Бодрум – Крстарење со гулети

цена од
800
EUR ,00
сега од
750
EUR ,00
траење
8 дена
Пријави се Барање
Барање


Го запознаваме новото лице на Турција!

Уште едно уникатно Jungle искуство за крај на ова летo! Поаѓаме од Скопје, летаме до Бодрум, од каде се пуштаме на 8 дневно крстарење со Гулети. Гулети се традиционални, луксузни и дрвени Турски јахти/бродови. Нашиот Гулет - Атлантис е 26 метри долг, има 10 кабини, секоја со сопствен тоалет и клима уред. Има простран дневен престој внатре, комплетно опремена кујна, Американски шанк/бар и многу места за јадење и „чилање“ внатре и надвор. Јахтата е опремена со доволно лежалки и столчиња за секој гостин. Истата е изградена да понуди на гостите комплетен комфор и луксуз во секој момент. 

Јахтата освен едра, има мотор со 340 коњски сили и 40 киловатен генератор за струја, а може да се движи со максимална брзина од 11 наутички миљи. Атлантис е опремен со GSM телефон, LCD телевизор, ДВД плеер и стерео музички систем. На бродот имаме и екипаж од 4 члена кој е задолжен за наше потполно уживање!

Се будиме и легнуваме со хоризонтот околу нас и прекрасано сино море. Се заљубуваме во морето од една поинаква перспектива. Секој ден, различни заливи и предели.

Секоја необична и незаборавна приказна започнува со насмеаното племе!

Кој е за?


Рута
Скопје
Истанбул
Бодрум
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Гулет
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Европа, Турција
Код на патување
TR15
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10 , Макс 20 ,

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 17. 10. 2020

Состанок на групата на Mеѓународниот Aеродром во Скопје три часа пред лет. Лет од Скопје во 11:00ч. со преседнување во Истанбул и лет до Бодрум. Пристигнување во Бодрум во 16:40ч. по локално време и качување на бродот. Уживање во бескрајното синило околу нас, мирисите и вкусовите. 

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје–Истанбул-Бодрум, во економска класа со преседнување со 20 кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Гулет 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Бодрум

Храна

  • Вечера × 1

Појадок на палуба и запознавање со итинерарот на крстарење. Крстариме до островот Орак каде ќе имаме прилика да се капеме во тиркизното море, по што ќе имаме пауза за ручек. Го продолжуваме крстарењето до "Седумте острови" каде ќе видиме многу корални гребени и ќе бидеме опкружени со борова шума во која ќе имаме опција да прошетаме. Предвечер доаѓаме до заливот Куфра каде ни служат вечера на бродот. 

Сместување

Гулет 1 ноќ

Место

  • Бодрум

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Ручек × 1
  • Вечера × 1

Појадок. Утринското пливање во море ни станува рутина. Крстариме до заливот Тузла, уживаме во бескрајната кристално-чиста вода која не опкружува и во природата околу нас. Ручаме во заливот Лонгоз, ново место кое потсеќа на рајот, опкружен со борова шума која доминира на ова подрачје. Го фрламе сидрото. Вечера.

Сместување

Гулет 1 ноќ

Место

  • Бодрум

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Ручек × 1
  • Вечера × 1

Појадок. Крстариме до островот Клеопатра каде ќе имаме време за капење на и уживање во ситниот бел песок. Можност за посета на музеј на отворено со византиски рушевини и амфитеатар. Ручек. Крстариме до заливот Окук каде го спуштаме сидрото за вечера. 

Сместување

Гулет 1 ноќ

Место

  • Бодрум

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Ручек × 1
  • Вечера × 1

Појадок. Можност за поаѓање на дневен излет до плажата на желките. Ручек. По слободното време, го спуштаме сидрото во заливот Ајуинда за вечера.

Сместување

Гулет 1 ноќ

Место

  • Бодрум

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Ручек × 1
  • Вечера × 1

Појадок. Крстариме до Чокертме, мало сликовито рибарско градче. Слободно време за разгледување и прошетка. Ручек. Продолжуваме со крстарењето до Кисебуку заливот. Го спуштаме сидрото. Вечера.

Сместување

Гулет 1 ноќ

Место

  • Бодрум

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Ручек × 1
  • Вечера × 1

Појадок. Крстариме до Пабучбурн каде ќе останеме и за ручек. Има опција за разгледување на турско село, за оние кои сакаат да го искусат животот на локалците. Продолжуваме со крстарење до Бодрум, го спуштаме сидрото во пристаништето и уживаме во последната вечер на бродот. 

Сместување

Гулет 1 ноќ

Место

  • Бодрум

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Ручек × 1
  • Вечера × 1

Раноутрински трансфер до аеродром. Лет од Бодрум во 06:35ч. со преседнување во Истанбул и конекција на лет. Пристигнување во Скопје во 10:00ч.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Бодрум-Истанбул-Скопје, во економска класа со преседнување со 20кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Бодрум
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Услови за плаќање: Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 седмици пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Пријавување: Препорачуваме рано пријавување на патници поради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават фотокопија од визата.

Што е вклучено

Сместување

Гулет Пример 7 ноќи

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје–Истанбул-Бодрум, во економска класа со преседнување со 20 кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Бодрум-Истанбул-Скопје, во економска класа со преседнување со 20кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Храна

7 × Вечера, 7 × Континентален појадок, 6 × Ручек

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Сместување

Гулет

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

 Гулети се традиционални, луксузни и дрвени Турски јахти/бродови. Нашиот Гулет - Атлантис е 26 метри долг, има 10 кабини, секоја со сопствен тоалет и клима уред. Има простран дневен престој внатре, комплетно опремена кујна, Американски шанк/бар и многу места за јадење и „чилање“ внатре и надвор. Јахтата е опремена со доволно лежалки и столчиња за секој гостин. Истата е изградена да понуди на гостите комплетен комфор и луксуз во секој момент. Јахтата освен едра, има мотор со 340 коњски сили и 40 киловатен генератор за струја, а може да се движи со максимална брзина од 11 наутички миљи. Атлантис е опремен со GSM телефон, LCD телевизор, ДВД плеер и стерео музички систем.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)