Истанбул

цена од
119
EUR ,00
сега од
99
EUR ,00
траење
6 дена
Пријави се Барање
Барање


Магија на ориентот, историја испишана од страна на три царства, рај за трговија, судар на културата на истокот и западот, во град кој е познат под бројни имиња - Византион, Константинопол, Новиот Рим, Цариград, Истанбул. Заштитен знак на градот е познатата Аја Софија, некогашната најголема христијанска црква на светот кој Мехмед II Освојувачот ја претворил во џамија. Никако не треба да се порпушти и познатиот пазар - Капали чарпија, најголемиот пазар на затворено на планетата, каде во 2012. година е снимен филм за Агентот 007. Истанбул е единствениот град на светот кој се простира на два континенти, микс на европската цивилизација и ориентот, калдрми и широки булевари, улични сендвичи со школки и гламурозни оброци на брегот на Босфор, шопинг на пазарски тезги и купување во модерни трговски центри. Истанбул е посебно доживување кое не се пропушта.


Рута
Белград
Истанбул
Белград

Превоз
Автобус
Сместување
Хостел, Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Европски градови
Дестинации
Турција
Код на патување
TR2
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Поаѓање од Белград од паркингот пред Музјот на Југословенска историја (Куќа на цвеќето) во 15:00ч. Дневно-ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и за одмор на патниците на секои 3-4 часа во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици.

Превоз

  • Превоз од Белград до Истанбул

Место

  • Белград

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Се запознаваме со прочуениот Цариград кој со својата бурна историја и мирис на ориентот остава неповторлив впечаток на секој патник. Слободно време за појадок и прочуеното турско кафе. Сместување во хотел/хостел во попладневните часови. Слободно време за запознавање со градот, шопинг, највкусните турски специјалитети.

Сместување

Piya hostel или Hotel Bekdas Delux 3* 1 ноќ

Место

  • Истанбул

Појадок. Факултативна обиколка на градот со локален водич: Аја Софија* (Hagia Sophia), Сина Џамија (The Blue Mosque), Хиподром, “Топкапи“ (Topaki Sarayi). Навечер излегување во некои од ноќните клубови или наргиле барови.

*кога Министерството за Туризам ќе го објави дописот за работното време на Аја Софија ќе се знае и точното време за посета на музејот.

Сместување

Piya hostel или Hotel Bekdas Delux 3* 1 ноќ

Место

  • Истанбул

Храна

  • Појадок (buffet) × 1

Факултативни излети

Појадок. Факултативно крстарење по Восфор - момент кога од едната страна го гледате копното на Азија, а од другата страна европското копно. Уживање во погледот на палатата Долмабахче, Моминска кула (Maidens Tower), вилите на најбогатите луѓе на Истанбул, најскапиот хотел во Истанбул – Fоur Season, мостовите преку Босфор. Слободно време.

Сместување

Piya hostel или Hotel Bekdas Delux 3* 1 ноќ

Место

  • Истанбул

Храна

  • Појадок (buffet) × 1

Факултативни излети

Појадок. Пакување на багажот и напуштање на собите. Слободно време до поаѓањето кон Белград во попладневните часови. Простување од стариот Константинопол. Ноќно возење со попатни застанувања за регулирање на царински формалности и за одмор на патниците на секои 3-4 часа во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици.

Превоз

  • Автобуски превоз од Истанбул до Белград

Храна

  • Појадок (buffet) × 1

Пристигнување во Белград во попладневните часови.

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Piya hostel или Hotel Bekdas Delux 3 3 ноќи

Превоз

  • Превоз од Белград до Истанбул
  • Автобуски превоз од Истанбул до Белград

Храна

3 × Појадок (buffet)

Останато

  • Туристички такси за сите денови на престој

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разгледување на градот со локален водич - Истанбул

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: од 10,00 EUR до 15,00 EUR

ЦЕНА 10EUR - важи за патувањето Грузија-Ерменија-Кападокија
ЦЕНА 15EUR - важи за патувањето Истанбул 07.11.

Сината Џамија е една од главните туристички атракции во Истанбул. Европјаните и го даваат името Сина Џамија поради сините плочки кои ја прекриваат внатрешноста на куполата. Изградена во почетокот на 17-ти век, а како останатите џамии, во неа е лоцирана и гробницата на основачите. Некогаш од тука поаѓале аџиите према Мека. Поради нејзините 6 минариња, на најголемото светилиште во исламот - џамијата во Мека, е додадено и 7-мо минаре.

Аја Софија, или како што многу ја нарекуваат, ЦРКВАТА НА СВЕТАТА МУДРОСТ е вистинско ремек-дело на византиската архитектурата. Била најголема црква во некогашното Римско кралство и најпознатата црква во христијанството околу 9 векови. Столбовите се од најскапиот мермер од Мраморното море, Никеја и Јужна Африка. Во еден од тие столбови, постои шуплина во еден од овие столбови во кој го ставате палецот, го вртите 360 степени и замислувате желба. Викаат, гарантирано се исполнува!

Топкапи е палатата на султанот која по многу нешта се разликува од европските палати и замоци. Тоа е комплекс кој се состои од повеќе одаи - резиденцијата на султанот, кујна, харем, ризница... Во Топкапи се чува стапот на Мојсеј, вториот најголем дијамант на светот - светата реликвија на султанот Селим...

*** Влезниците во Аја Софија и Топкапи палатата не се вклучени во цената и изнесуваат 72 лири (цената на влезниците е подложна на измени)

Крстарење по Босфор

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 25,00 EUR

Во истиот момент, гледате на два континенти! Судир меѓу истокот и западот, ориентални мириси и џамии, широки булевари и високи згради... Поаѓаме од заливот Златен рок, проаѓаме под мостот Галата, ја гледаме Јени Џамијата и величенствената Сулејманија, Египетскиот пазар, венецијанската Галата кула, Девојачката кула богата со легенди, Долмабахче палатата на султанот која е изградена по угледот на Версај и каде што сите часовници се застанати во времето кога умира првиот претседател на Турција - Кемал Ататурк. Мостот на Ататурк, кој ги спојува Европа и Азија, летниковци и вили покрај Босфор, ноќни клубови... Мирис на море, свежа риба и највкусни колачи. Застануваме на азиско тло и се фотографираме на брегот на морето.

Сместување

Hotel Bekdas Delux 3*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Hotel Bekdas Delux 3* се наоѓа во центарот на стариот град, 1000м од плоштадот Султанахмед на кој се наоѓаат Аја Софија и Сина Џамија. Собите се 1/2 со сопствен тоалет. Секоја соба има wifi, клима, тв и мини бар. Услугата е на база ноќевање со поајдок.

Вебсајт http://www.bekdashoteldeluxe.com/

Адреса Mimar Kemalettin Mah. Derinkuyu Sk. No: 4 34130 - Laleli - Fatih

Piya hostel

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Piya hostel се наоѓа во центарот на стариот град. 600м од плоштадот Султанахмет на кој се наоѓа Аја Софија и Сината Џамија. Тоалетите се заеднички, а собите се 1/3, 1/4, 1/6 и 1/8. Услугата е на база на ноќевање со појадок.

Вебсајт http://www.piyahostel.com/tr/

Адреса Sultanahmet Mahallesi Akbıyık Cami Sokak
Akbıyık Cd. No:22
34122
Turkey

Превоз

Автобус

Автобус е превозно средство наменето за превоз на група од 48-87 луѓе.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Cenovnik br. 1 važi od 23.05.2019.

PROGRAM: EVROPA BROJ 13 OD 23.05.2019.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)