Тајланд Краби Акција

цена од
990
EUR ,00
сега од
890
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање


Краби (Krabi) е најпознатата и најбарана туристичка дестинација на Тајланд (Thailand). Се наоѓа на западниот брег на Тајланд (Thailand) во Андаманското море кое е дел од Индискиот океан. Ќе бидеме сместени на плажата Ао Нанг, една од најубавите плажи на Тајланд (Thailand). Од оваа преубава долга плажа се отвора поглед накај бројните острови (формации обраснати со бујна вегетација кои пловат по тиркизната површина на морето). 

Овие Тајландски острови припаѓаат баш на провинцијата Краби (Krabi), а ќе имаме прилика да посетиме некои од нив и уживаме во апсолутно нереалните глетки. 

Тајландската егзотична авантура нѐ чека!


Рута
Белград
Доха
Краби
Пукет
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации
Дестинации
Тајланд
Код на патување
TH5
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Состанување на групата на аеродромот “Никола Тесла” во Белград, два часа пред летот. Лет за Доха. Конекција на лет за Пукет.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Пукет, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Лет од Доха за Пукет. Пристигнување на аеродромот во Пукет. Трансфер до хотелот на плажата Ао Нанг. Ao Нанг е најпознатата плажа во провинцијата Краби. Капењето, масажите, преубавите плажи, белиот песок, тиркизното и топло море, феноменалните зајдисонца и излети до околните плажи и острови, ќе направат да се чуствувате како во рајот. Време резервирано исклучиво за уживање! Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од аеродромот на Пукет до сместувањето во Краби

Сместување

Ben's House или Bluesotel 1 ноќ

Место

  • Краби

Факултативен излет на островот Пи Пи (Koh Phi Phi), на кој е сниман филмот “The Beach''. Егзотични пејсажи кои потполно ќе ве оставаат без здив. Опкружени со синилото на заливот Маја (Maya bay), нуркаме во проѕирната вода со рипчиња со необични бои, ја впиваме убавината на природата околу нас... Враќање во Краби во доцните попладневни часови. Слободно време.  Ноќевање.

Сместување

Ben's House или Bluesotel 1 ноќ

Место

  • Краби

Храна

  • Континентален појадок (Jungle Поглавар) × 1

Факултативни излети

Слободен ден. Можност за целодневна факултативна екскурзија на 4 острови. На оваа екскурзија ги посетуваме: плажата Рајли (Railаy beach), Пилешкиот остров (Chicken Island), Островот Пода (Poda Island) и Островот Туб (Tub island). Во средиште сме на една од најегзотичните дестинации на Тајланд, која го носи тој епитет благодарејќи на локацијата на која се наоѓа, бујната вегетација, недопрените плажи и прекрасното тиркизно море кое ја опкружува. Уживаме во пикник кој ќе ни биде послужен на една од плажите. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Ben's House или Bluesotel 1 ноќ

Место

  • Краби

Храна

  • Континентален појадок (Jungle Поглавар) × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за факултативна екскурзија на која ги посетуваме Tiger Cave Temple (Wat Tham Suea), Hot springs и Emerald pool. Кај Tiger Cave Tample слушаме приказни за будизмот и културното наследство на Тајланд. Уживаме во најубавиот поглед на провинцијата Краби. Потоа застануваме да се освежиме и искапеме во некој од двата природни базени меѓу карпите. Враќање во хотел. Ноќевање.

Сместување

Ben's House или Bluesotel 1 ноќ

Место

  • Краби

Храна

  • Континентален појадок (Jungle Поглавар) × 1

Факултативни излети

Слободен ден или можност за заминување на факултативен излет каде ќе се дружиме со слонови. Индокинескиот слон е еден од трите видови на слонови кои постојат денес во светот. Многу е вообичаено да ги сретнеме на Тајланд, а за слоновите важи дека се едни од најинтелигентните видови на животни, кои имаат многу добра меморија и можат да покажат различни емоции. Ќе ги раниме со банани и шеќерна трска и ќе уживаме во краткиот спектакл на бебе слон. Постои можност и за јавање на слоновите. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Сместување

Ben's House или Bluesotel 1 ноќ

Место

  • Краби

Храна

  • Континентален појадок (Jungle Поглавар) × 1

Факултативни излети

Слободни денови кои може да ги поминеме на плажата Рајли (Railаy beach) или некоја друга која не сме имале прилика да ја посетиме. За оние кои преферираат дополнителни активности, постои можност за организирање на некоја од факултативните екскурзии. 2 ноќевања.

Сместување

Ben's House или Bluesotel 2 ноќи

Место

  • Краби

Храна

  • Континентален појадок (Jungle Поглавар) × 2

Напуштање на хотелот. Купуваме сувенири и се подготвуваме за заминување од земјата на насмевки. Трансфер до аеродромот Пукет и лет за Доха. Пристигнување во Доха и конекција на лет за Белград. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Авионски билет со сите такси на релација Пукет - Белград, во економска класа

Место

  • Краби
  • Пукет
  • Доха

Храна

  • Континентален појадок (Jungle Поглавар) × 1

Лет од Доха за Белград. Пристигнување во Белград.

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Ben's House Пример или Bluesotel Пример 7 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Пукет, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот на Пукет до сместувањето во Краби
  • Трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Авионски билет со сите такси на релација Пукет - Белград, во економска класа

Храна

7 × Континентален појадок (Jungle Поглавар)

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд со еден влез и услуга за визирање

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Островите Пи Пи (Koh Phi Phi)

Цена: 60,00 EUR

Поаѓање во утринските часови. Трасфер до пристаништето и качување на брод. Пристигнуваме на архипелагот на островот Пи Пи, на кој е сниман филмот “The Beach”. Го посетуваме заливот Маја (Maya bay), дијамант и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Пилеј лагуната (Pileh lagoon), т.е. местото од кое Леонардо Ди Каприо скокса во морето во самиот филм. Уживаме во капењето и тиркизното море. Поминуваме покрај Викингшката пештера (Viking cave) и слушаме приказни за древните пирати. Пристигнуваме на плажата на мајмуните (Monkey beach) каде постои можност да храниме мајмуни. Слободното време го користиме за нуркање во проѕирната вода и пливање со рипчињата со необични бои. Пауза за ручек на Пи Пи Дон (Phi Phi Don). За крај го оставаме островот Каи (Koh Khai), хипи оазата, каде ќе се опуштиме со освежителни коктели и звукови на реге музика. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • повратен трансфер до пристаништето
  • возење со брод
  • ручек без конзумација на пијалок
  • маска за нуркање
  • влезница за национален парк Maya bay

Четирите острови

Цена: 40,00 EUR

Островите се наоѓаат во непосредна близина на Краби и се омилени помеѓу посетителите на овој регион. Се наоѓаме во средиштето на една од најегзотичните дестинации на Тајланд, која го носи тој епитет благодарејќи на локацијата на која се наоѓа, бујната вегетација, недопрените плажи и прекрасното тиркизно море кое не опкружува. Поаѓање во утринските часови и пристигнување на Koh Gai, островот познат како Пилешки остров (Chicken island) поради интересниот облик. Уживаме во магичното преливање на зелената и сината боја на морето. Потоа поаѓаме кон островите Poda и Tub, каде ќе пливаме и ќе нуркаме. Островот Ko Poda е песочно повразно со островчето Ko Mor и таа патека на тајландски се нарекува “Thaleh waek“ односно “Одвоено море“. Пауза за пикник-ручек на еден од овие два острови. Скриена помеѓу високи карпи на крајот на плажата Railay, се наоѓа Принцезината пештера т.е. Фалусна пештера, во која уште одамна рибарите и се поклонувале на божицата Шива, додека денес тука доаѓаат девојки да посакаат среќа во љубовта. Враќање во сместувањето во попладневните часови.
 

*Редоследот на посетата на островите зависи од нивото на морето и природните услови на Тајланд.
 

Во цената на излетот е вклучено:

  • превоз до пристаништето и возење со long tail брод
  • пикник ручек без конзумација на пијалоци
  • маски за нуркање
  • влезница за националниот парк

Temple cave, Emerald pool и hot springs

Цена: 40,00 EUR

Одиме до Храмот во пештера (Temple cave), или локално познат како Wat Tham Suea, по што имаме авантуристичко качување по 1237 скали до врвот на планината Као Паном (Khao Phanom). Легендата вели дека тука некогаш живеел голем тигар, чии отисоци на шепи ги пронашол монахот Ajahn Jumnean, основач на овој храм и претставник на Випасана медитацијата. Ова мистично свето место е опкружено со густа вегетација, џунгла и многу мајмуни кои не’ пресретнуваат на патот, а од планината има поглед на цел Краби. На самиот врв се наоѓа 99 метри висока статуа на Буда и отисок од стапалото на Буда. По посетата и разгледувањето на Temple cave се упатуваме кон Смагардниот базен (Emerald pool). Природниот резерват Фра Банг (Khao Phra Bang) во својата длабока шума го крие најубавото слатководно езеро на цел Краби. Го одликуваат преубави варовни карпи, ретка флора и фауна, а ќе имаме можност и да се запознаеме со ,,Gurney’s Pitta’’, вид на птица чие природно живеалиште е токму Смарагдниот базен. Пауза за ручек во некој од локалните ресторани. За крај на активниот ден ги оставаме термалните извори - природно спа. Природата ги има извајано, како во бајка, каскадите со вулканска подлога од која постојано извира топла термална вода (35°-50°С) збогатена со соли и минерали. Враќање во хотелот во попладневните часови. 


Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • влезници за сите три локалитети
  • ручек без консумација на пијалок

*За овој излет е потребно да понесете: костим за капење, шешир/капа, вода, крема за сончање, патики за искачување и прикладна гардероба за влез и посета на будистичкиот храм.

Дружење со слонови

Цена: 20,00 EUR

Трансфер во утринските часови до местото во џунглата каде се наоѓаат слоновите. Денот го поминуваме играјќи се со слонови. Ги храниме со банани и шеќерна трска, ќе уживаме во краткиот спектакл на бебе слончиња. Постои факултативна можност за јавање на слоновите. Индокинескиот слон е еден од трите видови слонови кои денес постојат во светот. Често е вообичаено да ги сретнеме на Тајланд, а за слоновите важи дека се едни од најинтелегентните видови на животни, дека имаат многу добро паметење и можат да покажат различни емоции (среќа, тага, радост, игра...).

Во цената на излетот е вклучено:

  • ораганизиран превоз по предвидениот план и програма
  • јавање на слонови

Сместување

Ben's House

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Ben's House e guesthouse, сместување типично за Азија. Собите се во главно помалку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Bluesotel

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Bluesotel Krabi е хотел кој се наоѓа на 5 минути пеш од плажата Ao Nang. Хотелот располага со двокреветни и трикреветни соби. Секоја соба е климатизирана, поседува flat TV, мини бар, сеф, фен и тоалет. Бесплатно Wi FI е достапно за гостите на хотелот. Хотелот рапослага со отворен базен. Услугата е на база ноќевање со појадок (шведска маса).

Вебсајт https://www.bluesotelkrabi.com/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)