Јапонија есен

цена од
1.490
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Патување во чудесната Јапонија! Запознавањето со оваа земја го започнуваме од нејзината престолнина Токио. Освен тоа, ќе ги запознаете и Никко, Јокохама, Кјото, Осака, Нара и Хирошима. Ве чека и возење со познатите јапонски возови, најдоброто суши, познатите палати и запознавање со автентичната Јапонија! 

Ве водиме во Јапонија, островска земја во источна Азија која претставува изолиран свет со посебна култура и пејзажи. Како ретко каде на планетата, во Јапонија контрастот помеѓу модерното и традиционалното креирал неодолив склоп кој не се рефлектирал само на архитектурата и на уметноста, туку и на луѓето и нивниот дух. Најголем дел од територијата на државата заземаат плаинини. Дури 70% од површината на Јапонија е покриен со планини, вклучувајќи и преку сто активни вулкани. Земјата е составена од преку 6.800 острови. Јапонскиот архипелаг содржи 6.852 острови од кои најголеми се Хоншу, Хокаидо и Кјушуу и Шикоку.


Рута
Белград
Доха
Токио
Кјото (Kyoto)
Токио
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер, Метро
Сместување
Хостел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации
Дестинации
Јапонија
Код на патување
JP1
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10 , Макс 25 ,

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на аеродромот ”Никола Тесла” во Белград, два часа пред летот. Разговараме за егзотични дестинации и се смешкаме додека го чекаме нашиот лет. Одиме на исток во пресрет на Сонцето. Лет QR232 во 12.00 часот од Белград за Доха. Пристигнуваме во Доха во 18.00 часот по локално време. Конекција на лет за Токио.

Превоз

  • Авионски билет на релација Белград - Токио со сите такси, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Лет QR806 од Доха во 02.20 часот. Пристигнуваме во Токио во 18.40 часот по локално време. Трансфер со метро до нашето сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативен излет - Разгледување на Токио, престолнината на “Земјата на Изгрејсонцето”. Прво ќе ја посетиме Царската Палата која што не е отворена за посетители, но се наоѓа во исклучително живописен јапонски парк во самиот центар на градот. Потоа следува посета на Мetropolitan Government, третата највисока зграда во Токио, каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед на овој неверојатен град. Ќе го посетиме големиот храм во паркот Meiji Shrine (Меиџи храм) изграден во класичен шинто стил. Потоа со нивното супер брзо метро ќе одиме во прекрасниот живописен дел од градот наречен Ашакуша (Asakusa), место во кое може сеуште да се почувствува атмосферата и духот на старата Јапонија. Тука ќе го посетиме едниот од најважните храмови на Еdo периодот, Asakusa Kanon. За крајот на денот го оставаме Ueno паркот каде ќе се уживаме во мирот. Вечерта ја посетуваме Шибуја, дел од градот кој е познат по шопинг и вообичаениот метеж на најпознатата раскрница на светот. Ноќевање.

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Факултативен излет- "Fuji Five Lakes. Одиме во Националниот парк каде ќе имаме прилика да и се восхитуваме моќната Фуџи (Fuji) планина. Доколку не послужат временските услови, ќе имаме спектакуларен поглед на оваа величенствена планина. Fuji Five Lakes регионот лежи на 1000 метри надморска височина и се состои од 5 езера кои ќе имаме прилика да ги посетиме и цел ден да уживаме во нереалната природа. Враќање во Токио.

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Посета на градот Nikko со локален воз. Градот е ризница на културно-историски содржини, но исто така изобилува и со природна убавина. Тука се наоѓа мавзолејот Toshogu, гробното место на основачот на династијата Tokugawa leyasu. Ова е еден од најубавите дворски комплекси во Јапонија и е град под културна заштита на УНЕСКО. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат бројни простории со уметнички дела и резби од дрво, од кои секако се најпознати Трите мудри мајмуни (едниот не слуша, вториот не зборува, третиот не гледа). Покрај ова, можеме да видиме и бројни пагоди, како и Тајниот мост преку реката Даија. Во близина се наоѓа и храмот на Буда Rinno-ji. Враќање во Токио во доцните вечерни часови

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во Токио и поаѓаме за Кјото во раните утрински часови. Доколку временските прилики дозволуваат ќе уживаме во погледот на величенствената планина Фуџи. Пристигање во Кјото, сместување во хостел, разгледување. Целодневно разгледување на Кјото - исклучителен град кој заедно со 17 големи храмови претставува дел од културното светско наследство. Ќе го посетиме храмот Киџомизу, замокот Ниџо, како и храмот Кинкакуј или Златниот павилјон, со градина која е класичен пример на градинарската култура на 14-от век и спаѓа во најпознатите храмови во Кјото. Враќање во хостел со метро. Организирано разгледување со водич на шинто храмот Fushimi Inari Taisha. Во попладневните часови ќе одиме во квартот Гион во Кјото, традиционално јапонско место каде што доминираат локалните ресторани, чајџилници и место каде што работат гејшите. На ова место е сниман филмот Мемоарите на една гејша. 

Превоз

  • Трансфер од Токио до Кјото

Сместување

Khaosan Kyoto Guesthouse 1 ноќ

Место

  • Токио
  • Кјото (Kyoto)

Факултативни излети

Ден за факултативен и излет - посета на Осака. Полудневно разгледување на оваа интересна метропола со преку 1000 години долга историја. Дури и надалеку прочуениот Патот на свилата водел преку Осака. Денес Осака е трет по големина град во Јапонија. Ќе го видиме замокот Осака изграден во 16 век, во кој денес се сместени неколку музеи. Го разгледуваме Дотонбори, дел од градот познат по локалните рестораните со традиционална јапонска храна. Враќање во Кјото. 

Сместување

Khaosan Kyoto Guesthouse 1 ноќ

Место

  • Кјото (Kyoto)

Факултативни излети

Факултативен излет - Посета на Нара. Целодневно разгледување на некогашната престолнина на Јапонија, позната по првите почетоци на Будизмот, од каде и започнал да се шири низ целата земја. Разгледување на храмот Тодаиџи од 8 век, граден со цел да ја заштити земјата и да донесе просперитет на нацијата. Храмот сеуште се состои од 30 павилјони од различни периоди и со различни стилови. Во близина се наоѓа светилиштето Касуга, вистинско национално богатство од 8 век, како и паркот на елените. Враќање во Кјото. 

Сместување

Khaosan Kyoto Guesthouse 1 ноќ

Место

  • Кјото (Kyoto)

Факултативни излети

Факултативен излет - целодневно разгледување на Хирошима, која е оддалечена 300 километри од Кјото. Разгледување на паркот и Меморијалниот музеј на мирот, во спомен на 6-ти август 1945 година и загинувањето на повеќе од 100.000 луѓе кои настрадале од експлозијата на атомската бомба. Заминување во Мијаџима и посета на “црвените Тории” – водени порти, кои се наоѓаат на овој остров. Гастрономско уживање во свежи остриги и други морски плодови. Враќање во Кјото во доцните вечерни часови.

Сместување

Khaosan Kyoto Guesthouse 1 ноќ

Место

  • Кјото (Kyoto)

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во раните утрински часови. Можност за посета на шумата на бамбусите - Арашијама (Arashiama). Слободно време во Кјото, сe’ до заминувањето за Токио.

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Кјото (Kyoto)
  • Токио

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер со метро до аеродромот. Лет QR807 од Токио за Доха во 22.20 часот.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет на релација Токио - Белград со сите такси, во економска класа

Место

  • Токио

Пристигнување во Доха во 04:00 часот по локално време. Трансфер на лет за Белград. Лет QR231 од Доха во 07:00 часот. Пристигнување во Белград во 10:40 часот. 

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха- Белград во економска класа, со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Доха
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел Palace Japan Пример 5 ноќи
Khaosan Kyoto Guesthouse 4 ноќи

Превоз

  • Авионски билет на релација Белград - Токио со сите такси, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Токио до Кјото
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет на релација Токио - Белград со сите такси, во економска класа
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха- Белград во економска класа, со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Можна доплата за двокреветна соба - 180 ЕУР по лице
  • Влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разгледување на Токио

Токио е главен и најголем град во Јапонија, ама не само таму, туку и во целиот свет! Ако го погледнеме поширокото подрачје на градот, Токио е најнаселената агломерација на светот со околу 38 милиони жители! Старото име на градот бил Едо, а во 19 век е сменето името во Токио што значи Источна престолнина. На ова место во 15 век имало мала рибарска населба, а градот почнал забрзано да се развива кога царот Меиџи го преселил кралството од Кјото во Токио. Градот официјално, под ова име, има статус на град од 1899 година. Во 20 век, овој град има претрпено големи катастрофи, некои природни, а некои како последица на војна. На почетокот на 20 век бил погоден од катастрофален земјотрес, во кој што животот го изгубиле над 140.000 луѓе, а исто така има претрпено и големи штети за време на Првата и Втората Светска војна. Меѓутоа, после војната, градот започнал забрзано да се развива и целата земја го добива епитетот Економско чудо, затоа што веќе кон средината на шеесетите години на минатиот век, била втора најразвиена економија на светот. Токио бил домаќин на Олимписките игри во 1964 година, а повторно ќе ја има оваа чест да биде домаќин на овој спектакл во 2020 година. Една од главните атракции на градот е храмот Сенсо-ји, најстариот будистички храм во Токио. Овој храм претставува оаза на духовноста, сместена помеѓу реките Sumide и TokioSkyTree, во дистриктот Ашакуша. Посветен е на божицата на милоста. На ова место ќе се запознаеме со приказната за двата големи системи на мислата, Шинтоизмот и Будизмот. Првите податоци за храмот потекнуваат од 645 година, што го прави најстар храм во Токио. За да можеме подобро да го разбереме јапонскиот политички систем и нивната верност и послушност кон Царот, ќе го посетиме Империјал паркот кој е обиколен со средновековен канал. Доколку ни се создаде можност, ќе прошетаме низ Источната градина, а треба да се има во предвид дека Кралскиот Дворец е отворен за посетители само на два датуми, на 23.12. кога е роден Царот и за Нова Година. Ќе бидеме во можност да го видиме и Меиџи храмот кој е посветен на царот реформатор од крајот на 19 век. Царот Меиџи успеал да ја доближи земјата до западниот свет за многу краток период. Далекусежните и темелни промени и дале на Јапонија нов изглед, а царот добил нов храм во Токио. Во времето кога сакура-та цвета, Уено паркот е облечен во најубавото руво и тој станува една од најголемите атракции на градот. Навечер, место кое мора да се доживее е раскрсницата на Shibuyi. Голема концентрација на луѓе, неонски реклами и весели џинглови. Ја преминуваме најпознатата дијагонална раскрсница на светот и се восхитуваме на верноста на кученцето Хачико, покрај неговата статуа.

Fuji Five Lakes

Цена: 120,00 EUR

Одиме во националниот парк од каде ќе имаме прилика да и се восхитуваме на моќната планина Фуџи. Доколку времето не’ послужи, ќе имаме спектакуларен поглед на оваа величествена планина. Fuji Five Lakes регионот лежи на 1000 метри надморска височина и се состои од пет езера (Kawaguchiko, Saiko, Yamanakako, Shojiko и Motosuko) кои ќе имаме можност да ги посетиме и цел ден да уживаме во нестварната природа на оваа островска земја.

Излет во Никко

Излет во Никко - Ќе се упатиме кон руралниот север на Јапонија. Далеку од метежот на пацифичкото крајбрежје, подзаскриено е гратчето Никко. Влегуваме во велелепниот храм на големиот шогун Ieajasu Tokugawa и се замислуваме над прочуената резба: Трите мудри мајмуни - едниот не слуша, другиот не зборува, третиот не гледа. Овој храм е и еден од најубавите и најживописните храмови во Јапонија. Го изградил во 1617 година, синот на шогунот Iejasua Tokugawa, а е надограден од неговиот внук. Големиот шогун ја воспоставил својата власт во 1603 година. Неговото семејство владеело со Јапонија над 250 години, т.е. до прекинот на феудализмот во 1868 година. Всушност, тоа е причината што овој храм претставува големо светилиште. Исто така во овој храм може да се види ретката комбинација на будистички и шинтоистички елементи. До воспоставување на Меиџи периодот ова била честа комбинација, иако станува збор за две религии. С тоа што, од 1868 година од храмовите се отстранети елементите од едната религија, па така се останати или само будистички или само шинтоистички елементи. Околу храмот се наоѓа бајковита шума и пешачки стази кои пружаат вистинска релаксација во природата. Исто така во овој град се наоѓа и Rinno-ji храмот, кој го подигнал будистички монах во 8 век. Во овој храм се наоѓаат и дрвените статуи на трите планински божества-Amida, Senju-Kannon и Bato-Kannon. Во Никко се наоѓаат многу занаетчиски работилници, како оние кај што можете да присуствувата на создавање на змеј во еден потег.

Излет во Кјото

Кјото е град лоциран во централниот дел на островот Хоншу кој има популација од околу 1.5 милиони жители. Овој град од 794 година, па се’ до 19-тиот век бил престолнина на Јапонија и кралски град. Првиот назив на градот некогаш бил Heian-kyo, што во превод значи “престолнина на мирот”. Меѓутоа, историјата на Кјото била далеку од мирна. Градот повеќе пати страдал во војни (најпознатата Онинска војна во 15-тиот век). За среќа, градот бил поштеден од страдања во Втората Светска Војна – иако во првиот залет, Кјото бил таргетиран како град на кој ќе се фрли атомската бомба, но сепак одлуката “паднала” на градот Нагасаки. Кјото е еден од ретките градови каде што можете сеуште да видите Јапонски традиционални куќи. Фушими Инари е една од најфотографираните туристички атракции во Азија. Во прашање е главното светилиште на богот Инари, кој е заштитник на оризот. Ова место претставува вистинска рапсодија на портокалови бои во шумско зеленило. Се проценува дека тука се наоѓаат околу 10.000 тори, односно “капии” кои водат до храмот. Киџомизу храмот е атракција која се наоѓа на рид кој со векови бил мета на аџиите. Храмот кој го посетуваме потекнува од 1633 година, додека првобитната градба е изградена уште во далечниот 8-ми век. Овој храм е единствен и поради тоа што глaвната сала е изградена на масивни дрвени столбови, без употреба на ниту еден клинец! Поради својата убавина овој храм бил дел од потесниот избор за едно од 7-те нови светски чуда. Покрај овој храм кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство, тука е и Кинкакуџи – Златен павилион, со оглед на тоа што кровот на овој храм е прекриен со златни лисја. Првобитно е изграден како вила на шогунот Јошимичуа. По неговата смрт, станал зен храм, а денес зен градина го опкружува овој блескав павиљон кој во себе крие необични приказни за сопственото совршенство. Неколку пати е запален до темел, дури два пати во Онинската војна во 15-ти век, но и во неодамнешната историја. Во 1950 година, еден монах фанатик го запалил храмот и пробал да се самоубие. Храмот е обновен во 1955 година. Исто така, Ниџо замокот припаѓа во групата од 17 споменици кои се под заштита на УНЕСКО. Овој замок го изградил првиот шогун Токугава, го надградил неговиот внук, а во него – последниот шогун се пензионирал. По падот на Токугава шогунатот, кратко бил кралска палата, а потоа е отворен за јавноста. Гион е населба во Кјото, покрај реката, каде и денес постојат гејшите. Овие слатки Јапонки ги забавуваат своите гости со танц, игра, интересни разговори, служење чај и свирење на шамисену. Гејшите не се благонаклонети кон блицовите на туристите, бидејќи рестораните во Гион претставуваат нивни работни места.

Излет во Осака

Шетајќи низ Осака, носиме заклучок дека ова е еден одлично уреден град со 9 милиони жители. Ручаме во Дотонбори кварт во градот, која е гастрономски центар во Јапонија поради големиот број на ресторани. Тука се наоѓа Кани Дораку, познатиот “краба знак” – покрај кој секој турист се фотографира. Не пропуштајте да ги пробате такојаки куглите и окономијаки палачинките. Градот изгледа футуристички. Тука настанал првиот робот на светот, а ние ќе запознаеме уште една димензија на Осака. Ќе ја посетиме внатрешноста на дворецот во Осака, која е сега музеј од времето на самураите. Во прашање е исклучителна градба од 17-тиот век. За дворецот е заслужен шогунот Хидејоши Тојотоми, итар владетел кој повеќе од се’, сакал жени и чај. Како таков бил и запамтен – необичен хедонист, што од него наследиле и сегашните жители на Осака, кои ги бие ист глас. Замокот се наоѓа на 25 минути прошетка од станицата и монументално се издигнува над сакура крошните.

Излет во Нара

Целодневно разгледување на некогашната престолнина на Јапонија, која е позната и како бастион на будизмот, бидејќи токму од тука – се проширил низ целата земја. Тоџаџи храмот е најпознатата атракција, не само на градот Нара, туку и на целата држава. Тоа е најголемата дрвена градба на светот. Иако после реконструкцијата во 17-тиот век, се простира на само 2/3 од некогашниот објект! Во храмот се наоѓа и бронзена статуа на Буда, висока 15 метри. Овој град е дом на 360.000 жители но е и дом и на преку 1000 елени! Според легендата, божеството Такемиказуцкхи “дојавал” во овој град на елен и оттогаш се смета за свето животно. Убивање на овие животни се казнувало со смрт до 1637 година. По Втората Светска Војна, на елените им е одземен статусот на боженствени битија, но тогаш се заштитени како вид и се прогласени за национално богатство. Најмногу од нив се наоѓаат во Нара паркот, но можат да се видат и како слободно шетаат низ градот. Треба да се напомене дека покрај тоа што елените се “гласници на боговите”, тие се и вешти “крадци”, па треба да ги чуваме нашите вредни работи од нив.

Излет во Хирошима

Градот Хирошима, кој се наоѓа на некои 300 километри од Кјото, денес модерен и новоизграден град што остава без зборови, е истиот тој каде на 06.08.1945, експлодирала првата атомска бомба! Оваа трагедија и нејзините последици ќе ги видиме во Музејот на мирот, посветен на повеќе од 100.000 настрадани луѓе во овој немил настан. Ќе шетаме низ Меморијалниот парк, ќе стоиме пред оганот на мирот и ќе слушнеме една многу тажна приказна за едно девојче. Потоа се возиме со траект до островот Мијаџима. Покрај најсвежите остриги, можеме да направиме и фотографија за памтење покрај познатите пловечки тори врати. 

Посета на Арашијама

Познатата бамбусова шума, едно од најзелените и најфотогенични места во целата земја. Се шетаме по тесните патеки измеѓу високите бамбуси и полниме батерии. Смирување, опуштање и будење на истражувачкиот дух во Вас! Се разминуваме со жени облечени во кимона и мажи кои влечат рикши (јапонски двоколки). Целата Јапонија во една шума!

Сместување

Хотел Palace Japan

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел Palace Japan е сместувачки капацитет кој се наоѓа во Токио во близина на метро станицата Minami – Senju Subway Station. Располага со двокреветни и четирикреветни соби, со кревети на спрат. Сите соби поседуваат клима уред, фрижидер и TV, а тоалетите се заеднички - на секој кат. Хотелот има услужна кујна и сервис за перење алишта. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт http://www.palace-japan.com/english/index.html

Адреса 111-0022 Tokyo-to
Taito-ku Kiyokawa 2-31-6
Japan

Khaosan Kyoto Guesthouse

Khaosan Kyoto Guesthouse e сместувачки капацитет кој располага со двокреветни, четирикреветни и шесткреветни соби, со кревети на спрат. Тоалетите се заеднички - на секој кат. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт https://kyoto.khaosan-tokyo.com/en-gb

Адреса 600-8032 Kyoto
Kyoto
Shimogyo-ku Teramachi-dori Bukkoji-agaru Nakano-cho 568
Japan

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Воз

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички воз е тип на железнички сообраќај кој веќе неколку векови се користи за патување.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)