Кенија Сафари

Кенија Сафари

цена од
1.999
EUR ,00
сега од
1.649
EUR ,00
траење
13 дена
Пријави се Барање
Барање

Сафари во Кенија е искуство кое се наоѓа на bucket листата на секој светски патник. Патуваме во срцето на Африка, во земја каде што границите на активните и динамичните градови се влеваат во огромните савани. 

Нашата авантура ја започнуваме во Најроби (Nairobi) главниот град на Кенија. Се движиме по бучни шарени улици, чиј заштитен знак се матату -- градски автобуси со колоритен дизајн. Најроби е можеби единствениот главен град во светот кој се граничи со национален парк, кој е дом на зебри, жирафи и други животни. Во Најроби имаме и прилика да се дружиме и да храниме жирафи во посебен центар кој се грижи за овие фасцинантни животни. 

Авантурата ја продолжуваме на сафари во еден од најпознатите национални паркови во Кенија и #целсвет -- Maasai Mara. Со нашите камери ја "ловиме" големата петорка на Африка - лав, слон, бивол, леопард и носорог. Се дружиме со автентични африкански племиња и го набљудуваме суровиот синџир на исхрана во дивината на африканската савана -- буквално како да сме во емисија на National Geographic! 

Нашата незаборавна авантура ја зачинуваме со најубавата плажа во Африка -- Diani Beach. Засолнети од сенката на кокосовите палми ги сумираме впечатоците од досегашната авантура... Авантура која многу малку луѓе имаат прилика да ја доживеат!!

Мама Африка Ве повикува!!

 

САФАРИ ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Дводневно сафари во Националниот парк Масаи Мара во Кенискиот дел на Серенгети без доплата!! Серенгети е област која се протега во северна Танзанија и југозападна Кенија. Според многу сафари експерти најдоброто место на #целсвет за сафари. Каде се снимаат документарците што ги гледаме на National Geographic. Природно живеалиште на илјадници животни како лавови, леопарди, нилски коњи, слонови, жирафи и разни видови на шарени птици.


Рута
Скопје
Софија
Доха
Најроби
Момбаса
Најроби
Доха
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер, Воз
Сместување
Хотел, Камп
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Кенија
Видови патувања
Зимски поаѓања 2024
Код на патување
KE4
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија за Доха со Qatar Airlines, пристигнување во Доха. Преседнување на лет за Најроби. Авантурата може да започне! 

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
  • Авио билет со сите такси на релација Софија - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Доха

Лет од Доха за Најроби. Пристигнување во Најроби во утринските часови. Трансфер до сместување. Hello Mama Africa! Најроби е главен град на Кенија, кој се наоѓа во срцето на Кенија. Модерен, урбан град, кој во своето јадро има интересна историја и богата традиција на африканскиот народ. Град кој се чини дека никогаш не спие, полн со енергија и комбинација на различни култури. Слободно време да се одмориме и да го разгледаме градот!

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Доха - Најроби (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел 3* во Најроби 1 ноќ

Место

  • Најроби

По појадокот одиме на факултативен излет и авантура низ Најроби! Ќе ја посетиме зградата на Парламентот, популарниот пазар Масаи и модерниот дел од градот, како и поглед на градот Најроби! Авантурата ја завршуваме со посета на Центарот за жирафи. Центар во кој можете да ги храните и галите жирафите. Koj е за селфи со жирафа :)?

Сместување

Хотел 3* во Најроби 1 ноќ

Место

  • Најроби

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го започнуваме сo утрински трансфер до Масаи Мара. Доолго очекуваната животна авантура започнува! По сместуавањето започнува првото сафари возење! Масаи Мара е позната по најголемата концентрација на диви животни - зебри, слонови, носорози, големи мачки, како лавови и леопарди. Ќе имаме можност да го запознаеме животинскиот свет на Африка. Ќе имаме прилика да ја запознаеме африканската дивина којашто сме ја замислувале целиот живот,вистинската савана по која непречено и гордо шетаат слонови, лавови, гепарди, биволи, жирафи, носорози, нилски коњи, леопарди, крокодили, антилопи, дик-дик елени и многу други животни.

Сафари ден 2, можност за посета на Masai Mara Village. Исклучителна можност за запознавање на племенскиот живот и да се запознае нивната култура и обичаи. 

Сместување

Safari Camp/Lodge 2 ноќи

Храна

  • Полн пансион × 2

Факултативни излети

По напуштање на сместувањето вистинско африканско доживување и локална авантура -- возење со воз! Се возиме до Момбаса со воз низ живописната природа, пејсажи како документарец од National Geographic! Пристигнуваме во Момбаса и трансфер до сместувањето на плажата Дијани.

Превоз

  • Трансфер со воз до Момбаса
  • Трансфер од железничката станица во Момбаса до Diani beach

Сместување

Хотел 4* во Diani Beach 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Слободни денови за одмор, уживање и капење! Можност за факултативен излет - Момбаса City Tour. Ги посетуваме „забите на Момбаса“, познатиот симбол на овој град, стариот град чија архитектура сведочи за арапските, азиските и европските народи кои живееле на овие простори и тврдината Исус, утврдување изградено од Португалците во 16 век.

Сместување

Хотел 4* во Diani Beach 4 ноќи

Храна

  • Континентален појадок × 4

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето во претпладневните часови и искористување на преостанатото време за впивање на сончевите зраци, насмевките, музиката, мирисите и впечатоците од нашата африканска авантура. Трансфер до аеродромот и лет од Момбаса за Најроби. Пристигнување во Најроби, сместување во хотел и слободно време.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Момбаса - Најроби, во економска класа

Сместување

Хотел 3* во Најроби 1 ноќ

Место

  • Момбаса
  • Најроби

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме сместувањето и слободно време до поаѓање на Аеродром. Лет Најроби - Доха во попладневните часови. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Најроби – Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Најроби
  • Доха

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Доха, преседнување на лет за Софија. Пристигнување во Софија. Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.

Место

  • Доха
  • Софија
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел 3 во Најроби Пример 3 ноќи
Safari Camp/Lodge Пример 2 ноќи
Хотел 4 во Diani Beach Пример 5 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
  • Авио билет со сите такси на релација Софија - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Доха - Најроби (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер со воз до Момбаса
  • Трансфер од железничката станица во Момбаса до Diani beach
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Момбаса - Најроби, во економска класа
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Најроби – Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.

Храна

8 × Континентален појадок , 2 × Полн пансион

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Трошоци за виза за Кенија + услуга за визирање.
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Nairobi City Tour & Giraffe center

Nairobi City Tour & Giraffe center
Цена: 45,00 USD

Најроби го претставува модерниот и урбанизиран центар на Кенија, попознат како зелен град на сонце. Со основањето на железницата во 1899 година, градот почнал да се шири и да цвета. Во моментов е најважниот центар на бизнис и култура во Источна Африка. Во текот на 19 век, градот бил од интерес за ловците на крупен дивеч, токму поради фактот што во близина на самиот град има пространства населени со недофатливи и диви животински видови.

Урбаниот центар на Најроби ни дава впечаток дека не сме во Африка, туку дека шетаме во модерен западен град. Посетуваме познати знаменитости како што се Парламентот, меѓународниот центар во Кенија и главниот плоштад. Националното малцинство кое живее во Најроби е племето Масаи, кое на градот му дава посебно културно влијание. Затоа ќе имаме можност да го посетиме пазарот Масаи, каде што ќе уживаме во миксот на боите, уметноста и културата на овој народ. Ќе можеме да купиме африкански слики, дрвени фигури, рачно изработен накит и чанти. За да ја разбереме големината на самиот град, одиме на палубата за набљудување, каде што можеме да ги видиме некои од најпознатите облакодери на градот, зеленилото што го опкружува, како и планинските врвови.

Авантурата ја завршуваме со Центарот за жирафи! Посетата на Центарот за жирафи го поддржува зачувувањето на загрозениот вид жирафи Ротшилд и е одличен начин одблиску да се запознаете со највисокиот цицач во Африка!

Цената на излетот вклучува: организиран превоз според планот и програмата, локален водич на англиски јазик, влезници во Жирафа центарот и услуги на претставник на нашата агенција.

Maasai Mara Village

Maasai Mara Village
Цена: 50,00 USD

Посета на племето Масаи каде ќе се запознаеме со секојдневниот племенски живот. Денес, нивната земја се смета за еден од најубавите пејзажи во Источна Африка. Веројатно најпознатата племенска група во цела Африка, кои населуваат огромни области на јужните делови на Кенија се доминантната етничка група која го опкружува НП Масаи Мара. Ова номадско, воинствено племе кое некогаш населувало огромни делови од предколонијалната Кенија, сè уште има задржано многу од своите традиции бидејќи живеат главно недопрени од модерната цивилизација, во областите околу Масаи Мара. Дознаваме многу тајни на племето Масаи... зошто е важно да скокаат што е можно повисоко пред бракот, дали е мит дека мажите мораат да убијат лав за да станат возрасни членови на племето, колку далеку патуваат за да земат свежа вода, дали бакнувањето е навистина забрането, дали знаат што е мобилен телефон... и многу, многу повеќе. Имаме можност да бидеме дел од секојдневието на оваа племе, да ги посетиме нивните домови, да ја пробаме нивна традиционална храна, да ни покажат како палат оган без запалка и како го штитат добитокот од жителите на африканските савани!

Дополнително, постои можност и за лет со балон. Цената на летот со балон е 500 УСД.

Во цената е вклучено: организиран превоз според планот и програмата, локален водич на англиски јазик и услуги на претставник на нашата агенција.

Момбаса City Tour

Момбаса City Tour
Цена: 75,00 USD

Момбаса е втор град по големина во Кенија и најголемото пристаниште, т.е. остров поврзан со копното преку мостови. Момбаса е секогаш интересна за посетителите поради нејзината секојдневна врева и весела атмосфера и поради своите културни и етнички разлики кои совршено градат хармонична целина. Градот со векови бил населен со народи од Блискиот исток и индуси, и поради тоа мнозинството од населението и припаѓа на исламската религија. Близината на националните паркови и руралните заедници му дава на овој град посебен шарм. Придружувани од локален водич, ќе ја посетиме фабриката за резба на дрва Акамба, како и Исусовата тврдина - Fort Jesus, изграденa во 16 век. Денес, зад овој вреден историски музеј, има еден прекрасен парк со поглед на океанот, каде што можете да слушнете интересни приказни од староседелците, под сенката на палмите. Стариот град привлекува внимание, полн со продавници за сувенири и рачни изработки, преполн со жители кои исчезнуваат во лавиринтот на типичните африкански улици. Ќе се сретнеме со автентични арапски и индиски домаќинства во традиционален стил. Исто така, во стариот град се наоѓа Белата куќа, првиот американски конзулат и Старата пошта, изградена од индусите, кои испраќале вести и пари дома преку железницата. Улицата Биашара нуди разновидност на кениски ткаенини, хармонично измешани бои, а тука е и симболот на градот. Ќе посетиме и пазар за зачини и локална храна. Исто така, ќе имаме можност да го видиме и старото пристаниште каде што сеуште функционираат траекти од 1937 година, со кои кенијските робови со векови се транспортирале до Линик и до копното. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за локалитетите, локален водич и претставник од нашата агенција.
Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за локалниот водич.

Сместување

Хотел 3* во Најроби

Хотел 3* во Најроби
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект со 3* кој располага со двокреветни соби и сопствен тоалет. Услугата е на ноќевање со појадок.

Safari Camp/Lodge

Safari Camp/Lodge
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект типичен за климата на националните паркови или руралните области. Генерално поскромни по изглед и без придружни објекти. Поседуваат двокреветни соби.

Хотел 4* во Diani Beach

Хотел 4* во Diani Beach
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект со 3* кој располага со двокреветни соби и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.