Непал

цена од
1.190
EUR ,00
сега од
850
EUR ,00
траење
14 дена
Пријави се Барање
Барање


Jungle Tribe Ве носи во земјата на Хималаите - се качуваме на врвот на светот. Одиме на патување во Непал, куќата на боговите, се ослободуваме од материјалното и доживуваме катарза. Благодарејќи на феноменалните природни предели, снежни врвови кои не опкружуваат, питомите и насмеани луѓе - доживуваме комплетен мир... Местото каде ледените врвови на Хималаите се судираат со врелите индиски рамнини. Моќните Хималаи ја чуваат оваа мала земја од разни негативни влијанија на западниот свет. Се запознаваме со будизамот и културата на овој питом народ кој живее во хармонија со природата. Шарените будистички храмови ги чуваат приказните на древните цивилизации. Патувањето во Непал и сликите кои остануваат во мислите за цел живот, земјата и луѓето кои ќе ве натераат да го смените погледот кон светот... Насмеаното племе Ве носи на незаборавно и магично патување во Непал!


Рута
Белград
Катманду
Покхара
Дуликел
Катманду
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Азија, Непал
Видови патувања
Акции - последни места, Далечни дестинации
Код на патување
NP1
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на аеродромот “Никола Тесла“. Лет за Катманду со преседнување. Конекција на лет за Катманду.

Превоз

  • Лет Белград - Катманду со преседнување

Место

  • Белград

Пристигнување на аеродром во Катманду. Градот Катманду е историското и културно срце на Непал и претставува неверојатен микс на хиндуизмот, тибетански будизам и западни влијанија. Запознавање со градот и сместување.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Катманду

Факултативен излет - обиколка на најинтересните населби на Катманду. Започнуваме со разгледување на плоштадот Дарбар, кој претставува срце на стариот град во религиозни и духовни термини. Целиот комплекс на плоштадот Дабар е под строга заштита на УНЕСКО. По патот, го посетуваме и храмот на живата божица Кумари Бахал, Старата кралска палата, градините од соништата и храмот Кастамандап, кој е најстар во долината. Потоа, факултативна посета на храмот Пасупутинат, кој е еден од најважните хинду-храмови што претставуваат едно од најголемите светилишта на Шива во индискиот потконтинент. Се состои од низа храмови, асрами, слики и натписи што биле подигнати низ вековите долж бреговите на светата река Багмати, која е пандан на Ганг во Индија. Во комплексот се сместени и духовите на Катманду, каде се вршат погребување, ритуално капење и молитвени церемонии. Излетот завршува на Буданат ступа, најголемата ступа во долината Катманду (40м), што е најзначајната будистичка ступа во светот. Враќање во сместувањето.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Факултативни излети

После појадокот, тргнуваме на факултативен излет и го посетуваме Патан (Лалитпур), еден од трите кралски градови во долината Катманду. Како центар на будистичката и хиндуистичката култура заедно, во него има над 1200 споменици. Во Патан се чувствувате како целиот град да е музеј на отворено со изобилство на палати, статуи на богови и божици, пагода со еротски прикажувања во релјеф... Најпрво одиме во Кришна Мандир, камен храм со неверојатен фриз од 16 век, а потоа да го видиме храмот Махабуда, Златен храм и многу други свети места. Исто така, по избор можеме да посетиме фабрика за типични етно ракотворби за кои е познат Патан. Подоцна ја посетуваме Свајамбунатушката ступа, храм од 5 век сместен на еден рид над долината, нудејќи уникатен поглед на Катманду. Исто така се нарекува Храм на Мајмуни и ќе откриеме зошто. Враќање во сместувањето.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Факултативни излети

Факултативен излет до храмот Чанги Нарајан (Changy Narayan). Храмот се наоѓа на врв на рид, над локално село и од него се нуди извонреден поглед на Катманду од една страна, а од друга страна на врвовите на Хималаите. По краткото возење до селото не чека прошетка до храмот Чанги Нарајан. Храмот е еден од најстарите од Непал, па се верува дека е подигнат како светилиште на хинду богот Вишна во 4 век. Следи факултативен излет во преубавиот град Бактапур, некогашната непалска престолнина и по многумина најубав град во овој регион. Градот е основан во 9 век и е единствено место во Непал кое останало недопрено од раката на западниот свет. Ќе ги посетиме и Лавовската капија, Галерија на уметностите и храмот Нијатапола. Враќање во Катманду во вечерните часови.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Факултативни излети

Наутро се пакуваме и тргнуваме кон Покхара, град кој од Катманду е оддалечен 200км. Можност за факултативен излет и организирање на рафтинг на реката Трисули во истиомениот национален парк. Дел од групата кои не одат на рафтинг ќе имаат можност за одмор покрај реката и уживање во природните убавини. Продолжување на патувањето и пристигнување во градот на езерото Фева. Покхара ќе Ве воодушеви со величествените призори, врвови прекриени со снег и својата нереална убавина. Ова место е познато по езерата (Фева, Бегнас и Рупа). Сместување.

Превоз

  • Возење од Катманду до Покара

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Покхара

Факултативни излети

Следното утро тргнуваме на факултативен излет, прва станица ни е ступата World Peace на ридот над езерото каде со изгрејсонцето ќе го гледаме романтичниот пејзаж на езерото Фева, а ќе Ве воодушеви со величествениот призот на врвот Анапурна (Fish Tail), кој се огледува на површината на мирната езерска вода. Краток одмор за уживање и фотографии за целиот живот! Подоцна полека се спуштаме до езерото и со брод полека се враќаме до центарот на градот. Слободно време.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Факултативни излети

Факултативен излет - раноутрински трекинг (лесна прошетка низ селото) од Нудар до Сарангкот кој лежи на 3 часа пеш од Покхара. Сместен е на надморска висина од 1592 метри и е највисока точка на долината Покхара. Одовде можете да ја видите целата долина на реката и планинскиот ланец на Анапурна. Во Сарангкот ќе направиме пауза за одмор и уживање во призорите, а по ваша желба, можете да доплатите за параглајдинг и да се вратите во градот по воздушна линија. Во близина на Сарангкот е првата станица за сериозен трекинг по Анапурна, а ние полека се враќаме во Покхара. Имаме слободно време за прошетка и запознавање со локалното население, учиме за нивните обичаи, начин на живот, јадеме автентична храна. Препорачуваме да го посетите тибетанскиот бегалски камп и водопадите кои се наоѓаат во самиот град.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Факултативни излети

Тргнуваме на целодневен факултативен излет каде ќе ги посетиме Музеј Гурки, бегалскиот камп, Девини водопади, висечкиот мост над реката Сети и интернационалниот музеј на планинарење.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Факултативни излети

Тргнуваме назад кон долината Катманду и имаме целодневно возење до Дуликел (Dhulikhel), прекрасно место на надморска висина од околу 1500 метри. Сместување и слободна вечер.

Превоз

  • Трансфер од Покхара до Дуликел

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Дуликел

Се будиме во 6 наутро и го чекаме величественото изгрејсонце, и доколку е ведро небото, ќе имате можност  да се воодушевувате на призорот на Монт Еверест, Мансала и Гаури Шанкара кои го одземаат здивот. Слободен ден за прошетка до видиковецот и уживање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Враќање во Катманду, можност за факултативен излет до Киртипур, антички град кој е сеуште центар на културата Невари. Враќање во Катманду, слободно време.

Превоз

  • Трансфер од Дуликел Катманду

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Катманду

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето. Слободен ден. Уште малку време за шопинг и простување од Катманду. Доцен вечерен трансфер до аеродром.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром

Лет Катманду - Белград со преседнување. Пристигнување во Белград. Крај на патувањето.

Превоз

  • Лет Катманду - Белград со преседнување

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Guest house Пример 10 ноќи
Guest house Пример 1 ноќ

Превоз

  • Лет Белград - Катманду со преседнување
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Возење од Катманду до Покара
  • Трансфер од Покхара до Дуликел
  • Трансфер од Дуликел Катманду
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Лет Катманду - Белград со преседнување

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Непал

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Катманду Долина

Цена: 40,00 EUR

Факултативно разгледување на Катманду - Нашата авантура започнува со посета на Буданат ступа, најголемата ступа во долината Катманду (40м) и најзначајната будистичка ступа во светот. Во близина има тибетски манастир, како и бројни занаетчиски продавници и галерии во кои се учи традиционалната техника на сликарство, сликање со втискување на златна во боите на платно - занает што бара долгогодишно искуство. Го посетуваме постхумниот храм Pashupatinat, еден од најважните хиндуистички храмови кој претставува едно од најголемите светилишта на Шива. Се состои од низа храмови, ашрами, слики и натписи создадени низ вековите, долж брегот на светата река Багмати која е еднаква на Ганг во Индија. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат и места каде се вршат погребни церемонии, ритуално капење и молитва за починатиот. Го посетуваме и плоштадот Дарбар, кој го претставува срцето на стариот град во религиозна и духовна смисла. Плоштадот Дарбар и околината се под заштита на УНЕСКО. Го посетуваме и храмот на живата божица Кумари Бахал, старата кралска палата, градините од соништата и храмот Кастамандап кој е најстар во долината. Шетаме низ шарените улици каде се продава буквално сè, од кашмир и метален прибор, зачини, сушена риба, па сè до употребувана опрема за пешачење. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за Буданат Ступа, плоштад Дарбар, Пашупатинат, Храмот на Божица Кумари, услуги од претставник на агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци. 

Факултативно разгледување на Патан (Лалитпур) - еден од трите кралски градови во долината Катманду и центар на будистичката и хиндуистичката култура заедно. Ја посетуваме Свајамбунатушката ступа, храм од 5 век сместен на рид над долината, од каде има прекрасен и уникатен поглед на Катманду. Исто така се нарекува и "Храмот на мајмуни" затоа што во комплексот има повеќе од сто мајмуни. Одиме до Кришна Мандир, неверојатен камен фриз од 16 век и го посетуваме Златниот храм. Во Патан се чувствувате како во музеј на отворено. Изобилува со палати, статуи на богови и божици, пагода со еротски приказни извајани во релјефот итн. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за наведените локации, услуги од претставник на агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Факултативен излет до храмот Чанги Нараџан - Храмот се наоѓа на ридот од кој има прекрасен поглед на Катманду од едната и Хималајските врвови од друга страна. Храмот е еден од најстарите во Непал и се верува дека бил подигнат како светилиште на хинду-богот Вишну во 4 век. Го посетуваме кралскиот град Бактапур, поранешниот главен град на Непал и еден од најубавите кралски градови во регионот. Ќе ги видиме Лавовата порта, Златната порта, уметничката галерија и храмот Нијатаполе. Во цената на излетот е вклучено: локален англиски водич, превоз, билети за храмот Чанги Нарајан и Бактапур, услуги од претставник на агенцијата. Во цената не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локални водичи и возачи, индивидуални трошоци.

  • Забелешка: Цената на билетот од 5600 рупии се плаќа на локацијата
  • Износот во рупии е подложен на промени во случај да дојде до промена на цените во одредени локалитети

Рафтинг на реката Трисули

Цена: 30,00 EUR

Излетот е организиранан истиот ден кога е планиран трансферот помеѓу Катманду и Покхара. Дел од групата што не оди на рафтинг, со организиран превоз може да се релаксира покрај реката и да ужива во природната убавина. Групата која оди на рафтинг ја започнува авантурата со чамци на една од најпознатите реки во Непал. Следи освежување, пливање, истражување и уживање во убавините на оваа земја од малку поинаков агол. Во цената на излетот е вклучено: рафтинг на реката Трисули со овластен скипер и потребна опрема, услуги на преставник од агенцијата.. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Регион Похара

Цена: 40,00 EUR

Факултативен трекинг – World Peace Stupa – Ступа на ридот над езерото Фева од каде за време на изгрејсонцето ќе имаме можност да засведочиме романтичен пејсаж. Доколку е ведро небото, ќе се воодушевиме и од погледот на врвот Апапурна (Fish Tail) кој се рефлектира на огледалната површина на мирната езерска вода. Правиме кратка пауза за појадок или кафе и чај и продолжуваме низ шумски патеки до езерото и со чамец се враќаме до центарот на градот. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, возење со чамец,  услуги на преставник од агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалок, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Факултативен излет во Похара: разгледување на градот и посета на музејот Гурки, Тибетанскиот камп за бегалци, Дејвините водопади, висечкиот мост над реката Сети и Меѓународниот музеј за планинари. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, транспорт, услуги на преставник од агенцијата, билети за музејот Гурки, кампот за бегалци и музејотј. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци

Забелешка: Цената на билетот од 650 рупии се плаќа на локацијата. 

*износот во рупии е предмет на промена во случај на промена на влезниците во одредени локалитети.

Киртипур

Цена: 15,00 EUR

Го посетуваме последниот од низата на кралски градови во долината на Катманду и неговите храмови. Древен град кој е сеуште центар на Невари културата. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, услуги на преставник од агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброк и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Сместување

Guest house

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект типичен за подрачјето на Азија. Собите се едноставни, во главно малку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Guest house

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект типичен за подрачјето на Јужна и Југоисточна Азија. Собите се во главно малку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)