Нова Година Тајланд - Бангкок и Пукет

цена од
1.690
EUR ,00
сега од
1.590
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање


Прославете ја Новата 2021 година на Тајланд со Насмеаното племе!

Патувањето го започнуваме во Бангкок (Bangkok) - "градот на ангелите", модерната престолнина со дива енергија која нема да ве остави рамнодушни. Ќе имаме прилика да ја посетиме Кралската Палата - Grand Palace стара преку 200 години со најстарата статуа на Буда опсипана со злато, а тајланските храмови Wat Po, Wat Arun и Wat Saket како и најпознатите пазари на светот се само некои од местата каде ќе ги создадете најубавите животни спомени.

По бучната престолнина, не очекуваат најубавите плажи на Тајланд. Деновите ги поминуваме на најголемиот тајландски остров и островот кој никогаш не спие, Пукет (Phuket)! Идеално место за спектакуларна забава и прилика да уживаме во неверојатните излети на Џејмс Бонд островот (James Bond Island), Островите Пи Пи (Koh Phi Phi) и други магични места кои ќе ве фасцинираат и ќе го направат ова патување незаборавно.

Ве очекуваме на заедничка авантура! 


Рута
Белград
Доха
Бангкок
Пукет
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации, Нова година
Дестинации
Тајланд
Код на патување
TH28
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10 , Макс 25 ,

План и програма

Состанок на групата на аеродромот "Никола Тесла" во Белград, три часа пред летот. Лет од Белград до Бангкок со преседнување во Доха. Лет QR232 Белград 11:40h - Доха 18:30h. Лет од Доха QR830 во 20:25h. Одиме на исток во пресрет на сонцето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Бангкок, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Белград
  • Доха

Пристигнување во Бангкок (Bangkok) во 06:55h. Трансфер до сместувањето. Авантурата започнува, се запознаваме со урбаната џунгла. Бангкок или „Градот на ангелите“ нуди сосема нова димензија на постоење, нешто сосема различно од сè што сте доживеале досега. Град налик на Њујорк, спакуван во источна филозофија, мирис на зачини и различна атмосфера. Вечерта ја поминуваме во еден од најпознатите облакодери со поглед на бескрајните светла на Бангкок. Забава и насмевки до раните утрински часови.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Trang Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Ден за факултативен излет – Маеклонг пазарот на железничка пруга (Maeklong Train Market) и Пловечкиот пазар (Floating market). Го посетуваме Маеклонг пазарот токму на време да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите брзо ги подигаат тезгите и тргаат сè што спречува да помине возот. Потоа возот заминува, а ние разгледуваме и купуваме најразлични овошја, зеленчук, цвеќиња… Зад не толку познатото име Дамноен Садуак стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. Околу 100 километри југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место низ кое поминуваат канали изградени уште во XVIII-тиот век. Во духот на старите тајландски земјоделци, бродчињата се движат низ зеленкастата вода и полека се приближуваат со своите разнолики понуди. Старици со сламени шешири со широка насмевка нудат најразлични јадења, слатки и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотици години. Враќање во Бангкок.

Сместување

Trang Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се будиме и започнуваме со факултативен излет - посета на Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, а која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда која е врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во нирвана. Враќање во сместувањето. 

Сместување

Trang Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Трансфер до аеродромот и лет за Пукет (Phuket). Трансфер до сместувањето. Пукет е најголемиот и најпознат тајландски остров. Капењето, масажите, преубавите плажи, белиот песок, тиркизното топло море, феноменалните зајдисонца и островите кои се во непосредна близина, ќе направат да се чувствувате како во рајот. Време резервирано исклучиво за уживање! Несекојдневен ноќен живот и сцени како од најлудите филмови! 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Бангкок – Пукет, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Amata Patong Hotel 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет на островот Пи Пи (Koh Phi Phi) каде е сниман филмот “The Beach”. Егзотични пејсажи кои потполно ќе ве остават без здив. Враќање во Патонг (Pathong) и дочек на Новата 2021 Година!

Сместување

Amata Patong Hotel 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за факултативен излет и посета на Големиот Буда и будистичкиот храм Чалонг (Wat Chalong). Одиме на лесен трекинг низ бујната вегетација каде се запознаваме со преубавата природа на овој остров. Кај Големиот Буда слушаме приказни за будизмот и културното наследство на Тајланд. Уживаме во најубавиот поглед на островот! Потоа го посетуваме будистичкиот храм Чалонг каде ќе имаме можност да видиме будистички монаси кои се заштитен знак на секој храм. Доколку имаме време може да застанеме попатно на некоја од плажите за краток одмор. Враќање во сместувањето.

Сместување

Amata Patong Hotel 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет на Џејмс Бонд островот (James Bond Island). Ова островче е дел од архипелагот на помали варовнички острови – карпи, кои се издигнуваат од морето и во кои се скриени пештери богати со сталактити и сталагмити. Враќање во сместувањето.

Сместување

Amata Patong Hotel 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден или можност за посета на Рајската плажа (Paradise beach) или некоја друга прекрасна плажа која не сме ја посетиле дотогаш. За оние кои преферираат дополнителни активности, постои можност за организирање на некои од факултативните излети (јавање слонови, Tiger Kingdom, Monkey hill итн.) 

Сместување

Amata Patong Hotel 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Уште еден ден за опуштање и капење во бистрата тиркизна вода на некоја од преубавите плажи во Пукет. Можност за организирање на факултативен излет

Сместување

Amata Patong Hotel 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Купуваме сувенири, пиеме кафе, пиеме уште по некој Chang или Singhа, ја чуствуваме лутината на на tom yum супата, грицкаме pad thai на улица и се збогуваме со земјата на насмевки. Трансфер до аеродром. Лет до Белград со преседнување во Доха. (Лет QR841 Пукет 19:40h – Доха 23:05h).

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Пукет – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Пукет
  • Доха

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет QR231 Доха 07:00h – Белград 10:40h. Пристигнување во Белград.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Белград
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€, по формирање на групата се плаќаат уште 300€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

Што е вклучено

Сместување

Trang Hotel Пример 3 ноќи
Amata Patong Hotel Пример 6 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Бангкок, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Бангкок – Пукет, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Пукет – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд и услуга за визирање
  • Виза за Тајланд со еден влез и услуга за визирање

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Пловечки пазар и Train Market

Цена: 35,00 EUR

Поаѓање во раните утрински часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Туристите и купувачите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, се враќаме на детално разгледување на пазарот и купуваме најразлично овошје, зеленчук, цвеќе, месо и риба. Оваа сообраќајна линија вози секојдневно по неколку пати на релација Meaklong – Banlaem, а самото возење трае околу 90 минути. Одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. На околу 100км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање во смесувањето во доцните попладневни часови.

Во цената на излетот е вклучено:

  • стручен лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз по предвидената агенда
  • возење со чамец
  • влезници за сите локалитети наведени во програмата

Обиколка на Бангкок (Bangkok City tour)

Цена: од 55,00 EUR до 60,00 EUR

На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок, а ова е планираната програма: Поаѓање од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет - Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд. Трансфер до куќата на Џим Томпсон. Овој музејски комплекс се состои од 6 традиционални куќи од тиково дрво, чии делови се донесени од различни делови на Тајланд. Се во овој комплекс е автентично и е во духот и традицијата на Тајланд. Куќите се опкружени со градини и бујни необични растенија, па претставуваат вистинска оаза во центарот на Бангкок. Враќање во хотел во попладневните часови.

Во цената на излетот е вклучено:

  • Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
  • Влезница за Wat Pho
  • Влезница за Wat Arun
  • Влезница за куќата на Џим Томпсон
  • Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
  • Организиран превоз по предвидениот план и програма

*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.

Островите Пи Пи (Koh Phi Phi)

Цена: 60,00 EUR

Поаѓање во утринските часови. Трасфер до пристаништето и качување на брод. Пристигнуваме на архипелагот на островот Пи Пи, на кој е сниман филмот “The Beach”. Го посетуваме заливот Маја (Maya bay), дијамант и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Пилеј лагуната (Pileh lagoon), т.е. местото од кое Леонардо Ди Каприо скокса во морето во самиот филм. Уживаме во капењето и тиркизното море. Поминуваме покрај Викингшката пештера (Viking cave) и слушаме приказни за древните пирати. Пристигнуваме на плажата на мајмуните (Monkey beach) каде постои можност да храниме мајмуни. Слободното време го користиме за нуркање во проѕирната вода и пливање со рипчињата со необични бои. Пауза за ручек на Пи Пи Дон (Phi Phi Don). За крај го оставаме островот Каи (Koh Khai), хипи оазата, каде ќе се опуштиме со освежителни коктели и звукови на реге музика. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • повратен трансфер до пристаништето
  • возење со брод
  • ручек без конзумација на пијалок
  • маска за нуркање
  • влезница за национален парк Maya bay

Tiger Kingdom, Големиот Буда, Wat Chalong и Phuket Town

Цена: 55,00 EUR

Поаѓање на излетот во утринските часови. Денот го започнуваме адреналински – со посета на Храмот на тигрите (Tiger kingdom)! Изненадете се себе си, соберете храброст, излезете од комфорт зоната и влезете во кафез со тигар или лав. Дозволете овие кралски животни да ве освојат со својот изглед и шарм. Ќе имаме прилика да се сликаме и дружиме со бебе тигар, но и со голем тигар чија должина може да надмине 2,5 метри. По адреналинскиот шок се упатуваме кон статуата на Големиот Буда (Big Buddha). Статуата е висока 45 метри, направена е од армиран бетон, а обвиткана со сјаен бел мермер, така што се гледа од речиси секој дел на Пукет. Се наоѓа на врвот на Накерд брдото и претставува најсвето место на островот. Создадена е во чест на покојниот крал Рама IX. Покрај неа се наоѓа и статуа на Малиот Буда (Little Buddha), која е со златна боја и е создадена во чест на кралицата Сикирит, сопругата на кралот Рама IX. По Големиот Буда, поминуваме дел од денот играјќи се со слонови. Ќе ги храниме со банани и шеќерна трска, ќе уживаме во веселата на игра на бебе слонче. Постои можност и за нивно јавање. Индокинескиот слон е еден од трите видови на слонови кои постојат денес во светот. Многу е вообичаено да ги сретнеме на Тајланд, а за слоновите важи дека се едни од најинтелигентните видови на животни, дека имаат многу добра меморија и дека можат да покажат различни емоции (среќа, тага, радост, игра...). По паузата за ручек го посетуваме најубавиот храм на целиот остров - храмот Чалонг (Wat Chalong). Во него се наоѓаат остатоци од коските на Буда додека ѕидовите на пагодата се украсени со детали од неговиот живот. Храмот е домаќин на разни фестивали, па така и неговото тајландско име ,,Chalong’’ во превод значи фестивал. За крај на денот предвидуваме прошетка низ главниот град на островот Пукет (Puket town). Силното медитеранско влијание оставило трага врз архитектурата додека старото јадро на градот е познато по разнобојните куќички изградени во ,,sino-portugese’’ стил. Со оглед на тоа што островот Пукет е богат со извори на калај, истиот бил интересен за многумина морепловци. Од тој период останати се импресивни кинеско-колонијални палати кои ги подигале бароните пред повеќе од сто години. Во овој дел на градот може да се видат светилишта, храмови (будистички и кинески), украсени и добро сочувани продавници, интересни кафулиња и ресторани, но и разни музеи, па дури и мала Улица на црвени фенери попозната како “Soi Romanee“. Денес е обичај во неа да се фотографираат парови на денот на својата венчавка. Тука е и најпознатиот локален ноќен пазар кој ќе го посетиме и во кој ќе најдеме за секого по нешто. Враќање во сместувањето во доцните вечерни часови. 

Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз по предвидената програма и јавање слонови. Во цената на излетот не е вклучено: влезница за Храмот на тигрите (индивидуален избор на еден или повеќе тигри за сликање) и ручек.  

James Bond остров

Цена: 55,00 EUR

Остров Џејмс Бонд (James Bond Island) - Поаѓање во утринските часови. Трасфер до Пештерата на мајмуните (Monkey cave) или на тајландски ,,Wat Suwan Kuha’’. Храмот кој се наоѓа во внатрешноста на пештерата има голема историска, теолошка и археолошка вредност. Ќе имаме прилика да слушнеме многубројни прикази за Буда и да храниме мајмуни кои слободно трчаат внатре и околу пештерата. Кратко возење со кану околу островот и карпите. Возење со long tail брод до островот Тапу (Koh Tapu), попознат како островот на Џејмс Бонд. Овој мал остров т.е. карпа, станал популарен во 1974 година кога е снимен филмот ,,Човекот со златниот пиштол’’ со Роџер Мур во главната улога. На крај заминуваме на ручек во традиционално муслиманско пловечко село на островот Панје (Koh Panyee). По ручекот можеме да се прошетаме по малите и тесни улички на ова необично село, се до џамијата. Слободно време за купување на сувенири. Враќање во хотелот во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено: повратен трансфер од хотелот до пристаништето, возење со speed boat, возење со кану и ручек без конзумација на пијалок.

Сместување

Trang Hotel

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Trang Hotel се наоѓа во стариот дел на Бангкок во непосредна близина на прочуената улица Khaosan. Хотелот поседува и базен. Сите соби се климатизирани, поседуваат мини бар и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.tranghotelbangkok.com/en-us

Amata Patong Hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Amata Patong Hotel е хотел кој се наоѓа во местото Патонг на 5 минути пеш од плажата. Хотелот поседува отворен базен, СПА центар, бесплатно WI-FI. Сите соби се климатизирани, поседуваат мини бар и тоалет. Хотелот располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт http://www.amatapatong.com/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Ги известуваме сите наши патници дека претставникот на нашата агенција е исклучиво пратител на вашата група и по стриктниот закон на Кралството Тајланд, како странски државјанин не му е дозволено да говори јавно на било кој локалитет (аеродром, храмови, плажи, туристички атракции итн...). Сите потребни информации претставникот ќе ви ги даде во хотелот или време на трансферот до одредените локалитети. На факултативните излети ве придружуваат лиценцирани локални водичи ангажирани од страна на локална агенција. 

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)