Исланд

цена од
1.090
EUR ,00
траење
9 дена
Пријави се Барање
Барање


Од Жил Верн па до светски познатата "Игра на тронови", Исланд со својата фасцинантна и остра природа успеал да инспирира бројни книжевни и научни потфати. Земјата на Викинзите е последната држава во Европа која ја населиле емигранти од Скандинавија и Велика Британија. Сеуште е една од најретко населените држави на светот, со просек од тројца жители на квадратен километар. Активните вулкани, зелените долини, глечерите и фјордовите, црните песочни плажи и бучните реки го прават Исланд единствен, карактерен и авантурстички. Исткаен со нитките на непредвидливоста на природата, сударот на мраз, оган, вода и воздух, овој вулкански остров претставува и "најзелената" земја на светот со недопрена природа и тенденција на намалување на употребата на фосилни горива со внатрешно согорување.


Рута
Белград
Будимпешта
Рејкјавик
Будимпешта
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хостел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Авантури и експедиции, Акции - последни места, Далечни дестинации
Дестинации
Исланд
Код на патување
IS1
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Вечерно поаѓање од Белград и трансфер до аеродромот во Будимпешта.

Превоз

  • Трансфер од Белград до аеродром во Будимпешта

Место

  • Белград
  • Будимпешта

Чекирање на лет за Рејкјавик. Лет W6 2427 во 06:40ч. Пристигнување во Рејкјавик во 09:15ч, градот на полноќното сонце каде ќе имаме прилика да уживаме во повеќе од 20 часа дневна светлост. Факултативен излет - обиколка на Рејкјавик, куќата Höfði, Tjörnin pond, црквата Hallgrimskirkja, Solfar Sun Voyager, Харпа концертната сала и конференцискиот центар, Фалолошкиот музеј. Ја впиваме културата и разнобојноста на цивилизацијата на далечниот север, потомците на Викинзите но присуствуваме и на создавањето на историјата на местото каде што завршила Студената војна. Се адаптираме на температурата, го пиеме познатото домашно исландско пиво и пробуваме локални специјалитети. За најхрабрите тука има маринирано месо од ајкула, закиселени "бели бубрези" од овен и месо од кит. 

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Будимпешта - Рејкјавик, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хостел 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Факултативен излет во таканаречениот Golden circle кој е дел од Thingvellir националниот парк - геолошка подлога на која се одвојуваат масивните тектонски плочи на Европа и Америка и гејзерот, кои се наоѓаат на листата на УНЕСКО како заштитени природни добра. Гејзерот се наоѓа во долината, заедно со уште педесеттина врели извори чие клокотење може да чуе под земјата. На секои осум минути ќе имаме прилика да се воодушевуваме на ерупцијата, чиј млаз оди цели 30 метри во височина! Исланд заради тектонските пореметувања и вулканските активности има уште 3000 врели извори, места каде избива земен гас, бањи со лековита кал и гејзери. Вистински мал рај за вулканолозите и геолозите! Исто така го посетуваме и величенствениот "Златен водопад" Gullfoss, сместен на глечерската река Hvitá. Се запознаваме со природата на оваа фасцинантна земја обилкувана од вулкански ерупции. Враќање во сместувањето. Слободно време. 

Сместување

Хостел 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Факултативни излети

Факултативен излер на самиот југ на Исланд. Ги посетуваме Seljandsfoss и Skógafoss водопадите, формацијата на некогашните морски карпи одзема здив додека во далечина ги гледаме Eyjafjallajokul и Hekla активните вулкани, но и Sólheimajökull глечерот. Ја посетуваме базалтната плажа Reynisfjara, за која легендата вели дека настанала со скаменување на нескротливите тролови. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хостел 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Факултативни излети

Слободен ден во Рејкјавик. Ќе го пробаме прочуениот хот дог од јагнешко, ферментирано месо од јакула, димено место од кит и секако пивото ,,Viking’’. Можност за организација на факултативно набљудување на китови или планинарење на планината Есја. 

Сместување

Хостел 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Факултативен излет во Snaefellsnes националниот парк. Место кое го инспирирало Жил Верн да го напише своето дело "Пат до центарот на земјата". Уживаме во природата која ја опкружува Kirkjufell планината и Snaefellsjokull  глечерот, поминуваме низ типичните рибарски села Hellnar и Arnastapi, се дружиме со локално население, јадеме локална храна и го набљудуваме моќниот Snaefellsjokul вулкан. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хостел 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Факултативни излети

Факултативен излет на Jokullsarlon глечерската лагуна, обиколка на популарните дијамантски плажи познати по грамадните ледени карпи по кои го добила и името, се воодушевуваме на синилото на водата и глечерите и одиме на тура на животот. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хостел 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Факултативни излети

Факултативен излет на полуостровот Rejkjanes  и сината лагуна. По високите планини и пешачење го посетуваме фигуративниот мост помеѓу Европа и Америка но и Gunnuhver топлите извори. На крајот ни останува да и им се посветиме на душата и телото во оаза каде температурата на водата оди од 36-39 целзиусови степени и велат дека има магични и подмладувачки својства. Уживаме во пејсажот одмарајќи се во топлите извори. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хостел 1 ноќ

Факултативни излети

Трансфер до аеродром и чекирање на лет W6 2428 во 10:00ч. за Будимпешта. Пристигнување во Будимпешта во  16:25ч. Трансфер од Будимпешта до Белград. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Рејкјавик - Будимпешта, во економска класа
  • Трансфер од Будимпешта до Белград

Место

  • Рејкјавик
  • Будимпешта
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хостел Пример 7 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Белград до аеродром во Будимпешта
  • Авиобилет со сите такси на релација Будимпешта - Рејкјавик, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Рејкјавик - Будимпешта, во економска класа
  • Трансфер од Будимпешта до Белград

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Доплата за дополнителен багаж до 20кг - 110 ЕУР за сите летови (задолжителна уплата при пријавување на аранжманот)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Golden Circle tour

Цена: 120,00 EUR

Golden Circle tour: Националниот Парк Thingvellir, гејзерот и водопадот Gulfos – геолошка подлога на која се одвојуваат масивните тектонски плочи на Америка и Европа и гејзeр, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО на заштитени природни богатства. Ќе имаме прилика да сведочиме на ерупцијата на врел млаз вода на еден од најпознатите и најимпозантните гејзери на Исланд, но и во светот. Го посетуваме и Златниот водопад Гулфос, сместен на глацијалната река Хвита (времетраењето на излетот од поаѓањето до враќањето е 8 часа. Поаѓањето е околу 8 часот наутро).

Јужен Исланд

Цена: 180,00 EUR

Јужен Исланд: Водопадот Seljalandsfoss, Skogafoss, Reynisfjara црната базалтна плажа и Вик. Го посетуваме водопадот Seljalandsfoss и Skogafoss - формација на некогашен морски гребен кој го одзема здивот, додека во далечината ги гледаме Eyjafjallajokul и Hekla - активни вулкани кои сеуште повремено исфрлаат дим, но и глечерот Solheimajokull. Ја посетуваме базалтната плажа Reynisfjara чија легенда вели дека настанала со скаменување на злобни тролови. Излетот трае околу 11 часа, а се поаѓа околу 8-9 часот наутро.

Полуостровот Snaefellsnes

Цена: 195,00 EUR

Полуостровот Snaefellsnes: Gerduberg карпите – Hellnar Djupalonssndur Hellissandur – Место кое го инсприрало Жил Верн да го напише своето дело "Пат до центарот на земјата". Уживаме во природата која ја опкружува Kirkjufell планината и Snaefellsjokull глечерот, поминуваме низ типичните рибарски села Hellnar и Arnastapi, му се восхитуваме на моќниот Snaefellsjokul вулкан. Ја посетуваме и Djupalonssndur плажата и Hellissandur, едно од главните рибарски места во западен Исланд. (времетраење на излетот од поаѓање до враќање во сместувањето - 13 часа. Поаѓање околу 7-8 часот наутро)

Глечерска лагуна Jokullsarlon

Цена: 270,00 EUR

Jokullsarlon глечерска лагуна: Целодневен излет на југот на островот каде ќе имаме прилика да ја посетиме лагуната и да држиме парчиња мраз на дијамантската плажа. Излетот е со времетраење од 14 часа, а се поаѓа околу 8 часот наутро.

Сината лагуна

Цена: 190,00 EUR

Сината лагуна: По високите планини, пешачење и планинарење овој ден го посветуваме на душата и телото во оаза каде температурата на водата се движи од 36-39 целзиусови степени и велат дека има магични, подмладувачки својства. Уживаме во пејсажот одмарајќи се во изворите на топла вода. (Во цената е вклучена влезница во Сината лагуна и разгледување на полуостровот Reykjanes).

Сместување

Хостел

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хостел е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација но и за оние на кои комфорот не им е на прво место. Гостите имаат на располагање локер, рецепција, кујна и тоалети на секој кат. Сместувањето е во повеќекреветни соби,1/4, 1/6, 1/10, 1/12, 1/14.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)