Јордан - Поаѓање од Скопје

цена од
850
EUR ,00
траење
9 дена
Пријави се Барање
Барање


Кралството на Блискиот Исток, Јордан (Jordan) е земја во која се наоѓа најневеројатното чудо на античкиот свет, уникатната Петра (Petra)!

Јордан е древна егзотична земја со неверојатна историја. Полна со легенди и традиции, богато културно наследство, архитектонски атракции, прекрасни плажи на Црвеното Море и лековити води на Мртвото Море. Таа зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.

Легендарната пустина Вади Рум со доживувањата на Лоренс од Арабија, егзотичниот брег на Црвеното Море каде имаме совршена прилика и за нуркање и пливање во првиот подводен воен музеј каде на морското дно има потонати тенкови, бродови и авиони.. Бурното минато и сегашноста на Кралството, и како врв на доживувањето – Петра.

Петра позната уште како “град црвен како роза и стар колку што е стар светот”, престолнината на Набатејците - избран како едно од новите седум Светски чуда е можеби најсмелото место во светот. Фасцинантна е способноста на древните цивилизации пред многу векови да изградат град во карпа!

Не очекува планински рај и неверојатни погледи на долината и Мртвото море... Според традицијата, Мојсеј, од Планината Небо во Јордан ја видeл Ветената земја. 

Пливаме во Мртвото море каде концентрацијата на сол во водата е највисока во светот, а заради соленоста, невозможно е да се потоне во него! Го посетуваме Аман (Amman), главниот град на Јордан, за кој се вели дека е најлибералниот град во арапскиот свет.

Пустината Вади Рум или како што ја нарекуваат „Долина на месечината“ се наоѓа недалеку од границата со Саудиска Арабија. Во Вади Рум се менуваат пејзажите како тесни клисури, природни сводови, пустинска вегетација и пештери. Топол црвен песок под нас, црвени карпи околу нас и црвено сонце над нас, а пустина не сме ја доживеале како што треба, ако не пиеме чај со бедуини.


Рута
Скопје
Солун
Аман
Акаба
Аман
Солун
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Видови патувања
Далечни дестинации
Дестинации
Јордан
Код на патување
JO4
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Поаѓање од Скопје и трансфер до аеродромот во Солун во утринските часови. Директен лет од Солун за Аман. Пристигнување во Аман. Трансфер до хотел. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Солун
  • Авионски билет со сите такси на релација Солун - Аман, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Солун
  • Аман

Во утринските часови го напуштаме сместувањето и тргнуваме кон Акаба. Попатно застанување и разгледување на Планината Небо, местото од каде што Мојсеј за прв пат ја видел Ветената Земја. Го продолжуваме патувањето со обиколка на Мртвото Море, најнеобичното езеро на светот кое со години привлекува илјадници туристи од целиот свет. Аристотел пишувал за извонредните својства на неговата вода, а египетската ралица Клеопатра го добила како подарок од Марко Антонио. На надморска височина 416 метри под морето, претставва наниска точка на земјата. Концетрацијата на сол во водате е 30%, скоро осум пати повеќе од соленоста на другите мориња и океани. Го продолжуваме патувањето кон Акаба. Пристигнување во Акаба, еден од најголемите градови во Јордан, познато туристичко место но и големо пристаниште на брегот на Црвено море. Сместување. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Аман до Акаба

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Акаба

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет- Крстарење по Црвеното море. Идеална прилика за уживање на брод додека пловите по топлите води на Црвеното море. Препуштање на брановите, синото небо и неверојатната глетка. Додека пловите ќе имате прилика во исто време да ја видите територијата на Египет, Израел, Јордан и Саудијска Арабија! Совршена можност за нуркање и пливање во првиот подворен морски музеј каде на морското дно се наоѓаат потонати тенкови, бродови, авиони. По ручекот враќање во Акаба. Слободно време. Ноќевање.

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Акаба

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет во Петра. Посета на градот во карпа, кралската гробница и целата ризница вклесана во карпи. Поминуваме ни кањонот Сик, бројни пештерски светилишта, театарот, славните гробници на кралското семејство исклесани во карпа... Денес е под заштита на УНЕСКО и привлекува патници ширум целиот свет. Враќање во Акаба. Ноќевање.

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Акаба

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен дводневен излет во пустината Wadi Rum, речиси недопрена од страна на човечката рака. Уживаме во нереалните предели на песочната и камена пустина, пешачиме, јаваме камили и уживаме во прекрасното зајдисонце... Ноќевање во пустина.

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Акаба

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По изгрејсонцето пиеме чај во пустината и тргнуваме кон Акаба. Пристигнуваме во Акаба и имаме слободно време. Ноќевање.

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Акаба

Храна

  • Континентален појадок × 1

Раноутрински трансфер до Аман. Пристигнување во Аман, главниот град на Кралството Јордан и еден од најлибералните градови во арапскиот свет, сместување во хотел. Полудневен факултативен излет - обиколка на градот. Во Аман живеат нешто повеќе од 4 милиони жители и се смета за најлиберален град во арапскиот свет. Бројот на туристи сеуште не е многу голем, но во последните години значително се зголемува. Богатото наследство и духот на истокот се повеќе им привлекува внимание на патниците ширум светот. Град кој е создаден за истражување и уживање во магијата на истокот. Ја посетуваме прочуената Цитадела, сместена на едно од седумте брда на Аман од кој има прекрасен поглед на градот. Обиколка на храмовите, музеите, Omayyad палатата и други бројни локалитети. Излетот го продолжуваме до познатиот Римски театар во самото срце на градот, па овој ден некако се движи помеѓу Рим и Акропол додека чекориме по сокаците на овој пустински град на Истокот. Запознавање со улиците на главниот град на Јордан додека продолжуваме во посета на џамијата на Кралот Абдулах, враќање во "новиот Аман" и прошетка по познатата улица “Rainbow Street”. Незаборавно искуство!

Превоз

  • Трансфер од Акаба до Аман

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Акаба

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето во претпладневните часови. Слободно време во Аман и препуштање на магијата на Истокот. Трансфер до аеродромот во вечерните часови и чекирање на лет за Солун. Директен лет за Солун. Пристигнување во Солун и трансфер до Скопје.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Аман - Солун, во економска класа
  • Трансфер од Солун до Скопје

Место

  • Аман
  • Солун
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови. Крај на патувањето.

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел 7 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Солун
  • Авионски билет со сите такси на релација Солун - Аман, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Аман до Акаба
  • Трансфер од Акаба до Аман
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Аман - Солун, во економска класа
  • Трансфер од Солун до Скопје

Храна

7 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Доплата за дополнителен багаж до 20кг - 55 ЕУР за сите летови

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Крстарење по Црвеното море

Цена: 55,00 EUR

Црвеното море е едно од најубавите мориња на светот сместено помеѓу Азија и Африка со необично топла вода во текот на целата година и исклучително богат подводен морски свет. Идеална прилика за уживање на брод, додека пловиме по морските води. Се препуштаме на брановите, синото небо и неверојатната глетка. Ќе имаме прилика во исто време да ја видиме територијата на Египет, Израел, Јордан и Саудијска Арабија! Совршена прилика и за нуркање и пливање во првиот подводен воен музеј каде на морското дно има потонати тенкови, бродови и авиони. По ручекот враќање во Акаба. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, нуркање, возење со брод и претставник на агенцијата.

Петра

Цена: 115,00 EUR

Сместена помеѓу Црвеното и Мртвото Море и населена од праисториските времиња се до VII век; главен град на Набатејците врежан во карпа; во хеленистичко и римско време, главен караван - центар за темјан од Арабија, свила од Кина и зачини од Индија; раскрсница меѓу Арабија, Египет и Сирија - Магичната Петра.

Петра е полу-изградена, полу-врежана во камен и е опкружена со планини преполни со премини и клисури. Генијалиот систем на управувањето со вода овозможил суштински да се реши населувањето на ова суво подрачје во времето на владеење на Набетејците, Римскиот и Византискиот период.
Таа е една од најбогатите и најголемите археолошки места во светот поставена во доминантно песочен пејсаж. Извонредноста на Петра се наоѓа во архитектурата на гробниците и храмовите; остатоците од канали, тунели и брани за пренасочување на вода, кои се комбинираат со огромна мрежа тенкови и резервоари што собираат сезонски дождови; како и другите археолошки остатоци - храмови, цркви итн.

Мешавината на хеленистичките архитектонски фасади со традиционалните изрезбани храмови и гробници во камен на Набатејците - вклучувајќи ги гробницата Урн, Коринтиската гробница и Деир („манастирот“) - се уникатни уметнички достигнувања и извонредна архитектонска целина од првите векови п.н.е. Различните археолошки остатоци и споменици од праисторијата до средовековниот период се сведоштво на сега изгубените цивилизации кои се нижеле една по друга на оваа локација. Времетраењето на излетот е 1 ден. Во цената на излетот е вклучено: трансфери, локален водич и влезници.

Дводневен факултативен излет во пустината Вади Рум

Цена: 130,00 EUR

Вади Рум или како што ја нарекуваат „Долина на месечината“ се наоѓа недалеку од границата со Саудиска Арабија. Во Вади Рум се менуваат пејзажите како тесни клисури, природни сводови, пустинска вегетација и пештери. Некаде песокот е жолт, некаде светло портокалов и некаде земјата е покриена со мали камења. Името Вади Рум значи долина, а највисоката точка во пустината е планината Ум Дами која е висока 1800 метри. Времетраењето на излетот е 2 дена. Во цената на излетот е вклучено: превоз, локален водич, билети, ноќевање во камп, вечера и појадок.

Аман City Tour

Цена: 45,00 EUR

Полудневен факултативен излет Aman City Tour : Аман, главниот град на Кралство Јордан. Во градот живеат нешто повеќе од 4 милиони жители и го сметаат за најлиберален град во арапскиот свет. Бројот на туристи и понатаму е мал но од година во година постојано се зголемува. Богатото наследство и духот на истокот привлекуваат внимание на патниците ширум светот. Град кој е создаден за истражување и уживање во магијата на истокот. Ја посетуваме прочуената Цитадела, сместена на едно од седумте ридови во Аман од кое се нуди неверојатен поглед на самиот град. Посетуваме храмови, музеј, палатата Omayyad и бројни други локалитети. Излетот го продолжуваме со возење до прочуениот Римски театар во самото срце на градот па нас овој ден некако не шета помеѓу Рим и Акропол додека чекориме по сокаците на пустинскиот град на истокот. Запознавањето со улиците на главниот град на Јордан го продолжуваме со посета на џамијата на Крал Абдулах, па се до “Новиот Аман“ и прошетка низ прочуената улица “Rainbow Street”. Незаборавно искуство! Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз и влезници како и услуги од претставникот на агенцијата.

Сместување

Хотел

Хотелот е сместувачки објект кој располага со 1/2 соби. Сите соби поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна една седмица пред поаѓање.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.