Традиционалната кујна на Ерменија и Грузија

Традиционалната кујна во Кавказ се развивала под силно влијание на географијата и сточарскиот начин на живот како и во ерменскиот случај, влијанието на преплетување на различните цивилизации. Големиот број традиционални национални јадења може да се најдат во двете земји и воглавно се базирани на употребата на месо и тесто.

Харчо е најционална грузијска супа која денес може да се најде во земјите ширум поранешниот Советски Сојуз. Богата е со месо – најчесто говедско или јагнешко, но во некои краеви употребуваат и пилешко. Во основните состојки се вбројува оризот, орев и разни видови зеленчук. Како и во многу готвени јадења во Грузија, доминира вкусот на коријандер, кои локалните готвачи го ставаат во поголеми количини и предизвикуваат одушевување кај љубителите на овој зачин и истовремено агонија кај оние на кои не им е меѓу омилените.

Хачапури е грузијско национално јадење базирано на тесто и полнето најчесто со топен кашкавал и јајца. Станало глобално позато по Зимските Олимписки Игри во Сочи кога се изеле преку 175.000 хачапурии. Различните видови на ова превкусно јадење ги носат имињата на греографските области од кои доаѓаат. Аџарули има облик на брод и во средината има топено сирење, путер и јајца. Имерули и Мегрули се подготвуваат најчесто во округол облика и се полнети со интензивно топено сирење. Некои од локалните видови Хачапури имаат и зеленчук во топеното сирење, а има и варијанта со мелено месо. Сепак кога станува збор за комбинирање месо и тесто, приматот го носи Кинкали. Оригиналната рецептура подразбира полнење од мелено месо (јагнешко или мешано свинско и говедско), кромид и зачини, но денес постојат повеќе варијации. Вегетаријанските опции се подеднакво вкусни и се прават со сецкан зеленчук, компир или печурки. Независно од полнењето, вкусот ве маѓепсува после првиот залак.

Лаваш е вкусно тенко лепче без квасец и основниот додаток во Ерменската кујна. Според легендите дури еднаш му го спасил животот на еден ерменски крал. Лесен и вкусен и одличен е во комбинација со интезивните јадења со месо кои ги готват Ерменците. Најчесто го јадат со зачинето јагнешко кое е специјалитет во националните ресторани во Ерменија. Исто така не треба да се изостави и долма – ерменската верзија на сарма, завиткана во лозов лист и богато зачинета со билки кои потполно го менуваат добро познатиот вкус на сарма кој го знаеме. Џаш или Каш е ерменски гулаш кој покрај месо има и зеленчук, зачини или семе од тиква, а се служи како прелив на обарен ориз. Ова секојдневно ерменско јадење е интересен спој на различни вкусови, а многу ресторани вовеле и по некој тајна состојка за да се издвојат од конкуренцијата. За крај топла препорака се рибите од езерото Севан, посебно реткиот вид бела риба – сиг.