Транссибирска железница

цена од
1.850
EUR ,00
траење
17 дена
Пријави се Барање
Барање

Само со Насмеаното Племе, Jungle патување на големата Транссибирска рута. 

Поаѓаме од Санкт Петербург, го посетуваме и Царското село, преубавата палата Катерина Велика (ќерката на Петар Велики) - некогашната летна резиденција на руските цареви, како и музејот Ермитаж. Ермитаж е една од најголемите, најубави и најстари уметнички галерии во човековата историја. Внатрешноста е исполнета со бел мермер, раскошни простории со столбови, кристални лустери и мозаици. Во овој музеј можете да уживате во делата на Леонардо да Винчи, Микеланџело, Рафаело, Тицијани, Рембранд, Рубенс, Реноар, Ван Гог, Гоген... 

Потоа не чека Москва - престолнината на Руската федерација, "градот на пет мориња“ и најголемиот град на Русија. Го посетуваме Црвениот плоштад, Кремљ, театарот Болшој, црквата Св. Василиј, црквата на Исус Спасителот, споменикот на Петар Велики и една од најстарите улици на Москва - Арбат. 

Одиме понатаму на Исток, каде културата на Русија се меша со културата на Татарите кои со векови ги населувале овие простори. Казањ лежи не вливот на Казанка во Волга - одлична географска положба. Главниот град е Татарстан кој има околу милион жители а отсекогаш бил центар на Исламот во Русија - еден од најубавите градови на транссибирската рута. Од Казањ се движиме накај Екатеринбург, голем индустриски центар сместен на планината Урал на самата граница меѓу Азија и Европа, градот кој бил последна дестинација за руската фамилија Романов. Денес е четврт најголем град во Русија и место со прилично богата културна сцена. Ќе имаме прилика да ја видиме градската куќа, драмскиот театар, центарот Борис Елцин итн... 

Одиме на тридневно возење низ Сибир до Бајкалското езеро, каде за време на патот ќе се восхитуваме на преубавите природни убавини и уживаме во возењето, додека се дружиме со луѓе од сите краишта на светот. Пристигаме во Иркутск, Париз на Сибир и де факто главниот град на Сибир. Одалечен е 70км. од најважните градови во Сибир, а во самиот град живеат околу 500.000 жители. Сместен е на десниот брег на реката Ангара, а формиран е како козачко утврдување. Денес претставува најважен туристички центар на Сибир. 

Авантурата ја продолжуваме на другата страна на Бајкалското езеро. Се сместуваме во Улан Уде - каде имаме прилика да посетиме традиционална руска фамилија каде ќе пробаме традиционална руска храна, ќе уживаме во танцот и старите руски песни. Од Бајкал се упатуваме на крајната граница на транссибирската рута, Владивосток! Последната станица на Транссибирската железница и најголемото пристаниште на Русија на Пацификот. Центар на приморската покраина и град кој се наоѓа на крајниот исток на Русија, блиску до границата со Кина и Северна Кореа. Правиме нови слики, се запознаваме со крајниот исток на Русија и се возиме на најдолгата железница на светот! Авантура која не смеете да ја пропуштите.


Рута
Белград
Иркутск
Екатеринбург
Казањ
Москва
Санкт Петербург
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер, Воз
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Авантури и експедиции, Далечни дестинации
Дестинации
Русија
Код на патување
RU3
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла“ во Белград, два часа пред летот. Лет до Иркутск со преседнување. Пристигнуваме во Иркутск, кој го нарекуваат “Париз на Сибир“. Градот претставува главен град на Источен Сибир и е најпопуларен град на транссибирската рута. Сместување во хотел.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Иркутск, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Белград
  • Иркутск

Факултативна обиколка на градот (улицата Уритского, манастирот на Принц Владимир, Московска капија, Казанска црква, Катедрала, дрвени куќи кои се заштитени и во кои живееле разни историски личности, историски музеј...) Слободно време.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Иркутск

Факултативен излет во Листвјанк, шармантно гратче на брегот на Бајкалско езеро, најстарото и најдлабоко езеро на светот кое ја краси богата разноликост. Бајкалското езеро се наоѓа во Југоисточен Сибир и Русите го сметаат за највисоко природно чудо и симбол на земјата. Враќање во сместувањето.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Иркутск

Факултативни излети

Слободен ден во Иркутск.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Иркутск

Слободно време до попладневното поаѓање кон железничка станица. Дневно - ноќно возење со воз.

Превоз

  • Трансфер од Иркутск до Екатериниенбург

Место

  • Иркутск

Дневно - ноќно возење со воз низ Сибир.

Превоз

  • Трансфер од Иркутск до Екатериниенбург

Пристигнување во Екатериниенбург. Тргнуваме на факултативен излет - обиколка на овој голем индустриски центар сместен на планината Урал на самата граница на Азија и Европа,  градот кој бил последното место за руското царско семејство, т.е. местото каде што биле убиени. Денес е четврти по големина град во Русија, место со многу богата културна сцена, со многу театри, кафулиња, ресторани... Ќе имаме можност да ја видиме градската куќа, Црква на крв, Драмски театар, Центар Борис Елцин. Слободно време.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Екатеринбург

Факултативни излети

Се одјавуваме од хотелот и одиме на станицата каде се качуваме на воз кон Казан. Целодневно возење. Пристигнување во Казан во вечерните часови. Трансфер до сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од Екатериниенбург до Казан

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Казањ

Градот каде културата на Русија се помешала со културата на татарите кои со векови ги населувале овие простори. Казан лежи на устието на реката Казанка во Волга и има многу добра географска положба како и доста знаменитости како Кремљ, кулата Сајумбика, џамијата Кул Шариф, катедралата, улицата Бауман... Слободно време.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Казањ

Напуштање на сместувањето и слободно време до трансферот до железничката станица каде се качуваме на нашиот воз за Москва. Ноќно возење со воз.

Превоз

  • Трансфер од Казан до Москва

Место

  • Казањ

Пристигнуваме во престолнината на Руска Федерација. По краткиот одмор, ги напуштаме собите и тргнуваме на факултативен излет - обиколка на “градот на 5 мориња“: Црвен плоштад, Кремљ, Бољшој театар, обиколка на една од најстарите улици на Москва - Арбат, Пушкинов музеј на ликовна уметност, катедралата Христос Спасителот на брегот на реката Москва. Слободно време.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Москва

Факултативни излети

Слободен ден во престолнината на Русија.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Москва

Напуштање на сместувањето и трансфер до железничка станица. Дневно возење со воз до Санкт Петербург. Се запознаваме со престолнината на Царска Русија. Слободно време. Доцна вечерна обиколка на брегот на Нева за уживање во прекрасниот призор на впловување на бродовите во кревање на мостови.

Превоз

  • Трансфер од Москва до Санкт Петербург

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Санкт Петербург

Факултативен излет - разгледување на градот: Невски проспект, Казанска црква, Дворски плоштад со Зимски замок, Исакиска црква и градската куќа, споменикот на Петар Велики... Патот го продолжуваме кон Ермитраж - еден од најголемите музеи на светот. Шест згради на брегот на Нева го прават овој комплекс, а главната зграда е Зимскиот замок, некогашната резиденција на руските цареви. Околу 60.000 експонати се изложени во повеќе од 350 простории. Околу 4 милиони турист годишно го посетуваат овој музеј во кој се наоѓаат и некои од најзначајните дела на Микеланџело, Да Винчи, Рембрандт, Ван Гог, Пикасо... Слободно време.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Санкт Петербург

Факултативни излети

Факултативен излет во Царско село. Посета на прекрасната палата на Екатерина Велика која во текот на два века претставувала летна резиденција на руските цареви. По октомвриската револуција, комплексот на замоци и паркови е претворен во музеј. Враќање во сместувањето. Слободно време. Факултативно крстарење по Нева.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Санкт Петербург

Факултативни излети

Можност за факултативен излет до Петерхоф, дворец на брегот на Финскиот залив.

Сместување

Hotel 2/3* 1 ноќ

Место

  • Санкт Петербург

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет за Белград со преседнување.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Санкт Петербург - Белград, во економска класа

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel 2/3 Пример 13 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Иркутск, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Иркутск до Екатериниенбург
  • Трансфер од Иркутск до Екатериниенбург
  • Трансфер од Екатериниенбург до Казан
  • Трансфер од Казан до Москва
  • Трансфер од Москва до Санкт Петербург
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Санкт Петербург - Белград, во економска класа

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Листвјанк

Цена: 90,00 EUR

Листвјанк - Шармантен мал град на брегот на Бајкалско езеро, најстарото и најдлабокото езеро во светот, кое е дом на уникатна биоразновидност. Бајкалското езеро се наоѓа во Југоисточен Сибир и Русите го сметаат за најголемото природно чудо и симбол на земјата. Денот го поминуваме на периферијата на Бајкалското Езеро впивајќи ја културата што нè опкружува и талкање низ локалните пазари. Во цената на излетот е вклучено: трансфер по предвидениот план и програма, билети за наведените локалитети, стручен локален водич на англиски јазик.

Екатеринбург City Tour

Цена: 70,00 EUR

Тргнуваме на факултативна посета на овој голем индустриски центар лоциран на планините Урал на самата граница на Азија и Европа, градот кој бил последното место на руското царско семејство, односно местото каде што биле убиени. Денес е четврти по големина град во Русија, место со многу богата културна сцена, со многу театри, кафулиња, ресторани... Факултативен излет каде ќе имаме можност да ја видиме градската куќа, Црква на крв, Драмскиот театар, Центарот Борис Елцин. Во цената на излетот е вклучено: трансфер по предвидениот план и програма, билети за наведените локалитети, стручен локален водич на англиски јазик.

Москва - city tour

Цена: од 70,00 EUR до 80,00 EUR

Ја разгледуваме престолнината на Русија и нејзините најзначајни споменици, улици и локалитети - Кремљ, Црвениот плоштад (Катедралата Св. Василиј Благословениот, Лениновиот мавзолеј, Театарот Болшој, Историскиот музеј), универзитетот, Врапчевите брда, Поклонаја брдата, Катедралата на Исус Спасителот, улиците Тверскаја и Арбат. Во цената на излетот е вклучено: превоз по превидениот план и програма, влезници за Кремлин, стручен водич на српски јазик.

Санкт Петербург и Ермитаж

Цена: 110,00 EUR

Разгледување на Санкт Петербург и Ермитаж - Невски проспект или Невска авенија - најдолгата и најважната улица во градот, на брегот на реката Нева со бројните палати и продавници, Казанјската црква од 19-ти век изградена по примерот на базиликата Св. Петар во Рим која претставува монументален споменик на руската победа над Наполеон, Дворскиот плоштад со столбот на рускиот цар Александар и Зимскиот замок кој бил официјална резиденција на руските цареви цели два века и кој во 1922 година е припоен со музејот Ермитаж и еден од најзначајните музеи на светот чија основна поставка ја сочинува збирката на руската царица Катарина Велика, Исакијевската соборна црква и градската палата, Споменикот на Петар Велики - бронзен коњаник на Сенатскиот плоштад и првиот споменик поставен во Русија на барање на Катарина II.

Музејот Ермитаж е сместен во 6 згради. Главната зграда е Зимскиот замок кој некогаш бил официјалната резиденција на руските цареви, а го проектирал италијанскиот архитект Бартоломеј Растрели, сместувајќи го на брегот на реката Нева, точно спроти златните кули на црквата Св. Петар и Павле. Ермитаж е еден од најголемите, најубавите и најстарите уметнички галерии во човековата историја. Внатрешноста е исполнета со бел мермер, раскошни простории со столбови, кристални лустери и шарени мозаици. Во овој музеј можете да уживате во делата на Леонардо да Винчи, Микеланџело, Рафаело, Тицијани, Рембранд, Рубенс, Реноар, Ван Гог, Гоген... По пресметка на статистичарите, за да го видите целиот музеј, а притоа на секое дело се посветите само 1 минута, ќе ви бидат потребни цели 10 години.

Во цената на излетот е вклучено: превоз по планираниот план и програма, билет за музејот, слушалки и стручен водич на српски јазик.

Царското село Пушкин

Цена: 80,00 EUR

Царското село - првично сопственост на шведското благородништво, кое потоа рускиот цар Петар Велики и го подарил на својата сопруга Катерина Прва во 1708 година. Раскошниот комплекс е резиденција на руското царско семејство од 18 век и е познат по својата импресивна барокна палата, летната резиденција на царицата Катерина Велика каде што честопати престојувала, како и фасцинантните градини и уредени паркови. Раскошната палата е изградена во 1717 година по нацртот на познатиот италијански архитект Вартоломеј Растрели, кој подоцна ја проектирал и Зимската палата во Санкт Петербург.

Во цената на излетот е вклучено: превоз по предвидениот план и програма, влезници за палатата, слушалки и стручен водич на српски јазик.

Сместување

Hotel 2/3* /

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел 2/3** е сместувачки објект наменет пред се за патниците на кои комфорот не им е на прво место. Собите се базични, секоја соба има сопствен тоалет. Гостите имаат на располагање рецепција и интернет. Конечните имиња на сместувањата ќе бидат познати по формирање на групата, најдоцна еден месец пред поаѓање.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Воз

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички воз е тип на железнички сообраќај кој веќе неколку векови се користи за патување.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Русија (Руска Федерација) се простира во делот на источна Европа и северна Азија и е со површина од преку 17 000 000 квадратни километри. Русија е најголемата држава на светот и покрива два пати поголема територија од Канада, Кина или САД, гледани поединечно. Се граничи со 18 држави и по број на жители е на деветто место во светот. Официјалниот јазик е руски, а главен и најголем град е Москва.

  • Визи: Потребна е виза за престој.
  • Здравствена ситуација: За влез во земјата не е потребна вакцина. Се препорачува конзумирање на флаширана вода.
  • Временска зона: Санкт Петебург, Москва, Казањ се наоѓаат во UTC+03:00 временската зона, односно + 1h во однос на Македонија. Екатеринург се наоѓа во UTC +05:00 временската зона, односно +3h во однос на Македонија. Иркуцк и Улан Уде се наоѓаат во  UTC +08:00 временската зона, односно +6h во однос на Македонија. Владивосток се наоѓа во UTC +10:00h временската зона, односно +8h во однос на Македонија.
  • Клима: Поради влијанието на Атлантикот, повеќето региони кои припаѓаат на Европска Русија, во некои делови на Сибир и рускиот Далечен Исток, вклучувајќи ги и Москва и Санкт Петебург, поседуваат поблага контитнентална клима. Повеќето северни подрачја на на Европска Русија и Сибир, помеѓу Скандинавија и Пацификот имаат субарктичка клима која се карактеризира со остра зима.
  • Храна и пиењe: Кујната е тесно поврзана со општествените промени кои се случуваат ноз нејзината историја и денес таа претставува спој на сите народи кои ја опкружуваат. Житариците и зеленчукот претставувале основа на исхраната на поголемиот дел од населението, како и на насолените јадења, каши, супи, леб и пецива. Лебот се правел исклучиво од 'ржано брашно, чисто, или со додаден јачмен. Некои од најпознатите јадења се секако боршч, пирошки кисел, блини, гогол могул, пашка и шарлотка.
  • Сигурност: Безбедносната ситуација е стабилна, со забележително зголемен степен на безбедносна конртола и засилени мерки и активности на руските безбедносни органи. Зголемено е присуството на полиција на метро станиците, аеродромите, железничките и патните сообраќајници, како и на туристичките локации и во трговските центри. Сепак, се препорачува особено внимание на јавни места, избегнување на масовни собири и места со голем број на луѓе, како и посета на поголемите трговски центри. Посетителите се советуваат нда ги следат информациите во средствата за јавно информирање и да се придружуваат на упатствата на јавните органи и да соработуваат со нив.
  • Облека: Без разлика дали патувате во Русија во пролет или есен, се препорачува слоевито облекување поради разликите помеѓу утринските и пладневните температури. Секако Ви советуваме да понесете удобни обувки како и тенка јакни за вечерните часови.
  • Локална валута: Официјална валута во РУсија е рубља (RUB) и таа е единственото дозволено средство за плаќање. Плаќање со странски валути не е дозволено. Според последниот курс 1e = 73 рубљи, 1$ = 62 рубљи. Може да се употребуваат платежни картички American Express, VISA, Diners Club и Master, но Ви советуваме да понесете и готовина. Постои широка мрежа на менувачници, но треба да водите сметка за курсните разлики и наплатата на провизија.
  • Струја: Не е потребно да понесете адаптер за електрична енергија. Струјата во Руската Федерација е на 220 волти и можете да ги користите нашите стандардни полначи.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)