Занзибар 12 дена

цена од
1.290
EUR ,00
сега од
1.190
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Најубавите плажи во комбинација со ритамот на Африка, превкусна храна и прекрасни луѓе... 

Го освојуваме Занзибар (Zanzibar)!

Егзотичен рај! 

Запознајте го Stone Town, тргнете по трагите на Фреди Меркјури, уживајте во мирисите и вкусовите на зачините, нурнете се во најубавото тиркизно море, напијте се коктел во познатиот бар The Rock и уште многу друго. 

Тропска приказна која нема крај! Хакуна матата!

Излети вклучени во цената на аранжманот:

  • Разгледување на градот Stone Town
  • Prison Island – остров на желките
  • Фарма со зачини
  • Посета на шумата Јозани
  • Разгледување на селото Паџе

Рута
Белград
Доха
Stone Town
Нунгви/Кендва
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Акции - последни места, Далечни дестинации, Летувања
Дестинации
Занзибар, Танзанија
Код на патување
TZ3
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 18. 10. 20208. 1. 202110. 2. 2021

Состанок на групата на аеродромот ”Никола Тесла” во Белград, два часа пред летот. Лет од Белград за Доха, во 12:00 часот (QR232). Пристигнување во Доха во 18:00 часот по локално време. Преседнување на лет за Занзибар. Лет за Занзибар во 08:15 часот (QR 1351).

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград – Занзибар, во економска класа so 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Белград
  • Доха

Пристигнување на Занзибар (Zanzibar). Трансфер до сместувањето во Стоун Таун (Stone Town) и уживање во овој неверојатен град сé до попладневниот check-in во собите. Занзибар (Zanzibar) е остров на зачини и мистерии. Иако денес е дел од Танзанија (Tanzania), отсекогаш бил сам свој свет. Низ историјата, Занзибар (Zanzibar) бил под владение на Персијанците, Португалците и Арапите – култури кои оставиле огромно влијание врз самиот остров.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Shangani hotel или Tausi Palace или Africa House 1 ноќ

Место

  • Stone Town

Претпладне одиме на разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town, одиме до Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. Враќање во Stone Town.

Сместување

Shangani hotel или Tausi Palace или Africa House 1 ноќ

Место

  • Stone Town

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Започнуваме со факултативен излет до “фармата” на зачини каде ќе уживаме во мирисите и вкусовите по кои е познат овој остров – ванила, шафран, каранфил, цимет итн. Следната станица ни е Јозани шумата која претставува национален парк и каде ќе имаме прилика да видиме црвени Колобус мајмуни, кои можат да се најдат исклучиво на Занзибар (Zanzibar). Ден исполнет со уживање во зеленилото на тропските и мангровите шуми. По разгледувањето на Јозани шумата, го посетуваме Паџе (Paje), едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf). Дружење, пиење коктели, неверојатна храна, сончање и уживање. Враќање во сместувањето.

Сместување

Shangani hotel или Tausi Palace или Africa House 1 ноќ

Место

  • Stone Town

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за факултативниот излет Blue Safari – целодневен излет на најубавите плажи на островот каде ќе имаме прилика да пливаме и нуркаме. Ќе се возиме со традиционалните занзибарски едрилици, кои се навистина посебни и карактеристични за овој дел од светот. Поминуваме преку песочни спрудови кои се губат под налетот на најубавото тиркизно море – играта на плимата и осеката. Уживаме во вкусовите на Занзибар (Zanzibar) – јастози, морски плодови, кокос, манго и друго вкусно и сочно тропско овошје. Враќање во сместувањето.

Сместување

Shangani hotel или Tausi Palace или Africa House 1 ноќ

Место

  • Stone Town

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето и се префрлуваме во Kendwa/Nungwi. Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар (Zanzibar), кое со право го носи тој епитет бидејќи се наоѓа на најубавата плажа на овој остров. За оние кои се расположени за авантура, има можност за тридневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.

Превоз

  • Трансфер од Stone Town до Kendwа/Nungwi

Сместување

Highland bungalows или Sunset Kendwa или Amaan beach bungalows 1 ноќ

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во магиите на тропскиот остров и неговите најубави плажи на кои нема толку изразена плима и осека и возможно пливање за време на целиот ден! Сончање, масажа, овошје и морски пловоди. Навечер излегуваме во некој од beach bar-овите.

Сместување

Highland bungalows или Sunset Kendwa или Amaan beach bungalows 2 ноќи

Храна

  • Континентален појадок × 2

Релаксирачки ден, планиран за комплетно уживање во океанот, коктелите и вкусната занзибарска храна. Денот го започнуваме со факултативен излет во светски познатиот ресторан на Занзибар (Zanzibar) – The Rock. Стара рибарска карпа, која од 2010 година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар (Zanzibar). Најубавата chill зона на западниот дел на Michamwi. После ручекот и задолжителното фотографирање на карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови. Целото попладне го користиме за уживање, пливање и пиење на добро познатите занзибарски коктели на самата плажа. Со звуците на африканската музика, го исчекуваме зајдисонцето кое е посебно убаво на занзибарскиот брег. Се враќаме во сместувањето во вечерните часови.

Сместување

Highland bungalows или Sunset Kendwa или Amaan beach bungalows 1 ноќ

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден за опуштање и капење во бистрата, тиркизна вода на некоја од преубавите плажи.

Сместување

Highland bungalows или Sunset Kendwa или Amaan beach bungalows 1 ноќ

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 1

Последниот ден ни останува да купиме по уште некој сувенир, да испиеме уште некој коктел и се подготвиме за пат. Се поздравуваме со овој магичен остров. Трансфер до аеродром. Лет од Занзибар за Доха во 17:30 часот (QR 1352). Пристигнуваме во Доха во 23:50 часот по локално време. Преседнување на лет за Белград.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Занзибар - Белград, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Нунгви/Кендва
  • Доха

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет за Белград во 06:50 часот (QR 231). Пристигнување во Белград. Крај на патувањето.

Место

  • Белград
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 100€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

Што е вклучено

Сместување

Shangani hotel Пример или Tausi Palace Пример или Africa House Пример 4 ноќи
Highland bungalows Пример или Sunset Kendwa Пример или Amaan beach bungalows Пример 5 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград – Занзибар, во економска класа so 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Stone Town до Kendwа/Nungwi
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Занзибар - Белград, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Останато

  • Факултативен излет - Разгледување на Stone Town и Prison Island (Остров на желките)
  • Факултативен излет - Фарма со зачини, Шумата Јозани и селото Паџе

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Танзанија (на граница)
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Stone Тown - Prison Island (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА)

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Одма до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Prison Island. Овој магичен остров, по официјалното укинување на ропството во 1873 година, некое одредено време бил место за нелегална трговија со робови (доказите за ова и ден-денес се наоѓаат во овој комплекс во вид на алки и ланци). Кога дошло крај и на тоа, Британците го преуредиле целиот остров со намера да го направат затвор, но тој никогаш не послужил за таа цел. Денес Prison Island e резерват на копнени Aldabra желки, кои британскиот гувернер од Сејшелите ги пратил на Занзибар како поклон во 1919 година. Тогаш имало 4, а денес се преку 100. Сите се исклучиво расположени за дружење со посетителите. По дружењето со желките, ги посетуваме рушевините од “затворот” и уживаме во егзотичноста на овој магичен остров. Во попладневните часови се враќаме во Stone Town, за да засведочиме едно од најмагичните зајдисонца...

Излетот е вклучен во цената!

ФАРМА СО ЗАЧИНИ, ЈОЗАНИ ШУМА , ПАЏЕ (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА)

Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку фарми на зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата фарма и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја мириснеме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видеме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар. По фармата со зачини, по кратко возење, пристигнуваме до Јозани шумата, која е дел од националниот парк Јозани, единствениот национален парк на Занзибар, кој е формиран во 2004-та година, како начин да се зачуваат загрозените видови на овој необичен остров. Шетаме низ тропска шума, уживаме во парадоксална мешавина на мир и дивина кои ни се нудат. Гледаме сиви Сајксови мајмуни како скокаат по крошните на високите стебла на црвениот махагон, запознаваме многу интересни билки и начини на кои Занзибарците ги користат. Во другиот дел на шумата, им се восхитуваме на црвените Колобус мајмуни, загрозена вид на мајмуни што живее исклучиво на Занзибар – од кои останати се околу 5000 единки. Потоа шетаме низ мангрова шума, посебен вид на вегетација која расте од солена вода и која е посебно важна за Занзибар, затоа што го штити од штетните влијанија на брановите, ерозијата и ветерот. Излетот го завршуваме со посета на Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој иако не е толку развиен како северниот, има еден посебен шмек. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека и ќе видиме како изгледа брегот кога водата се повлекува скоро километар од него. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани едни од нашите омилени барови на цел Занзибар. За крај прошетка низ селото и доцна попладне се враќаме во сместувањето.

ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА!

Blue сафари

Цена: 60,00 USD

Зборот сафари на свахили значи патување, а во останатиот дел од светот е збор кој симболизира патување за кое вреди да се живее. На излетот Blue safari одиме на авантура низ бескрајното синило на Занзибарските плажи и спрудови, познати по кристално белиот и ситен песок. Над нас е синото небо, а околу нас Индијскиот океан со целата своја величенственост. Пловиме со традиционалните “dhow” чамци со кои Занзибарците пловат веќе стотици години и уживаме во бистрата тиркизна вода, тропското сонце, егзотичното овошје и магичните мали островчиња од Занзибарскиот архипелаг. Авантурата ја започнуваме од Stone Town, од каде се упатуваме кон полуостровот Фумба, каде што нѐ чекаат нашиот чамец, капетан и опрема за снорклинг. Се качуваме на чамците и поаѓаме. По кратко време сите го наоѓаме нашиот зен на чамците и потонуваме во мир и тивкиот хедонизам на “хакуна матата” животот. Набрзо пристигнуваме до песочен насип, кој за време на плимата, станува пуст остров, од сите страни опкружен со вода, идеален за сончање и пливање во нереално сината вода која сите нас нѐ мами. Нашите насмеани локалци, кои не придружуваат на ова патување, нѐ послужуваат со тропско овошје како освежување и подготовка за ручекот кој нѐ очекува. По капењето и уживањето на оваа плажа, се враќаме во нашиот чамец и се упатуваме кон отворено море, каде што го истражуваме подводниот свет на Занзибар. Време е за снорклинг! Разнобојни тропски рипчиња (како Немо) и корали, го прават овој дел од нашиот излет посебен. По снорклингот, се возиме со чамецот до најголемиот остров кој ќе го посетиме овој ден – Kwale. Островот е дом на едно од најнеобичните и најстарите баобаб стебла на Занзибар. На островот Кwale уживаме во локален ручек кој се состои од разновидни морски плодови, ориз и помфрит. По ручекот, посетуваме две лагуни. Првата се наоѓа на другата страна на островот Kwale, а втората, на околу 20 минути одалеченост од овој остров. Во прашање е отворена лагуна со мала плажа, која е воглавно напуштена – како од рајот. Тука уште малку уживаме на плажа, се сончаме и правиме незаборавни фотографии, по што се враќаме на местото на поаѓање. Овој пат патуваме низ ветерот и ги отвараме нашите едра! Патуваме како што морнарите патувале со векови – само со помош на ветерот, дрвата и платната. Сега, кога сѐ што се слуша е водата под налетот на нашиот чамец и местимичното затегање на јажињата, дозволуваме новонастанатиот мир да нѐ хипнотизира и тивко испрати до нашето пристаниште, каде што нашата авантура завршува. 

Во цената е вклучено: превоз до местото на поаѓање на излетот и назад, возење со чамец, опрема за снорклинг (маска со цевка и пераи), дегустација на овошје, ручек и безалкохолни пијалоци (вода и газирани сокови) и услуги од локален водич и нашиот претставник од агенцијата.

Сафари НП Mikumi (3 дена)

Цена: од 425,00 USD до 660,00 USD

За сите кои би сакале да ја доживеат вистински Танзанија и да одат на сафари, по што оваа земја е позната низ целиот свет, имаме подготвено посета на Националниот Парк Микуми. Доколку сте спремни за авантура, три дена на плажа ќе ги замените со неповторливо и единствено искуство – Африканско сафари. Микуми е четврт по големина национален парк во Танзанија. Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам, најголемиот пристанишен град на Танзанија. Микуми е природно живеалиште на жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови. Ова сафари ни нуди единствена прилика да ја осознаеме африканската дивина и да го разбереме кругот на животот и смртта. Цената на излетот вклучува: трансфер од сместувањето на Занзибар до пристаништетот, карта за брод на релација Занзибар – Дар ес Салам, трансфер од пристаништето во Дар Ес Салам до Микуми националниот парк, дводневен сафари во НП Микуми (влезници за сафари, 2 ноќевања во Микуми ресортот***, ручек и вечера првиот ден, појадок, ручек и вечера вториот ден од сафарито, појадок третиот ден), трансфер од НП Микуми до аеродромот во Дар Ес Салам, авионски билет на релација Дар Ес Салам – Занзибар, трансфер од аеродромот на Занзибар до сместувањето на Занзибар, локален водич на англиски јазик.

Ресторан The Rock

Цена: 25,00 USD

Релаксирачки дан, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и вкусната храна. Поаѓаме во утринските часови и се возиме до ресторанот The Rock, кој се наоѓа на Michamwi Pinge плажата. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Уживаме во локалната кујна, морските плодови и секако, локалното вино, кое се служи овде. Од терасата гледаме во далечината, каде се шири Индијскиот океан. Чист хедонизам. По ручекот и фотографирање со карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови, кој претставува и една од најубавите “chill” зони на Занзибар. Цело попладне уживаме во пливање и пиење на добро-познатите занзибарски коктели на плажа. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме залезот на сонцето, кој е посебно убав на Занзибарскиот брег. Се враќаме во сместувањето во ноќните часови. 

Цената на излетот вклучува: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

Сместување

Africa House

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Africa house 4*  е хотел со четири ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба има клима уред, SAT TV и телефон. Се наоѓа во центарот на Стоун Таун, на самиот брег. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок)

Вебсајт https://www.africahousehotel.com/en-us

Tausi Palace

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Tausi Palace е хотел со 3* ѕвездички по локална категоризација, сместувачки објект типичен за Африка. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба има клима, кабловска телевизија и мини-бар. Услугата е на база на ноќевање со појадок.

Вебсајт http://www.tausihotel.co.tz/

Shangani hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Shangani hotel е хотел со 3* ѕвездички по локална категоризација, сместувачки објект типичен за Африка. Хотелот располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Собите поседуваат клима уред и телевизија. Услугата е на база на ноќевање со појадок.

Вебсајт http://shangani.zanzibarhotelstoday.com/en/

Highland bungalows

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Highland Bungalows е guesthouse, сместувачки објект типичен за Африка. Сместувањето располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Користење на клима уредот дополнително се наплаќа. Се наоѓа на 10-15 минути пешки од плажата во Нунгви. Услугата е на база на ноќевање со појадок (континентален појадок).

Sunset Kendwa

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Sunset Kendwa e хотел со 3* по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Покрај класичните соби, хотелот поседува и бунгалови. Бунгаловите претставуваат мали куќички, кои се градени од бамбус, дрво или цигли. Секој бунгалов има 2 или 3 кревети и сопствен тоалет. Секоја соба има фрижидер и клима уред. Се наоѓа на плажата Кендва. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Вебсајт https://www.sunsetkendwa.com/

Amaan beach bungalows

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Amaan beach bungalowsje хотел со 3* по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Покрај класичните соби, хотелот поседува и бунгалови. Бунгаловите претставуваат мали куќи, кои се изградени од бамбус, дрво и цигли. Секој бунгалов има две или три легла и сопствен тоалет. Секоја соба има фрижидер, клима уред и сеф. Се наоѓа на плажата Nungwi. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт http://oceangrouphotel.com/amaan-bungalows/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)