Кенија Акција

Кенија Акција

цена од
1.190
EUR ,00
сега од
890
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

Дали сте подготвени за егзотичен одмор на прекрасните плажи во Кенија со најдобрата авантура - сафари!

Нашата база за време на оваа африканска авантура ќе биде градот Момбаса. Момбаса е спој на арапски, азиски и европски влијанија. Лавиринт од бои, луѓе, улична храна, пазари, врева, брзање и плажи на Индискиот Океан.

Низ историјата, Кенија била населена од трите најважни племиња: Банту, Кушити и Нилоти, сè до доаѓањето на европските колонизатори, кои ја вовеле христијанската религија и англискиот јазик. Оттука и причината зошто населението во Кенија покрај свахили зборува и англиски.

Патувањето во Кенија не би било целосно без посета на некои од најубавите национални паркови, како што се Масаи Мара или Кава. Ја запознаваме африканската дивина која ја замислувавме цел живот, саваната во која слободно и гордо шетаат слонови, лавови, гепарди, биволи, жирафи, носорози, нилски коњи, леопарди, крокодили, антилопи, елен дик-дик и многу други животни.

Остатокот од одморот го поминуваме на плажите со брановите на Индискиот Океан, африканските ритми и насмеаните локални жители.

Екскурзии вклучени во цената: Центар за жирафа, тура Масаи Мара, тура на езерото Најваша


Рута
Белград
Доха
Момбаса
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Африка, Кенија
Видови патувања
Експедиции
Код на патување
KE1
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Собирање на групата на аеродромот Никола Тесла во Белград во договореното време.Лет од Белград за Доха во 12:15h – лет QR 232. Пристигнување во Доха во 18:20 и престој до летот за Момбаса.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Момбаса, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Лет од Доха за Момбаса во 02:30h и слетување во 08:30h по локално време – лет QR 1333. Трансфер досместувањето на брегот од океанот. Hello Mama Africa! Слободно време до сместувањето и опуштање со коктели и звуци на африканската музика. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Kahama hotel Mombasa 1 ноќ

Место

  • Момбаса

Факултативен излетдо Момбаса, се посетуваат „Слоновите коски на Момбаса”,познат симбол на овој град, стар град чијашто архитектура сведочи за присуството на арапските, азиските и европски народи на овој простори Тврдината на Исус (Fort Jesus), утврдување кое го изградиле португалците во 16 век. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Kahama hotel Mombasa 1 ноќ

Место

  • Момбаса

Храна

  • Континентален доручек × 1

Факултативни излети

Денови резервирани за запознавање на „големата петка”, каде што ќе имаме можност да го запознаеме животинскиот свет на Африка. Можеме да ви понудиме еднодневен или дводневен факултативен излет во Националниот парк Цаво (Tsavo) или дводневен факултативен излет со авион во Националниот парк Масаи Мара. Ќе имаме прилика да ја запознаеме африканската дивина којашто сме ја замислувале целиот живот,вистинската савана по која непречено и гордо шетаат слонови, лавови, гепарди, биволи, жирафи, носорози, нилски коњи, леопарди, крокодили, антилопи, дик-дик елени и многу други животни. Враќање во сместувањето. Ноќевање. 

Сместување

Kahama hotel Mombasa 2 ноќи

Место

  • Момбаса

Храна

  • Континентален доручек × 2

Факултативни излети

Слободно време за уживање на плажа со афричките ритми, насмеаното локално население, позитивна енергија додека сме окружени со синилото на Индискиот океан. Ноќевање.

Сместување

Kahama hotel Mombasa 1 ноќ

Место

  • Момбаса

Храна

  • Континентален доручек × 1

Факултативен излет за сите оние кои би сакале да се обидат во ловење на риба на Индиски океан – авантуристичко уживање на океанот – ловење на риба. Бавно испловуваме со нашиот брод и тргнуваме во потрага по најразличниот подводен свет на Индискиот океан. Во кениските океански води можат да се сретнат преку 30 различни видови на морски риби, а најпознати од нив се ваху, баракуда, кингфиш (kingfish), мако ајкула, тигар ајкула, сабјарка, туна и т.н. Враќање во сместувањето. Ноќевање. 

Сместување

Kahama hotel Mombasa 1 ноќ

Место

  • Момбаса

Храна

  • Континентален доручек × 1

Факултативни излети

Слободен ден за одмор, уживање и капење. Ноќевање.

Сместување

Kahama hotel Mombasa 1 ноќ

Место

  • Момбаса

Храна

  • Континентален доручек × 1

Напуштање на собите во претпладневните часови и искористување на преостанатото време за впивање на сончевите зраци, насмевките, музиката, мирисите и впечатоците од нашата африканска авантура. Трансфер до аеродромот и лет од Момбаса за Доха во 16:50h – лет QR 1334. Доаѓање во Доха во 23:25h и престој до летот за Белград.

 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Момбаса –Белград, во економска класа

Место

  • Момбаса
  • Доха

Храна

  • Континентален доручек × 1

Лет од Доха во 06:55h – QR 231. Пристигнување во Белград во 11:15h. Крај на патувањето.

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Kahama hotel Mombasa Пример 7 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Момбаса, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Момбаса –Белград, во економска класа

Храна

7 × Континентален доручек

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Трошоци за виза за Кенија + услуга за визирање.
  • Меѓународно здравствено осигурување

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Момбаса City Tour

Момбаса City Tour
Цена: 75,00 USD

Момбаса е втор град по големина во Кенија и најголемото пристаниште, т.е. остров поврзан со копното преку мостови. Момбаса е секогаш интересна за посетителите поради нејзината секојдневна врева и весела атмосфера и поради своите културни и етнички разлики кои совршено градат хармонична целина. Градот со векови бил населен со народи од Блискиот исток и индуси, и поради тоа мнозинството од населението и припаѓа на исламската религија. Близината на националните паркови и руралните заедници му дава на овој град посебен шарм. Придружувани од локален водич, ќе ја посетиме фабриката за резба на дрва Акамба, како и Исусовата тврдина - Fort Jesus, изграденa во 16 век. Денес, зад овој вреден историски музеј, има еден прекрасен парк со поглед на океанот, каде што можете да слушнете интересни приказни од староседелците, под сенката на палмите. Стариот град привлекува внимание, полн со продавници за сувенири и рачни изработки, преполн со жители кои исчезнуваат во лавиринтот на типичните африкански улици. Ќе се сретнеме со автентични арапски и индиски домаќинства во традиционален стил. Исто така, во стариот град се наоѓа Белата куќа, првиот американски конзулат и Старата пошта, изградена од индусите, кои испраќале вести и пари дома преку железницата. Улицата Биашара нуди разновидност на кениски ткаенини, хармонично измешани бои, а тука е и симболот на градот. Ќе посетиме и пазар за зачини и локална храна. Исто така, ќе имаме можност да го видиме и старото пристаниште каде што сеуште функционираат траекти од 1937 година, со кои кенијските робови со векови се транспортирале до Линик и до копното. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за локалитетите, локален водич и претставник од нашата агенција.
Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за локалниот водич.

Еднодневно сафари во НП Цаво - Исток

Еднодневно сафари во НП Цаво - Исток
Цена: 160,00 USD

Цаво е еден од најголемите национални паркови во светот и зафаќа површина од 22.000 квадратни километри, што претставува 4% од целата територија на Кенија. Името го добил по реката Цаво. Во него е сместен природниот феномен Yatta Plateau, проток на лава долг скоро 300 километри, а познат е и по црвените слонови, кои може да се сретнат само овде, а нивната позната боја потекнува од црвената вулканска земја со која постојано се во контакт. Паркот се состои од источен и западен дел. Излетот започнува со утринско возење низ прекрасната африканската пустина до Националниот парк Цаво (околу 200 км). Одиме на авантура и во потрага по животни. Паркот изгледа како африканската пустина што ја замислуваме целиот наш живот, вистинска савана во која слонови, лавови, гепарди, биволи, жирафи, носорози, леопарди, крокодили, антилопи, дик-елени и многу други животни шетаат непречено. Имаме пауза за ручек (локална храна) и ако времето дозволи, го продолжуваме нашето сафари уште еден час. Цената на излетот е вклучено: превоз, билет, сафари, инструктор и ручек во локален ресторан. Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за инструкторите, вода, сокови.

Дводневен излет во НП Цаво - Исток

Дводневен излет во НП Цаво - Исток
Цена: 260,00 USD

За вистински авантуристи и оние кои сакаат малку повеќе да уживаат во убавините на Африка, подготвивме дводневно сафари. Првиот ден, ја започнуваме нашата авантура рано наутро и се упатуваме во националниот парк. Целиот ден ќе ги гледаме дивите животни, со пауза за ручек. По попладневното сафари заминуваме во сместувањето. Следниот ден стануваме рано и со волшебно изгрејсонце го продолжуваме нашето сафари за да го засведочиме будењето на дивиот свет. По паузата за појадок, одиме на уште едно возење во саваната и продолжуваме со истражувањето. Ручаме во локалниот ресторан и се упатуваме кон сместувањето во Момбаса. Во цената на излетот е вклучено: превоз, билет, сафари, ручек и вечера во локален ресторан на првиот ден, ноќевање на кампот, појадок и ручек на вториот ден. Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за инструкторите, вода, сокови.

Дводневно сафари (авион) во НП Масаи Мара

Дводневно сафари (авион) во НП Масаи Мара
Цена: од 900,00 USD до 950,00 USD

Масаи Мара се наоѓа во југозападна Кенија, долж границата со Танзанија и е всушност продолжение на Националниот парк Серенгети. Именуван е по реката Мара, која тече низ оваа област и локалното племе Масаи кое го населува. Ова е вистински погодок за љубителите на африканските животни, затоа што токму тука може да се сретнете со големата африканска петорка - лав, леопард, слон, носорог и бивол. Тука се и останатите видови животни, како и над 570 видови птици. Првиот ден наутро го напуштаме сместувањето и се упатуваме кон аеродромот во Момбаса. Од височините се восхитуваме на прекрасниот поглед на Килиманџаро и околината. По слетувањето, влегуваме во националниот парк и се упатуваме кон сместувањето, а подоцна започнува нашата сафари авантура во африканската савана. По неколку часови сафари правиме пауза за ручек, а потоа продолжуваме ако времето дозволи. На крајот на денот одиме на вечера и ноќеваме. Следниот ден се будиме рано и повторно ќе ја започнеме нашата авантура по појадокот. Уживаме во последните моменти во дивината и се подготвуваме за нашиот лет кон Момбаса. Слетуваме на аеродромот во Момбаса и трансфер до сместувањето.

Во цената на излетот е вклучено: превоз, билет, сафари, инструктор, ручек и вечера во локален ресторан првиот ден, ноќевање во камп, во соби, појадок вториот ден.

Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за инструктор, вода, сокови, закуска пред да влезете во паркот. 

Што да се носи на сафари: гардероба во пастелна боја (НЕ: живописни и флуоресцентни бои, црвена, црна..итн), долги ракави за заштита од комарци, удобни обувки, капа и очила за сонце, крема за сончање, марама за да можете да спречите вдишување на прашина, резервна облека, телефони, полначи и надворешни батерии, лекови и средства за хигиена.

Риболов (Deep Sea fishing)

Риболов (Deep Sea fishing)
Цена: 90,00 USD

За попладне предвидено е авантуристичко уживање низ океанот - риболов. Пловиме лесно на нашиот брод и тргнуваме во потрага по најразновидниот подводен свет на Индискиот Океан. Повеќе од 30 различни видови на морска риба можат да се најдат во океанот, од кои најпознати се вахо, баракуда, кралфија, мако ајкула, тигар ајкула, сабјарка, туна, итн. Во цената на излетот е вклучено: трансфер, возење со брод, инструктор, опрема за риболов, вода и безалкохолни пијалоци. Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за инструкторот. 

Сместување

Kahama hotel Mombasa

Kahama hotel Mombasa
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Kahama hotel Mombasa е хотел со 3* по локална категоризација. Сместувањето располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба има клима уред. Гостите можат бесплатно да користат wifi интернет и сеф кој се наоѓа на рецепцијата. Хотелот поседува отворен базен и спортски бар. Се наоѓа на две минути пеш од плажата Бамбури, а од центарот на градот е оддалечен околу 10км. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт http://www.klubhouse.co.ke/

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)