Либан

Либан

Либан (Lebanon), медитеранска, планинска и неверојатна земја на Блискиот Исток

Иако е опкружена со пустини, оваа земја е оаза, што покажува и кендровото дрво на знамето, а и самиот назив, затоа што преведено од арамејски, Либан значи бело, по снегот на истоимената планина. 

Оваа територија ја населувале Фениќани, за што сведочи и илјадогодишното постоење на градовите како што се Бејрут, Тир, Сидон... 

Градовите на пурпурните луѓе сега се сметаат за најстари градови во светот.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Либан

Општи податоци: Земјата на Блискиот исток со неверојатна и бурна историја и целосно отворени и пријатни луѓе. Либан е земја во западна Азија. Се наоѓа на источниот брег на Средоземното Море. Се граничи на север и исток со Сирија, а на југ со Израел.
Главен град: Бејрут
Површина: 10.452 km²
Број на жители: околу 6.2 милиони жители
Население: Арапи 95%, Ерменци 4%, останати 1%
Јазик: арапски, англиски, француски, ерменски.
Вероисповед: муслимани 54%, христијани 40.5%, останати (будисти, хиндуисти, евреи и други) 5.5%
Независност: 1943. година

Валута: Либан - либанска лира (LBP) 1EUR = 1766 LBP, 1 USD = 1507 LBP
За трошење во Либан секогаш мора да имате со себе локална валута.
Платежни картички и банкомати: Платежните картички можат да се користат во повеќето објекти во Либан. Исто така, треба да се напомене дека има пазари кои имаат минимум под кој не прифаќаат платежни картички и што е генерално неколку евра, така што секогаш е добро да имате одредена сума во локална валута со вас. Исто така, во Либан, американскиот долар генерално е многу добро котиран и може да платите буквално сè во долари, што не е случај со еврото. Консултирајте се со вашата банка за детали и не заборавајте да пријавите заминување во странство за да не ви се блокираат картичките. Разликите на цените може да бидат многу широки во однос на квалитетот на услугата што ја сакате. Ова се однесува и на ресторани и хотели, како и за превоз и за посета на лекари. Традиционалните ресторани може да бидат поприфатливи од нашите, додека цените во ексклузивните ресторани се исклучително високи. „Ценкање“ при купување (особено во „сукови“ или улични продавници) е дел од културата овде.

Временска зона: GMT +3

Виза: Виза за државјаните на Р. С. Македонија се вади на влез во Либан и е бесплатна. За потребните документи обратете се во агенцијата.

Клима: На подрачјето на Либан преовладува медитеранска клима, која се карактеризира со топли лета и благи и умерено дождливи зими. Август е најтопол месец во годината, со просечна температура од 32°C, додека јануари и февруари се најстудените месеци во годината, со температури во просек околу 12°C. Врнежите од дожд на годишно ниво се мали, и генерално се ограничени на одреден број на денови во годината, кога во областа се појавуваат големи врнежи од дожд. Снегот е многу редок и се појавува главно на врвовите на планините со огромна надморска височина, а за Либан е интересно што, заради релативната близина и високиот контраст, имате можност да се сончате и капите на плажа наутро а веќе попладне да се скијате во скијачките центри на околните планини. Општо, најдобро време за посета е во периодот од март до јуни и октомври до декември.

Храна и пијалок: Либанската храна е многу разновидна и многу вкусна. Либанската кујна е карактеристична по употребата на многу зеленчук и зачини при подготовка на локалните производи, така што локалните зачини се практично неоизбежен елемент на секое јадење што се сервира на либанската трпеза. Исто така, често во готвењето се користи и нане и може да се каже дека Либанците многу сакаат да го користат. Покрај тоа, користат многу леблебии, а од нив се прават некои од најпознатите јадења во Либан, како што се Хумус и Фалафел. Исто така, надалеку се познати различните либански салати, како што се Фатуш и Табуле, кои имаат силни и исклучително зачинети вкусови, но либанската кујна е сè уште позната по тоа што користи огромни количини месо. Либанците подготвуваат месо на многу начини, најчесто користејќи говедско месо, додека свинското месо и рибата се многу помалку распространети. Сепак, постојат високо специјализирани ресторани за риби, каде свежата риба, која пристигнува секое утро на тезгите во Бејрут, се подготвува на најразлични начини. Во принцип, либанската кујна е многу вкусна и се карактеризира со многу разновидна употреба на зачини и комбинација на зеленчук, месо и зачини кои се карактеристични за областа.

Здравје: За влез во Либан, законски не е потребно да примате вакцини, но за тоа не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар. Со вас понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна на температура, за болка или лекови што обично ги носите со себе на патување. Исто така, неопходно е да понесете со себе крема за сончање. Здравствената заштита е добра. Покрај државните болници, има голем број приватни ординации и клиники. Цените на здравствените услуги во приватните канцеларии се многу поскапи отколку кај нас. Препорачливо е да се консумира флаширана вода за пиење, додека не постојат специфични ограничувања на храната. Овошје и зеленчук има во изобилие, но треба да бидат добро измиени.

Осигурување: Осигурувањето не е задолжително но е секако препорачано за далечните патувања. Можете да го подигнете во која било осигурителна компанија и да го понесете на патувањето, или можете да го уплатите во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Градовите и местата што ги посетуваме се релативно безбедни, но секако ве советуваме да бидете внимателни кога станува збор за вашите лични работи (како во кој било европски или друг град). Не одете на прошетки и истражувања сами, а во доцните вечерни часови ве советуваме да не се одвојувате од групата. Воените контролни пунктови се наоѓаат низ целиот Бејрут и Либан заради моменталната воена и политичка состојба во земјата, но генерално може да се каже дека земјата е мирна. Треба да се напомене дека фотографирањето на војниците и воените бази е забрането и дека доколку војник гледа како некој го слика него или воената база, тој има право да ја одземе камерата или телефонот. Во секој случај, избегнувајте теми поврзани со политичката ситуација во регионот, особено разговорите за Израел. Внимавајте кога фотографирате, затоа што ако сакате да фотографирате, мора да прашате. Бакшишот и ценкањето се дел од традицијата.

Облека: Ве молиме, обрнете внимание на начинот на облекување. Кратки панталони и здолништа над колена, како и голи раменици и маици со длабоко деколте, се забранети за посета на верските објекти. Пообилното облекување што се однесува на верските места, важи и за дневните прошетки. Значи, изберете полесна гардероба, со оглед дека се очекува температурите да бидат меѓу 20 и 30 степени, каде субјективното чувство е значително поголемо, гледајте гардеробата да биде од полесен материјал. Задолжително понесете и облека со долги ракави и долги панталони кога е постудено ноќе, но и за летовите. Понесете поудобни обувки за истражување, како и марами (за припадниците на женскиот пол) што ќе ви бидат од корист при прошетка на сонце или при посета на верски места. Мажите не можат да се движат без маица.

Комуникација: Нашите мрежи функционираат на територијата на Либан. Речиси сите сместувања, ресторани или кафулиња имаат wi-fi. Локалните сим картички чинат околу 15 долари (USD).

Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и не Ви се потребни адаптери.

Сувенири: Од сувенири препорачуваме традиционална облека и материјали, накит, ракотворби, традиционални слатки, резби и сувенири од кедарскоо дрво, вино, зачини... Забрането е изнесување на школки, корали и други предмети од природата.