Либан Акција

цена од
850
EUR ,00
сега од
750
EUR ,00
траење
6 дена
Пријави се Барање
Барање


Либан, медитеранска, планинска, неверојатна земја на Блискиот Истиок. Иако ја опкружуваат пустини, оваа земја е оаза. што го покажува и кедровото дрво на знамето, а и самиот назив, затоа што преведено од арамејски, Либан значи бело, по снеговите на истоимената планина. Овие територии ги населувале Феникијците, за што сведочи илјадагодишното постоење на градовите како Бејрут, Тир, Сидон...  Градовите на пурпурниот народ денес се сметаат за најстарите градови на светот.

Бејрут, милионски град, сместен помеѓу планината Либан и Средоземното Море, е главен град на Либан. Називот на еден од најстарите градови, чии почетоци се врзуваат за петнаесеттиот век пред нашата ера, му го дале Феникијците по бунарите и големото богатство со вода во тоа време. Го нарекуваат и Париз на Истокот, град на традициите и на модерното, на младите и на проводи. Вториот назив му е Градот Феникс зато што во текот на својата историја бил рушен и обновуван 7 пати. Како центар на земјата, Бејрут ќе биде нашата точка на поаѓање за истраѓување на неверојатниот Либан земјата на кедрови дрва, пустини и снежни врвови. Разгледувањето на Бејрут подразбира посета на Националниот музеј, Карпите на Гулабите, природно чудо на сред морето, шеталиштето Корнис долж брегот на Медитеранот, џамиите, новиот дел на градот, ручек, уживање во гужвата и звуците на Истокот.  


Рута
Белград
Бејрут
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации
Дестинации
Либан
Код на патување
LB1
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла“ во Белград. Лет за Бејрут со преседнување.

Превоз

  • Avio kartu sa svim taksama na relaciji Beograd – Bejrut, u ekonomskoj klasi

Место

  • Белград

Слетување во Бејрут во раните утрински часови. Трансфер до хотел. Ран check-in. Појадок. Бејрут, познат како Париз на Блискиот Исток и скапоцен камен на медитеранот, според легендата е еден од најстарите градови на светот кој денес е град со околу милион жители, а ќе биде наша појдовна точка во запознавањето со неверојатниот Либан - земја на медитеранот, пустините и чемпресите. Факултативен излет – разгледување на Бејрут: Национален Музеј,  посета на карпата во форма на гулаб, плоштадот Етоал, шеталиштето Корнис, џамиите, стариот и новиот дел на градот. Слободно време. Уживање во одличната либанска храна, силното либанско кафе, наргиле, преубав поглед и разговори со срдечните Либанци. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до хотел

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Бејрут

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет –  тргнуваме кон долината Бека и посета на најпознатиот либански антички локалитет Балбек. Овој археолошки локалитет, официјално, по рушењето на Палмира се смета за еден од најзачуваните археолошки комплекси кои се посветени на Римските богови. По разгледувањето на импозантните храмови посветени на Јупитер, Бахус и Венера, одиме во најпознатата либанска винарија Ксара, каде што ќе ги видиме подземните премини и ќе дегустираме прочуени либански вина. Продолжуваме со патувањето со посета на Анџар, место кое династијата Умајад го изградила во 8-ми век, а денес тука се наоѓаат остатоци од палата, пристаниште, резиденција, амам и сѐ што поседувал овој град од 8-ми век. Враќање во Бејрут. Ноќевање.

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Бејрут

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет до фениќанските градови Тир и Сидон. Прво застануваме во Сидон, град кој во времето на Фениќаните се издовјувал како доминантен на овие простори. Посета на Замок изграден од крстоносците, традиционалниот пазар „сук“ и „Khan al-Franj“, традиционален арапски караван-сарај, кој подоцна Французите го користеле како дипломатско претставништво. Потоа се упатуваме кон Тир, прочуениот град на древните Фениќани, кој благодарение на својата одлична положба и неверојатните sидини високи дури и до 40 метри во античко време се сметал за неосвојив. Посета на два археолошки локалитети каде ќе имаме прилика да видиме остатоци од некогашниот хиподром, триумфална капија, некропол, античка населба и базен користен за мистериозни водени спортови. Враќање назад во Бејрут. Ноќевање.

Сместување

Хотел 1 ноќ

Место

  • Бејрут

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет во Библос со автобус, официјално најстариот град во светот. На пат кон Библос, ќе ја посетиме фасцинантната пештера Џита, која беше во финале за избор на нови седум светски чуда. Стара е повеќе илјади години и се смета за една од најубавите на светот. Посетата на пештерата опфаќа разгледување на горниот дел од пештерата движејќи се по уредени патеки, додека пак долниот дел од пештерата се разгледува со мало бротче, крстарејќи по кристално чистата „Кучешка Река“. Пристигнување во Библос, град по кој Библијата го добила своето име и еден од најстаро населените места во светот. Го разгледуваме градот, античките локалитети, старото пристаниште, купуваме сувенири... Слободно време. Враќање во Бејрут. Доцен chek out од собите.

Место

  • Бејрут

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето. Трансфер до аеродром и чекирање за ран утрински лет за Белград со преседнување. Лет за Белград со преседнување. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од хотелот до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Бејрут - Белград, во економска класа

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел Пример 3 ноќи

Превоз

  • Avio kartu sa svim taksama na relaciji Beograd – Bejrut, u ekonomskoj klasi
  • Трансфер од аеродром до хотел
  • Трансфер од хотелот до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Бејрут - Белград, во економска класа

Храна

4 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за државјаните на Р. С. Македонија, која се вади по слетувањето во Либан и е бесплатна

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Панорамско разгледување на Бејрут

Цена: 60,00 EUR

Панорамско разгледување на Бејрут полудневен факултативен излет - Тргнуваме да го запознаеме Бејрут со разгледување на неговите главни атракции. Ја посетуваме карпата во форма на гулаб од каде што има фасцинантен поглед и за која може да се каже дека е култно место за самиот град. Се наоѓа на познатото шеталиште Корниш, кое е познато како едно од најдолгите и најубаво уредените шеталишта покрај море во светот. Совршено место за да направиме неколку фотографии и да ги гледаме бротчињата кои поминуваат низ големата пукнатина во карпата. Продолжуваме кон главниот градски центар каде ги посетуваме Големата Џамија, маронитската црква Св. Ѓорѓи, православната црква Св. Ѓорѓи и зградите на главните државни институции. Се упатуваме кон неверојатниот Национален Музеј на Либан, кој кога би се наоѓал во Фиренца, Париз или Рим - сигурно би бил прогласен за еден од најдобрите музеи во светот. Музејската колекција е навистина неверојатна. Ги разгледуваме фасцинантните артефакти кои потекнуваат уште од третиот милениум п.н.е, саркофази, гробници, мозаици, фигури и накит од Фениќаните и сѐ што е зачувано од овој древен народ низ периодите на разни владатели, империи и држави кои владееле со овој простор. Тука завршуваме со разгледувањето и се упатуваме назад кон сместувањето. Останатото време од денот е наменето за слободни активности. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, влезници и претставник од агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци, бакшиш за локалниот водич и возачите и индивидуални трошоци.

Балбек, Анжар и Ксара (Baalbek, Anjar, Ksara)

Цена: 70,00 EUR

Балбек, Анжар и Ксара (Baalbek, Anjar, Ksara) –  целодневен излет. Одиме во внатрешноста на Либан кон границата со Сирија. Тука ќе го посетиме археолошкиот локалитет Анжар, каде се наоѓаат остатоци од историскиот град кој го основала династијата Умјад, а постоел само 40 години додека не бил урнат од друга арапска династија. Ги разгледуваме остатоците од амамите, населбите, поранешните пазари, улици изградени под агол од 90 степени на римски начин, палатата, некогашната црква итн. Ќе имаме можност да се фотографираме со камилите кои спремно ги пречекуваат туристите пред локалитетот, а потоа продолжуваме понатаму. Се упатуваме кон винаријата Ксара, која е изградена во 1867 година од монасите кои живееле на овие простори и биле под влијание на Французите - кои во тоа време владееле со Либан. Монасите започнале со производство на вино на најплодното подрачје во Либан, долината Бека. Оваа долина се наоѓа помеѓу планините Либан и Антилибан и тука се произведуваат најголемиот дел од земјоделските производи во земјата. Во Ксара ќе ги посетиме мрачните и студени тунели каде денес се чува виното, а некогаш овие тунели служеле како скривници за време на војната. Сега тунелите се само дел од целиот комплекс, кој е делумно отворен за посетители. Посетата ќе ја завршиме со дегустација на совршени вина додека уживаме во погледот кон убаво уредените лозови насади пред самата винарија. Патот нѐ води понатаму кон импозантниот Балбек каде ќе уживаме во посетата на монументалниот комплекс од три храмови посветени на Јупитер, Бахус и Венера. Гледајќи го комплексот со храмови се оживува сликата за религиозниот живот на Римјаните. Целта на овие храмови била да го привлече и да го поттикне прифаќањето на официјалната римска религија на локалното население, кое не било наклонето кон истата, туку ја негувало религијата на Старите Фениќани. Прошетка низ најмонументалните места на целото патување и остатоците од единствените храмови посветени на римските богови. Слушаме за тогашната архитектура и обележјата посветени на боговите. Погледот го задржуваме на деталите на храмот Бахус, кој е најдобро сочуван. Се ценкаме за да купиме традиционални арапски марами од уличните продавачи кои нетрпеливо ги чекаат туристите. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, влезници, услуги од претставник од агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено : оброци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Тир (Tyre) и Сидон (Sidon)

Цена: 70,00 EUR

Тир и Сидон – целодневен факултативен излет. Се запознаваме јужниот дел на Либан! Прво одиме во Сидон или Саид како што го нарекува арапското население кое денес живее таму. Во Сидон го посетуваме фасцинантниот замок на Крстоносците, а потоа шетаме низ најголемиот „сук“ кој ќе имаме прилика да го видиме на ова патување. Ќе купуваме ефтини сувенири, ќе се ценкаме со локалното население, ќе правиме шарени фотографии и уникатни кадри од овошјето, различните сувенири и уличната храна. Посетата на Сидон ја завршуваме со посета на големиот четириаголен Караван-сарај кој е изграден со цел да ја развие трговијата на овие простори, а истиот во 20-тиот век бил окупиран од Французите, кој го користеле како дипломатско претставништво. Од таму се упатуваме кон најјужната точка на Либан на нашето патување. Пристигнуваме во Тир, кој уште во најстари времиња бил надалеку познат по своите морнари, колонии, трговија, но и по неговата генијална поставеност и неосвојливост. Со оглед на sидовите високи 40 метри, дури и најголемиот војсководец Александар Македонски имал сериозни потешкотии да го освои. Ќе ги посетиме двата прекрасни археолошки локалитети, ќе ја посетиме некрополата, шеталиштето, триумфалната капија, остатоците од римскиот хиподром, античката населба, бањата и мистериозниот базен, каде што се одржувале двобои во водени спортови. Уживаме во неверојатиот поглед од шеталиштето, кој денес е еден од заштитните знаци на Тир. За време на прошетката, упатуваме поглед кон Палестина и со тоа го завршуваме излетот. Враќање во Бејрут. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, влезници, претставник од агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци, бакшиши за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци. 

Библос (Byblos) и Џита (Jeita Grottoes)

Цена: 70,00 EUR

Библос (Byblos) и Џита (Jeita Grottoes) - целодневен факултативен излет. Тргнуваме кон Библос, најстарата организирана населба на светот и градот по кој Библијата го добила своето име. Додека патуваме, постојано се возиме покрај населени места и воопшто немаме впечаток дека сме го напуштиле Бејрут. Пристигнуваме во ова мало и симпатично гратче и чекориме по патека каде била испишана најстарата историја, го чуствуваме медитеранскиот дух и додека сме во римскиот амфитеатар слушаме за фениќанските кралеви и животот во овој град во римско време, но и за периодот на Крстоносците. Ги посетуваме местата каде почивале величенствените саркофази на римските кралеви, оние кои претходниот ден ги видовме во Археолошкот музеј во Бејрут и низ симпатичниот „сук“ каде има оргинални сувенири, продолужуваме до историското рибарско пристаниште во Библос, каде што и денес има традиционални рибарски бротчиња но и луксузни јахти од светскиот „џет сет“ - кои поседуваат куќи и апартмани во Билбос. Ја посетуваме рустичната црква Св. Јован, а потоа имаме слободно време за ручек и лесна прошетка низ „сук“, традиционално ценкајќи се за сувенири. Тргнуваме кон Бејрут, но попатно нѐ очекува посета на едно „чудо на природата“ кое навистина ќе ве остави без здив - пештерата Џита, која беше конкуренција во изборот на новите седум светски чуда. Додека се приближуваме до самата пештера, се движиме низ планините, уживајќи во фантастичните глетки кои се создадени од природата - наизменично менување на ридови и долини. Пред посета на самата пештера, се возиме неколку минути со жичарницата над дивата река, уживајќи во речиси недопрената природа во околината. Турaта низ Џита се состои од прошетка низ горниот дел на пештерата, уредени патеки, каде што имаме можност да ги видиме големите сталактити и сталагмити, меѓу кои се наоѓаат и најголемите во светот. Ќе уживаме во неверојатната глетка на прекрасните чуда кои природата може да ги направи. Слушаме приказни за неверојатната пештера која за време на војните, шверцерите на оружје ја употребувале како склад за муниција, но сепак успеала да остане недопрена, а денес е место за сите оние кои сакаат да уживаат во чудата и убавините на природата. Го завршуваме денешниот излет и поаѓаме кон Бејрут. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, влезници, услуги од претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци, бакшиш за локалните возачи и водичи, индивидуални трошоци.

Сместување

Хотел

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање во хотел со 4* (по локална категоризација) со појадок (континентален појадок). Името на хотелот во Бејрут ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање. Хотелот се наоѓа во близина на главните шопинг зони и улицата Хамра.

Вебсајт http://www.mayflowerbeirut.com/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)