Бали Хедонизам од Скопје

цена од
1.349
EUR ,00
сега од
1.099
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Оваа програма ја подготвивме за сите хедонисти и луѓе кои сакаат да уживаат во секој дел од денот, да се одморат, но во исто време и да се запознаат со една сосема поразлична култура и начин на живот.

Создаваме спомени за цел живот. Подгответе се за уживање на островот на насмевките!

Првите денови се сместуваме во Убуд - СРЦЕТО НА БАЛИ! Уметничката колонија на и неговите атракции. 

Џунгла, оризови полиња, вулкани, трекинг, природа, егзотична флора и фауна, мајмуни, љубезни и насмеани локалци... 

Ги посетуваме и бројните храмови на Бали како Elephant Cave, храмовите Бесаки, Танах Лот и останатите места за духовен мир на островот на насмевки! Ве чека возбудлива авантура на рафтинг, а потоа ќе се опуштите на лежалки и лулашки во бескрајно зеленило. 

Патувањето го продолжуваме на самиот брег на Индискиот Океан односно во едно од најпознатите туристички места и плажи на Бали. Динамичен живот и прекрасни барови на плажа каде уживаме во егзотични коктели, се сончаме, пливаме и учиме да сурфаме... Можеби тука можете да ги видите едни од најубавите зајдисонца на целиот свет! Познати и по одличната "food" сцена, локалните и интернационални ресторани и улична храна (street food), луксузни хотели, магични infinity pools, масажи и СПА центри, по достапни цени... 

Предноста на овие гратчиња е и нивната одлична локација, од која го истражуваме целиот остров!

Ве чека хедонизам, авантура, зеленило и магични плажи... Одиме?


Рута
Скопје
Истанбул
Денпасар
Убуд
Семињак
Денпасар
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Бали
Видови патувања
Далечни дестинации
Код на патување
ID9
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 20. 9. 20225. 11. 2022

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 20:20h (TK1006). Пристигнување во Истанбул во 22:55h по локално време. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Денпасар (Denpasar) во 02:10h (TK66). Пристигнување во 19:30h. Трансфер до сместувањето во Убуд (Ubud) и едно од најегзотичните места на светот! Бескрајни оризови полиња, палми, џунгла и неверојатна природа... Jungle авантурата може да започне!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Денпасар (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Денпасар
  • Убуд

Факултативен излет и вистинска авантура! Започнуваме со истражување на Убуд - епицентарот на уметност и култура во Бали! Уметничка колонија и прекрасно место кое е полно со уметнички дела кои ја рефлектираат Балинезиската култура. Убуд отсекогаш бил познат како сликарско село, но тој всушност е еден поголем регион - заедница од 14 села. Некогаш Убуд бил и медицински центар, за што сведочи неговото име, што на “старо-балинезиски” значи медицина. Сепак, Убуд е најпознат по уметничките работилници кои се распрскани по сите улици, како и по големиот пазар – Ubud Market. 

Недалеку од центарот на Убуд, се наоѓа голем природен резерват на макаки мајмуни! Неверојатна, огромна шума која во себе крие преку 600 мајмуни и околу 150 видови на дрва. Се дружиме со разиграните и весели мајмуни во нивното природно опкружување. Интересно за оваа шума е тоа што многу од дрвјата, според балискиот народ, имаат духовна вредност, односно се користат за различни духовни обичаи. Таму расте дрвото мaјгеган, кое го користат само за изградба на свети храмови, и дрвото беригин, кое го користат во ритуалите за кремирање. Меѓу најпознатите дрвја е и историското пуле бандак (Pule Bandak) кое го означува духот на шумата и од кое изработуваат маски што се користат само во храмовите. Шумата на мајмуните во Убуд, нуди едно фантастично и незаборавно доживување. Ќе ги наполниме белите дробови со кислород, ќе ги одмориме очите со зеленило и див животински свет!

Следна дестинација е Elephant Cave (Goa Gajah), храм на чиj влез се изрезбани глави со заканувачки изглед, а главната резба се смета дека е глава на слон – од каде и потекнува називот на местото. Почетоците датираат од 11-от век, а посветен е на божицата, заштитничка на децата, раѓањето и “исцелувачка на жените”. На овој излет ќе имаме прилика да го пробаме најнеобичното и најскапото кафе на светот, Kopi Luwak! Шетајќи низ градините со зачини, запознаваме бројни билки и зачини, но и животинчињата кои се заслужни за производство на гореспоменатото кафе. За крај, уживање во близина на најактивниот вулкан на островот - Batur и истоименото езеро (кое е најголемо на островот). Совршен ден на Бали!

Сместување

Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за факултативен излет – посета на храмот Бесаки и палатата Тиртиганга. Во источниот дел на Бали, на падините на планината Агунг, се наоѓа храмот Бесаки, комплекс кој се смета за најголема и најважна хиндуизградба на островот! Бесаки храмот е всушност голем комплекс на 22 Хинду храмови, кој се простира на 3 квадратни километри, каде по верувањата, почиваат претците на Балинезијците. Сите храмови се наоѓаат на една оска и смислено се градени на начин да го симболизираат патот на душата до врвот на светата планина. 

Потоа ја посетувамеТиртиганга палатата или во превод – “Света вода од Gang”, која претставува најдобар пример на вистинска кралска палата на вода. Комплексот се состои од свети извори, ладни базени и неколку мали езера. Центар на самата палата е фонтана од 11 спратови. Уживаме во вистинска Балинезиска култура и го чувствуваме духот на овој магичен остров. За крај на излетот, одиме на популарната плажа Virgin Beach каде уживаме во остатокот на денот.

Сместување

Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден резервиран за запознавање на Бали! Факултативен излет и посета на храмот Tanah Lot – симболот на Бали! Еден од најубавите и дефинитивно, најпрепознатливиот храм на Бали, сместен на остров - само 100 метри од копно. Како што и самото име кажува, храмот е сместен на место каде што се спојуваат земјата и морето – “tanah” во превод значи земја, а “lot” море. Слушаме интересни приказни и уживаме во прекрасната глетка. Авантурата ја продолжуваме до оризовите полиња, се опуштаме во зеленилото на терасите и неверојатните пејсажи. Го посетуваме и храмот Ulun Danu Bratan - храм во внатрешноста на островот, на висина од 1000 метри! Прекрасен храм кој своето место го нашол и на банкнотите од Бали. Храмот е сместен на езерски брег, за кое се верува дека има света вода. 

Сместување

Maxone Ubud Hotel 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до Семињак. Попатно одиме на факултативен излет и време е за вистинска авантура! Со полна опрема, денот го започнуваме со спуштање низ речиси 300 скали до реката и влегуваме во нашите чамци за рафтинг, а потоа се впуштаме во авантура низ брзаците и уживаме во прекрасната природа и зеленило! 

Забавата продолжува со лулање на едни од најголемите лулашки на светот, каде добивате впечаток дека летате над прашумите на Бали! Се фотографираме и се опуштаме на удобните лежалки... 

Го посетуваме и паркот на птиците каде што се наоѓаат голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет! Се дружиме со пердувестите жители на Бали и уживаме во нивните претстави! 

Превоз

  • Трансфер од Убуд до Семињак

Сместување

Sense Hotel Seminyak 1 ноќ

Место

  • Убуд
  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во убавините на овој прекрасен остров! Пиеме коктели, уживаме на плажа или во некои од многуте ресорти со таканаречени бесконечни базени (infinity pools) кои одаваат впечаток дека се едно со океанот! Бали има волшебни зајдисонца, така што со нетрпение ќе го дочекаме на плажа!

Сместување

Sense Hotel Seminyak 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Ден за уживање на едни од најубавите плажи на Бали! Факултативен излет и посета на Нуса Дуа (Nusa Dua) и Џимбаран (Jimbaran). Авантурата ја започнуваме со Нуса Дуа, предел познат по луксузните хотели, ресорти, плажи со бел песок и пескрајно сино море. Се сончаме, пливаме и пиеме коктели во некој од локалните beach барови. Потоа ја посетуваме плажата Џимбаран, позната по најубавите зајдисонца! Пловиме со традиционалните балинезиски бротчиња и уживаме во магичното зајдисонце..

Сместување

Sense Hotel Seminyak 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

На денешниот факултативен излет одиме на островот Нуса Пенида (Nusa Penida), кој се наоѓа југоисточно од Бали и едно од најфотографираните места од светот! Го посетуваме природниот базен Angel Billabong кој претставува вистинско чудо на природата и фасцинира со тиркизниот контраст на океанот и зелени пејсажи, односно ја посетуваме плажата Broken Beach за кој е карактеристичен уникатниот карпест мост кој го спојува брегот. Кулминација на овој факултативен излет е посета на песочната плажа Kelinking, една од најпознатите плажи на Бали и во светот! Сигурно сте ги виделе фотографиите од оваа плажа која долж целиот брег е опкружена со високи карпи.

Сместување

Sense Hotel Seminyak 1 ноќ

Место

  • Семињак

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Слободно време за купување сувенири или уште малку уживање на плажа до заминувањето за аеродром. Трансфер до аеродромот. Лет од Денпасар до Истанбул во 21:00ч (ТК67).

Превоз

  • Трансфер од хотел до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Денпасар – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Семињак
  • Денпасар

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул во 04:45h. по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 07:25 часот (TK1003). Пристигнување во Скопје во 07:50h. . Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€ (9.300,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Maxone Ubud Hotel Пример 4 ноќи
Sense Hotel Seminyak Пример 4 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Денпасар (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Убуд до Семињак
  • Трансфер од хотел до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Денпасар – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

8 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Бали
  • Задолжително Индонезиско Осигурување (33 ЕУР)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Убуд, Шума со мајмуни, Elephant Cave, Плантажа на зачини

Цена: 35,00 USD

Целодневен излет и ден посветен на природата! Мајмуни, уметност, вулкан, зачини и храмови... За почеток, предвидено е дружење со разгираните и весели мајмуни во нивното природно опкружување – голема шума со остатоци од стари храмови. Следна дестинација: Elephant Cave (Goa Gajah), храм на чиj влез се изрезбани глави со заканувачки изглед, а главната резба се смета дека е глава на слон – од каде и потекнува називот на местото. Почетоците датираат од 11-от век, а посветен е на божицата, заштитничка на децата, раѓањето и “исцелувачка на жените”. На овој излет имате и единствена прилика да го пробате најнеобичното и најскапото кафе на светот, Kopi Luwak! Шетајќи низ градините со зачини, запознаваме бројни билки и зачини, но и животинчињата кои се заслужни за производство на гореспоменатото кафе. За крај, после паузата и уживање во близина на најактивниот вулкан на Бали – Batur и истоименото езеро (кое е најголемо на островот), пристигнуваме во Убуд – град на уметноста и неверојатни галерии, пазари, луѓе и енергија. Совршен ден на Бали!

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезеници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach

Цена: 60,00 USD

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin Beach – Целодневен излет на кој се посетуваат храмови, но и се ужива на една од најубавите, прикриени и мирни плажи на Бали. Бесаки храмот се наоѓа подножјето на вулканот Agung кој последен пат еруптирал во Ноември 2017 година. Се вика и “храмот на сите храмови” или “мајката на храмовите”. Се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсветото место за целокупната хиндуистичка популација на Бали. Тиртаганга, или “водена палата” – воодушевува со своите градини и базен, низ кој има камена стаза, по која може да се шета. Во водата живеат портокалови шарани кои можете да ги храните. Оваа вода се смета за света, па кој сака, може и да се избања во неа. 

Во цената на излетот е вклучено: 

  • Организиран превоз по предвидениот план и програма
  • Сите влезници во наведените локалитети
  • Стручен локален водич на англиски јазик.

Храм Tanah Lot, Оризови полиња, Храм Ulun Danu Bratan

Цена: 60,00 USD

Целодневен излет. Посета на необични локалитети, уште понеобични храмови и опуштање во зеленилото на оризовите полиња. Tanah Lot –највпечатливата атракција на Бали, храм на вода кој датира од 16-тиот век. Поточно, храмот се наоѓа на карпа во сред море (100 метри од копно). Излетот продолжува со посета на типичните за Бали - оризови полиња. Опуштање на зелените тераси и неверојатните пејсажи. Се посетува и храмот Ulun Danu Bratan, лоциран во внатрешноста на островот, на висина од 1000 метри! Преубав храм кој своето место го наоѓа и на една од локалните банкноти. Храмот е сместен на брегот на езеро, за кое се верува дека има света вода.

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Рафтинг, Бали Swing и Паркот на Птиците

Цена: 45,00 USD

Целодневен излет и ден за авантура! Со целосна опрема, денот го започнуваме со спуштање низ скоро 300 скали до реката. Влегуваме во нашите чамци за рафтинг и се впуштаме во авантура, уживаме во прекрасната природа, зеленило и дивите брзаци. Забавата продолжува со лулање на една од најголемите лулашки на светот, каде добивате впечаток дека летате над прашумите на Бали. Се фотографираме и се опуштаме на лежалките, се до ручекот. Нашата последна станица за овој ден е паркот на птиците каде што се наоѓаат голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет! Се дружиме и уживаме со пердувестите жители на Бали! Цената на излетот вклучува: организиран превоз по предвидениот план и програма, сите влезници во наведените локалитети, рафтинг со целата неопходна опрема, ручек (без пијалок) и стручен локален водич на англиски јазик.

Нуса Дуа и Џимбаран

Цена: 45,00 USD

Ден за уживање на една од најубавите плажи на Бали. Факултативен излет Нуса Дуа и Џимбаран. Започнуваме со Нуса Дуа, регион познат по луксузните хотели, ресорти, плажи со бел песок и пескрајно сино море. Се сончаме, се капеме и пиеме коктели во некој од локалните beach барови. Потоа доаѓа на ред плажата Џимбаран, позната по најубавите зајдисонца. Се качуваме на традиционалните балинезиски бротчиња и се возиме накај зајдисонцето, a кога ќе се вратиме на плажата, ќе не чека свечена вечера со свежа риба и морски плодови.

Цената на излетот вклучува:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • свечена вечера на плажа без конзумација на пијалоци

Цената на излетот не вклучува:

  • пијалоци за време на вечерата
  • изнајмување лежалки на плажа

Нуса Пенида (Nusa Penida)

Цена: 60,00 USD

Одиме на факултативен излет и посета на драгоцениот бисер на Бали! Нашата авантура ја започнуваме од пристаништето во Санур, отприлика 20 км. од Нуса Дуа од каде ќе запловиме кон островот Нуса Пенида. Пловењето со брз брод трае околу 45 минути. Го посетуваме природниот базен Angel Billabong, формација од карпи на кој претставува вистинско чудо на природата и фасцинира со тиркизниот контраст на океанот и зелени пејсажи. 5 минути пешки е плажата Broken beach, уште една светски позната атракција која остава без здив! Ручаме во локален ресторан, а потоа продолжуваме до плажата Kelingking, чии карпи потсетуваат на диносаурус кој пие морска вода :). Оттука го посетуваме Crystal Bay, 200 метри долга песочна плажа со кристално чиста тиркизна вода и уживаме во остатокот на денот.

Сместување

Maxone Ubud Hotel

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Maxone Ubud Hotel 3* е сместувачки објект кој располага со 1/2 соби и поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Се наоѓа на 5 минути од Убуд Маркет, сите соби поседуваат телефон, wifi, ресторан, спа центар и лифт.

Вебсајт http://maxonehotels.com/index.php/hotel/bali/location/20/city/2

Sense Hotel Seminyak

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Sense Hotel Seminyak **** e сместувачки објект кој располага со 1/2 соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сите соби поседуваат телефон, мини бар, wifi. Патниците имаат на располагање базен како и бар.

Вебсајт https://www.sensehotelbali.com/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.