Романија

Романија

Најголема држава во југоисточна Европа е Романија, земја на непрегледни шуми, мистични приказни за вампири, влашки магии, шармантни градови и кривулести планински патишта. Понудата за Романија ги вклучува веќе традиционалните патувања: Трансилванија за Ноќта на вештерките, Букурешт за Нова Година и Трансфагарашан - патот на Чаушеску. Секоја година за Halloween илјадници луѓе доаѓаат во Брашов на маскенбал.                        

Главен град на Романија е Букурешт, а освен него треба да се посетат: Брашов, Темишвар, Клуж, Сибињ, Сегешвар и Јаш, како и замокот на Дракула Бран, раскошниот кралски дворец Пелеш и Корвинскиот замок - замокот Сибињанин Јанка. Официјална валута на Романија е леј. Цените во Романија се меѓу најниските во Европа, особено за храна, пиење, излегување, такси.

Познати личности: Влад Цепеш - влашки војвода кој му била инспирација на Брам Стокер за романот Дракула, Николај Чаушеску - контроверзниот претседател кој е стрелан во Тaрговиштe, Симона Халеп - една од најдобрите тенисерки на светот, Наџа Команечи - прва гимнастичарка во историјата која добила „златна десетка“.

Интерени факти кои ќе ги дознаете низ патувањето во Романија: 

Најголемата зграда на светот, после Пентагон, се наоѓа во Букурешт и тоа е Палатата на Парламентот 

Највисоката дрвена црква на светот се наоѓа во местото Сапанта Пери 

Најубавиот пат на светот - Трансфагарашан које изграден по наредба на претседателот Чаушеску и со своите кривини до езерото Баља претставува вистинска туристичка атракција за посетителите од целиот свет 

Најголемото знаме на светот направено е во 2013. година, тешко е 5 тони и неговите димензии се 349x227 метри

Најдолгиот колбас на светот (53km) е исто така направен во Романија и е запишан во Гинисовата книга на рекорди   

Романија е вистинската дестинација за сите оние кои не сакаат да патуваат долго, а сакаат да видат спектакуларни работи. Патувањето во Романија ќе Ви ги разбие сите предрасуди. 

Видео