Малезија, Индонезија, Сингапур од Скопје

цена од
1.650
EUR ,00
сега од
1.490
EUR ,00
траење
16 дена
Пријави се Барање
Барање

Патување во три прекрасни Азијски земји - модерната утопија Сингапур (Singapore), неверојатните храмови во Јава (Java) и плажите на магичниот Бали (Bali), до специфичната Малезија (Malaysia) односно нејзиниот главен град Куала Лумпур (Kuala Lumpur). Необично патување кое е комбинација на модерните архитектонски достигнувања на Сингапур (Singapore) и Малезија (Malaysia), посета на културниот центар Јава (Java), односно Индонезија (Indonesia) - ги посетуваме Борободуру (Borobudur) и Прамбанан (Prambanan), а потоа магични денови на магичниот остров - плажи, бранови, сурфање, морски специјалитети, традиционални храмови, chill и одмор...


Рута
Скопје
Сингапур
Убуд
Семињак
Џогџакарта (Yogyakarta)
Куала Лумпур
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Видови патувања
Далечни дестинации, Пропатувањa
Дестинации
Индонезија, Малезија, Сингапур
Код на патување
MIS3
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10 , Макс 15 ,

План и програма

Состанок на групата на аеродромот во Скопје, два часа пред летот. Разговараме за егзотични краеви и се смешкаме додека го чекаме нашиот лет. Одиме на Исток во пресрет на Сонцето. Лет од Скопје во 20:50 часот до Истанбул. Преседнување на лет за Сингапур. Лет од Истанбул за Сингапур во 02:00 часот.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Скопје - Сингапур, во економска класа (чекиран багаж 23кг. и рачен багаж 7кг.)

Место

  • Скопје

Пристигнување во Сингапур во 09:05 часот. Чудесна утопија на 21-от век и второ најголемо пристаниште во светот. Трансфер до сместувањето. Во овој град се е веќе средено до најситниот детаљ. Џвакањето мастики е забрането и казниво со закон. Градот е доведен до совршенство и во цел тој совршено чист амбиент, луѓето пронаоѓаат убавина, секако со восхитување и чудење на овој контраст на збркана и хаотична Азија. Трансфер до сместувањето и време за разгледување на градот. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hotel Fort Canning Lodge *** 1 ноќ

Место

  • Сингапур

Слободно време за разгледување на Ботаничката градина и уживање во храната и вкусовите на Кинескиот и Индискиот кварт.

Сместување

Hotel Fort Canning Lodge *** 1 ноќ

Место

  • Сингапур

Трансфер до аеродромот и лет за Денпасар. Трансфер до сместувањето во Убуд. Бали - остров на насмевки, нереална природа, богати оризови полиња, хинду храмови, кралски базени, овошје, цвеќиња, плажи, вулкани и фантастичен подводен свет. Слободно време.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Сингапур - Денпасар, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Факултативен излет до Убуд, уметничка колонија и преубаво место кое е полно со уметнички дела и неверојатни слики од културата на Бали. Убуд одсекогаш бил познат како сликарско место, но всушност е еден поголем регион, заедница од 14 села. Некогаш Убуд бил и медицински центар, за што сведочи неговото име, кое на јазикот на Бали значи медицина. Сепак Убуд е најпознат по уметничките работилници кои се расеани по сите улички, како и на големиот пазар – Убуд Маркет. Недалеку од центарот на Убуд, се наоѓа природниот резерват на долгоопашестиот макаки! Неверојатна, голема шума, обрасната со мов, крие во себе преку 600 мајмуни и 150 видови на дрвја. За почеток е предвидено дружење со разиграните и весели мајмуни во нивното природно окружување, големата шума со остатоци од стари храмови. Следна точка е Пештерата на слоновите - Elephant Cave (Goa Gajah) , храм чиј влез има облик на глава на слон, од каде потекнува и името. Почетоците и датираат од 11-тиот век а посветен е на божицата заштитничка на децата, раѓањето и исцелител на жените. На овој излет се појавува едунствена можност да оривате најнеобично и најскапо кафе на светот, Копи Лувак (Kopi Luwak)! Прошетката низ градината со зачини ќе не запознае со бројни билки и зачини како и животните кои се заслужни за производството на ова кафе. За крај, после уживање на паузата во близина на најатрактивниот вулкан Батур и истоименото езеро кое е најголемо на островот, се пристигнува во Убуд, град на уметноста и неверојатните галерии, пазари, луѓе и енергија. Совршен ден на Бали! Враќање во сместувањето.

Сместување

Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за факултативна екскурзија – обиколка на Бесаки храмот и Тиртиганг палатата. Бесаки храмот е дел од големиот комплекс од 22 хинду храмови на падините на планината Агунг и се простира на 3 квадратни километри, каде според верувањето почиваат предците на народот на Бали. Сите храмови се наоѓаат на една оска и смислено се градени да го симболизираат патот на душата до врвот на светата планина. Потоа заминуваме во посета на познатата Тиртиганг палата, во превод “света вода од Ганг”. Истата претставува најдобар пример за права кралска водена палата. Комплексот се состои од светиот извор, ладни базени и неколку мали езера. Во центарот на самата палата се наоѓа импозантна фонтана од 11 спратови. Ќе уживаме во правата култура на Бали. На крајот на екскурзијата одиме до популарната плажа Virgin Beach, каде ќе уживаме во песокот и излежувањето после напорниот ден. Враќање во сместување.

Сместување

Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до Семињак. Слободен ден. Уживаме во некои од блиските плажи.

Превоз

  • Трансфер од Убуд до Семињак

Сместување

Sense Hotel Seminyak **** 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Целодневен факултативен излет од Семињак. Ден резервиран за авантура! Го започнуваме со спуштање по 300 скали до река, а потоа ни следува рафтинг со чамци низ брзаци, уживајќи во неверојатната природа и зеленило. Потоа следи Bali swing– лулање ба една од најголемите лулашки во светот каде ќе имате чувство дека летате над прашумите во Бали. Фотографирање и уживање на лежалките до ручек. Последна станица е парк на птиците каде се наоѓаат голем број на шарени и необични примероци од цел свет. Дружење со локалното население и уживање во нивната престава со перја. Враќање во сместувањето. 

Сместување

Sense Hotel Seminyak **** 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден за запознавање на Бали. Факултативна екскурзија до Tanah Lot  храмот, симболот на Бали! Еден од најубавите и дефинитивно најпрепознатлив храм на Бали, сместен само 100м од обалата на островот. Како што и самото име кажува, храмот е сместен на место каде се спојуваат земјата и морето – “Tanah” во превод значи земја а “lot”, море. Слушаме интересни приказни и уживаме во преубавиот видик. Патот го продолжуваме кон оризовите полиња, опуштање во зелената тераса и неверојатните пејсажи. Го посетуваме и храмот Ulun danu Bratanхрам во внатрешноста на островот на висина од 1000 метри! Преубавиот храм кој своето место го нашол и на банкнотите, сместен е на обалата на езерото за кое се верува дека има света вода. Враќање во сместување. 

Сместување

Sense Hotel Seminyak **** 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Трансфер до аеродром и лет за Џогџакарта, некогашна престолнина, градот на султаните, кои ќе биде наш прв контакт со Јава, нејзината култура и традиција, а ќе имаме време и да видиме колку е градот жив и возбудлив. Трансфер до сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет на релација Денпасар - Џогџакарта, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел Amaris Malioboro 1 ноќ

Место

  • Џогџакарта (Yogyakarta)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се будиме рано за да појдеме на факултативен излет – Borobudur, преубав храм изграден во текот на 8ми и 9ти век, дури 300 години пред храмот Angkor Vat во Камбоџа. Бил напуштен од 10ти век, за да повторно биде откриен во текот на 19тиот век сред џунглата. Го красат дури 504 статуи на Буда и 73 гробници. Тука се наоѓа најголемиот клецан релјеф на светот, во должина од 6 километри. Се наоѓа на листата на UNESCO како еден од најголемите будистички спомени во светот. Денес претставува една од најголемите атракции во Јава но и место за посета од многубројните будисти од Кина, Индија, Тибет и Камбоџа. Продолжуваме со екскурзијата кон Prambanan, најпознатото хинду светилиштево централна Јава и нависок храм во Индонезија. Во склоп на храмот се наоѓаат храмови посветени на Шива, Брама, Вишуу, пред кои се светилиштата на нивните животни заштитници – Нанди бик, лебед и орел. При враќањето ќе поминеме и низ фабрика и ќе се запознаеме со традиционалниот начин на украсување на ткаенина – батиком. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хотел Amaris Malioboro 1 ноќ

Место

  • Џогџакарта (Yogyakarta)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето, трансфер до аеродромот и лет за Куала Лумпур.  Трансфер до сместувањето во Куала Лумпур. Куала Лампур е град кој во претходната деценија прерасна од мал и неразвиен јужноазиски град во џунгла, до метропола од незамисливи размери. Град во кој подеднакво се мешаат култури, религии и влијание на Кинезите, Хиндусите и Малезијците. Слободна вечер за истражување на ноќни пазари и неверојатни ресторани во кои се мешаат вкусовите на Индија, Кина, Тајланд и самата Малезија. 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Џогџакарта - Куала Лумпур, во економска класа

Сместување

Holiday Inn Express City Center *** 1 ноќ

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет каде ќе се запознаеме со градот – обиколка на најзначајните локалитети, со застанување и сликање кај најпознатите атракции. Турата започнува кај пештерата Бату (Batu Cave), големо хинду светилиште сместено во пештера на периферијата на градот. Продолжуваме преку Националната палата, Споменикот на независноста, Плоштад Мердека на кој се наоѓа едно од највисоките знамиња на светот, место каде за прв пат е завеано знамето на независна Малезија, Кинескиот кварт, КЛ Кулата, се до Петронас Кулата, светски познатите згради близначки.

Сместување

Holiday Inn Express City Center *** 1 ноќ

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање и истражување на градот.

Сместување

Holiday Inn Express City Center *** 1 ноќ

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Наутро го напуштаме сместувањето и имаме слободно време за разгледување и истражување на овој модерен град до вечерниот трансфер до аеродромот. Лет од Куала Лумпур за Скопје (преку Истанбул) во 23:05 часот.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Скопје, во економска класа

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул во 04:55 часот по локално време и преседнување на лет за Скопје. Лет од Истанбул за Скопје во 07:35 часот (QR 231). Пристигнување во Скопје во 08:10 часот. Крај на патувањето.

Место

  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 100€. По формирање на групата се уплаќаат уште 300€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Fort Canning Lodge Пример 2 ноќи
Maxone Ubud Hotel Пример 3 ноќи
Sense Hotel Seminyak Пример 3 ноќи
Хотел Amaris Malioboro Пример 2 ноќи
Holiday Inn Express City Center Пример 3 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Скопје - Сингапур, во економска класа (чекиран багаж 23кг. и рачен багаж 7кг.)
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Сингапур - Денпасар, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Убуд до Семињак
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет на релација Денпасар - Џогџакарта, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Џогџакарта - Куала Лумпур, во економска класа
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Скопје, во економска класа

Храна

11 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Трошоци за виза за Малезија (не е потребна за носители на македонски пасош)
  • Излезна такса од Малезија 20 MYR – 5 ЕУР (се плаќа на аеродром)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Убуд, Шума со мајмуни, Elephant Cave, Плантажа на зачини

Цена: од 30,00 EUR до 40,00 EUR

Целодневен излет и ден посветен на природата! Мајмуни, уметност, вулкан, зачини и храмови... За почеток, предвидено е дружење со разгираните и весели мајмуни во нивното природно опкружување – голема шума со остатоци од стари храмови. Следна дестинација: Elephant Cave (Goa Gajah), храм на чиj влез се изрезбани глави со заканувачки изглед, а главната резба се смета дека е глава на слон – од каде и потекнува називот на местото. Почетоците датираат од 11-от век, а посветен е на божицата, заштитничка на децата, раѓањето и “исцелувачка на жените”. На овој излет имате и единствена прилика да го пробате најнеобичното и најскапото кафе на светот, Kopi Luwak! Шетајќи низ градините со зачини, запознаваме бројни билки и зачини, но и животинчињата кои се заслужни за производство на гореспоменатото кафе. За крај, после паузата и уживање во близина на најактивниот вулкан на Бали – Batur и истоименото езеро (кое е најголемо на островот), пристигнуваме во Убуд – град на уметноста и неверојатни галерии, пазари, луѓе и енергија. Совршен ден на Бали!

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезеници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach

Цена: 40,00 EUR

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin Beach – Целодневен излет на кој се посетуваат храмови, но и се ужива на една од најубавите, прикриени и мирни плажи на Бали. Бесаки храмот се наоѓа подножјето на вулканот Agung кој последен пат еруптирал во Ноември 2017 година. Се вика и “храмот на сите храмови” или “мајката на храмовите”. Се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсветото место за целокупната хиндуистичка популација на Бали. Тиртаганга, или “водена палата” – воодушевува со своите градини и базен, низ кој има камена стаза, по која може да се шета. Во водата живеат портокалови шарани кои можете да ги храните. Оваа вода се смета за света, па кој сака, може и да се избања во неа. Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз по предвидениот план и програма, сите влезници во наведените локалитети и стручен локален водич на англиски јазик.

Рафтинг, Бали Swing и Паркот на Птиците

Цена: 65,00 EUR

Целодневен излет и ден за авантура! Со целосна опрема, денот го започнуваме со спуштање низ скоро 300 скали до реката. Влегуваме во нашите чамци за рафтинг и се впуштаме во авантура, уживаме во прекрасната природа, зеленило и дивите брзаци. Забавата продолжува со лулање на една од најголемите лулашки на светот, каде добивате впечаток дека летате над прашумите на Бали. Се фотографираме и се опуштаме на лежалките, се до ручекот. Нашата последна станица за овој ден е паркот на птиците каде што се наоѓаат голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет! Се дружиме и уживаме со пердувестите жители на Бали! Цената на излетот вклучува: организиран превоз по предвидениот план и програма, сите влезници во наведените локалитети, рафтинг со целата неопходна опрема, ручек (без пијалок) и стручен локален водич на англиски јазик.

Tanah Lot – Uluwatu hram – плажата Padang Padang

Цена: од 20,00 EUR до 40,00 EUR

Посета на необични локалитети и уште понеобични храмови. Tanah Lot –највпечатливата атракција на Бали, храм на вода кој датира од 16-тиот век. Поточно, храмот се наоѓа на карпа во сред море (100 метри од копно). Таа е изградена и со векови е дел од балинезиската митологија. Танах Лот е еден од 7-те морски храмови изградени на брегот на Бали. Храмот Улувату е познат по својата прекрасна локација, сместен на врвот на стрмната карпа, на околу 70м над брановите. За крај се опуштаме на плажата Padang Padang, каде е снимен филмот „Јади, моли се, сакај“

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезници за наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Боробудур и Прамбанан (Џогџакарта)

Цена: 90,00 EUR

Целодневен излет на кој го посетуваме најголемиот будистички храм во светот и еден од најзначајните хиндуистички храмови во оваа област. Бородубур е едно од најпознатите и најфотографирани места во Индонезија, будистички храм заштитен од УНЕСКО. Брегот на Боговите, како што инаку се нарекува, најверојатно потекнува од VIII век и го посетуваат до 2,5 милиони посетители годишно! Турата низ храмот ве запознава со основните учења на будизмот и животот на Буда. По ручекот, придружуван од локален водич, продолжувавме до храмот Прамбанан, кој исто така се наоѓа на листата на УНЕСКО. Хиндуистичкиот храм од 9 век најдобро ќе ве запознае со оваа религија и спецификите на јаванскиот хиндуизам. 

Во цената на излетот е вклучено: 

  • организиран превоз според планот и програмата
  • сите билети за наведените локалитети
  • ручек без конзумација на пијалоци
  • професионален локален водич на англиски јазик.

Куала Лумпур - City Tour

Цена: 35,00 EUR

Целодневен излет во Куала Лумпур. Посета со автобус на најважните локалитети во градот, придружено со локален водич и фотографирање на најважните атракции. Излетот започнува со пештерата Бату, голем хинду храм, сместен во пештера на периферијата на градот. Потоа продолжуваме до Националната палата, Споменикот на независност, плоштадот Мердека, во која се сместени највисоките знамиња во светот, местото каде за прв пат се виде знамето на Независна Малезија, Кинески кварт, КЛ кулата и Петронас кулите, згради близначки познати ширум светот. 

Во цената на излетот е вклучено: 

  • организиран превоз според предвидениот план и програма
  • стручен локален водич на англиски јазик.

Сместување

Hotel Fort Canning Lodge ***

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Fort Canning Lodge 3* се наоѓа покрај паркот Fort Kaning во Сингапур. Гостите имаат на располагање отворен базен и климатизирани соби со TV со кабловски канали. Услугата е на база ноќевање.

Maxone Ubud Hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Maxone Ubud Hotel 3* е сместувачки објект кој располага со 1/2 соби и поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Се наоѓа на 5 минути од Убуд Маркет, сите соби поседуваат телефон, wifi, ресторан, спа центар и лифт.

Вебсајт http://maxonehotels.com/index.php/hotel/bali/location/20/city/2

Sense Hotel Seminyak ****

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Sense Hotel Seminyak **** e сместувачки објект кој располага со 1/2 соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сите соби поседуваат телефон, мини бар, wifi. Патниците имаат на располагање базен како и бар.

Вебсајт https://www.sensehotelbali.com/

Хотел Amaris Malioboro

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** е хотел со три ѕвездички по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со појадок (континентален појадок).

Вебсајт http://amarishotel.com/hotel/amaris-hotel-malioboro-jogja/

Holiday Inn Express City Center ***

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Holiday Inn Express City Center 3* се наоѓа во централниот дел на Куала Лумпур. Хотелот поседува фитнес центар, ресторан и сала за конференции. Сите соби се климатизирани и со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.ihg.com/holidayinnexpress/hotels/us/en/kuala-lumpur/kulcc/hoteldetail

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.