Јапонија - пакет излети

1. Tokyo City Tour Part #1 - Токио е главен и најголем град во Јапонија, ама не само таму, туку и во целиот свет! Ако го погледнеме поширокото подрачје на градот, Токио е најнаселената агломерација на светот со околу 38 милиони жители! Старото име на градот бил Едо, а во 19 век е сменето името во Токио што значи Источна престолнина. На ова место во 15 век имало мала рибарска населба, а градот почнал забрзано да се развива кога царот Меиџи го преселил кралството од Кјото во Токио. Градот официјално, под ова име, има статус на град од 1899 година. Во 20 век, овој град има претрпено големи катастрофи, некои природни, а некои како последица на војна. На почетокот на 20 век бил погоден од катастрофален земјотрес, во кој што животот го изгубиле над 140.000 луѓе, а исто така има претрпено и големи штети за време на Првата и Втората Светска војна. Меѓутоа, после војната, градот започнал забрзано да се развива и целата земја го добива епитетот Економско чудо, затоа што веќе кон средината на шеесетите години на минатиот век, била втора најразвиена економија на светот.
Започнуваме во прекрасниот живописен дел од градот наречен Асакуса (Asakusa), место во кое може сеуште да се почувствува атмосферата и духот на старата Јапонија. Тука ќе посетиме еден од најважните храмови на Еdo периодот, Сенсо-џи (Sensō-ji) или Asakusa Kanon. Овој храм претставува оаза на духовноста, сместена помеѓу реките Sumide и TokioSkyTree, во дистриктот Ашакуша. Посветен е на божицата на милоста. На ова место ќе се запознаеме со приказната за двата големи системи на мислата, Шинтоизмот и Будизмот. Првите податоци за храмот потекнуваат од 645 година, што го прави најстар храм во Токио. Во непосредна близина се наоѓа и улицата Накамисе (Nakamise), позната по нејзините автентични продавници за сувенири и начичкани тезги каде имаме прилика да пробаме превкусни традиционални јапонски слатки. Продолжуваме во Ueno паркот каде го наоѓаме нашиот зен и уживаме во мирот и спокојот опколени со илјадници јапонски цреши!! Уено паркот е облечен во најубавото руво и тој е една од најголемите атракции на градот кои дефинитивно морате да ги видите. За да можеме подобро да го разбереме јапонскиот политички систем и нивната верност и послушност кон Царот, ќе го посетиме Империјал паркот кој е обиколен со средновековен канал. Доколку ни се создаде можност, ќе прошетаме низ Источната градина, а треба да се има во предвид дека Кралскиот Дворец е отворен за посетители само на два датуми, на 23.12. кога е роден Царот и за Нова Година. Царот Меиџи успеал да ја доближи земјата до западниот свет за многу краток период. Далекусежните и темелни промени и дале на Јапонија нов изглед, а царот добил нов храм во Токио. Потоа следува посета на Мetropolitan Government (Tochō), третата највисока зграда во Токио, каде ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед на овој неверојатен град. Во попладневните часови одиме во областа Шинџуку (Shinjuku), позната како област која „не спие“.
2. Tokyo City Tour Part #2 - Нашата авантура во Токио продолжува и следниот ден со посета на квартот Цукиџи (Tsukiji), јапонскиот „град на храната“ каде ќе наидеме на секаков вид традиционална јапонска храна. Уживаме во вкусот на оригиналното јапонско суши и други специјалитети од свежа риба. По ручек, ја продолжуваме нашата авантура кон Гинза, најстариот и најпознат шопинг кварт во Токио. Посетуваме традиционален Кабуки (Kabuki) театар. Кабуки претставува традиционална јапонска форма на театар чии корени датираат од Едо периодот. Продолжуваме во Шибуја, една од најживописните во Токио, област позната по шопинг и вообичаениот метеж на најпознатата раскрница на #целсвет!! Уживаме во шопинг во една од стотиците стоковни куќи и трговски центри во оваа област. Fun fact: во оваа област се започнати многу познати јапонски модни трендови! Како дел од нашата посета на Шибуја, ќе ја посетиме и областа Харајуку (Harajuku), која го претставува срцето на јапонската младинска култура и Омотесандо (Omotesandō), најскапиот кварт во Токио. Вечерта продолжуваме на пијачка во некои од локалните барови во Шибуја!
3. Osaka City Tour – Шетајќи низ Осака, носиме заклучок дека ова е еден одлично уреден град со 9 милиони жители. Ручаме во Дотонбори кварт во градот, која е гастрономски центар во Јапонија поради големиот број на ресторани. Тука се наоѓа Кани Дораку, познатиот “краба знак” – покрај кој секој турист се фотографира. Не пропуштајте да ги пробате такојаки куглите и окономијаки палачинките. Градот изгледа футуристички. Тука настанал првиот робот на светот, а ние ќе запознаеме уште една димензија на Осака. Ќе ја посетиме внатрешноста на дворецот во Осака, која е сега музеј од времето на самураите. Во прашање е исклучителна градба од 17-тиот век. За дворецот е заслужен шогунот Хидејоши Тојотоми, итар владетел кој повеќе од се’, сакал жени и чај. Како таков бил и запамтен – необичен хедонист, што од него наследиле и сегашните жители на Осака, кои ги бие ист глас. Специфично за замокот е што тој монументално се издигнува над сакура крошните.
4. Kyoto City Tour – Кјото е град лоциран во централниот дел на островот Хоншу кој има популација од околу 1.5 милиони жители. Овој град од 794 година, па се’ до 19-тиот век бил престолнина на Јапонија и кралски град. Првиот назив на градот некогаш бил Heian-kyo, што во превод значи “престолнина на мирот”. Меѓутоа, историјата на Кјото била далеку од мирна. Градот повеќе пати страдал во војни (најпознатата Онинска војна во 15-тиот век). За среќа, градот бил поштеден од страдања во Втората Светска Војна – иако во првиот залет, Кјото бил таргетиран како град на кој ќе се фрли атомската бомба, но сепак одлуката “паднала” на градот Нагасаки. Кјото е еден од ретките градови каде што можете сеуште да видите Јапонски традиционални куќи. Фушими Инари е една од најфотографираните туристички атракции во Азија. Во прашање е главното светилиште на богот Инари, кој е заштитник на оризот. Ова место претставува вистинска рапсодија на портокалови бои во шумско зеленило. Се проценува дека тука се наоѓаат околу 10.000 тори, односно “капии” кои водат до храмот. Киџомизу храмот е атракција која се наоѓа на рид кој со векови бил мета на аџиите. Храмот кој го посетуваме потекнува од 1633 година, додека првобитната градба е изградена уште во далечниот 8-ми век. Овој храм е единствен и поради тоа што глaвната сала е изградена на масивни дрвени столбови, без употреба на ниту еден клинец! Поради својата убавина овој храм бил дел од потесниот избор за едно од 7-те нови светски чуда. Покрај овој храм кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство, тука е и Кинкакуџи – Златен павилион, со оглед на тоа што кровот на овој храм е прекриен со златни лисја. Првобитно е изграден како вила на шогунот Јошимичуа. По неговата смрт, станал зен храм, а денес зен градина го опкружува овој блескав павиљон кој во себе крие необични приказни за сопственото совршенство. Неколку пати е запален до темел, дури два пати во Онинската војна во 15-ти век, но и во неодамнешната историја. Во 1950 година, еден монах фанатик го запалил храмот и пробал да се самоубие. Храмот е обновен во 1955 година. Исто така, Ниџо замокот припаѓа во групата од 17 споменици кои се под заштита на УНЕСКО. Овој замок го изградил првиот шогун Токугава, го надградил неговиот внук, а во него – последниот шогун се пензионирал. По падот на Токугава шогунатот, кратко бил кралска палата, а потоа е отворен за јавноста. Гион е населба во Кјото, покрај реката, каде и денес постојат гејшите. Овие слатки Јапонки ги забавуваат своите гости со танц, игра, интересни разговори, служење чај и свирење на шамисену. Гејшите не се благонаклонети кон блицовите на туристите, бидејќи рестораните во Гион претставуваат нивни работни места.
5. Hiroshima City Tour – Градот Хирошима, кој се наоѓа на некои 300 километри од Кјото, денес е модерен и новоизграден град што ве остава без зборови, заради фактот што на 06.08.1945 експлодирала првата атомска бомба! Оваа трагедија и нејзините последици ќе ги видиме во Музејот на мирот, посветен на повеќе од 100.000 настрадани луѓе во немил овој настан. Ќе шетаме низ Меморијалниот парк, замислено ќе стоиме пред оганот на мирот и ќе слушнеме една многу тажна приказна за едно девојче. Се возиме со траект до островот Мијаџима. Покрај најсвежите остриги, можеме да направиме и фотографија за памтење покрај познатите пловечки тори врати.
Во цената на пакет излетите е вклучено: превоз (трансфери со локални и брзи возови), влезници за локалитетите по планот и програмата на излетот, како и претставник од агенција!