Сафари и најубавите тиркизни плажи 🦁
Ова е програма што ги спојува двете најсилни лица на Кенија. Го доживувате Индискиот Океан и белите плажи на Diani, а потоа влегувате во вистинската африканска савана на Tsavo East. Токму контрастот меѓу плажа и дивина го прави патувањето толку посебно.
Дводневното сафари е вклучено во цената 💯
Ова не е кратка посета на национален парк, туку целосно сафари искуство со повеќе возења низ саваната, ноќевање во lodge и полн пансион. Tsavo East е дом на слонови, лавови, леопарди, жирафи, носорози и многу други диви животни. Така ја доживувате онаа Африка што сте ја гледале во документарци, но овојпат одблизу.
Сместување во ресорт со 5★ и вили со најубавите плажи во Африка🏨
Во Diani престојуваме во два внимателно одбрани хотели, и двата сместени на едни од најубавите плажи во Африка. Diani Reef Beach Resort & Spa 5★ нуди ресторани, beach bar, надворешен базен, фитнес и spa, додека Bahari Dhow Beach Villas 4★ располага сопространи вили, на самата плажа.
Diani Beach, егзотичниот дел од авантурата 🌊
Пред и по сафари деновите имате време за Diani Beach, уживање на бел песок, под палми покрај топлиот Индиски Океан. Плажирање, масажи, убава храна и уживање во баровите на сама плажа го даваат вистинскиот баланс по деновите во саваната. Ова е делот од патувањето кога ритамот забавува и само уживате.
Корални острови, тиркизни плажи, диви животни... Африка како од National Geographic 🐠
Со брод одиме до Robinson Sandbank, песочен остров опкружен со кристално чиста вода и корални гребени. Денот е резервиран за капење, нуркање и уживање во тропската природа, со можност да видите и делфини.
Во исто патување добивате и подводен свет и африканска дивина. Ретко која програма спојува толку различни искуства во една дестинација.
Кенија и надвор од сафари 🏙️
Кенија не се само сафари, диви животни и национални паркови. Во Момбаса ја откриваме нејзината крајбрежна, историска и мултикултурна страна, каде близината на националните паркови, руралните заедници и Индискиот Океан му даваат на градот посебен шарм.
Ноќевање сред савана 🏕️
Во Tsavo престојувате во lodge со полн пансион додека трае сафари искуството. Наместо само да влезете и излезете од паркот, останувате таму доволно долго за да ја почувствувате атмосферата во различни делови од денот. Утрото и вечерта во саваната имаат сосема поинаква магија.
Сè ти е средено 🤍
Летови со вклучен багаж, трансфери, сместување, сафари со полн пансион и локална организација се однапред поврзани и организирани. Тебе ти останува само да ја доживееш Кенија, од белите плажи до срцето на саваната.
Рута
Скопје
Истанбул
Момбаса
Диани
Цаво Исток
Најроби
Истанбул
Скопје
- Код на патување
- KE4
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Не