Тајланд Нова година 12 дена

цена од
1.550
EUR ,00
сега од
1.450
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање


Нова година со патување на Тајланд!

Дочекајте ја Новата година на патување кое може да ви понуди совршен спој на обиколка на храмови и луд ноќен живот во Бангкок, како и уживање и мир на преубавите плажи на островот Ко Панган.

Ова патување на Тајланд ќе остави печат на вас. Секогаш ќе се сеќавате на коктелите кои ќе ги пиете на високите згради и од кои се отвораат најубавите погледи на Бангкок, познатите roof-top барови на кои се снимани филмови како "Hangover". 

Најдобриот дочек на новата година ќе го доживеете на плажите на Ко Панган островот кој е познат по chill места, скриени заливи со beach барови од кои се слуша реге музика. Места на кои доаѓаат хипици и практикувачи на јога, каде го бараат својот внатрешен мир. Кога ќе падне ноќта, најдобрите журки ве очекуваат во срцето на островот, на водопадите или на плажите во ноќите со полна месечина.


Рута
Белград
Доха
Бангкок
Ко Панган (Ko Phangan)
Бангкок
Белград
Доха

Превоз
Авион, Автобус, Брод, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации, Нова година
Дестинации
Тајланд
Код на патување
TH10
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Состанок на аеродромот “Никола Тесла“ три часа пред лет. Лет QR232 во 11:40ч. од Белград за Доха. Пристигнување во Доха во 18:45ч. по локално време. Преседнување на лет за Бангкок. Лет QR830 од Доха за Бангкок во 20:10ч.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Бангкок, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Слетување во Бангкок во 06:55ч., трансфер до сместување. Патувањето започна. Се запознаваме со урбаната џунгла. Бангкок - градот на ангели - ви нуди потполно нова димензија на постоење, нешто сосема различно од се што до сега имате доживеено. Град сличен на Њујорк, спакуван во источна филозофија, папрени мириси и различна атмосфера. Ноќите ги поминуваме во некој од најпознатите облакодери со поглед на бескрајните светла на Бангкок. Забава и насмевки до раните утрински часови.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до хотел

Сместување

Trang Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Се будиме и започнуваме со факултативна екскурзија - Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, а која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда - врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во нирвана. Ноќно возење.

Превоз

  • Трансфер со автобус од Бангкок до пристаниште

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Пристигнуваме во утринските часови во пристаништето, кога се качуваме на брод со кој се возиме до островот Ко Панган. Пристигнуваме на островот во пристаништето Тонг Сала и трансфер до сместувањето. Капење, масажи, преубави плажи, бел песок, тиркизно, топло море, прекрасни зајдисонца и излети до блиските острови, ќе направат да се чувствувате како во рајот. Се спремаме за дочек на новата 2020. Ја пречекуваме на плажа или во некој од локалните ресторани. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!!

Превоз

  • Трансфер со брод до Ко Панган

Сместување

Haad Yao Bayview Resort and Spa 3* 1 ноќ

Место

  • Ко Панган (Ko Phangan)

Време за запознавање на овој необичен и посебен остров - ги посетуваме плажите, заливите и внатрешноста на островот. Необично плажи, лулашки над ситниот песок, водопади. Време резервирано за уживање.

Сместување

Haad Yao Bayview Resort and Spa 3* 1 ноќ

Место

  • Ко Панган (Ko Phangan)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет на Ко Тао, остров на желките и качување на познатата карпа над превлаката која ги поврзува двата острови. Зелената и сината боја доминираат пред вашите очи, а ние уживаме во погледот. Враќање на Панган.

Сместување

Haad Yao Bayview Resort and Spa 3* 1 ноќ

Место

  • Ко Панган (Ko Phangan)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет - јавање слонови (elephant treking). Ќе имаме прилика да ги јаваме слоновите опкружени со неверојатната вегетација на овој остров. За они похрабрите од Вас кој сакаат авантура - можност за возење и со "zip-line". Враќање во сместувањето.

Сместување

Haad Yao Bayview Resort and Spa 3* 1 ноќ

Место

  • Ко Панган (Ko Phangan)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање на Панган. Ја впиваме енергијата на овој остров, се возиме со мотори, јадеме кокоси, посетуваме локални пазари и пробуваме локални специјалитети. Можност за факултативен излет до Anghtong Marine националниот парк.

Сместување

Haad Yao Bayview Resort and Spa 3* 1 ноќ

Место

  • Ко Панган (Ko Phangan)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме сместувањето, трансфер до пристаниште. Заминува од островот околу пладне. Возење со брод, потоа автобус до Бангкок. Пристигнување во Бангкок во доцните вечерни часови (по полноќ).

Превоз

  • Трансфер до пристаништето на Ко Панган
  • Трансфер од Ко Панган до пристаништето во Бангкок
  • Трансфер од пристаништето до Бангкок

Сместување

Trang Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Ден за факултативен излет – Маеклонг пазарот на железничка пруга (Maeklong Train Market) и Пловечкиот пазар. Го посетуваме Маеклонг пазарот токму на време да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите брзо ги подигаат тендите и тргаат сè што спречува да помине возот. Потоа возот заминува, а ние разгледуваме и купуваме најразлични овошја, зеленчук, цвеќиња… Зад не толку познатото име Дамноен Садуак стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. Околу 100 километри југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место низ кое проаѓаат канали изградени уште во XVIII-ти век. Во духот на старите тајландски земјоделци,бродарите се движат низ зеленкастата вода и полека им се приближуваат на трговците со своите разнолики понуди. Старици со сламени шешири со широка насмевка нудат најразлични јадења, слатки и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотици години. Враќање во Бангкок. Ноќевање.

Сместување

Trang Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ги напуштаме собите во претпладневните часови. Последен ден во главниот град на Тајланд. Купуваме сувенири, пиеме уште некој Чанг или Сингху, јадеме лута "tom yum" супа, грицкаме пад таи на улица и се опростуваме од земјата на насмевки. Ноќен трансфер до аеродром.

Превоз

  • Трансфер од хотел до аеродром

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет QR837 од Бангкок за Доха во 01:20л. Пристигнување во Доха во 05:25ч. Конекција на лет за Белград. Лет QR231 од Доха за Белград во 06:50. Пристигнуваме во Белград во 10:40ч. 

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Бангкок - Белград, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. По формирање на групата, се уплаќа износ од 400€ во денарска противвредност. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Trang Hotel Пример 3 ноќи
Haad Yao Bayview Resort and Spa 3 Пример 5 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Бангкок, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до хотел
  • Трансфер со автобус од Бангкок до пристаниште
  • Трансфер со брод до Ко Панган
  • Трансфер до пристаништето на Ко Панган
  • Трансфер од Ко Панган до пристаништето во Бангкок
  • Трансфер од пристаништето до Бангкок
  • Трансфер од хотел до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Бангкок - Белград, во економска класа

Храна

8 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд и услуга за визирање

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Обиколка на Бангкок (Bangkok City tour)

Цена: од 55,00 EUR до 60,00 EUR

На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок, а ова е планираната програма: Поаѓање од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет - Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд. Трансфер до куќата на Џим Томпсон. Овој музејски комплекс се состои од 6 традиционални куќи од тиково дрво, чии делови се донесени од различни делови на Тајланд. Се во овој комплекс е автентично и е во духот и традицијата на Тајланд. Куќите се опкружени со градини и бујни необични растенија, па претставуваат вистинска оаза во центарот на Бангкок. Враќање во хотел во попладневните часови.

Во цената на излетот е вклучено:

  • Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
  • Влезница за Wat Pho
  • Влезница за Wat Arun
  • Влезница за куќата на Џим Томпсон
  • Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
  • Организиран превоз по предвидениот план и програма

*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.

Островот Tao и Nang Yuan

Островот Тао или Островот на желките припаѓа на архипелагот Chumphon и се наоѓа во тајландскиот залив. Познат е како дом на ретки видови желки и како подрачје кое е омилено помеѓу нуркачите поради богатиот подводен свет и прекрасните корали. Островите Nang Juan се уште еден скапоцен камен на тајландскиот залив. Трите мали острови се целосно споени со песочни плажи и прават триаголник кога се гледаат од видиковците. Се одликуваат со чисто бел песок и проѕирна вода на морето, позната по најдоброто нуркање во таа област. Поаѓање на излетот во утринските часови. Пристигнување на пристаништето, мал одмор за ужина, пијалок и кафе за добредојде и се качуваме е на speed boat. Застануваме во близина на островот Тао и имаме слободно време за нуркање. По нуркањето доаѓаме на островот Nang Yuan, имаме слободно време за ручек, капење и качување на видиковец над островот. Враќање на пристаништето, а потоа и во сместувањето во попладневните часови.

Во цената на излетот е вклучено:

  • превоз до пристаништето и возење со speed boat
  • ужина и пијалок за добредојде
  • ручек без конзумација за пијалок
  • маски за нуркање и life jacket-и
  • влезница за националниот парк

Authentic local adventure Ко Панган

Поаѓање во утринските часови и заминување до кампот каде ќе имаме можност да се дружиме со слонови. Денот го поминуваме играјќи се со нив. Ги храниме со банани и шеќерна трска.  Постои факултативна можност за јавање на слоновите. Често е вообичаено да ги сретнеме на Тајланд, а за слоновите важи дека тие се едни од најинтелегентните видови на животни, дека имаат добро паметење и дека можат да покажат различни емоции (среќа, тага, радост, игра...). Авантурата ја продолжуваме со zip line. Правиме пауза за ручек во некој од локалните ресторани. Потоа се искачуваме до водопадите и се напиме на слаповите, а за крај на активниот ден го оставаме уживањето на некои од најубавите плажи на островот Панган. На враќање застануваме да се фотографираме со наведнатата палма, познат симбол на западниот дел на островот. Во сместувањето пристигнуваме во доцните попладневни часови.

Цената на излетот вклучува:

  • орагнизиран превоз по предвидената агенда
  • лесна ужина и пијалок за добредојде
  • влезница за zip line
  • ручек

Пловечки пазар и Train Market

Цена: 35,00 EUR

Поаѓање во раните утрински часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Туристите и купувачите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, се враќаме на детално разгледување на пазарот и купуваме најразлично овошје, зеленчук, цвеќе, месо и риба. Оваа сообраќајна линија вози секојдневно по неколку пати на релација Meaklong – Banlaem, а самото возење трае околу 90 минути. Одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. На околу 100км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање во смесувањето во доцните попладневни часови.

Во цената на излетот е вклучено:

  • стручен лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз по предвидената агенда
  • возење со чамец
  • влезници за сите локалитети наведени во програмата

Сместување

Trang Hotel

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Trang Hotel се наоѓа во стариот дел на Бангкок во непосредна близина на прочуената улица Khaosan. Хотелот поседува и базен. Сите соби се климатизирани, поседуваат мини бар и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.tranghotelbangkok.com/en-us

Haad Yao Bayview Resort and Spa 3*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Haad Yao Bayview Resort and Spa 3* е хотел кој се наоѓа на една од најубавите плажи на островот Панган (Haad Yao). Хотелот поседува отворен базен и Спа центар. Сите соби се климатизирани, поседуваат мини бар и тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт http://www.haadyao-bayviewresort.com/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Автобус

Автобус е превозно средство наменето за превоз на група од 48-87 луѓе.

Брод

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Брод е превозно средство кое се користи по реки и мориња.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)