На ова авантуристичко патување најпрво ќе уживаме во Бангкок - престолнината на Тајланд, позната и како “азиска Венеција“ и “градот на ангели“. На прв поглед ќе го приметите хаосот во сообраќајот и гужвата на улиците, додека во исто време ќе бидете одушевени од пејсашите, знаменитостите и традицијата... Тука не смеете да ги заобиколите ценкањата на тезгите и пазарите, но и модерните шопинг молови со ексклузивни бутици.
Потоа одиме на вториот најголем тајландски остров - Ко Самуи, познат по преубавите плажи, тиркизното сино море, бујната вегетација и доброто журкање.
Изборот на Тајланд како далечна дестинација во која ќе отпатувате е, ќе се уверите, вистинскиот избор!
Состанок на групата на аеродромот"Никола Тесла" во Белград, два часа пред летот. Лет од Белград до Бангкок со преседнување.
Превоз
Авионски билет со сите такси на релација Белград - Бангкок, во економска класа
Место
Белград
Доха
Пристигнување во Бангкок (Bangkok). Трансфер до сместувањето. Авантурата започнува, се запознаваме со урбаната џунгла. Бангкок или „Градот на ангелите“ нуди сосема нова димензија на постоење, нешто сосема различно од сè што сте доживеале досега. Град налик на Њујорк, спакуван во источна филозофија, мирис на зачини и различна атмосфера. Вечерта ја поминуваме во еден од најпознатите облакодери со поглед на бескрајните светла на Бангкок. Забава и насмевки до раните утрински часови.
Се будиме и започнуваме со факултативна излет- Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, а која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда која е врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во нирвана. Враќање во сместувањето. Слободно време.
Ден за факултативен излет – Маеклонг пазарот на железничка пруга (Maeklong Train Market) и Пловечкиот пазар (Floating market). Го посетуваме Маеклонг пазарот токму на време да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите брзо ги подигаат тезгите и тргаат сè што спречува да помине возот. Потоа возот заминува, а ние разгледуваме и купуваме најразлични овошја, зеленчук, цвеќиња… Зад не толку познатото име Дамноен Садуак стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. Околу 100 километри југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место низ кое поминуваат канали изградени уште во XVIII-тиот век. Во духот на старите тајландски земјоделци, бродчињата се движат низ зеленкастата вода и полека се приближуваат со своите разнолики понуди. Старици со сламени шешири со широка насмевка нудат најразлични јадења, слатки и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотици години. Враќање во Бангкок, а потоа ноќно возење со автобус.
Пристигнување во утринските часови на пристаништето од каде се качуваме на брод што не носи на островот Самуи (Koh Samui). Пристигнување на островот, трансфер до сместувањето. Самуи е остров кој ви нуди безброј можности, од прекрасни плажи и тиркизно топло море до традиционални ресторани како и барови каде додека пиете некој коктел, вниманието ви го привлекува импресивниот настап на играчи со оган.
Факултативен излет – Jungle возење со џипови. Одиме на авантура и разгледување на островот со џипови, а прва станица ни се водопадите Намуанг. Го користиме времето за пливање во природните базени под водопадот. Продолжуваме со возење низ планините, застанувајќи попатно на неколку видиковци од каде можеме да уживаме во погледот на Ко Самуи. Правиме пауза за ручек. За крај на овој излет ја посетуваме “Волшебната градина – Буда” (Magic Buddha Garden). Задолжително понесете со вас фотоапарат, за да направите неверојатни фотографии и да ја овековечите магичната глетка. Враќање во сместувањето. Слободно време.
Факултативен излет – Angthong National Marine Park. Национален парк, архипелаг од 42 острови, познат по својата волшебна природна убавина кој се наоѓа во тајландскиот залив. “Златнaта чинија” или “Ангтонг” крие огромен број бели песочни плажи, скриени пештери и корали, совршено сместени во мозаик од островчиња. Денот го поминуваме со нуркање во потрага по ретки видови риби, качувања до видиковци од каде има прекрасен поглед, прошетка и уживање во најубавите плажи во овој парк. Враќање во сместувањето.
Слободен ден. Можност за факултативен излет - Аквариум и посета на зоолошката градина. Одиме да го посетиме тропскиот свет - ќе видиме ајкули, желки, риби, фоки и друг разнолик морски животински свет. Потоа се упатуваме кон зоолошката градина каде ќе имаме можност да ги видиме познатите бенгалски тигри и леопарди... Ако сте со авантуристички дух, можете и да се фотографирате до овие зверови. Враќање во сместувањето.
Слободен ден за уживање. Ја впиваме енергијата од овој магичен остров, јадеме кокоси, посетуваме локален пазар и пробуваме локални вкусни специјалитети. Можност за организирање на факултативен излет - дружење со слонови.
Напуштање на сместувањето, трансфер до пристаниште. Си заминуваме од островот околу пладне. Возење со брод, а потоа со автобус до Бангкок. Пристигнување во Бангкок во доцните вечерни часови.
Го напуштаме сместувањето во попладневните часови. Последен ден во главниот град на Тајланд. Купуваме сувенири, пиеме кафе, пиеме уште по некој Chang или Singhа, ја чуствуваме лутината на на tom yum супата, грицкаме pad thai на улица и се збогуваме со земјата на насмевки. Вечерен трансфер до аеродром. Лет до Белград со преседнување.
Превоз
Tрансфер од сместување до аеродром
Авионски билет со сите такси на релација Бангкок - Белград, во економска класа
Авионски билет со сите такси на релација Белград - Бангкок, во економска класа
Трансфер од аеродром до сместување.
Трансфер со автобус од Бангкок до пристаниште
Трансфер од пристаништето до Ко Самуи
Трансфер од Ко Самуи до пристаништето за Бангкок
Трансфер од пристаништето до Бангкок
Tрансфер од сместување до аеродром
Авионски билет со сите такси на релација Бангкок - Белград, во економска класа
Храна
8 × Континентален појадок
Не е вклучено
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Виза за Тајланд со еден влез и услуга за визирање
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Bangkok City tour
Цена:
75,00 EUR
На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок и да се запознаете со оваа фасцинантна престолнина! Поаѓаме од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет - Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд.
Во цената на излетот е вклучено:
Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
Влезница за Wat Pho
Влезница за Wat Arun
Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
Организиран превоз по предвидениот план и програма
*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.
Пловечки пазар и Train Market
Цена:
45,00 EUR
Поаѓање во утринските часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Сите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, го разгледуваме пазарот и купуваме!
Потоа одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои еден од најпознатите обележја на Тајланд - пловечкиот пазар! На околу 100 км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање назад во сместувањето во попладневните часови.
Во цената на излетот е вклучено: преставник од агенцијата, локален водич, организиран превоз по предвидената агенда, возење со чамец, влезници за сите локалитети.
Full day сафари
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Samui Safari е целодневен излет кој вклучува голем број на атракции на островот Самуи, од верски објекти до фантастични водопади и прекрасни видиковцикои се наоѓаат високо во планините. Одиме на возбудлива авантура во планина за да дојдеме до спектакуларниот видиковец кој гледа на тајландскиот залив, а потоа посетуваме една од најнеобичните градини на светот: градината на тајниот Буда. Опуштање со тајландски ручек. За оние похрабрите постои можност за elephant trekking. На крајот, пред да се вратиме во сместувањето одиме на уште еден видиковец во близина на Chavenge кој нуди прекрасен поглед на Big Buddhа и Koh Phangan.
Во цената на излетот е вклучено:
Трансфер
Ручек без конзумација на пијалок
Baby Elephant show
Посета на Buda magic garden
Дегустација на традиционално тајландско овошје
Посета на статуата на Big Budа
Посета на плантажи
Посета на селото Bophut
Angthong National Marine Park
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
65,00 EUR
Angthong Marine е национален парк, архипелаг од 42 острови, познат по својата неверојатна природна убавина. Се наоѓа на тајландскиот залив, недалеку од Ко Панган. “Златната чинија“ или “Angthong“ крие мноштво бели песочни плажи, скриени пештери и корални смреки, совршено вклопени во мозаикот од варовни острови. Денот ќе го поминеме нуркајки во потрага по ретки видови риби, се искачуваме на видиковци, ги посетуваме и уживаме на најубавите плажи. Поаѓање од сместувањето во утринските часови и трансфер до пристаништето. Мала пауза за ужинка, овошје, сокови и кафе за добредојде. Поаѓање со брод. Капење или нуркање на Koh Wao или на Koh Tay Plow. Одиме во потрага на шарени тропски рипчиња. Пауза за ручек. Факултативно пловење со кајак на Ao Ka Beach, и смарагдното езеро Talay Nai. Со кајакот пловиме се до Koh Mae Koh. Наместо пловење со кајак можете да останете на бродот: посета на Mae Koh и поглед на Talay Nai. Уживаме во погледот на езеро опкружено со високи варовни гребени и се искачуваме на преубавата панорама на архипелагот. Обиколка на островот Koh Wua Talap. Избор за прошетка и посета на мистичните варовни пештери или искачување на најубавиот видиковец на тајландскиот залив или одмор на плажата и дружење со мајмуни. Враќање на пристаништето, а потоа во сместувањето во доцните попладневни часови.
*За овој излет е потребно да понесете: костим за капење, шешир/капа, вода, крема за сончање, резервна облека, патики за искачување на.
Аквариум и зоолошка градина
Цена:
45,00 EUR
Во аквариумот Самуи можете да истражите разни видови на риба од тајландскиот залив, посебно од Ко Самуи. Чудесна колекција на тропски морски живот, како што се морски кучиња, желки, тропски риби итн. Покрај аквариумот, одиме во посета на зоолошката градина, каде уживаме во погледот на тигрите.
Цената на излетот опфаќа:
Влезница
Трансфер
Ручек
Во цената на излетот не е вклучено фотографирање со тигрите. На локацијата може да се доплати за фотографирање со животните.
Сместување
Trang Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Trang Hotel се наоѓа во стариот дел на Бангкок во непосредна близина на прочуената улица Khaosan. Хотелот поседува и базен. Сите соби се климатизирани, поседуваат мини бар и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Rajapruek Samui Resortсе наоѓа на западната страна на островот Ко Самуи. Хотелот поседува два базени и се наоѓа на самата плажа. Сите соби се климатизирани, поседуваат мини бар и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA стандардот.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:
А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај:
Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување: 1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и 2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување.
Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште.
Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.
(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)