Малдиви

цена од
1.190
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање


Малдивите се наоѓаат во Индискиот океан, одалечени околу 700км од брегот на Шри Ланка и околу 300км од брегот на Индија. Се состојат од 1.200 помали и поголеми острови, од кои само околу 200 се население. Малдивите се најмалата Азиска земја, како по површина, така и по бројот на жители. Главниот и најголем град на Републиката е Мале со преку 100.000 жители. Топло и чисто море, рајски плажи, недопрена природа и поволна клима нудат одлични услови за незаборавен одмор. Секој остров претставува сопствена приказна, а се е подредено за уживање. Најчесто ги посетуваат младенци, познавачи на подводниот свет и нуркањето, љубителите на мирот и романтичните дестинации.


Рута
Белград
Доха
Мале
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Jungle Kids, Акции - последни места, Далечни дестинации
Дестинации
Малдиви
Код на патување
MV4
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на аеродромот "Никола Тесла" во Белград два и пол часа пред лет. Разговараме за егзотичните краишта и се смешкаме додека го чекаме летот. Одиме на исток во пресрет на Индискиот океан. Лет од Белград за Доха (лет QR 232, Белград 12:05 – Доха 17:55). Пристигнување во Доха.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа, со 30 кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Место

  • Белград
  • Доха

Конекција на лет за Мале (лет QR 672 Доха 02:10 – Мале 09:05). Пристигнување на аеродром во Мале во претпладневните часови. Слетуваме во Мале, главниот град на Малдиви кој го претставува модерното лице на Малдиви. Шарено обоените згради и тиркизното море секаде околу вас е класичната слика за Мале која ќе ја запомните. Град преполн со кафичи, ресторани, продавници и пазари. Трансфер со број до островот Мафуши (Maafushi). Попладневно сместување во собите. Слободно време за одмарање и запознавање со новата култура.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха – Мале, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa или Kaani Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Мале

Престојување во избраниот хотел. Ден предвиден за уживање на овој рајски остров во комбинација со спа третмани и ужвање во егзотична храна... Уживаме на кристално белиот песок со звуците на брановите и се бањаме во тиркизната вода, а за потполно опуштање бираме некои од спа третманите. Доживејте ги Малдиви на правиот начин и препуштете се на локалниот начин на живот и запознајте ја новата култура. Одмор, релаксација и запознавање на еден од најубавите острови на Малдиви.

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa или Kaani Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Мале

Храна

  • Континентален појадок × 1

Ден за уживање во магијата на Малдиви. Волшебна природа, бели плажи... Слободен ден кој може да го искористите за нуркање и snorkeling во лагуните, масажа итн...

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa или Kaani Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Мале

Храна

  • Континентален појадок × 1

Уште еден ден за опуштање и капење во кристално чистата вода на тиркизното море. Слободно време.

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa или Kaani Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Мале

Храна

  • Континентален појадок × 1

 Сончање и уживање во сончевите зраци на тропскиот остров со неговите бели песочни плажи. Слободно време.

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa или Kaani Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Мале

Храна

  • Континентален појадок × 1

Уште еден слободен ден за индивидуални активности проследено со дегустација на вкусните морски специјалитети и неверојатно зајдисонце.

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa или Kaani Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Мале

Храна

  • Континентален појадок × 1

Последниот ден Ви преостанува да докупите уште по некој сувенир, коктели на плажа и да се припремите за патувањето. Се поздравуваме со овој магичен остров.

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa или Kaani Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Мале

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето по појадокот во претпладневните часови и слободно време до трансферот со брод до аеродромот во Мале. Лет од Бале до Белград со преседнување (лет QR 675, Мале 20:20 – Доха 23:15).

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Мале - Доха, во економска класа со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Место

  • Мале
  • Доха

Храна

  • Континентален појадок × 1

(Лет QR 231, Доха 06:45 – Белград 11:05). Пристигнување во Белград.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa Пример или Kaani Beach Hotel Пример 7 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа, со 30 кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха – Мале, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Мале - Доха, во економска класа со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Храна

7 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

е сместувачки објект во Maafushi (Малдиви) кој располага со двокреветни соби. Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет. Услугата е на база појадок и вечера (полупансион).

Kaani Beach Hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Kaani Beach Hotel *** е сместувачки објект на островот Мафуши кој располага со двокреветни соби, удобен хотел кој поседува базен. Сите соби се со сопствен тоалет, фен,  flat screen TV, бесплатно wi-fi, мини бар и сеф. Хотелот е оддалечен од Мале на 40 минути возење со глисер или 90 минути возење со траект. Вработените во хотелот може да им асистираат на гостите за организирање екскурзии. Гостите исто така со доплата може да уживаат во бројните активности на вода или масажа. Во склоп на хотелот има и ресторан со европска, кинеска, индијска кујна како и локални специјалитети. Услугата е на база на полупансион или полн пансион, во зависност од избраната понуда.

Вебсајт http://www.kaanibeach.com/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Малдиви, службено Република Малдиви е островска држава во Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состои од околу 1200 острови, групирани во 26 атоли, меѓу кои околу 200 се населени, а 80 се користат исклучиво за туризам. Официјалната религија е Ислам, а јазикот на поголемиот дел од жителите е дивехи, индоевропски јазик сроден на сингалски, главниот јазик на Шри Ланка. Индустријата се темели врз туризам и риболов. Малдивите имаат претрпено значителна штета од цунами во Индискиот океан во декември 2004 година. Нудизам е забранет со закон, вклучувајќи ги и плажите на одмаралиштата. Во повеќето ресторани не е дозволен престој во костими за капење.

Површина
298 km2

Број на жители
околу 338.000 

Државно уредување
Република од 1965 година.

Главен град
Мале, околу 70.000 жители

Клима
Тропската клима на Малдиви подразбира просечна температура меѓу 29 и 32 степени Целзиусови, со повремени тропски врнежи. Од крајот на мај до почетокот на септември е (југозападен) монсунски период кој се карактеризира со повремен дожд и ветар, додека од ноември до април - североисточен монсун кој е топол и сув. Цените на престој се највисоки во сезоната декември-април, посебно во периодот околу божиќните и новогодишни празници, кога на Малдивите времето е суво и топло. Перодот од мај до ноември е исто така топол, но со поголем степен на влажност во воздухот и поголеми шанси за дожд. Тогаш на Малдиви има помалку туристи, па е полесно да се најде добро сместување кое е поповолно отколку во сезона.

Пари
Малдивска руфија (MVR) = 100 лареси. Банкнотите за МВР 500, 100, 50, 20, 10, 5. Кованици за МВР 2, 1 i 50, 25, 10, 5, 2 и 1 лареси. На аеродромот во Мале се примаат само долари, па се препорачува носење на оваа валута. Во хотелите примаат и евра, но по неповолен курс во однос на банките од Европа.

Јазик
Дивехи. Англискиот јазик е во широка примена како службен јазик. Во туристичките подрачја се зборуваат и други јазици.

ВИЗА:
На државјаните на Р.С. Македонија кои туристички патуваат на Малдиви, добиваат бесплатна виза за период од 30 дена на самиот аеродром. Потребна е следната документација: важечка патна исправа, повратна авио-карта, доказ за поседување на доволно финансиски средства (100 УСД + 50 УСД за секој ден престој) или потврда за уплатен туристички аранжман. Рок на важење на пасошот поради туристичко патување мора да бида најмалку 6 месеци.

ВАКЦИНАЦИЈА:
За патување на Малдивите не е потребна полиса за здравствено осигурување, ниту доказ за вакцинација, освен доколку доаѓате од област зафатена со жолта грозница (поедини области од централна Африка или Јужна Америка).

БЕЗБЕДНОСТ:
Малдивите можат да бидат изложени на опасност од цунами. Во вакви ситуации, по издавање на предупредување за опасност од страна на владата на Малдиви, потребно е да ги пратите упатствата кои ги емитуваат локалните средства за јавно информирање и да се однесувате во согласност со нив.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)