Кина, Тибет и Непал

цена од
2.190
EUR ,00
траење
16 дена
Пријави се Барање
Барање


Ве водиме во аватура низ централниот дел на Кина и во духовниот Тибет, односно во неговата престолнина Ласа. Патувањето го завршуваме на магично место каде насмевките на децата од Непал ги растопуваат врвовите на Хималаите :) Тргнуваме од Ченгдуа, градот на пандите, го посетуваме делот од Сичуан пробинцијата - Лешан - каде ќе видиме статуа на Џиновскиот Буда и „планината над облаците“ - Емеи. Со познатата железница - највисоката на светот, тргнуваме на пат за Тибет и Ласа. Ги посетуваме манастирите Сера и Дрепунг, палатата Потала и присуствуваме на будистички молитиви на 3500 метри надморска височина. Остануваме на покривот на светот и продолжуваме за Непал, куќата на боговите, да се се ослободиме од сѐ материјално и да доживееме катарза. 


Рута
Белград
Доха
Ченгду (Chengdou)
Ласа (Lhasa)
Ченгду (Chengdou)
Катманду
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер, Воз
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации, Пропатувањa
Дестинации
Кина, Непал, Тибет
Код на патување
CNNP1
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла“ во Белград три часа пред летот. Лет QR232 од Белград за Доха во 12:05ч. Пристигнување во Доха во 15:55ч по локално време.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Лет QR860 од Доха за Ченгду. Пристигнување во Ченгду во 14:55ч по локално време. Ченгду е главен и најголем град на провинцијата Сичуан и ни е појдовна точка на патувањето кон Тибет. Трансфер до сместувањето. Слободно време.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Дога - Ченгду, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел 3* 1 ноќ

Место

  • Ченгду (Chengdou)

Утрото по појадокот тргнуваме на излет до местото Лешан (Leshan) каде ќе ја видиме најголемата статуа на Буда на светот - Leshan Giant Buddha, која се наоѓа на листата на UNESCO за светско културно наследство. Статуата е висока 71 метар, изградбата е започната 713 година, а завршена е во времето на династијата Танг. Најпрво го посетуваме храмот Linyin, а потоа се спуштаме по цик-цак патека од левата страна на Буда. Потоа од десната страна се искачуваме до видиковецот откаде се нуди поглед на градот Лешан кој лежи на три реки - Minjiang, Dadu и Qingyi. Трансфер до планината Емеи, која популарно ја нарекуваат “планина над облаците“. Го посетуваме храмот Баогуо, најголемиот во подножјето на планината. Трансфер до сместувањето во Емеисхан.

Сместување

Хотел 3* 1 ноќ

Место

  • Ченгду (Chengdou)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се будиме рано и по појадокот го почнуваме поклонување на планината Емеи. Најпрво факултативно со автобус се искачуваме на златниот врв на планината Golden Summit, пристигнуваме до Leidongping откаде ќе прошетаме по планината со многубројни мајмуни и ќе дојдеме до жичарата која ќе не одведе до самиот врв на планината. Кога е ведро, од врвот може да се види поголемиот дел на Сишуан дури и врвот на Gongk покриен со снег. Златната статуа на Буда има 10 глави кои гледаат на различни страни на светот. По паузата за ручек се враќаме со жичара и автобус во подножјето на планината и градот Qianwei и трансфер до сместувањето.

Сместување

Хотел 3* 1 ноќ

Место

  • Ченгду (Chengdou)

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот се качуваме на парен воз и го посетуваме Jiayuang како и напуштениот рудник за јаглен. Се враќаме во Ченгду и времето го поминуваме во дегустација на локалнат храна. Трансфер до сместувањето.

Сместување

Хотел 3* 1 ноќ

Место

  • Ченгду (Chengdou)

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот го напуштаме сместувањето и поаѓаме во посета на резерватот со панди. Во попладневните часови се качуваме на воз за Ласа. Пред нас е пат од 3.360км преку највисоките висорамнини на светот.

Превоз

  • Возење од Ченгду до Ласа

Место

  • Ченгду (Chengdou)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Сместени сме во удобни коли за спиење и уживаме во погледот на пределите со висорамнини и населби кои не селат во некои други времиња. Возење со највисоката железница на светот.

Превоз

  • Возење од Ченгду до Ласа

Пристигнување во Ласа (Lhasa) и трансфер до сместувањето. Тибет во целата своја величественост. Трансфер до сместувањето и слободно време за аклиматизација.

Сместување

Хотел 3* 1 ноќ

Место

  • Ласа (Lhasa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Наутро, по појадокот во хотелот, тргнуваме во разлгедување на Ласа, главниот град на автономната област Тибет во НР Кина. Градот се наоѓа на северниот брег на реката Кји, притока на Брамапутра во Трансхималаи. Надморската височина на Ласа е 3490 метри и по тоа ова е еден од највисоките градови во светот. Се протега на повеќе од 10 километри во правец исток-запад. Обиколката ја започнуваме од палатата Потала која била резиденција на Далај Лама до 1959 година кога четиринаесеттиот Далај Лама пребегал во Индија. Палатата е висока 117 метри, долга 360 метри, а има 13 спратови. Се состои од два дела - Бела палата која има световна и Црвена палата која има религиозна намена. Денес се наоѓа под заштита на UNESCO. Потоа ги посетуваме палатата Jokhang, музјот на Тибет и улицата Barkhor. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хотел 3* 1 ноќ

Место

  • Ласа (Lhasa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот ги посетуваме манастирите Drepung и Sera кои се сместени во подножјето на планината Gefel, а потоа ја посетуваме и познатата фабрика за тибетантски теписи која вработува преку 300 тибетанци, а теписите од оваа фабрика извезува производи ширум светот. Ручек. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хотел 3* 1 ноќ

Место

  • Ласа (Lhasa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето во утринските часови и трансфер до аеродром на време за лет за Ченгду. Пристигнување во Ченгду. Трансфер до сместувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Ласа - Ченгду, во економска класа

Сместување

Хотел 3* 1 ноќ

Место

  • Ченгду (Chengdou)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет за Катманду. Пристигнување во Катманду. Градот Катманду е историско и културно срце на Непал и претставува неверојатен микс на хиндуизам, тибетански будизам и западни влијанија. Запознавање со градот и сместување. Факултативен излет - обиколка на најинтересните населби на Катманду. Започнуваме со разгледување на плоштадот Дарбар, кој претставува срце на стариот град во религиозни и духовни термини. Целиот комплекс на плоштадот Дабар е под строга заштита на УНЕСКО. По патот, го посетуваме и храмот на живата божица Кумари Бахал, Старата кралска палата, градините од соништата и храмот Кастамандап, кој е најстар во долината. Потоа, факултативна посета на храмот Пасупутинат, кој е еден од најважните хинду-храмови што претставуваат едно од најголемите светилишта на Шива во индискиот потконтинент. Се состои од низа храмови, асрами, слики и натписи што биле подигнати низ вековите долж бреговите на светата река Багмати, која е пандан на Ганг во Индија. Во комплексот се сместени и духовите на Катманду, каде се вршат погребување, ритуално капење и молитвени церемонии. Излетот завршува на Буданат ступа, најголемата ступа во долината Катманду (40м), што е најзначајната будистичка ступа во светот. Враќање во сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Ченгду - Катманду, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Катманду

Факултативни излети

По појадокот, тргнуваме на факултативен излет и го посетуваме Патан (Лалитпур), еден од трите кралски градови во долината Катманду. Како центар на будистичката и хиндуистичката култура заедно, во него има над 1200 споменици. Во Патан се чувствувате како целиот град да е музеј на отворено со изобилство на палати, статуи на богови и божици, пагода со еротски прикажувања во релјеф... Најпрво одиме во Кришна Мандир, камен храм со неверојатен фриз од 16 век, а потоа да го видиме храмот Махабуда, Златен храм и многу други свети места. Исто така, по избор можеме да посетиме фабрика за типични етно ракотворби за кои е познат Патан. Подоцна ја посетуваме Свајамбунатушката ступа, храм од 5 век сместен на еден рид над долината, нудејќи уникатен поглед на Катманду. Исто така се нарекува Храм на Мајмуни и ќе откриеме зошто. Враќање во сместувањето.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Катманду

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет до храмот Чанги Нарајан (Changy Narayan). Храмот се наоѓа на врв на рид, над локално село и од него се нуди извонреден поглед на Катманду од една страна, а од друга страна на врвовите на Хималаите. По краткото возење до селото не чека прошетка до храмот Чанги Нарајан. Храмот е еден од најстарите од Непал, па се верува дека е подигнат како светилиште на хинду богот Вишна во 4 век. Следи факултативен излет во преубавиот град Бактапур, некогашната непалска престолнина и по многумина најубав град во овој регион. Градот е основан во 9 век и е единствено место во Непал кое останало недопрено од раката на западниот свет. Ќе ги посетиме и Лавовската капија, Галерија на уметностите и храмот Нијатапола. Враќање во Катманду во вечерните часови.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Катманду

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето и слободно време до вечерниот трансфер до аеродром. Лет QR651 за Доха во 20:45ч. Пристигнување во Доха во 23:25ч по локално време.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Катманду - Доха, во економска класа

Место

  • Катманду

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет QR231 во 06:45ч за Белград. Пристигнување во Белград во 11:05ч. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа

Место

  • Доха
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел 3 Пример 5 ноќи
Хотел 3 Пример 3 ноќи
Guest house Пример 3 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Дога - Ченгду, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Возење од Ченгду до Ласа
  • Возење од Ченгду до Ласа
  • Авионски билет со сите такси на релација Ласа - Ченгду, во економска класа
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Ченгду - Катманду, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Катманду - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа

Храна

11 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Непал

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Катманду Долина

Цена: 40,00 EUR

Факултативно разгледување на Катманду - Нашата авантура започнува со посета на Буданат ступа, најголемата ступа во долината Катманду (40м) и најзначајната будистичка ступа во светот. Во близина има тибетски манастир, како и бројни занаетчиски продавници и галерии во кои се учи традиционалната техника на сликарство, сликање со втискување на златна во боите на платно - занает што бара долгогодишно искуство. Го посетуваме постхумниот храм Pashupatinat, еден од најважните хиндуистички храмови кој претставува едно од најголемите светилишта на Шива. Се состои од низа храмови, ашрами, слики и натписи создадени низ вековите, долж брегот на светата река Багмати која е еднаква на Ганг во Индија. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат и места каде се вршат погребни церемонии, ритуално капење и молитва за починатиот. Го посетуваме и плоштадот Дарбар, кој го претставува срцето на стариот град во религиозна и духовна смисла. Плоштадот Дарбар и околината се под заштита на УНЕСКО. Го посетуваме и храмот на живата божица Кумари Бахал, старата кралска палата, градините од соништата и храмот Кастамандап кој е најстар во долината. Шетаме низ шарените улици каде се продава буквално сè, од кашмир и метален прибор, зачини, сушена риба, па сè до употребувана опрема за пешачење. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за Буданат Ступа, плоштад Дарбар, Пашупатинат, Храмот на Божица Кумари, услуги од претставник на агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци. 

Факултативно разгледување на Патан (Лалитпур) - еден од трите кралски градови во долината Катманду и центар на будистичката и хиндуистичката култура заедно. Ја посетуваме Свајамбунатушката ступа, храм од 5 век сместен на рид над долината, од каде има прекрасен и уникатен поглед на Катманду. Исто така се нарекува и "Храмот на мајмуни" затоа што во комплексот има повеќе од сто мајмуни. Одиме до Кришна Мандир, неверојатен камен фриз од 16 век и го посетуваме Златниот храм. Во Патан се чувствувате како во музеј на отворено. Изобилува со палати, статуи на богови и божици, пагода со еротски приказни извајани во релјефот итн. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за наведените локации, услуги од претставник на агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Факултативен излет до храмот Чанги Нараџан - Храмот се наоѓа на ридот од кој има прекрасен поглед на Катманду од едната и Хималајските врвови од друга страна. Храмот е еден од најстарите во Непал и се верува дека бил подигнат како светилиште на хинду-богот Вишну во 4 век. Го посетуваме кралскиот град Бактапур, поранешниот главен град на Непал и еден од најубавите кралски градови во регионот. Ќе ги видиме Лавовата порта, Златната порта, уметничката галерија и храмот Нијатаполе. Во цената на излетот е вклучено: локален англиски водич, превоз, билети за храмот Чанги Нарајан и Бактапур, услуги од претставник на агенцијата. Во цената не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локални водичи и возачи, индивидуални трошоци.

  • Забелешка: Цената на билетот од 5600 рупии се плаќа на локацијата
  • Износот во рупии е подложен на промени во случај да дојде до промена на цените во одредени локалитети

Сместување

Хотел 3*

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект кој располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Хотел 3*

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект кој располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Guest house

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект типичен за подрачјето на Азија. Собите се едноставни, во главно малку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)