Бали Авантура

цена од
1.190
EUR ,00
траење
14 дена
Пријави се Барање
Барање


Ова патување ќе Ве запознае со Убуд и неговите уметнички работилници, храмови, весели мајмуни, голема шума со остатоци од старите храмови. Ќе Ве воодушеви храмот Besaki и палатата Tirtiganga. Ве чека возбудлива авантура на рафтинг, а потоа ќе се опуштите на лежалки и лулашки во бескрајно зеленило. Засекогаш ќе Ви остане во сеќавање храмот Tanah Lot, а опуштањето на плажите на островите Бали и Гили ќе Ви ги наполни батериите. Се тоа Ве чека на ова патување. На Вас е само да го спакувате багажот за авантурата Бали!


Рута
Белград
Доха
Денпасар
Убуд
Семињак
Денпасар
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Акции - последни места, Далечни дестинации
Дестинации
Бали, Индонезија
Код на патување
ID2
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 13. 11. 202011. 1. 20212. 2. 2021

Состанок на групата на аеродромот ”Никола Тесла” во Белград, два часа пред летот. Разговараме за егзотични патувања и се смешкаме, додека го чекаме нашиот лет. Одиме на исток во пресрет на Сонцето. Лет за Денпасар со преседнување.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Денпасар, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Пристигнување во Денпасар, Бали. Трансфер до сместувањето во Ubud.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до хотел.

Сместување

Bakung Ubud Hotel или Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Денпасар
  • Убуд

Факултативен излет во Убуд. Уметничка колонија и преубаво место кое е полно со уметнички дела и неверојатни слики од балинезиската култура. Убуд отсекогаш бил познат како сликарско село, но тој всушност е еден поголем регион - заедница од 14 села. Некогаш Убуд бил и медицински центар, за што сведочи неговото име што на “старо-балинезиски” значи медицина. Сепак, Убуд е најпознат по уметничките работилници кои ги има во сите улици, како и по големиот пазар – Ubud Market. Недалеку од центарот на Убуд, се наоѓа голем природен резерват на макаки мајмуни! Неверојатна, огромна шума, обрасната со мов, која во себе крие преку 600 мајмуни и околу 150 видови дрва. За почеток, предвидено е дружење со разиграните и весели мајмуни во нивното природно опкружување (голема шума со остатоци од стари храмови). Следна дестинација е Elephant Cave (Goa Gajah), храм на чиj влез се изрезбани глави со заканувачки изглед, а главната резба се смета дека е глава на слон – од каде и потекнува називот на местото. Почетоците датираат од 11-от век, а посветен е на божицата, заштитничка на децата, раѓањето и “исцелувачка на жените”. На овој излет имате и единствена прилика да го пробате најнеобичното и најскапото кафе на светот, Kopi Luwak! Шетајќи низ градините со зачини, запознаваме бројни билки и зачини, но и животинчињата кои се заслужни за производство на гореспоменатото кафе. За крај, по паузата и уживањето во близина на најактивниот вулкан на островот - Batur и истоименото езеро (кое е најголемо наостровот), се пристигнува во Убуд – град на уметноста и неверојатни галерии, пазари, луѓе и енергија. Совршен ден на Бали! Враќање во сместувањето.

Сместување

Bakung Ubud Hotel или Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за факултативен излет – посета на храмот Besaki и палатата Tirtiganga. Besaki храмот е дел од голем комплекс на 22 хинду храмови, на падините на планината Agung, кој се простира на 3 квадратни километри и каде по верувањата, почиваат предците на балинезијците. Сите храмови се наоѓаат на една оска и се градени на начин што го симболизираат патот на душата до врвот на светата планина. Потоа ја посетуваме познатата палата Tirtiganga. Во превод значи “Света вода од Gang” и претставува најдобар пример на вистинска кралска водена плата. Комплексот се состои од свети извори, студени базени и неколку мали езера. Центар на самата палата е фонтаната од 11 спратa. Уживаме во вистинска балинезиска култура. За крај на излетот, одиме на популарната плажа Virgin Beach каде ќе одмараме и уживаме по напорниот ден. Враќање во сместувањето.

Сместување

Bakung Ubud Hotel или Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден или можност за организирање на факултативен излет за трекинг на планината Bator.

Сместување

Bakung Ubud Hotel или Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет - рафтинг, Бали swing и паркот на птиците. Ден за авантура! Со полна опрема, денот го започнуваме со спуштање низ речиси 300 скали до реката. Влегуваме во нашите чамци за рафтинг и се впуштаме во авантура уживајќи во прекрасната природа и зеленило. Забавата продолжува со лулање на една од најголемите лулашки на светот, каде добивате впечаток дека летате над прашумите на Бали. Се фотографираме и се опуштаме на удобните лежалки, се до ручекот. Нашето последно застанување за овој ден е паркот на птиците каде што се наоѓаат голем број на шарени и необични видови птици од целиот свет! Се дружиме со пердувестите жители на Бали и уживаме во претставата која ја приредуваат! Враќање во сместувањето. 

Сместување

Bakung Ubud Hotel или Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето . Трансфер до нашето следно одредиште, местото Семињак (Seminyak) кое се наоѓа на морскиот брег. Слободно време за уживање на плажа. 

Превоз

  • Трансфер Убуд - Семињак

Сместување

Daun Bali Seminyak Hotel или Sense Hotel Seminyak **** 1 ноќ

Место

  • Убуд
  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Уште еден ден резервиран за запознавање на Бали. Факултативен излет и посета на храмот Tanah Lot – симболот на Бали! Еден од најубавите и дефинитивно најпрепознатливиот симбол на Бали, сместен на остров кој е оддалечен 100 метри од копното. Како што и самото име кажува, храмот е сместен на место каде што се спојуваат земјата и морето – “tanah” во превод значи земја, а “lot” - море. Слушаме интересни приказни и уживаме во прекрасната глетка. Авантурата ја продолжуваме со посета на оризовите полиња, се опуштаме во зеленилата на оризовите тераси и неверојатните пејсажи. Го посетуваме и храмот Ulun danu Bratan - храм во внатрешноста на островот на висина од 1000 метри! Прекрасен храм кој своето место го нашол и на банкнотите на Бали. Храмот е сместен на езерски брег, за кое се верува дека има света вода. Враќање во сместувањето.

Сместување

Daun Bali Seminyak Hotel или Sense Hotel Seminyak **** 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободни денови или можност за организирање на факултативен тридневен излет на островите Гили. За разлика од претходните денови каде што имавме прилика да се запознаеме со културата, религијата и историјата на овој крај, ова се денови кои се резервирани исклучиво за уживање. За сите кои ќе се одлучат за излет на островот Гили, поаѓањето е во раните утрински часови. Трансфер до пристаништето и возење со брод. Островот Гили се наоѓа североисточно од Бали. На овој мал архипелаг, кој го сочинуваат три острови, ќе имаме можност да се опуштаме на најубавите плажи и да се запознаеме со богатиот подводен свет на Индонезија. Сместетни сме на островот Gili Trawangan, од каде можете да ги посетите и Gili Air и Gili Meno, острови познати по нуркање и пливање. На Гили нема моторни возила, бидејќи истите се забранети и ниту еден изграден објект не смее да биде повисок од висината на палмите. Рај во вистинска смисла на зборот.

При пријавување за патувањето, неопходно е да се одлучите за излетот. 

Сместување

Daun Bali Seminyak Hotel или Sense Hotel Seminyak **** 2 ноќи

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 2

Факултативни излети

Уште малку слободно време за уживање. Трансфер до Семињак. Пристигнување во хотел во Семињак.

Сместување

Daun Bali Seminyak Hotel или Sense Hotel Seminyak **** 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Слободен ден или можност за организирање на факултативен излет Нуса Дуа и Џимбаран за уживање во една од најубавите плажи на островот. По капењето, уживаме во вечера на плажа. Враќање во сместувањето.

Сместување

Daun Bali Seminyak Hotel или Sense Hotel Seminyak **** 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Слободно време за шопинг, или уште малку капење до заминувањето за аеродром. Трансфер до аеродромот. Лет за Белград со преседнување.

Превоз

  • Трансфер од хотел до аеродром

Место

  • Семињак
  • Денпасар

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Белград. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Денпасар - Белград, во економска класа

Место

  • Денпасар
  • Доха
  • Белград
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

Што е вклучено

Сместување

Bakung Ubud Hotel или Maxone Ubud Hotel 5 ноќи
Daun Bali Seminyak Hotel или Sense Hotel Seminyak 6 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Денпасар, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до хотел.
  • Трансфер Убуд - Семињак
  • Трансфер од хотел до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Денпасар - Белград, во економска класа

Храна

11 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Факултативен излет на островите Гили - 160 EUR по лице (цената вклучува: 2 ноќевања во хотел со 3* по локална категоризација на островот – двокреветни соби, трансфери и траект до островите)

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Убуд, Шума со мајмуни, Elephant Cave, Плантажа на зачини

Цена: од 30,00 EUR до 40,00 EUR

Целодневен излет и ден посветен на природата! Мајмуни, уметност, вулкан, зачини и храмови... За почеток, предвидено е дружење со разгираните и весели мајмуни во нивното природно опкружување – голема шума со остатоци од стари храмови. Следна дестинација: Elephant Cave (Goa Gajah), храм на чиj влез се изрезбани глави со заканувачки изглед, а главната резба се смета дека е глава на слон – од каде и потекнува називот на местото. Почетоците датираат од 11-от век, а посветен е на божицата, заштитничка на децата, раѓањето и “исцелувачка на жените”. На овој излет имате и единствена прилика да го пробате најнеобичното и најскапото кафе на светот, Kopi Luwak! Шетајќи низ градините со зачини, запознаваме бројни билки и зачини, но и животинчињата кои се заслужни за производство на гореспоменатото кафе. За крај, после паузата и уживање во близина на најактивниот вулкан на Бали – Batur и истоименото езеро (кое е најголемо на островот), пристигнуваме во Убуд – град на уметноста и неверојатни галерии, пазари, луѓе и енергија. Совршен ден на Бали!

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезеници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach

Цена: 40,00 EUR

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin Beach – Целодневен излет на кој се посетуваат храмови, но и се ужива на една од најубавите, прикриени и мирни плажи на Бали. Бесаки храмот се наоѓа подножјето на вулканот Agung кој последен пат еруптирал во Ноември 2017 година. Се вика и “храмот на сите храмови” или “мајката на храмовите”. Се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсветото место за целокупната хиндуистичка популација на Бали. Тиртаганга, или “водена палата” – воодушевува со своите градини и базен, низ кој има камена стаза, по која може да се шета. Во водата живеат портокалови шарани кои можете да ги храните. Оваа вода се смета за света, па кој сака, може и да се избања во неа. Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз по предвидениот план и програма, сите влезници во наведените локалитети и стручен локален водич на англиски јазик.

Mount Batur трекинг

Цена: 55,00 EUR

Mount Batur трекинг - Се будиме рано наутро за да пристигнеме во вистинско време до врвот на планината и да "фатиме" неверојатен поглед на околните планини, вулканот и природата која не опкружува. Потоа времето го поминуваме капејќи се во топлите извори каде го опуштаме телото по напорниот трекинг. Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз по предвидениот план и програм, сите влезници за наведените локалитети и стручен локален водич на англиски јазик.

Рафтинг, Бали Swing и Паркот на Птиците

Цена: 65,00 EUR

Целодневен излет и ден за авантура! Со целосна опрема, денот го започнуваме со спуштање низ скоро 300 скали до реката. Влегуваме во нашите чамци за рафтинг и се впуштаме во авантура, уживаме во прекрасната природа, зеленило и дивите брзаци. Забавата продолжува со лулање на една од најголемите лулашки на светот, каде добивате впечаток дека летате над прашумите на Бали. Се фотографираме и се опуштаме на лежалките, се до ручекот. Нашата последна станица за овој ден е паркот на птиците каде што се наоѓаат голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет! Се дружиме и уживаме со пердувестите жители на Бали! Цената на излетот вклучува: организиран превоз по предвидениот план и програма, сите влезници во наведените локалитети, рафтинг со целата неопходна опрема, ручек (без пијалок) и стручен локален водич на англиски јазик.

Храм Tanah Lot, Оризови полиња, Храм Ulun Danu Bratan

Цена: 45,00 EUR

Целодневен излет. Посета на необични локалитети, уште понеобични храмови и опуштање во зеленилото на оризовите полиња. Tanah Lot –највпечатливата атракција на Бали, храм на вода кој датира од 16-тиот век. Поточно, храмот се наоѓа на карпа во сред море (100 метри од копно). Излетот продолжува со посета на типичните за Бали - оризови полиња. Опуштање на зелените тераси и неверојатните пејсажи. Се посетува и храмот Ulun Danu Bratan, лоциран во внатрешноста на островот, на висина од 1000 метри! Преубав храм кој своето место го наоѓа и на една од локалните банкноти. Храмот е сместен на брегот на езеро, за кое се верува дека има света вода.

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Тридневен излет на островите Гили

Цена: 160,00 EUR

За разлика од претходните денови каде имавме прилика да се запознаеме со културата, религијата и историјата на ова магично место, ова се денови кои се резервирани исклучиво за уживање. За сите кои ќе се одлучат за излет на островот Гили, поаѓањето е во раните утрински часови. Трансфер до пристаништето и возење со брод. Гили се острови североисточно од Бали. На овој мал архипелаг, кој го сочинуваат три острови, имаме прилика да се опуштаме на најубавите плажи во овој регион и да се запознаеме со богатиот подводен  свет на Индонезија. Сместени сме на Gili Trawangan островот, од каде ќе ги посетиме и Gili Air и Gili Meno, познати по snorkling и пливање, на 20 минути од Gili Trawangana. На Гили нема моторни возила, бидејќи истите се забранети и ниеден изграден објект не смее да биде повисок од висината на палмите. Рај во вистинска смисла на зборот.

Цената на излетот вклучува:

  • 2 ноќевања во хотел со 3* ѕвезди по локална категоризација на островот – двокреветни соби, трансфери и траект до островот

*За време на пријавувањето неопходно е да се одлучите за излетот, плаќањето се врши на самата дестинација во евра, а понатамошно пријавување или откажување не е возможно.

Нуса Дуа и Џимбаран

Цена: 35,00 EUR

Ден за уживање на една од најубавите плажи на Бали. Факултативен излет Нуса Дуа и Џимбаран. Започнуваме со Нуса Дуа, регион познат по луксузните хотели, ресорти, плажи со бел песок и пескрајно сино море. Се сончаме, се капеме и пиеме коктели во некој од локалните beach барови. Потоа доаѓа на ред плажата Џимбаран, позната по најубавите зајдисонца. Се качуваме на традиционалните балинезиски бротчиња и се возиме накај зајдисонцето, a кога ќе се вратиме на плажата, ќе не чека свечена вечера со свежа риба и морски плодови.

Цената на излетот вклучува:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • свечена вечера на плажа без конзумација на пијалоци

Цената на излетот не вклучува:

  • пијалоци за време на вечерата
  • изнајмување лежалки на плажа

Сместување

Maxone Ubud Hotel

Maxone Ubud Hotel 3* е сместувачки објект кој располага со 1/2 соби и поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Се наоѓа на 5 минути од Убуд Маркет, сите соби поседуваат телефон, wifi, ресторан, спа центар и лифт.

Вебсајт http://maxonehotels.com/index.php/hotel/bali/location/20/city/2

Bakung Ubud Hotel

Bakung Ubud Hotel 3* е сместувачки објект кој располага со 1/2 соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Оддалечен е на 10 минути со возење од светата шума со мајмуни, сите соби поседуваат сеф, фрижидер, TV, сопствен тоалет.

Daun Bali Seminyak Hotel

Daun Bali Seminyak Hotel 3* e сместувачки објект кој располага со 1/2 соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сите соби поседуваат телефон, мини бар, wifi. Патниците имаат на располагање и базен како и бар.

Вебсајт https://daunbaliseminyak.com/rooms/

Sense Hotel Seminyak ****

Sense Hotel Seminyak **** e сместувачки објект кој располага со 1/2 соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сите соби поседуваат телефон, мини бар, wifi. Патниците имаат на располагање базен како и бар.

Вебсајт https://www.sensehotelbali.com/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)