Северна Индија - Холи авантура

цена од
1.150
EUR ,00
траење
24 дена
Пријави се Барање
Барање

Патување во Индија на Холи фестивал 2020. Холи фестивалот е пролетен фестивал на боите кој се слави во хинду земјите, а посветен е на богот Кришна. Секој година, илјадници луѓе слават почеток на новото време - пролетта, го посетуваат на добрата жетва и плодна земја. Уживаме на улиците опкружени со шаренило, насмевки, мириси, уживаме во пролетта, обоени од глава до пети... Ги посетуваме Њу Делхи, Пушкар, Џајпур, Мек Лауд Гањ, Амритсар, Ришикеш, Харидвар.


Рута
Белград
Њу Делхи (New Delhi)
Пушкар (Pushkar)
Џајпур (Jaipur)
Мек Лауд Гањ (Mc Leod Ganj)
Ришикеш (Rishikesh)
Њу Делхи (New Delhi)
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации
Дестинации
Индија
Код на патување
IN1
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Состанок на групата на аеродромот „Никола Тесла“ два и половина часа пред летот. Лет за Делхи со преседнување Let QR 232 Beograd 11:40 – Doha 18:30 и QR 578 Doha 20:00 – Delhi 02:05). 

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Њу Делхи, во економска класа

Место

  • Белград

Пристигнување во Њу Делхи во раните утрински часови. Трансфер до сместувањето. Check in. Запрепастеност. Добредојдовте во нов свет! Запознавање со престолнината на Индија - Делхи (Њу Делхи) и факултативен излет - обиколка на Делхи: Birla Mandir, Хумајуновата гробница, Qutab Minar, Pahar Ganj... Слободно време.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместувањето во Њу Делхи

Сместување

Хотел Le Roi 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативни излети

Факултативен излет до Агра. Обиколка на Таџ Махал, најспектакуларната градба на светот, која рано наутро светка и ја прекршува светлината на изгрејсонцето. Симбол на Индија и на љубовта. Посета на Црвената тврдина (Red Fort) во попладневните часови, уште едно огромно здание на Раџапутите, војничката каста на Индија. Враќање во Делхи.

Сместување

Хотел Le Roi 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето во претпладневните часови. Слободен ден до поаѓањето за Пушкар во вечерните часови.

Превоз

  • Трансфер од Њу Делхи до Пушкар

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Пристигнување во Пушкар. Оаза во пустина. Град со голем број на хинду храмови наредени околу светото езеро. Уште едно хипи гратче со мирна и пријатна атмосфера. Уживаме во шаренилото на ова симпатично место. Голем број на кафулиња, интересно јадење, локални ракотворби и интересни приказни за Раџастан. Сместување. Слободно време. 

Сместување

Хотел Kanhaia Haveli 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Факултативен излет - сафари на камили. Шетање по пустината. Враќање во Пушкар.

Сместување

Хотел Kanhaia Haveli 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Факултативни излети

Факултативен дводневен излеѕ за Удајпур (Udaipur), град на езера и палати, опкружен со планините Аривали и пустината Тар, а познат е како најромантичниот град во Индија. Овде се преплетуваат модерната и старата могулска архитектура што на градот му дава посебен шарм. 

Сместување

Хотел Kanhaia Haveli 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Факултативни излети

Продолжение на факултативниот излет - Уште еден ден за истражување на овој интересен град, уживање во вкусовите и боите на Индија. Враќање во Пушкар. 

Сместување

Хотел Kanhaia Haveli 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Факултативни излети

HAPPY HOLI! Го славиме фестивалот на бои и љубов, расположени и шарени... Гаѓање со бои, музика, весели и насмеани луѓе, уживање во шаренилото. 

Сместување

Хотел Kanhaia Haveli 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Слободно време до поаѓањето за Џајпур (Jaipur). Дневно возење. Пристигнување во Џајпур, pink city. Раџастан во своето најдобро светло. Најголемата и најшарена држава на Индија. Престолнина на Раџпутите, кралски семејства и големи воини. Мешавина на традиционалното и модерното. Уживаме во богатата вегетаријанска кујна, sizleri, thali, леќа и biryani (ориз), сетилата нѝ се преплавени и среќни сме. Трансфер до сместувањето и слободно време. 

Превоз

  • Трансфер од Пушкар до Џајпур

Сместување

Хотел Nahar Singh Haveli 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Факултативен излет - обиколка на Jantar Mantar опсерваторијата и останати знаменитости на градот: тврдината Амбер, Палатата на ветровите, Палатата на вода. Посета на пазарот кој е преполн со живописни бои. 

Сместување

Хотел Nahar Singh Haveli 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Факултативни излети

Слободен ден во Џајпур. Уживаме и им се препуштаме на боите, миристе и вкусовите на најшарениот Раџастан. 

Сместување

Хотел Nahar Singh Haveli 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Напуштање на сместувањето и слободно време до поаѓањето за Мек Лауд Гањ (Mc Leod Ganj) и северна Индија.

Превоз

  • Трансфер од Џајпур до Мек Лауд Гањ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Пристигнување во Мек Лауд Гањ на 2.000 m надморска височина. Хипи комуна која веќе со години ги прифаќа спиритуаните трагачи од целиот свет. Многу убаво и мирно место опкружено со врвовите на Хималаите кои се високи повеќе од 4.000 m. Вечен снег на дофат на рацете и минерали кои пуцкаат во воздухот. Слободно време. Пробуваме специјалитети на индијската и тибетската кујна.

Сместување

Hotel Anand Palace 1 ноќ

Место

  • Мек Лауд Гањ (Mc Leod Ganj)

Факултативен излет до Армитсар, духовна и световна престолнина на Сиките. Посета на Златниот храм на езерото. Враќање во Мек Лауд Гањ. 

Сместување

Hotel Anand Palace 1 ноќ

Место

  • Мек Лауд Гањ (Mc Leod Ganj)

Факултативни излети

Слободен ден и прошетка до хипи селото Бакша. Одиме по ридовите околу селото, гледаме орли кои летаат на сите страни. Ослободувањето почнува. Јадење во локалното ресторанче. Кулирање по кафулињата на тибетантските бегалци. Запознавање на патници од целиот свет. Приказни кои можат да се слушнат само во Мек Лауд Гањ од светските патници. Овие луѓе патуваат по десет година без престанок. Бараат тотална слобода по целиот свет. Враќање во Мек Лауд Гањ. 

Сместување

Hotel Anand Palace 1 ноќ

Место

  • Мек Лауд Гањ (Mc Leod Ganj)

Слободен ден и впивање на енергијата на моќните Химала, преуштање на душата на планинската свежинаи звуците на молитва. Посета на храмот на Далај Лама и запознавање со тибетскиот будизам. 

Сместување

Hotel Anand Palace 1 ноќ

Место

  • Мек Лауд Гањ (Mc Leod Ganj)

Слободно време до поаѓањето за Ришикеш (Rishikesh).

Превоз

  • Трансфер од Мек Лауд Гањ до Ришикеш

Место

  • Мек Лауд Гањ (Mc Leod Ganj)

Пристигнување во Ришикеш, град лоциран на брегот на Ганг. Свети крави, мистични лутачи, мајмуни на сите страни. Идилично место во подножјето на Хималаите каде Ганг се симнува од планините, па е брз, бучен и чист за капење. Голем број на баба, хинду свештеници. Посета на Лакс Ман Јуле (Lax Man Yule), градот на јогата, место на кое Битлси своевремено учеле јога. 

Сместување

Хотел Tapastali 1 ноќ

Место

  • Ришикеш (Rishikesh)

Факултативен излет за Харидвар - најсветлиот хинду град на државата Утарханд. Тоа е место каде реката Ганг се спушта од Хималаите, а ритуални капења се одвиваат на пристаништето Хар Ки Паири, а навечер реката ја украсуваат стотици светлечки пламени кои им се принесуваат на боговите.

Сместување

Хотел Tapastali 1 ноќ

Место

  • Ришикеш (Rishikesh)

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето. Слободен ден во Ришикеш, одморање покрај Ганг во градот на јогата. Поаѓање за Делхи.

Превоз

  • Трансфер од Ришикеш до Њу Делхи

Место

  • Ришикеш (Rishikesh)

Пристигнување во Делхи во раните утрински часови. Уште еден ден во Делхи. Слободно време за запознавање со други знаменитости на главниот град на Индија. Дипломирање на хаосот. 

Сместување

Хотел Le Roi 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром во претпладневните часови. Лет од Делхи за Белград со преседнување  (QR 571 Delhi 09:40 – Doha 11:45).

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром во Њу Делхи
  • Авионски билет со сите такси на релација Њу Делхи - Белград, во економска класа

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Лет од Доха за Белград (QR 231 Доха 07:00 - Белград 10:40). Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Крај на патувањето.

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел Le Roi 3 ноќи
Хотел Kanhaia Haveli 5 ноќи
Хотел Nahar Singh Haveli 3 ноќи
Hotel Anand Palace 4 ноќи
Хотел Tapastali 2 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Њу Делхи, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето во Њу Делхи
  • Трансфер од Њу Делхи до Пушкар
  • Трансфер од Пушкар до Џајпур
  • Трансфер од Џајпур до Мек Лауд Гањ
  • Трансфер од Мек Лауд Гањ до Ришикеш
  • Трансфер од Ришикеш до Њу Делхи
  • Трансфер од сместувањето до аеродром во Њу Делхи
  • Авионски билет со сите такси на релација Њу Делхи - Белград, во економска класа

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Индија

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разгледување на Њу Делхи

Цена: 35,00 EUR

Го запознаваме Њу Делхи, авантура во овој хаотичен град со неверојатен дух, бои, мириси и прекрасна енергија! Го посетуваме стариот дел на градот каде што се наоѓаат познатата џамија Јама Масјид и Црвената тврдина (Red Fort). Џамијата е изградена од познатиот Шах Џахан и е најголема во Индија. Духот на стариот град ќе ве воодушеви целосно... Енергијата во движењето, бучавата и луѓето ќе ги активираат сите наши сетила! Ќе ја посетиме и Црвената тврдина која датира од 17 век. Влегувањето внатре не е предвидено затоа што ќе ја посетиме во рамките на излетот во Агра. Ја продолжуваме нашата авантура уживајќи во убавината на градбата која била инспирација при креирањето на Таџ Махал. Тоа е гробот на Хамајун, владетел могул во 16-тиот век, чија изградба ја била на барање на неговата прва сопруга и тој симбол на љубовта е пренесен, преку архитектурата, до самиот Таџ Махал. Го завршуваме излетот под познатата “Порта Индија”, посветена на сите војници убиени за време на Првата светска војна. Враќање во сместувањето и слободно време.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети во гробниот комплекс Хумајун, услуга на претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локални водичи и возачи, индивидуални трошоци.

* Со оглед на непредвидливиот сообраќаен метеж, можно е да се смени редоследот на турата.

Агра– Таџ Махал (Taj Mahal) и Црвената тврдина (Red Fort)

Цена: 80,00 EUR

Посета на Таџ Махал, најспектакуларната градба на светот која сјае и ја рефлектира светлината кога сонцето е во својот зенит или на полна месечина. Симболот на Индија и симболот на љубовта. Приказната за Шах Џахан и убавата Мумтаз започнува на познатиот пазар, на местото каде што е сега моќниот Таџ. Мумтаз продавала сол во кристали, а Шах бил принц кој сакал да плати за кристалната сол како за вредност на дијаманти. Тоа било љубов на прв поглед, која траела бесконечно, како во бајка. За 18-те години заеднички живот Мутаз му родила на својот принц 14 деца, но на последното породување починала. Споменикот на вечната љубов била нејзина желба. Изградбата на нејзината мермерната гробница, на која работеле 20.000 луѓе, илјадници слонови и камили, траела цели 22 години. Жад, корал, тиркиз, сафир, оникс, 28 видови на полудрагоцени и драгоцени камења се само дел од величественоста по која е познат Таџ. Овој подвиг го оставил Шах без кралство како и без живот. Откако неговиот син го превземал престолот во 1685 година, го затворил својот татко во Црвената тврдина од кој што можел да го гледа Таџ Махал како потсетник на вечната љубов и банкротот на кралството. Последните денови од животот ги поминал таму се до неговата смрт. Red Fort (Црвената тврдина) во Агра е големо здание во Раџапут, воена каста на Индија, направена за одбрана на кралството и која до ден денес е во функција, а само 20% од зградата е отворена за јавноста и посетителите. Одбранбени тунели, натпреварувачки простории, кралски одаи, прв природно климатизиран простор и телефонија се само дел од она што ќе го видиме од најубавиот стар затвор на светот. Враќање во Делхи во вечерните часови. Пауза за појадок на патот кон Таџ Махал, а паузата за ручек по посетата на двата локалитети или по првиот, во зависност од временските услови. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, превоз, билети до Таџ Махал и Црвена тврдина, услуги од претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните возачи и водичи и индивидуални трошоци.

Сафари на камили во Пушкар – полудневен излет

Цена: 30,00 EUR

Пред зајдисонце, тргнуваме полека на камилите, како вистинските Махараџа и Махаранија, кон моќната пустина Тар. Се состануваме на големиот полигон за тркачки камили, каде секоја година се одржува најголемиот светски саем за камили. Трки со камили, најубава камили, најдолги мустаќи на сопственик на камила, натпревар за танцување и многу други се дисциплините на овој неверојатен саем. Расеани села низ пустината, поила за животните, вегетација, диви коњи се само дел од она што нè опкружува во оваа позната хипи заедница. А тогаш, по заоѓањето на сонцето, се пали оган во сред пустина и доаѓаат свирачи во придружба на најубавите индијки кои хипнотизираат со својот танц и разнобојни носии, натоварени со накит, огледала, школки, пари, исцртани со к’на од нозете до вратот. По зајдисонцето се враќаме во Пушкар. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, јавање на камила, пијалок и танц, услуга на претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци 

Факултативен излет во Удајпур

Цена: 80,00 EUR

Удајпур – дводневен излет. Во раните утрински часови тргнуваме од Пушкар кон уште еден неверојатен град на Махараџата, во Раџастан, кој секоја година се прогласува за најубав град на Индија. Од среќното шаренило на бои, хаотичен сообраќај, возови и крави и зачинета улична храна, се селиме во град полн со богатство и обоен во бело - во модерниот Удајпур, познат и како град на езерата и Венеција на истокот. Удајпур е познат по езерото Пичола и познатиот хотел Таџ во кој е сниман еден од филмовите со Џејмс Бонд. Ја посетуваме најпознатата кралска палата во Индија - City Palace, прекрасниот храм на три спрата Jagdish Temple, кој го сочинуваат многу изрезбани столбови, насликани ѕидови, бујни градини и скулптури од слонови. Целото дожиување го дополнуваме со крстарење на езерото Пичола и зајдисонцата на некој од најубавите покриви во градот. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, услуги на претставник на агенцијата, влезници во City Palace, возење со брод по езерото, 1 ноќевање во двокреветна соба во Удајпур. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи и индивидуални трошоци.

Целодневен факултативен излет во Џајпур

Цена: 40,00 EUR

Го запознаваме Џаипур, авантура во овој неверојатен град кој се наоѓа во срцето на Раџастан, најшарената држава во Индија. Боите и енергијата кулминираат, сè е живописно, брковите на луѓето се поголеми, потопло е, слоновите се насекаде околу нас дури и на улиците, кобрите се виткаат со звуците на свирачите и храната е повкусна! Започнуваме со посета на Тврдината Амбер, прекрасна градба со исклучително значење и архитектура, симбол на моќта и силата на поранешното кралство. Изграден е на крајот на 16 век и денес е под заштита на УНЕСКО. Уживаме додека поминуваме низ раскошните одаи, просторијата со огледала, дворот, монументалните порти, фонтани, мермер и полускапоцени и скапоцени камења! По враќањето во Џаипур и попатното застанување да ја видиме Палатата на вода, пристигнуваме во централниот дел на градот. Ја посетуваме Градската палата чија зграда датира од 18тиот век и која ќе не воодушеви со нејзината убавина! Потомците на Махараџата и ден денес живеат во еден дел од палатата. Ќе поминеме низ бројни капии, дворови, галерии сè до прочуените врати на Градската палата кои се наоѓаат на насловните страни на сите популарни книги и списанија за Индија - вистинско ремек-дело!

Се упатуваме кон опсерваторијата „Јантар Мантар“. Монументалните инструменти од 18тиот век ќе ве воодушеват целосно. Локалниот водич ќе се обиде да ви ја објасни важноста на секој инструмент посебно, но сепак вашата имагинација ќе ве доведе до конечните заклучоци. Авантурата завршува со поглед на Хава Махал или Палатата на ветровите, што се наоѓа во центарот на Розевиот град. Зграда што личи на црвена чипка направена од црвен песочник, камен и мермер со безброј прозорци кои ќе ви помогнат да го замислите животот на жените во минатото. Враќање во сместувањето и слободно време.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, превоз, билети до Тврдината Амбер, Градската палата, Јантар Мантар и услуга претставник на агенцијата.

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

*Земајќи го во обзир сообраќајниот метеж како и гужвата околу самите знаменитости, можно е да се промени редоследот на посетите.

Факултативен излет во Амритсар

Цена: 35,00 EUR

Амритсар - целодневен факултативен излет. Поаѓање во раните утрински часови од McLeod Ganja. Патот низ Хималаите нè носи во државата Пенџаб и моќниот Златен храм во Амритсар, најсвето место на Сика. Сикизмот потекнува од крајот на 15 век и е комбинација на исламот и хиндуизмот, т.е. монотеистичко верување во Бога додека се практикуваат хинду обичаи. Суштината е во верноста и моралот. Се распознаваат по 5 симболи - долга коса, чешел за коса и мустаќи или брада, метални нараквици и шалвари. Центарот на нивната вера и одликата на вистинската посветеност која ќе ја засведочиме е Златниот храм, ремек-дело на хинду-исламската архитектура и место каде се дистрибуираат над 40.000 бесплатни оброци секој ден, без оглед на полот, расата, верата, класата, националноста. Сместен е во близина на индиско-пакистанската граница, познатата Wagah border, каде церемонијата на чуварската смена и знамето се спуштаат секој ден од 1959 година. Враќање во McLeod во доцните вечерни часови.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, транспорт, услуги од претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локални водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Факултативен излет во Харидвар

Цена: 30,00 EUR

Харидвар - полудневен факултативен излет. Градот кој е домаќин на еден од најголемите спиритуални фестивали на светот Кумбамела, кој се одржува во 4 градови. Кога боговите се бореле околу урните на бесмртноста, богот чувар Вишну успеал да ја земе урната и со своето превозно средство Гаруди да ја однесе на сигурно. Додека летала Гарудата, 4 капки, паднале на 4 места - тоа се сега свети градови во кои фестивалот се одржува - Харидвар, Ујаин, Нашик и Алахбад и од тогаш тука се собираат садуите. Садуи се свети луѓе - скитници, кои се имаат одречено од сé што е материјално и се собираат за време на "Кумбамела" на брегот на реката Ганг, за спиритуално чистење, односно капење во Ганг. Има околу 20 милиони вакви луѓе секоја година. Харидвар се смета за капијата на Хималаите, а ние пристигнуваме точно на време да го гледаме зајдисонцето, на главниот "gath" - место за обреди, Харки пури и учествуваме во "Ganga aarti". "Ganga aarti" е молитва посветена на Ганг, на сите богови - сонцето и месецот, денот и ноќта. Со пеење на бадјана, гласна музика, ѕвона, обреден оган, пуштаме корпи со подароци низ реката, врзуваме црвени конци околу рацете, примаме "прасад" и лични молитви за секој од нас. Илјадници хиндуисти на едно од најсветите места на светот за секој индијец. Влегуваме во самата срж на хиндуизамот, верата, обичаите, ги будиме сите сетила, впиваме позитивна енергија и сведочиме на една неверојатна вера и посветеност на локалното население. Се враќаме во Ришикеш во вечерните часови. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, услуги од претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи и индивидуални трошоци.

Сместување

Хотел Le Roi

Сместен на 10 минути пеш од железничката станица во Њу Делхи, хотелот е оддалечен 6км од Ред Форт и Јама Масјид. Собите се двокреветни, опремени со клима уред, сопствен тоалет, кабловска телевизија и личен сеф.

Хотел Kanhaia Haveli

Сместен на 200м од езерото Пушкар, Kanhaia Haveli нуди чисти и комфорни соби опремени со клима уред и бесплатен интернет во сите области. Исто така поседува ресторан.

Хотел Nahar Singh Haveli

Хотел Nahar Singh Haveli е еден од најдобрите во Џаипур. Собите се двокреветни, со сопствен тоалет и TV.

Hotel Anand Palace

Hotel Anand Palace е модерен новоизграден хотел во природно опкружување. Располага со двокреветни соби со балкон, сопствен тоалет, TV, бесплатен интернет.

Хотел Tapastali

Хотелот се наоѓа недалеку од центарот на градот. Располага со двокреветни и трикреветни соби со TV и бесплатен интернет.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Воз

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички воз е тип на железнички сообраќај кој веќе неколку векови се користи за патување.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)