Виетнам во џеб - Нова година

цена од
1.590
EUR ,00
траење
14 дена
Пријави се Барање
Барање

,Ве водиме на патување во Виетнам. Поаѓаме од Ханои, главниот град на Виетнам кој се наоѓа на делтата на Црвената река. Низ долгата историја, Ханои секогаш бил културен центар на Виетнам. Во градот денес постојат повеќе од 600 пагоди и храмови. 

Халонг Беј е еден од најубавите заливи на светот, а тоа што е посебно специфично за овој залив се “пловечките“ карпи. Делуваат како одеднаш да никнуваат од водата, а пред 500 години, еден Виетнамски писател ги опишал како “чудесни камења во небо“. Додека пловите по овој залив, пред вас се појавуваат карпи и острови со различни големини, а во далечината, низ магла, се надзираат уште стотина. Насмеаното племе Ве носи на незаборавно патување во Виетнам.

Островот "Phu Quoc" - сместен во Тајландскиот залив, јужно од брегот на Камбоџа. Островот е познат по долгите песочни плажи, а повеќе од половина од островот е Национален парк, кој има планини, пешаки патеки и густа тропска шума. Тропски рај кој се наоѓа само 50 километри од брегот на копнениот дел на Виетнам, а е преполн со дружељубиви локалци кои својата индустрија ја базираат на риболов и трговија со морски краставици кои ги извезуваат во Кина уште од времето на древните кралеви. Деновите ги поминуваме на преубави плажи, во сенки од палма, со овошни коктели и авантури во внатрешноста на островот.

Патопт го завршуваме во Хо Ши Мин -  уживаме во традиционално "pho", ги посетуваме познатите "Cu Chi" тунели... Сајгон или Хо Ши Мин, стар преку 300 години, културен центар, образование и туризам, најголем град во Виетнам кој е комбинација од западната култура и ориентот, град познат како бисер на далечниот исток. Факултативен излет во "Cu Chi" тунелите, сместени под Хо Ши Мин, кои биле база за револуционерите меѓу двете војни. "Cu Chi" за време на војната биле подземно село со тунели кои заедно достигнуваат должина од 200км. Изградени од страна на комунистичката герила на Виетнам, денес овие тунели претставуваат главна туристичка атракција во Јужен Виетнам.


Рута
Белград
Доха
Ханои
Phu Quoc
Хо Ши Мин
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Виетнам
Видови патувања
Далечни дестинации, Нова година
Код на патување
VN6
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Состанок со групата на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, два часа пред летот. Лет од Белград за Доха. Конекција за лет за Хо Ши Мин.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - ханои, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Пристигнување во Ханои во 07:25ч по локално време. Трансфер до сместувањето. Ден за факултативен излет на кој ќе го запознаеме Ханои. Можеме да се движиме со традиционалните рикши и така одблиску да почувствуваме како живеат луѓето на овој крај од планетата, или да одиме со велосипеди и да уживаме во звуците и глетката на стариот кварт на Ханои. Во оваа обиколка ќе ги видиме Градините покрај езерото Хоан Кием, храмот на хероите Нгок Соен (Ngoc Soen), Бут Куле (ButKule) - каде ќе се фасцинирате од легендите кои датираат од 7-ми век. Ќе ја посетиме и палатата Чаитман (Chaitman), мавзолејот Хо Ши Мин, градскиот плоштад Ба Динх (Ba Dinh). Исто така ќе ја посетиме и пагодата Тран Квок (Tran Quoc) и храмот Куан Тан (Quan Than), Храм на литературата, Конфучијскиот храм, првиот универзитет итн. Вечерта факултативно одиме на „Water Puppet“ театарот - претстава каде куклите се наоѓаат во вода, додека уметниците кои управуваат со нив се наоѓаат на неколку метри позади и не ги гледате. Целиот спектакл се одвива со оркестарска придружба и автентична музика и така, на еден многу интересен начин, имате можност да ја запознаете виетнамската култура, историја, обичаи, уметност.

Превоз

  • Трансфер од аеродромот до хотел

Сместување

Hotel Medallion 1 ноќ

Место

  • Ханои

Факултативни излети

Факултативен излет до Халонг Беј (Halong Bay). Халонг Беј заливот се наоѓа источно од Ханој. Тоа е речиси скриен залив со околу 2000 мали островчиња. Повеќето од овие острови се всушност карпести формации кои се издигнуваат од жад зелената вода на површина над 1500 км2. Во 1994 година, овој залив беше вклучен во списокот за светско наследство на УНЕСКО. Овие 2000 зелени острови се како бариера за силните ветрови кои дуваат од океанот и ги спречуваат да ја нарушат мирната чистата зелена вода. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Hotel Medallion 1 ноќ

Место

  • Ханои

Факултативни излети

Слободно време за шопинг и уживање во локалната храна.

Сместување

Hotel Medallion 1 ноќ

Место

  • Ханои

Трансфер до аеродромот и лет до островот Фу Квок– сместен во Тајландскиот залив, јужно од брегот на Камбоџа. Островот е познат по долгите песочни плажи, а повеќе од половина остров е Национален Парк каде има планини, патеки за пешачење и густи тропски шуми. Слободно време.

Превоз

  • Трансфер од хотелот до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Ханои - Phu Quoc, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до хотел

Сместување

Ola Hotel 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Денот го поминуваме на прекрасни плажи, во палмина сенка, со овошни коктели и авантури во внатрешност на островот. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

Сместување

Ola Hotel 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Слободен ден.

Сместување

Ola Hotel 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Факултативен излет Разгледување на јужниот дел на островот - денот го посветуваме за разгледување на крајниот југ на островот Phu Quoc. Поминуваме покрај винаријата Сим Сон, една од многубројните локални винарии познати по локалните сорти на вино и специјалитети. Ја посетуваме фабриката за бисери и стариот затвор како и фабриката за произведување на рибно масло - Phu Quoc и самиот југ на Виетнам се познати по извозот на рибно масло на светскиот пазар. Имаме можност да ги истражуваме локалните маркети каде се продава свежа морска храна и да ја посетиме фабриката за бибер, една од најпознатите на островот каде ќе имаме можност одблиску да се запознаеме со оваа билка и зачин. Турата ја завршуваме капејќи се на плажата Сао, една од најпознатите плажи на островот.

Сместување

Ola Hotel 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Факултативни излети

Слободен ден за уживање на островот.

Сместување

Ola Hotel 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Трансфер до аеродромот и лет за Хо Ши Мин. Пристигнување во Хо Ши Мин или Сајгон, град стар повеќе од 300 години и центар на културата, образованието и туризамот. Ова е всушност најголемиот град во Виетнам кој ја комбинира западната култура со ориентот, град познат како скапоцениот камен на Далечниот исток. Во градот има многу остатоци од колонијалниот период, како што се Катедралата Нотр Дам, поштата  Сајгон, старата американска амбасада итн. Факултативен излет: Посета на Палатата на Обединувањето - симбол на поранешната влада на Сајгонпред 1975 година, за да дознаеме нешто повеќе од суровата историја на Виетнамската Војна која траела од 1954 до 1975 година. Враќање назад во хотел. Вечерта организираме факултативно ноќно крстарење по реката Сајгон и уживање во шаренилата и преубавата глетка. Трансфер до сместувањето и слободно време за одмор и слободни активности.

Превоз

  • Трансфер од хотелот до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Phu Quoc - Хо Ши Мин, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до хотел

Сместување

Prague Hotel 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Факултативна целодневна екскурзија до реката Меконг и пловење со традиционални брдочиња низ густата вегетација и околу островчињата кои ја прават делтата на реката.Делтата Меконг е многу плодна со ориз, аргуми и тропско овошје. Посетуваме интересни занаетчиски села каде можете да најдете сè за опремување на домот, но направено од кокосово дрво. Шетајќи низ тивките селски патишта, наидуваме на богати локални овоштарници, каде јадеме вкусно свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика. Враќање во градот Хо Ши Мин и време за масажи и уживање во магијата на ноќниот живот. Ноќевање.

Сместување

Prague Hotel 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Факултативни излети

Факултативна екскурзија во Ку Чи тунелите, кои се сместени под Хо Ши Мин и биле база на револуционерите помеѓу двете војни. Ку Чи за време на војната било „подземно село“ со тунели кои заедно достигнуваат должина од 200 км, а го изградиле комунистичките герилци на Виетнам. Денес Ку Чи претставува главна туристичка атракција во Јужен Виетнам. Слободно време за релакс масажи и магијата на ноќниот живот. Ноќевање.

Сместување

Prague Hotel 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Факултативни излети

Слободно време по напуштањето на собите и слободно време и трансфер до аеродром. Лет QR971 во 19:15ч за Белград со преседнување. Пристигнување во Доха во 23:55ч по локално време и преседнување на лет за Белград.

Превоз

  • Трансфер од хотелот до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Хо Ши Мин - Доха, во економска класа

Место

  • Хо Ши Мин
  • Доха

Лет QR231 во 06:50ч за Белград. Пристигнување во Белград во 11:40ч. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Medallion Пример 3 ноќи
Ola Hotel Пример 5 ноќи
Prague Hotel Пример 3 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - ханои, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до хотел
  • Трансфер од хотелот до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Ханои - Phu Quoc, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до хотел
  • Трансфер од хотелот до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Phu Quoc - Хо Ши Мин, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до хотел
  • Трансфер од хотелот до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Хо Ши Мин - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Виетнам

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Ханои City Tour

Цена: 25,00 USD

Ден посветен на откривање и запознавање на Ханои, каде одблиску ќе можеме да почуствуваме како живеат луѓето на овој дел од планетата и возејќи велосипед ќе уживаме во звуците и глетката на стариот дел на градот. Ханои е главен град на Виетнам и се наоѓа на делтата на Црвената река. Тој е еден од најстарите градови во Југоисточна Азија, основан во 1010 година под името Tang Long. Низ долгата историја, градот секогаш бил културен центар на Виетнам. Во градот сега има повеќе од 600 пагоди и храмови. Во оваа обиколка ќе ги видиме Градините покрај езерото Хоан Кием, храмот на хероите Нгок Соен, Бут Куле каде ќе се фасцинираме од легендите кои датираат од 7-миот век. Ги посетуваме палатите Чаитман, мавзолејот Хо Ши Мин, градскиот плоштад Ба Динх, пагодата Тран Квок, храмот Кван Тхан и храмот на литературата.

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • возење со велосипед/рикши во времетраење од 1 час
  • организиран превоз според планот и програмата

Во цената на излетот не е вклучено:

  • билети за локалитетите (индивидуален избор)

Halong Bay (Ханои)

Цена: 50,00 EUR

Халонг Заливот се наоѓа источно од Ханои и е речиси скриен залив со околу 2000 мали острови. Повеќето од овие острови се всушност карпести формации кои се издигаат од жад зелената вода на површина од над 1500 квадратни километри. Во 1994 година, овој залив е ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО. Неговите 2000 зелени острови се бариера за силните ветрови што дуваат од океанот и ги спречуваат да ја нарушат мирната чиста зелена вода. Тој е еден од најубавите заливи на светот и она што е посебно за овој залив се „лебдечките“ карпи кои изгледаат дека извираат од водата, а пред само 500 години еден виетнамски писател ги опишал како „прекрасна карпа на небото“.  Додека пловите низ овој залив, пред вас се појавуваат карпи и острови со различна големина, а стотици други може да се видат низ маглата. Се карактеризира со голема биолошка разновидност и самото значење на зборот Халонг претставува „змеј што се спуштил во морето“. Според една од легендите на островот, заливот го формирал големиот змеј Халонг. Околу 1600 луѓе живеат во џунџиите, т.е. лебдечки куќи во четирите рибарски села: Кијаван, Баханг, Контау и Вонгвенг. Неколку играни филмови се снимани токму во овој залив, од кои најпознати се Џејмс Бонд, Tomorrow Never Dies. Ручаме и уживаме во бесконечната глетка. Имаме можност да кајакариме. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • билети за наведените локалитети
  • ручек без пијалок
  • кајакарење

Посета на островот Фу Квок и капење на плажата Баи Сао

Цена: 25,00 USD

Денот го поминуваме на факултативен излет далеку на југот, на островот Фу Квок. Поминуваме покрај винаријата “Sim Son Winery”, една од многуте локални винарии познати по локални сорти на  вино и специјалитети. Ја посетуваме фабриката за бисери и стариот затвор, како и фабриката за рибино масло – Фу Квок. Југот на Виетнам е познат по извоз на рибино масло во светот. Имаме можност да ги истражиме локалните пазари каде се продава свежа морска храна и да се запознаеме со биберот, како билка и како зачин. Го завршуваме излетот со капење на плажата Баи Сао, една од најпознатите плажи на островот. 

Во цената на излетот е вклучено: професионален лиценциран водич на англиски јазик, билет за горенаведените локалитети и организиран превоз според планот и програмата.

Делтата на Меконг

Цена: 30,00 USD

Поаѓање во раните утрински часови. Трансфер до пристаништето и качување на брод. Меконг е најголемата река во Индокина која извира во Тибет, тече низ Бурма и Лаос, а се влева во Јужното кинеско море, во Виетнам. Реката, пред да се влее во морето, прави огромна делта со 9 утоки, наречени и „Куу Лонг“ или „Девет ламји“. Делтата Меконг, позната и како „биолошка златна јама“, е многу плодна со ориз, агруми и тропско овошје. Посетуваме интересни занаетчиски села каде можете да најдете секакви работи за дома изработени од кокосово дрво. Со трговијата воглавно се занимаваат жените кои носат традиционални капи од бамбус. Одејќи низ тивките селски патишта, наидуваме на богати локални овоштарници, каде јадеме вкусно свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика. Пауза за закуска. Почнуваме незаборавно возење низ самите утоки. Пред нас е сцена од која ви сопира здивот. Почнуваат мирот и тишината. Одиме во традиционално виетнамско село за ручек, а по ручекот имаме можност да се дружиме со змии, крокодили и мајмуни. Кој сака, може да пешачи или да изнајми велосипед за да се вози низ селото. Враќање во сместувањето попладне. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според планот и програмата
  • возење со брод и чамец
  • билет за влез на локалитетот
  • ручек без пијалоци

Во цената на излетот не е вклучено:

  • возење со велосипед низ виетнамското село (по желба)

Ку Чи тунелите (Хо Ши Мин)

Цена: 25,00 USD

Поаѓање за излетот во раните утрински часови. Тунелите Ку Чи се наоѓаат под градот Хо Ши Мин, а биле база за револуционерите помеѓу двете војни. Ку Чи за време на војната било „подземно село“ со тунели, во должина од 200км, изградено од комунистичките герилци на Виетнам, а денес претставуваат главна туристичка атракција на Јужен Виетнам. Герилците на Ку Чи, кои во своите редови имале жени и малолетни лица, со години живееле во тесните, темни и загушливи тунели низ кои можеле да се пробијат исклучиво со лазење на колена. Изградиле мрежа на подземни премини и простории кои содржеле спални соби, кујни, простории за состаноци и планирање, складишта за храна и муниција, па дури и краци што немале друга цел освен да го измамат непријателот, доколку тој успее да навлезе во тунелите. Од тунелите, претежно во текот на ноќта, тие правеле замки на непријателските трупи, задржувајќи десетици илјади американски и јужно виетнамски војници и многу опрема и оружје за нив. Тунелите во џунглата се конструирани во форма на лавиринт од тесни и разгранети ходници, така што, покрај овозможување  камуфлажа, тие исто така биле и отпорни на воздушно бомбардирање. Посетителите можат да видат дел од асортиманот на маскирни стапици, дизајнирани да убијат или сериозно да го осакатат непријателот. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено: професионален лиценциран водич на англиски јазик, организиран превоз според планот и програмата и билет за локалитетот.

Сместување

Hotel Medallion

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Medallion се наоѓа во самиот центар на стариот дел на Ханои. Сите соби поседуваат мини бар и тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Ola Hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Ola Hotel е хотел со 3*, лоциран на 400м од плкажа. Сите соби поседуваат мини бар и тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт http://olahotel.vn//en

Prague Hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Praque Hotel се наоѓа во срцето на Хо Ши Мин, на само 5 минути пеш од главните атракции на градот. Хотелот располага со двокреветни и трикреветни соби. Сите соби поседуваат мини бар и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)