Нова година Шри Ланка и Малдиви

цена од
1.990
EUR ,00
сега од
1.890
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање


Патување во Шри Ланка и Малдиви за Нова година 2021! Ве чекаат Кенди, Мале и Мафуши. Ве носиме во егзотичната и посебна земја која ја нарекуваат бисер на Индискиот океан - Шри Ланка. Тропски плажи, мали автентични села, рибарски населби, резервати за слонови, зелени лагуни, корални гребени, водопади во тропски шуми, планински врвови, плантажи со чај, фарми на морски желки, рудници на скапоцени камења, ботанички градини, фабрики за чај, храмови, католички цркви од периодот на колонијално владеење на Холанѓаните и Португалците, тврдини, историски места и градови... Остров за уживање и восхитување - Шри Ланка. 

Во страв дека 1.192 острови наскормо можат да потонат, владата на Малдиви воспоставува соработка со холандската градежна компанија Docklands International со која имаат намера да го изградат најголемиот пловечки архипелат на светот. Островите со помош на кабли и телескопски движечки шипки ќе бидат прицврстени за дното на морето, што ќе им обезбеди стабилност дури и во големо невреме. Во некогашната португалска колонија - Малдиви се зборува “divehi“. Ова е најмалата муслиманска земја на светот, а главниот извор на приход се туризам и риболов. Локалното население зборува дека палмите го одржуваат во живот. Насмеаното племе Ве носи на незаборавно патување во Шри Ланка и Малдиви.


Рута
Белград
Доха
Коломбо (Colombo)
Кенди (Kandy)
Мале
Маафуши (Maafushi)
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации, Нова година
Дестинации
Малдиви, Шри Ланка
Код на патување
LK4
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на групата на аеродромот „Никола Тесла“ два часа и половина пред летот. Летаме од Белград до Коломбо со преседнување (лет QR 232, Белград 11:40 – Доха 18:30)

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Белград
  • Доха

(Лет QR 664, Доха 02:00 – Коломбо 09:20). Добредојдовте на островот на вкусовите, поранешниот Цејлон денешната Шри Ланка, земјата на чајот, скапоцените камења, насмеани луѓе и свилата. Добредојдовте во Коломбо! Пристигнуваме на аеродромот во Коломбо во раните утрински часови. Трансфер до сместувањето во Коломбо. Ден за авантура и запознавање на овој прекрасен град. Факултативен излет - Colombo city tour. Коломбо е најголем и главен град на оваа островска земја. Град со необична архитектура каде се преплетуваат модерното и колонијалното наследство. Со милениуми е познат по големите морепловци благодарение на својата положба на поморскиот пат помеѓу истокот и западот. Кога неговото име би се превело би се викал "Пристаниште на брегот на реката Келани". Запознавање со најзначајните локалитети, историјата и културата на овој град. Враќање во сместувањето. Слободно време.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Коломбо, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Коломбо (Colombo)

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до Кенди (Kandy), град во централната област на Шри Ланка (Sri Lanka). Сместување. Слободно време за факултативен излет - посета на најсветото и најпознатото место во Шри Ланка – Храмот на забот на Буда (Tooth temple). Комплетното ослободување на стресот и собирање енергија официјално е започнато.

Превоз

  • Трансфер од Коломбо до Кенди

Сместување

Хотел Suisse 1 ноќ

Место

  • Кенди (Kandy)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Утринско поаѓање на факултативен излет со автобус и посета на Дамбула (Dambulla), комплекс од 5 храмови во пештера, каде што имаме прилика да го видиме познатиот Златен Храм. Потоа се упатуваме кон Сигирија (Sigiriya) - Лавјата Карпа - камена тврдина со прекрасно културно наследство од античкиот период кое е под заштита на УНЕСКО. Враќање назад во Кенди. Слободно време.

Сместување

Хотел Suisse 1 ноќ

Место

  • Кенди (Kandy)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Утринско поаѓање на факултативниот излет. Првата станица е фабриката за чај. Тука ќе научиме нешто ново и ќе видиме како изгледа производството на најпознатиот напиток на светот. Потоа ќе имаме прилика да дегустираме чај и да ги погледнеме билките кои се спремаат за понатамошна индустриска обработка. Потоа, одиме во Пинавела - резерват за слонови каде ќе уживаме со дружењето со овие препаметни животни. Посетителите на ова село во поголемиот број на случаи, имаат прилика да ги нахранат и да гледаат како слоновите се капат во блиската река. На враќање имаме шанси да ја посетиме фарма за зачини (можеби сте се прашувале како изгледа дрво со ванила, цимет, каранфилче, какао, ананас, кафе...) и да ги погледнеме плантажите со чај, каде го завршуваме овој излет. Слободно време до враќањето во Кенди.

Сместување

Хотел Suisse 1 ноќ

Место

  • Кенди (Kandy)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Раноутрински факултативен излет – пешачиме до 2500м надморска висина. До врвот до кој се качуваме има 5500 скали, а оваа планината се смета за свето место на хиндусите, будистите, муслиманите и христијаните. Искачување до “Адамовиот Врв” и уживање во нереално убавата природа и погледот од височините. Враќање назад во Кенди. 

Сместување

Хотел Suisse 1 ноќ

Место

  • Кенди (Kandy)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето. Трансфер до аеродромот во Коломбо и лет за Мале. Пристигнување на Малдиви, каде ќе уживаме и ќе се одмораме во наредните денови. Трансфер до сместувањето во Мале. Слободно време.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Коломбо - Мале, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел The Somerset 1 ноќ

Место

  • Мале

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме сместувањето. Трансфер до островот Мафуши во претпладневните часови. Пристигнување на Мафуши и сместување. Слободно време за запознавање на еден од најубавите острови на Малдиви.

Превоз

  • Трансфер од Мале до островот Мафуши

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa 1 ноќ

Место

  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Слободен ден за уживање во магијата на Малдиви. Прекрасна природа, бели плажи, нуркање и сноркелинг во тиркизни лагуни, масажа...

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa 1 ноќ

Место

  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Сончање и уживање во зраците на сонцето на тропскиот остров и неговите бели песочни плажи. Ден за истражување на Мафуши, дегустација на вкусните морски специјалитети и неверојаниот залез на сонцето. Слободно време. Се спремаме за дочекот на Новата Година! Среќна Нова 2021!

Сместување

Hotel Triton Beach Hotel and Spa 1 ноќ

Место

  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето во претпладневните часови и слободно време до трансферот за Мале. Лет од Мале до Белград со преседнување (лет QR 675, Мале 20:20 – Доха 23:20).

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Мале - Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Маафуши (Maafushi)
  • Доха

Храна

  • Континентален појадок × 1

(лет QR 231, Доха 07:00 – Белград 10:40) Пристигнување во Белград. 

Превоз

  • Avio kartu sa svim taksama na relaciji Doha - Beograd, u ekonomskoj klasi, sa 30kg čekiranog prtljaga i 7kg ručnog prtljaga

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел Пример 1 ноќ
Хотел Suisse Пример 4 ноќи
Хотел The Somerset Пример 1 ноќ
Hotel Triton Beach Hotel and Spa Пример 3 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Коломбо, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Коломбо до Кенди
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Коломбо - Мале, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Мале до островот Мафуши
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Мале - Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Avio kartu sa svim taksama na relaciji Doha - Beograd, u ekonomskoj klasi, sa 30kg čekiranog prtljaga i 7kg ručnog prtljaga

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Шри Ланка + услуга за визирање
  • Виза за Малдиви (се издава на пристигнување)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Colombo city tour

Цена: 40,00 EUR

Colombo city tour – полудневен излет - Коломбо е најголемиот и главен град на оваа островска земја. Град со необична архитектура каде се преплетуваат модерното и колонијалното наследство. Со милениуми е познат по големите морепловци, благодарение на својата позиција на поморскиот пат помеѓу истокот и западот. Кога неговото име би се превело, би се викал "Пристаниште на брегот на реката Келани". Запознавање со најзначајните локалитети, историјата и културата на овој град. Во цената на излетот е вклучено: трансфер по планот и програмата на патувањето, водич на англиски јазик, претставник на агенцијата, влезници за локалитетите превидени по програмата на излетот.

Посета на Сигирија и Дамбула

Цена: 85,00 EUR

Сигирија и Дамбула – целодневен излет – Посета на комплексот “храмови во пештера” во Дамбула, кои се наоѓаат на листата на УНЕСКО за заштита на светското културно наследство. Ова се најголемите и најсочуваните храмови во пештера на територијата на Шри Ланка. Карпите се издигнуваат во височина од 160 метри, а во себе ги чуваат 5-те исцртани пештери, во кои се наоѓаат и многубројни статуи на Буда, на кралевите на Шри Ланка и хинду боговите. Храмовите во пештера потекнуваат од 1 век пред нашата ера. Во подножјето на скалите кои водат до пештерата, се наоѓа Златниот Храм - голема, шарена и по малку кичеста градба со огромна статуа од цели 30 метри - Буда во седечка положба. Храмот е всушност будистички музеј во кој се наоѓаат докази за целиот живот на Буда и доста статуи кои припаѓаат на нациите на околните будистички земји. Дамбула датира од 1 век пред нашата ера, кога кралот Ватагама бегајќи до Тамила, нашол засолниште во овие пештери и таму останал цели 14 години. Кога си го повратил престолот, во знак на благодарност, почнал да гради храмови, а по неговата смрт, оваа пракса ја продолжиле Кендиските кралеви. Тие се наоѓаат на висина од 160 метри и до самиот врв има нешто помалку од 1000 скали. На скалите можеме да сретнеме мали и слатки продавачи што продаваат лотоси и лилјани, луѓе кои читаат од дланка, неуморни продавачи на магнети и суверини, по некој чергар со кобри и питони и заљубени парови. 

Сигирија е карпа чиј буквален превод значи Лавовска Карпа. Тоа е голем комплекс кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за заштита на светското културно наследство уште од 1982 година. Сигирија е монолитна камена тврдина од V век со остатоци од стари резервоари за вода, прекрасни градини и исклучително уметничко богатство. Таа се наоѓа во центарот на островот, на голема надморска височина во однос на неговата околина и е видлива речиси од сите околни места оддалечени и по неколку километри. Лавовската уста и прекрасните градини се најпосетените атракции во ова место. На само 15 км од Дамбула, на карпа висока 200 метри, опколена со шума и црвена глина, се наоѓа Сигирија, некогашната престолнина на кралството на Шри Ланка. Целиот комплекс датира од 5 век, а се тврди дека карпата била и светилиште на монасите уште од III век пред нашата ера. Касапа, еден од двајцата синови на кралот, кој го заробил својот татко и го избркал својот брат во Индија одлучил да изгради тврдина токму тука. Комплексот се градел само 7 години. Откако во 491 година претрпел пораз од својот брат, Касапа го изгубил своето кралство и земјата била вратена на монасите.  Комплексот го посетуваме со локален водич и ќе се искачиме до самиот врв на карпата. Во цената на излетот е вклучено: трансфер според планот и програмата, водич на англиски јазик, претставник од агенцијата и влезници за наведените локалитети.

Фабрика за чај, градина за зачини и резерват за слонови

Цена: 55,00 EUR

Фабрика за чај, градина за зачини, “Pinnawala” – целодневен излет – прво ќе ја посетиме Фабриката за чај и ќе се запознаеме со производството на црниот и зелениот чај, а потоа ќе се напиеме традиционален црн чај и ќе видиме како изгледаат планатжите. Ја посетуваме и градината со зачини, каде што имаме прилика да видиме како изгледаат и како растат најразлични зачини: ванила, мускатно оревче, бело сандалово дрво итн. Имаме и можност да слушнеме за што сé може да се употребуваат овие зачини (освен во исхрана). Додека зборуваме за нивните корисни својства, имаме прилика да купиме некој од овие производи. По посетата на градината, го посетуваме и резерватот на слонови – Pinawela. Тука можеме да видиме всушност како живеат слоновите. Можеме да ги храниме, галиме, бањаме. Тука го поминуваме поголемиот дел од денот – прво во самиот резерват, а потоа на реката каде што традиционално ги носат слончињата на бањање, 3 пати во текот на денот. Во цената на излетот е вклучено: трансфер според планот и програмата, водич на англиски јазик, претставник од агенцијата и влезници за наведените локалитети.

Искачување на Адамов врв

Цена: 30,00 EUR

Целодневен факултативен излет – искачување на “Адамов врв” – 5-тата највисока точка во Шри Ланка со 2240 метри надморска височина. Тргнуваме рано изутрина и се упатуваме до подножјето на планината од каде го започнуваме искачувањето кон врвот. До врвот има 5500 скали, а планината е свето место на хиндусите, будистите, муслиманите и христијаните. За искачување и симнување се потребни околу 7 часа, а возењето од Кенди до подножјето на планината трае околу 3 часа во еден правец. Важно е да се напомене дека во јули и август не е сезона за искачување на врвот и местата на кои се продава храна и чај по пат кон врвот се затворени во овој период од годината. Во цената на излетот е вклучено: трансфер според планот и програмата, водич на англиски јазик, претставник од агенцијата, влезници за наведените локалитети.

Сместување

Хотел ***

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** е сместувачки објект кој располага со 1/2 соби. Сите соби се со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, а најдоцна две недели пред патувањето.

Хотел Suisse

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел Suisse Hotel *** (по локала категоризација) - Кенди (Шри Ланка) е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Секоја соба е климатизирана и има сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок). Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.

Хотел The Somerset

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачкиот објект во Мале (Maldivi) кој располага со двокреветни соби. Секоја соба е климатизирана и има сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со појадок.

Hotel Triton Beach Hotel and Spa

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

е сместувачки објект во Maafushi (Малдиви) кој располага со двокреветни соби. Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со појадок.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)