Малезија - земја на три народи, три цивилизации, три вери. Земја која е вброена во топ 15 дестинации во светот. За Малезија може да се каже дека е своевиден спој на старо и ново. Возејќи се низ Куала Лумпур, ќе видиме кинески улици и футуристички згради, налик на оние од филмовите со научна фантастика. Некои од нив се симбол на Малезија. Кулите Петронас се највисоките згради “близачки“ во светот. Ве водиме до пештерата Бату - една од најголемите и најпопуларни хиндуистички светилишта надвор од Индија. Зависниците од капење ќе уживаат во ниските цени, додека гурманите и љубителите на слатко ќе уживаат во истражувањето на кулинарските малезиски специјалитети. Одиме до Langkawi, најпознатиот остров на мајалскиот архипелаг, со жичара се искачуваме на врвот на планината Gunung Matchincang и се шетаме по “мостот над облаците“ на 660 метри над нивото на морето! Бидете дел од Jungle екипата и доживејте ја својата авантура!
На крајот од оваа авантура, се релаксираме на прекрасните плажи и уживаме во пливањето во Андаманското Море.
Екскурзии вклучени во цената на пакетот:
◾ Посета на Националниот парк Кинабатанган, најстарата џунгла во светот, каде ќе имате можност да видите мајмуни со најдолгиот нос, најмалите мечки и слонови во светот, како и многу необична флора и фауна.
◾ Речно сафари x 2 - Организирано пловење на зајдисонце, а следното на изгрејсонце кога џунглата е најактивна
◾ Разглед на плантажа за чај - Сабах чај, каде што ќе видиме како се произведува и одгледува еден од најдобрите чаеви во светот
◾ Капење во топли извори
◾ Canopy walkАвантура
◾ Национален парк и ботаничка градина на планината Кинабалу - Посета на една од најфасцинантните ботанички градини во светот во рамките на Националниот парк Маунт Кинабалу. Диви орхидеи, месојадни растенија, лијани, потоци, чудни форми, со поглед на највисокиот врв во Малезија.
◾ Посета на локалниот пазар каде ќе најдете локални зачини, див ѓумбир, бибер, галангал и лут сос од самбал
◾ Дводневна тура со племето Ибан - Ибан се најпознатите ловци на глави во светот. Живеат во долги куќи сместени во џунгла, јадат разни специјалитети кои ќе имаме можност да ги пробаме, дефинитивно искуство за паметење.
Бидете дел од екипата на Jungle и искусете сосема поинакво искуство од Азија на ова патување низ Малезија!
Планот и програмата важи за следните поаѓања 23. 12. 2023
Состанок на патниците на Аеродромот "Никола Тесла" два часа пред летот. Лет од Белград во 11:45 (QR 232) со преседнување во Доха. Пристигнување во Доха во 18:45 часот по локално време.
Превоз
Авио билет со сите такси на релација Белград-Куала Лумпур, во економска класа со преседнување со 30kg чекиран и 8kg рачен багаж
Место
Белград
Доха
Лет за Куала Лумпур во 20:20 часот (QR 844). Пристигнување во Куала Лумпур во 08:45 часот. Трансфер до сместување. Куала Лумпур е град кој во претходната деценија има прераснато од мал и неразвиен град до метропола од светски размери. Слободно време за истражување на ноќните маркети и неверојатните ресторани во кои се мешаат вкусовите на Индија, Кина, Тајланд и Малезија.
Авантурата започнува со пештерите Бату, големо хинду светилиште сместено во пештера, а потоа продолжуваме до Националната Палата, Споменикот на Независноста, Плоштадот Мердекa на кој се наоѓа едно од најголемите знамиња на светот, место на кое за прв пат било развиорено знамето на независна Малезија, Кинескиот кварт, Кулата КЛ и ги посетуваме кулите Петронас - славните кули близначки, познати ширум светот.
Утрински трансфер до аеродром и лет за Сандакан. Прошетка во градот, локалната катедрала, шеталиштето, центарот на градот, ручек во локален ресторан. Времето го користиме за да купиме реквизити за во џунгла и да се одмориме од патот. Трансфер до сместување кое е во преубав амбиент и окружување. Вечера и ноќевање.
Превоз
Трансфер од смештај до аеродром.
Авионски билет на релација Куала Лумпур - Сандкан -- во економска класа со 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
Трансфер од аеродром до смештај.
Место
Сандакан
Храна
Полн пансион (доручек,ручек,вечера) ×
1
По појадокот тргнуваме во авантурата на животот – орангутаните и реката Кинабатанган. Ќе видиме центар за рехабилитација во кој се сместени голем број различни видови орангутани во нивната природна средина. Потоа ќе се упатиме кон центарот за заштита на мечките, каде што ќе ја видиме една од најмалите мечки во светот - сончевата мечка. Денот го продолжуваме со трансфер до Националниот парк Кинабатанган. Џунглата на Борен e природен парк и е три пати постара од онаа на Амазон. Тука живеат мајмуни со најдолгиот нос, најмалите мечки на светот и најмалите слонови на светот. Можно е да се видат и диви орангутани, габарски птици, крокодили и многу флора и фауна. Имаме организирано „речно сафари“ на зајдисонце на реката Кинабатанган, покрај која се наоѓа еден од најголемите екосистеми во светот. Ќе поминеме еден дел од него, а целата должина е 560 километри. Вечерта, имаме можност да организираме „ноќна прошетка во џунглата“ каде што шетаме низ џунглата со длабоки чизми и го набљудуваме дивиот свет, мајмуните, дивите мачки, жабите, птиците и ја чувствуваме атмосферата на топлиот ноќен живот на најгустата џунгла во светот придружена и објаснета од локален водич.
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Авионски билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Сандакан, во економска класа со 20 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
Денот го започнуваме со утринско крстарење со изгрејсонце кога џунглата е најактивна. Нашата авантура ја продолжуваме со прошетка во џунглата со водич. По ручекот, имаме брифинг за природата од нашиот водич. Во попладневните часови тргнуваме на второ крстарење со брод во потрага по повеќе диви животни кои се собираат по реката Кинабатанган. Вечерта имаме танцовна претстава.
Појадуваме и се упатуваме кон Ранау. Каде ги посетуваме прочуените топли извори -- прошетка по дрвени мостови се до сулфурната бања. Попатно ручаме. Во попладневните часови нашата авантура ја продолжуваме кон Кундасанга.
Појадуваме, а потоа го посетуваме зеленчуковиот пазар Кундасанг. Одиме на прошетка со нашиот водич во Националниот парк Кинабалу. Ручаме на пат кон Кота Кинабалу. Застануваме на локалниот пазар Набалу. Купуваме различни сувенири, ракотворби, локално овошје, пазар каде можеме да најдеме сѐ од игла до локомотива. Се враќаме во нашиот смештај.
После појадок одиме на факултативен илет – Island Hopping Sanu и Manukan. Едни од најпопуларните места во Борнео за пливање, нуркање и уживање, со прекрасна тиркизна вода. Слободно време.
По појадокот го продолжуваме патувањето до племето Ибан! Ибан се најпознатите ловци на глави (headhunters) во светот. Живеат во долги куќи (longhouses) кои се наоѓаат во џунглите и непристапните делови на Борнео. Турата ја започнуваме со возење со попатни застанувања на локални пазари каде се продаваат специјалитети од диви свињи, верверички, корења, гуштери и сл. Ќе направиме пауза за ручек во мало типично гратче наречено Лахау. По ручекот, продолжуваме до реката во средината на џунглата, каде што се префрламе на чамци со долга опашка и се возиме околу час и половина во уште поголемата дивина и џунгла на Борнео и местото каде што живеат Ибанците. Ќе имаме можност да спиеме со Ибанците во нивните традиционални куќи, да видиме како живеат и да ја пробаме нивната локална храна со локалното оризово вино.
По појадокот ќе присуствуваме на традиционална церемонија и игра на ова племе. Ова ќе биде вистинска можност да се испробаме во уметноста на дување стрели преку нивните традиционални дувалки, кои тие ги користат како оружје. Се капеме во реката, ги посетуваме локалните места од значење за Ибан и уживаме во интеракција со овие неверојатни луѓе кои задржале голем дел од нивната култура и традиции.
Го продолжуваме нашето патување до Кучинг, гордиот град на сојузната држава Саравак, кој пријатно ќе ве изненади со својата убавина и шарм. Иако Малезија е претежно муслиманска земја, во Саравак мнозинството од населението се христијани, па ноќниот живот е поинтересен. можеме слободно да кажеме дека тука е најдобрата улична храна во цела Азија, ориентирана кон морска храна и разни печурки, папрати и растенија од џунглата. Вечерта ќе ја искористиме за ноќна обиколка на градот.
Појадок и слободно време до летот за Белград. Лет за Белград со преседнување во Доха.
По појадокот, имаме слободно време за да го истражиме на градот Кучинг. Трансфер до аеродром за локалниот лет. Локалниот водич ќе не пречека при слетувањето во Куала Лумпур, па имаме трансфер за нашиот меѓународен лет.
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Авионски билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Белград, во економска класа со трансфер со 23 кг чекиран и 8 кг рачен багаж
Место
Куала Лумпур
Храна
Континентален појадок ×
1
Пристигнување во Доха во 05:25 часот по локално време. Лет за Белград во 07:05 часот (QR 231). Пристигнување во Белград во 10:35 часот.
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. По формирање на групата се уплаќаат уште 300€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Меѓународно здравствено осигурување (може да се извади и во агенција)
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Куала Лумпур - City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
35,00 USD
Ги посетуваме најзначајните локалитети во Куала Лумпур.
Нашата авантура ја започнуваме со Бату пештерите, пештери кои се стари 400 милиони години, а во нив се наоѓаат 6 будистички храмови. За да стигнеме до нив треба да искачиме 272 скали обоени во боите на виножитото. Продолжуваме кон центарот на градот и се упатуваме кон Кинескиот кварт -- еден од нашите омилени квартови во Куала Лумпур. Поминуваме низ раздвижени пазари, улични кујни и се восхитуваме на традиционалната архитектура на овој предел. Преку ден во овој кварт посетуваме традиционални храмови, додека преку ноќ улиците живнуваат со ноќни пазари и забави. Потоа продолжуваме до плоштадот на Независноста -- Мердека, каде е сместено највиското знаме на светот и каде што за првпат е провеано и знамето на независна Малезија. Ја посетуваме и познатата Султан Палата -- која била седиштето на британската колонијална администрација во Малезија. За крај, продолжуваме кон скапоцениот камен на Куала Лумпур -- кулите близначки Петронас. Високи се 451.9 метри и имаат 81 спрат. Кулите ја симболизираат храброста, генијалноста, самодоверба и оптимизмот на Малезиците.
Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенција, организиран превоз според предвидениот план и програма и стручен локален водич (на англиски јазик).
Night walk
Цена:
20,00 EUR
"Night jungle walk" излет каде со длабоки чизми одиме низ џунглата и го разгледуваме дивиот свет, мајмуни, диви мачки, птици. Го искусуваме амбиентот на ноќниот живот на најгустата џунгла во светот во придружба на локален водич.
Island Hopping Sanu и Manukan
Цена:
70,00 EUR
Двете најпознати места за разладување! Таканаречените „острови близнаци“, една од најпопуларните плажи во Борнео до која ќе стигнеме со брод. Кристално чистата тиркизна боја го карактеризира морето околу овие острови, каде што можете да видите и некои необични риби како на пр. „Наполеонска риба“ и „Риба папагал“. Островот Манукан има многу активности за избор, како и многу ресторани. Ќе нурнеме и ќе го истражуваме подводниот свет. Цената на екскурзијата вклучува: Организиран превоз според планираниот план, стручен локален водич на англиски јазик, спакуван ручек, опрема за нуркање, влезница.
Сместување
Сместување ** / *** во Куала Лумпур
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел 2*/3* (по локална категоризација) е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.
Bilit Rainforest Lodge
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Bilit Rainforest Lodge нуди најдобро искуство за сместување во прашума. Изградена од локално тврдо дрво, дизајнирана е да овозможи на посетителите да ја осетат единствената локална природа.
Сместување во Кота Кинабалу
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* на база ночевање со појадок.
Хотел 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел 3* е сместувачки објект кој располага со 1/2 соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 7 дена пред поаѓање.
Guest house
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Сместувачки објект типичен за подрачјето на Азија. Собите се едноставни, во главно малку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA стандардот.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:
А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај:
Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување: 1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и 2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување.
Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште.
Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.
(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)