Занзибар Special edition - пакет излети

1. Stone Town - City Tour, Prison Island (Островот на желките) и Накупенда
Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците, и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Веднаш до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Prison Island. Овој магичен остров, по официјалното укинување на ропството во 1873 година, некое одредено време бил место за нелегална трговија со робови (доказите за ова и ден-денес се наоѓаат во овој комплекс во вид на алки и ланци). Кога дошло крај и на тоа, Британците го преуредиле целиот остров со намера да го направат затвор, но тој никогаш не послужил за таа цел.
Денес Prison Island e резерват на копнени Aldabra желки, кои британскиот гувернер од Сејшелите ги пратил на Занзибар како поклон во 1919 година. Тогаш имало 4, а денес се преку 100. Сите се исклучиво расположени за дружење со посетителите. По дружењето со желките, ги посетуваме рушевините од “затворот” и уживаме во егзотичноста на овој магичен остров.
Од таму, продолжуваме до Накупенда. Накупенда е песочен насип кој се наоѓа отприлика 25мин. возење со чамец од пристаништето во Stone Town или 25-30 минути од Prison Island. Околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Дечкото кој го вози чамецот забива 4 дрвени колци во песокот и врз нив става шаторско крило за сенка. Ни сече свежо тропско овошје и се повлекува на бродот каде што распалува скара и ни приготвува вкусни морски специјалитети за ручек (доколку сакаме, ручекот мора да го најавиме, а истиот чини 10$ по лице). Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Забораваме на сите проблеми. Совршен ден на Занзибар!
Вклучено е: водич на англиски јазик, сите влезници и организиран превоз по предвидениот план и програма.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 75$
_____________________________________________________________________________________________________________
2. Џунгла со зачини и Селото Паџе
Нашата следна авантура е џунглата со зачини. Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видиме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар..
Излетот го завршуваме со посета на Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој иако не е толку развиен како северниот, има еден посебен шмек. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека, ќе видиме како изгледа брегот кога водата се повлекува скоро километар од него. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови со одлична храна и музика. Овој дел, многумина ги потсетува на Тулум, Мексико. За крај, прошетка низ селото и доцна попладне се враќаме во сместувањето.
Вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 60$
_____________________________________________________________________________________________________________
3. Blue Lagoon, Ресторан The Rock, Kae Funk
Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Одиме на авантура каде пливаме во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа одиме до ресторанот The Rock каде имаме доволно време да се сликаме, па продолжуваме до “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;)
Вклучено: водич на англиски јазик, сите влезници и организиран превоз по предвидениот план и програма.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 55$
_____________________________________________________________________________________________________________
ЦЕНА НА СИТЕ ИЗЛЕТИ ЗАЕДНО ВО ПАКЕТ: 180$