Зошто Малдиви и совети за патување

Освојте ги двете земјини полутопки!

Посетата на Малдиви најчесто подразбира престојување на двете Земјини полутопки бидејќи најјужниот остров лежи на 1 степен јужна географска ширина, додека најсеверниот атол се простира 7 степени на север.

Дури 99% од територијата ја чини вода и од таа причина тука може попрво да добиете плускавци од пераи отколку од обувки. Нема да ви се потребни ни влечки...

Вашето тело и вашиот ум ќе бидат во блажена состојба опкружени со бескрајно синило и зеленило кое ја храни душата.

Победете ги своите стравови и заблуди дека ајкулите јадат луѓе! 

Недалеку од Мафуши има место во кое може да влезете во водите на Индискиот океан и да запливате со десеттина ајкули.  Ќе поминуваат покрај вас, ќе се судирате, но многу е важно да останете прибрани и да не паничите. Адреналинска авантура до максимум! Фотографите може да ги овековечат овие Ваши храбри подвизи и несекојдневни дружења.

Доколку пливањето со ајкули сепак не е за Вас, истите може да ги замените со делфини, желки, шаренки рипки и целиот подводен свет на Индискиот океан.

Малдиви е исклучиво исламска земја, односно само муслимани може да бидат државјани и во земјата е забранет внес на се што се коси со исламот...

 Затоа да не Ве изненади доколку на аеродром ви конфискуваат статуа на Буда, икона од Богородица, крст итн.. Сé ќе Ви биде вратено непосредно пред враќањето.

Продавниците се затвораат кога е време за молитва. Ова е посебно изразено во петок, кога е големиот џума намаз, а и често во хотелските соби постојат стрелки како показател во кој правец е Мека.

Забрането е изнесување корали од земјата, бидејќи истите тие корали и корални гребени го штитат Малдиви од потоп. 

Малдиви е најниската земја на светот. Највисокото природно возвишување е нешто повисоко од 2м. Научниците предвидуваат дека во наредните 100 години Малдиви ќе биде потопен и тоа пред сé заради глобалното затоплување и топењето на глечерите. 

Владата на Малдиви, максимално се труди да го заштити локалното население од масовниот туризам, па така на локалните и градски плажи може да се бањате но под услов да се облечени. 

Информација за оние кои сакаат да намалат со конзумацијата на алкохол, Малдиви се вистинската дестинација за Вас. Алкохол нема во слободна продажба и само на одредени места може да дојдете до чаша пиво. Тоа задоволство ќе Ве чини малку повеќе, така што сигурно ќе станете поумерени.

Информација за љубителите на спорот – Ако до Вас дојде фудбалска топка, немојте да мислите дека тоа е случајно! Тоа е директен повик да се уклучите во играта.

Добредојдовте на сончевата страна на планетата, Ви гарантираме дека одлично ќе си поминете!