Мароко промо

цена од
699
EUR ,00
сега од
649
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање


Мароко, земја на контрасти, од песочни плажи на Атлантскиот океан, преку врвовите на планините Атлас, прекриени со снег, до пустината Сахара. Со Мароко владееле три берберски и три арапски динстации, па во оваа земја се зборуваат двата јазика. Сместени сме во “Црвениот град“ - Маракеш, престолнината на сите динстации. Овој град бил основан во 11-ти век од првиот крал Јусуф Ибн Тахфин од динстацијата Алморавида. Околу градот подигнал 12км долги бедеми со девет капии и изградил модерен систем на подземни канали. 

Внатре во ѕидините се наоѓа Медината или Стариот град со тесни улички и преполни пазари каде можете да купите баш се "од игла до локомотива“. Гужва, мириси, моторџии кои се провлекуваат низ масите, туристи со фотоапарати кои сакаат се да документираат, тоа е секојдневната слика за Маракеш. Зачини, кожни ташни, накит, керамика, за секој по нешто.


Рута
Белград
Истанбул
Маракеш
Истанбул
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Акции - последни места, Далечни дестинации
Дестинации
Мароко
Код на патување
MA5
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Собирање на групата на аеродромот „Никола Тесла“ два часа пред летот. Лет од Белград во 09:00 часот (TK 1082) до Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 12:45 по локално време. Трансфер од аеродром до хотел. Слободно време во Истанбул. Ноќевање.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Истанбул, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до сместувањето

Сместување

Hotel Hamidiye или Orient Mintur *** 1 ноќ

Место

  • Белград
  • Истанбул

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Истанбул во 10:40 часот (TK 619) до Маракеш.Пристигнување во „Земјата на боговите“. Трансфер до сместување. Слободно време. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Red hotel 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Маракеш

Одиме на факултативен излет - разгледување на Маракеш, прошетка низ Мела (еврејски кварт), каде се наоѓа најстарата синагога во градот, исто како и еврејските гробишта. Ја рагледуваме палатата El Bahia, поминуваме покрај палатата El Badi i Saadi кралската гробница. Ќе ја видиме најубавата порта во цел Маракеш – Bab Agnau. Патот не води до Koutoubia - најубавата џамија во Маракеш. За крај го оставаме најпрометниот пазар во цела Африка Jemaa el-fna, каде трговците ја изнесуваат робата, се жонглира со огнени топки, се игра, се свири на дресирани мајмуни и змии. Пиеме кафе и чај на тераса од рестораните со поглед на главниот пазар. Уживаме во берберските специјалитети.

Сместување

Red hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативна излет на водопадите Ouzоud, најголемите водопади во овој дел на Африка(110м). Со локален водич ги разгледуваме околните села, градините со маслинки,се бањаме на водопадите...Се враќаме кон Маракеш. Излегуваме и имаме можност да го гледаме ноќниот спектакл на плоштадот Јemaa el-fna - жонглирање со огнени топки, акробатици,....Ноќевање.

 

Сместување

Red hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативна екскурзија во Esauirа, прекрасен град покрај брегот на Атлантикот. Прошетка во Медината и посета на многубројните уметнички галерии, пристаништа со сини бродчиња и големи песочни плажи со сурфери. Пиеме кафе во тајни пролази, се ценкаме со локалнте продавачи за цените на сувенирите. Поминуваме и на локации каде што е снимана познатата серија  „Game of Thrones’’. Враќање во Маракеш. Ноќевање.

Сместување

Red hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет во долината на реката Ourikа која извира од планината Атлас. Оваа област, која се наоѓа во близина на Маракеш, е населена со Бербери, староседелци од овие простори. Пределот е богат со вегетација, па ќе имаме прилика да уживаме во прошетка покрај реката и да се искачиме до некој од водопадите кои се наоѓаат во околината. За ручекот ќе одмориме во еден од многубројните шарени кафичи кои се поставени на самиот брег на реката. Слободното време може да го искористиме за дружба и сликање со камили. Бидејќи населението околу реката е навистина интересно за туристите, овде може да се најдат уникатни керамички производи и килими. Враќање во Маракеш. По враќањето од факултативниот излет, слободното време може да го потрошиме на плоштадот Jemaa el-Fna, бидејќи плоштадот ноќно време добива сосема нов изглед. Штом зајде сонцето, на плоштадот се создава гужва. Туристи, продавачи, локалци, уметници - секој завзема своја позиција и се подготвува за бескрајната ноќ. Тезги со овошје и тезги со месо кое е спремно да се пече на скара. Илјадници луѓе уживаат во ноќната претстава на скротувачите на кобри, tattoo уметниците, проголтувачите на оган, улични наратори кои говорат на арапски и раскажуваат древни приказни. Се впуштаме во авантура. За миг ден ќе ја замени ноќта, но на плоштадот ќе се навраќаме од ново и од ново, до крајот на вошебното и необично патување.

Сместување

Red hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Целодневен факултативен излет - разгледување на прочуената Казабланка, прошетка до џамијата на Хасан II и познатиот кафич Rick's cafe (каде е сниман филмот „Казабланка“ од 1942 год.), медината - најстариот дел на градот. Излетот го продолжуваме со разгледување на Рабат, главниот град на Мароко. Прошетка до величенствениот мавзолеј на Мухамед V и стариот град. Враќање во Маракеш. Ноќевање.

Сместување

Red hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден предвиден за факултативен излет во пустината Agafay. Тргнуваме во најлудата авантура на нашето патување во Мароко. Се тркаме со квадрицикли по ридестата пустина Agafay, го пиеме најдобриот марокански чај додека гледаме на планината Атлас и се дружиме со берберите. Јаваме камили и ручаме на прекрасното езеро Lalla Takerkoust. Враќање во сместувањето.

Сместување

Red hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето . Слободно време до трансферот за аеродром. Лет од Маракеш до Истанбул во 15:05 часот (TK 620). Пристигнување во Истанбул во 22:10 часот по локално време.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Маракеш - Истанбул, во економска класа

Место

  • Маракеш
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Конекција. Лет за Белград во 08:15 часот (TK 1083). Пристигнување во Белград 08:05 часот. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Белград, во економска класа

Место

  • Истанбул
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Hamidiye Пример или Orient Mintur Пример 1 ноќ
Red hotel Пример 7 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Истанбул, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Маракеш - Истанбул, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Белград, во економска класа

Храна

7 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мароко

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разгледување на Маракеш

Цена: 20,00 EUR

Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.

Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според планот и програмата

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек
  • влез во палатата Ел Бахи (70МАД)

Водопади Узуд

Цена: 50,00 EUR

Водопадите Оuzoud се највисоките водопади во Северна Африка и втори највисоки во цела Африка. Достигнуваат до 110 метри висина. Тие се пробиват низ области со антички маслинови градини кои се дом на мајмуни. Околу водопадите се населени домородните берберски племиња од планината Атлас. Поаѓањето за овој излет е рано наутро. По возењето доаѓаме до мало населено место во близина на водопадите. Се чувствува мирисот на вода, маслинки и свежи планински билки. Одиме до самиот врв на водопадот, додека крвта ни замрзнува од напливот на моќната вода. Со звукот на водопадите што се удираат во камењата слушаме и кршење на гранки. На дрвата над нас се качуваат мајмуни, се дофрлаат со храна и им приоѓаат на посетителите. Одиме по патеки низ маслинови градини уживајќи во мирисот и интересните приказни за локалниот живот. По кратката прошетка гледаме стара берберска куќа каде луѓето сè уште живеат. Се запознаваме со животот на Берберите и нивната богата традиција и разновидност. Стануваме свесни за неверојатната култура скриена од овие древни народи. Го учиме берберското писмо и зборови, но и како изгледа секојдневието. Продолжуваме со прошетка низ селото и повторно влегуваме во маслиновите градини. Почнуваме полека да се спуштаме до подножјето на водопадот по овој див терен. Старите жени поминуваат со магариња натоварени со маслинки, а љубопитните мајмуни ни приоѓаат со надеж дека ќе добијат нешто за грицкање. Локалниот водич ни кажува за мајмуните и ни објаснува како треба да се однесуваме во нивна близина. Се фотографираме со нив додека се качуваат околу нас. Стигнуваме до подножјето на водопадот и остануваме без здив. Силата на водопадот, мирисот и бучавата целосно нè обземаат. Се одмораме и го пиеме најдобриот сок од портокал. Се качуваме во чамците и се приближуваме многу блиску до водопадот. Луѓето се капат, пеат и се дружат. Правиме пауза и чекаме шанса да се појави виножито – најубавата глетка на овие водопади! Продолжуваме со прошетката по ридот преполнет со продавници и ресторани, учејќи за прекрасната моќ на локалните билки и чаеви. Ги оставаме мајмуните да шетаат низ природата, а ние се упатуваме во еден од рестораните. Уживаме во највкусниот таџин, кускус, ражничи, салата и најдобрите маслинки од околината на водопадот. По краткиот одмор се враќаме во сместувањето. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според програмата
  • влез за локалитет
  • возење со чамец

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Есауира (Esauirа)

Цена: 50,00 EUR

Есауира, синиот град на брегот на Атлантикот, со уметнички продавнички, галеби, сини чамци и шарени пазари, е еден од градовите што задолжително мора да го посетиме. Ќе јадеме таџита и пиеме црн чај со две коцки шеќер, како вистински Мароканци. Во поранешниот Могадор, снимана е една од најпопуларните серии денес - Game of Thrones.

Ден за уживање и опуштање! На пат кон океанот, ќе сретнеме и кози, кои стоејќи мирно на дрво, им пркосат на законите на физиката. Потоа, доаѓаме до автентична работилница за производство на масло од арган, каде слушаме приказни за неговите својства и употреба и го гледаме целиот процес на изработка, како и слободно време за купување. Се возиме низ традиционалните и живописни пејзажи до Есаура. Магичната Есауира со прекрасни рустикални кули и sидини и исклучително убавата плажа, каде Мароканците шетаат и играат фудбал на песокот. Ќе прошетаме кратко по познатото пристаниште, каде локалците постојано доаѓаат со своите сини чамци, ја растовараат целата риба и ги поправаат нивните мрежи. Потоа, одиме низ sидините, уживајќи во приказната за местото каде е сниман Game of Thrones. Ќе купуваме сувенири и свежо овошје на главната улица, а потоа одиме на уникатно гастрономско уживање - свежа морска храна уловена истото утро! Пред нашите очи, локалците чистат различни видови на вкусни морски плодови и риби и си бираме што сакаме да јадеме и ги гледаме како брзо ја приготвуваат храната. По пријатниот ручек имаме слободно време за прошетка и купување сувенири, по што се враќаме во сместување. 

Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз според планот и програмата. 

Цената на излетот не е вклучено: билет за кулите Скала ду Порт, каде што е снимана серијата „Game of Thrones“ (10MAD), ручек.

Долина на реката Оурика

Цена: 40,00 EUR

Оурика, прекрасното село во планината Атлас кое се наоѓа недалеку од Маракеш и се смета за една од најпривлечните дестинации за домашни и странски туристи поради своите величенствени пејзажи. И покрај тоа што е толку блиску до Маракеш, оваа прекрасна зелена долина е една од најдобро сочуваните во Мароко. Она што е уште поимпресивно за овој крај е и фактот дека оваа област сеуште е населена од Бербери, кои живеат традиционален начин на живот кој може да се смета за “недопрен“. Излетот во сликовитата долина Оурика ќе ви овозможи да ги искусите убавините на северноафриканските села и да го впиете секојдневниот живот на овие локални жители. Сите оние кои имаат авантуристички дух можат со малку труд да се искачат пеш до водопадите (понесете удобни обувки). Додека се движиме низ ридовите, уживаме во погледот на прекрасните пејзажи полни со живи бои. Ова е одлично место и за правење на воодушевувачки панорамски фотографии. Мал одмор за ручек ќе направиме во едно од многубројните шарени кафулиња кои се наоѓаат на самиот брег на рекичката. Слободното време ќе го поминеме во дружење со камили и во купување на уникатна грнчарија и теписи од овој крај.

Во цената на излетот е вклучено:

  • стручен лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз по предвидениот план и програма

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек
  • дружење со камили (100 – 150 MAD во зависност од бројот на заинтересирани)

Казабланка и Рабат

Цена: 60,00 EUR

Поаѓање на излетот во раните утрински часови. Пристигнување во Казабланка - белиот град, како што посочува и самото име. Градот е основан од Португалците во 1755 година, а не од страна на Шпанците, како што многумина би помислиле заради името. Денес, Казабланка е најголемиот град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. Во градот доминираат модерни населби со силен француски печат, наследство од колонијално време. На влезот во медината се наоѓа Риков кафе, познатиот пијанo бар што не потсетува на култниот филм Казабланка и најпознатата филмска двојка - Хaмфри Богарт и Ингрид Бергман. Во градот има е една од најголемите и најславните џамии во светот, џамијата на Хасан Втори. По посетата на Казабланка, го продолжуваме патувањето кон Рабат. Рабат е главен град на Мароко и едно од четирите кралски престолнини и хронолошки последен во низата официјални престолнини (покрај Маракеш, Фез и Мекнес). Во него е сместен посебен дел од градот, опкружен со sидови, што ја формира Кралската палата заедно со нејзината администрација. Го посетуваме мавзолејот на првиот марокански крал по независноста, Мухамед V, кој го наследува неговиот син Хасан Втори. По мевзолејот, ги посетуваме знаменитостите на стариот дел на градот, кои се печат на Мурите, бегалци од Андалузија. Во слободното време, уживаме во погледот на влевањето на реката Бу Регер во Атлантскиот океан. Враќање во сместувањето во вечерните часови.

Во цената на излетот е вклучено:

  • лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз по предвидениот план и програма

Во цената на излетот не е вклучено:

  • влезница за џамијата Хасан II во Казабланка (140MAD)
  • ручек

Пустината Agafay

Цена: 90,00 EUR

Пустината Agafay – Тргнуваме во најлудата авантура на нашето патување во Мароко. Се возиме со квадрицикли по ридестата пустина Agafay, го пиеме најдобриот марокански чај додека со поглед на планината Атлас и се дружиме со Берберите. Јаваме камили и ручаме на прекрасното езеро Lalla Takerkoust. Пустината Agafay се наоѓа на оддалеченост од триесет километри од Маракеш и се простира на повеќе стотици хектари. Оваа карпеста пустина личи на песочна поради своите бели дини, а пејзажот е многу сличен на Сахара. Стуткани во дините се наоѓаат берберските села кои опстануваат во оваа строга но возвишена природа. Берберите се староседелци од Северна Африка и Мароко, со целосно различна традиција, култура, календар, јазик и начин на живеење од останатите народи на Мароко. Го посетуваме селата и се запознаваме со начинот на живот на овие народи и нивните различности. Пустината ја преминуваме возејќи квадрицикли и јавајќи камили. Го истражуваме секој сегмент на оваа бескрајна област. Квадрициклите се погодни за преминување на дините и се многу лесни за возење. Погледот ни го задржува планината Атлас со својот највисок врв од преку 4000 метри. Називот Атлас потекнува токму од зборот адар што на берберски јазик значи планина. Овој планински венец, долг 2500км, е дом на разновидни растенија и животни, од кои некои видови се загрозени, а некои се ендемски за овие краишта. Ќе направиме пауза за ручек во локален ресторан близу езерото Lalla Takerkoust, богат со традиционални јадења. 

Во цената на излетот е вклучено: услуги од лиценциран водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма, возење со автоматски квадрицикли, јавање на камили, марокански чај и шише со вода. 

Во цената на излетот не е вклучено: ручек.

Сместување

Hotel Hamidiye

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Hamidiye 3* (по локална категоризација) во Истанбул е угостителски објект кој располага со двокреветни соби со сопствени тоалети. Услугата е на база ноќевање со доручек.

Вебсајт http://www.hamidiyehotel.com/

Адреса Kemal Paşa
Fevziye Cd. No:1
34083 Fatih/İstanbul
Turkey

Orient Mintur ***

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Orient Mintur *** е хотел со 3* по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Red hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Red hotel e хотел со 4* по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба поседува клима уред и балкон, а сместувачкиот овбјект располага со базен, финтес и спа центар. Хотелот е оддалечен 3км од Djemaa El Fna - главниот плоштад во Маракеш. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт http://redhotelmarrakech.com/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)