениот кебаб. Уживајте во шоља чај каде и да се најдете, но не заборавајте и на турското кафе! :) Цените варираат од локација до локација, но оброк за двајца плус пијалок тешко дека ќе платите повеќе од 15-20 евра. Чајот секаде е околу 3 лири, додека турското кафе е од 5 лири до 20 лири во зависност од локацијата.

Пејажите на овој турски предел се толку чудесни и магични што ќе помислите дека се наоѓате на друга планета. Кога ќе кажеме Кападокија, неизбежно е да не помислиме на балони, на стотина балони кои истовремено летаат над впечатливиот пејзаж. Ќе помислиме на нереалните слики од Инстаграм за кои мислевме дека се фотошопирани. Во Кападокија нема потреба од фотошоп. Секој призор, секоја глетка, секој агол околу нас е како на фотографиите од интернет. Освен балоните, ги посетуваме долините кои ни покажуваат колку природата може да биде моќна...

Кападокија има навистина интересна историја која датира од 4тиот век од новата ера. Ранохристијаните ги употребувале пештерите како засолништа од Римското царство. Ги исклесале пештерите и ги обликувале според своите потреби. Во пештерите се формирале цели населби. Со посетата на подземните градови лично ќе се увериме како изгледал животот тогаш и со кои предизвици се соочувале жителите на ова магично место. Деринкуј е еден од најголемите подземни градови во Кападокија во кои живееле околу 20 илјади жители заедно со својата стока. Интересен податок е тоа што сите пештери се меѓусебно одлично поврзани така што ако дојде до напад населението преки тунелите ќе дојде до сигурно засолниште. 

Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче! Создадена е земјата како од бајка, земјата на убавите коњи уникатни карпести форми, самовилски оџаци, подземни градови во вулкански карпи и пештерски цркви. 

Ја истражуваме Кападокија која навистина изгледа нереално.. Всушност “нереално” е и зборот кој најмногу го употребуваме додека сме нашите патувања таму, бидејќи никој не успева да пронајде други зборови за да ја опише убавината на она што го гледаме… Се гледаме насокоро или Yakında görüşürüz <3