Бали индивидуално патување

цена од
1.099
EUR ,00
сега од
999
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање


Ова патување го подготвивме за сите хедонисти и луѓе кои сакаат да уживаат во секој дел од денот, да се одморат, но во исто време и да се запознаат со една сосема поразлична култура и начин на живот. Создавање спомени за цел живот. Подгответе се за уживање на островот на насмевките!

Сместувањето е во одлични хотели во Семињак, Легијан или Кута - гратчиња кои се практично споени едно до друго, на самиот брег на Индискиот Океан. Во оваа комбинација може да се додаде и егзотичниот Убуд, кој се наоѓа во срцето на островот и опкружени со тропска џунгла околу вас да ја доживеете вистинската магија на Бали. Џунгла, оризови полиња, вулкани, трекинг, природа, егзотична флора и фауна, мајмуни, љубезни и насмеани локалци... 

Динамичен живот и прекрасни барови на плажа каде се ужива во егзотични коктели, сончање, капење и сурфање... Место каде гарантирано ќе ги видите едни од најубавите зајдисонца на целиот свет! Познати се и по одличната "food" сцена, локалните и интернационални ресторани и улична храна (street food), луксузни хотели, магични infinity pools, масажи и СПА центри, по достапни цени... 

Предноста на овие гратчиња е и нивната одлична локација, од која може да го истражувате целиот остров Бали.

Ве чека хедонизам, авантура, зеленило и магични плажи...


Рута
Скопје
Бали

Превоз
Авион
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Бали
Код на патување
ID18
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Индивидуално поаѓање од Меѓународниот Аеродром во Скопје од каде одиме на исток во пресрет на Сонцето! Бали е остров на насмевките, нереална природа, богати оризови полиња, хинду храмови, цвеќиња, плажи, вулкани и фантастичен подводен свет. Освен прекрасните рајски плажи на брегот топло препорачуваме да го посетите Убуд. Без разлика дали ќе одлучите неколку од деновите да бидете сместени во Убуд, срцето на островот или само на кратко, ќе ве маѓепса и ќе ви го украде срцето засекогаш! Убуд претставува уметничка колонија и преубаво место кое е полно со уметнички дела и неверојатни слики од Балинезиската култура. Убуд од секогаш бил познат како сликарско село, но тој всушност е еден поголем регион - заедница од 14 села. Некогаш Убуд бил и медицински центар, за што сведочи неговото име, што на “старо-Балинежански” значи медицина. Сепак, Убуд е најпознат по уметничките работилници кои се распрскани по сите улици, како и по големиот пазар – Ubud Market. Недалеку од центарот на Убуд, се наоѓа голем природен резерват на макаки мајмуни! Неверојатна, огромна шума, обрасната со мов, која во себе крие преку 600 мајмуни и околу 150 врсти на дрва. Тука е и Elephant Cave (Goa Gajah), храм на чиj влез се изрезбани глави со заканувачки изглед, а главната резба се смета дека е глава на слон – од каде и потекнува називот на местото. Почетоците датираат од 11-от век, а посветен е на божицата, заштитничка на децата, раѓањето и “исцелувачка на жените”. Ќе имате и единствена прилика да го пробате најнеобичното и најскапото кафе на светот, Kopi Luwak! 

Исто така препорачуваме да го посетите храмот Besaki и Tirtiganga палатата. Besaki храмот е дел од голем комплекс на 22 хинду храмови, на падините на планината Agung, кој се простира на 3 квадратни километри, каде по верувањата, почиваат претците на Балинезијците. Сите храмови се наоѓаат на една оска и смислено се градени на начин да го симболизираат патот на душата до врвот на светата планина. палата. Уште еден симбол на Бали е храмот Tanah Lot Еден од најубавите и дефинитивно, најпрепознатливиот храм на Бали, сместен на остров - само 100 метри од копното. Како што и самото име кажува, храмот е сместен на место каде што се спојуваат земјата и морето – “tanah” во превод значи земја, а “lot” море. 

Оризовите полиња пак, опуштаат со своето зеленило на терасите и неверојатните пејсажи. Тука е и храмот Ulun danu Bratan - храм во внатрешноста на островот, на висина од 1000 метри! Прекрасен храм кој своето место го нашол и на банкнотите од Бали. Храмот е сместен на езерски брег, за кое се верува дека има света вода. 

Авантурата на Бали не би била целосна без рафтинг, Бали swing и паркот на птиците. Неверојатна е забавата и лулањето на едни од најголемите лулашки на светот, каде добивате впечаток дека летате над прашумите на Бали!

Можете да ги посетите плажите Uluwatu, Dreamland и Pandawa како и секое делче од островот во кое ќе се заљубите!

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Скопје – Денпасар, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Денпасар - Скопје, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Сместување

Akana Hotel Sanur 4* или Maison At C Boutique Hotel and Spa 4* или The Bene Kuta 4* 9 ноќи

Место

  • Скопје
  • Бали
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: Плаќањето на авио картата се врши во целост во оној момент кога авио картата треба да се издаде. Плаќањето на хотелското сместување и останатиот тип на услуги се врши во целост или на две или повеќе рати, со следните услови:

За пријави направени два месеци или повеќе пред почетокот на патувањето, се уплаќаат 25% од целиот износ веднаш, дополнителни 25% до 30 денови пред почетокот на патувањето и останатите 50% до 15 дена пред почетокот на патувањето.

За пријави направени од еден до два месеци пред почетокот на патувањето, се уплаќаат 40% од износот за време на пријавата, а останатите 60% се доплаќаат до 20 денови пред почетокот на патувањето.

Пријавувања кои се направени на помалку од еден месец пред почетокот на патувањето, плаќањето се врши во целост. 

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), во готово и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа со која патникот ќе патува, во спротивно агенцијата не сноси одговорност од принтање на авиокарти со погрешно име. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс. По уплаќање на авансот, веднаш се аплицира за виза и по добивањето на визата се издаваат авиокартите. По издавањето не е возможно откажување на аранжманот.

За поаѓање на 10. 10. 2020.

Креираната понуда е согласно моменталната расположливост на авио билетите и хотелското сместување. 

Што е вклучено

Сместување

Akana Hotel Sanur 4 Пример или Maison At C Boutique Hotel and Spa 4 Пример или The Bene Kuta 4 Пример 9 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Скопје – Денпасар, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Денпасар - Скопје, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Останато

  • Ноќевање во стандардни двокреветни соби во избраниот хотел на база на наведените услуги.
  • Повратен авиобилет Скопје – Денпасар – Скопје со сите такси во економска класа со дозволен чекиран багаж 30кг. и 7кг. рачен багаж

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром

Сместување

Akana Hotel Sanur 4*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Akana Hotel Sanur е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) и сe наоѓа во местото Санур на Бали. Оддалечен е на 10тина минути пеш од плажа. Сите соби се климатизирани, со TV и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.akanasanur.com/

Адреса Jl. Sudamala No.17
Sanur
Kec. Denpasar Sel.
Kota Denpasar
Bali
Indonesia

Maison At C Boutique Hotel and Spa 4*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Maison At C Boutique Hotel and Spa е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) во Семињак, Бали. Располага со двокреветни соби и услугата е на база ноќевање со појадок.

Адреса Jl. Cendrawasih Jl. Petitenget No.89
Seminyak
Bali
Kabupaten Badung
Bali 80361
Indonesia

The Bene Kuta 4*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

The Bene Kuta  е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) во Кута, Бали. Располага со двокреветни соби и услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.thebenehotel.com/

Адреса Jl. Benesari
Kuta
Kabupaten Badung
Bali 80361
Indonesia

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.