Турција - патиштата на Месопотамија

цена од
690
EUR ,00
сега од
590
EUR ,00
траење
6 дена
Пријави се Барање
Барање


Ве водиме на патување по богатата југоисточна Турција - во областа позната како некогашна Месопотамија!

На ова патување ќе посетиме многу стари градови како Шанилурфа - “градот на пророкот“, Мардин - со својата нестварна архитектура, како и бројните археолошки локалитети кои не одолеваат на времето.

Направете историски и културен осврт со нас!


Рута
Скопје
Истанбул
Мардин
Шанлиурфа
Мардин
Адијаман
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Азија, Европа, Турција
Видови патувања
Далечни дестинации
Код на патување
TR10
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10 , Макс 10 ,

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 3. 11. 2020

Состанок на Меѓународниот аеродром во Скопје два часа и половина пред летот. Лет од Скопје во 09:05ч. (ТК1004) со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Истанбул 12:45ч. по локално време. Конекција на лет. Лет за Мардин во 16:40ч. (TK 2676). Пристигнување во Мардин во 18:50ч. Трансфер до сместувањето. Слободно време.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Скопје – Истанбул, во економска класа со преседнување и 20кг. чекиран и 8кг. рачен чекиран багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул - Мардин, во економска класа со преседнување и 20кг. чекиран и 8кг. рачен чекиран багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Мардин

Мардин е еден од најстарите градови на горна Месопотамија, сместен во југоисточниот регион на Анатолија во Турција. Овој маѓепсувачки град е сместен каскадно на стрмна карпа и голема тврдина на врвот. Својата прекрасна архитектура, разновидна етнографија, археолошки чуда, историско наследство и визуелните вредности му носат поинаква перспектива на турскиот туризам. Денот го започнуваме со факултативниот излет - разгледување на Мардин и археолошкото пронаоѓалиште Дара. Тесните улички поврзани со скалички ќе не однесат на многу незаборавни места, вклучувајќи ги и: Црквата на четириесетте маченици (Kirklar Kilisesi), медресата Зинџирија како и Манастирот на шафран (Deyr-el-Zaferan). Авантурата ја продолжуваме кон арехолошкото пронаоѓалиште Дара кое го нарекуваат и мала Кападокија. Еден од најпознатите древни градови на горна Месопотамија. Овде ќе имаме прилика да ги видиме остатоците од аквадуктот, цркви палати и простории во кои во римско време се користеле за складирање на вода и намирници. Слушаме приказни за необичниот рељеф што не опкружва и за цивилизациите кои живееле и оставиле специфичен печат. Враќање во Мардин. 

Сместување

Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Мардин

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето. Тргнуваме на факултативен излет - Крстарење по Еуфрат во округот Халфета. Халфета е округ во провинцијата Шанлиурфа и претставува едно од најнеобичните пронаоѓалишта во Турција бидејќи стариот дел е потопен по изградбата на браната. Иако дел од Халфета е изгубен под вода, има огромно културно наследство. Халфета е позната и по посебниот вид на ружа - црната ружа која е исто така позната и како ружа "Арапќињата која плаче". Цвета во пролет и есен. Враќање во сместувањето во Шанлиурфа. Дружењето го продолжуваме со факулативниот излет - традиционална турска вечер, каде ќе уживаме во вкусовите и звуците на Турција.

Превоз

  • Трансфер од Мардин до Шанлиурфа

Сместување

Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Мардин
  • Шанлиурфа

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го започнуваме со факултативен излет - разгледување на Шанлиурфа, „градот на пророците“, Харан и Гобкелитеп. Како една од најстарите населби во југоисточна Турција (северна Месопотамија), Урфа ја задржала својата важност како упориште на различни цивилизации и религии. Го посетуваме Археолошкиот музеј, Balıklı Göl - „рибно езеро“ што се наоѓа во централниот дел на градот, како и родното место на пророкот Абрахам и локалната покриена чаршија со зачини, турски џез и прибор, автентични садови... Нашата авантура ја продолжуваме во древниот град Харан - некогашен главен трговски, културен, научен и верски центар. Градот во раниот христијански период се викал Хеленополис, што во превод би значело "грчки град". Иако е најпознат по специфичните куќички во облик на кошници од кал (локален архитектонски стил, кој веројатно е заради недостатокот на дрва), се верува дека пророкот Аврам живеел тука неколку години. Тука ќе ги видиме остатоците од најстариот арапски универзитет на светот. Патот понатаму не води кон најстарата верска зграда и исто така најстариот пример на монументална архитектура на Земјата - Gobeklitepe, изградена околу 10.000 п.н.е. Од 2018 година, таа се наоѓа на листата за светско наследство на УНЕСКО. Столбовите во храмот се во облик на буквата Т, со височини од 3 до 6 метри. Столбовите се украсени со мистични релјефи на животните и апстрактни симболи. Враќање во сместувањето. 

Сместување

Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Шанлиурфа

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Трансфер до Адијаман (Adiyaman). По сместувањето, поаѓаме на факултативен излет - посета на планината Немрут. Немрут се наоѓа на листата на УНЕСКО и е препознатлива по храмот - гробница на кралот Антиох и се смета за едно од најумешно изградените градби на хеленистичкиот период, изградена во I век п.н.е. Самата планина е препознатлива по гигантските статуи на лавови и орли, Зевс, Хераклеа, како и самиот Антиох кои го опкружуваат храмот. Освен храмот, Немрут со највисока точка на надморска височина во регионот од 2206м. пружа спектакуларни видиковци и уживање во најпрекрасниот залез на сонцето. Ќе имаме прилика да го видиме и Римскиот мост, кој и денес е функционален како и древната Арсемија (Arsameia of Nymphaios) - некогашно средиште на Комагенското кралство (Kingdom of Commagene).  Враќање во Адијаман.

Превоз

  • Трансфер од Шанлиурфа до Адијаман

Сместување

Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Мардин
  • Адијаман

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Адијаман во 08:50ч. (TK 2217) со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 11:00ч. Конекција на лет за Скопје во 20:10ч. Пристигнување во Скопје во 19:50ч.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Адијаман - Истанбул, во економска класа со преседнување и 20кг. чекиран и 8кг. рачен чекиран багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул- Скопје, во економска класа со преседнување и 20кг. чекиран и 8кг. рачен чекиран багаж

Место

  • Адијаман
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 100€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Hotel 3 Пример 5 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Скопје – Истанбул, во економска класа со преседнување и 20кг. чекиран и 8кг. рачен чекиран багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул - Мардин, во економска класа со преседнување и 20кг. чекиран и 8кг. рачен чекиран багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Мардин до Шанлиурфа
  • Трансфер од Шанлиурфа до Адијаман
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Адијаман - Истанбул, во економска класа со преседнување и 20кг. чекиран и 8кг. рачен чекиран багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул- Скопје, во економска класа со преседнување и 20кг. чекиран и 8кг. рачен чекиран багаж

Храна

5 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разгледување на Мардин и археолошкото наоѓалиште Дара

Цена: 55,00 EUR

Мардин е еден од најстарите градови на горна Месопотамија, сместен во југоисточниот регион на Анатолија во Турција. Овој маѓепсувачки град е сместен каскадно на стрмна карпа и голема тврдина на врвот. Својата прекрасна архитектура, разновидна етнографија, археолошки чуда, историско наследство и визуелните вредности му носат поинаква перспектива на турскиот туризам. Тесните улички поврзани со скалички ќе не однесат на многу незаборавни места. Доаѓаме до Црквата на четириесетте маченици која датира уште од четвртиот век. Во црквата сеуште секоја недела се одржува служба. Службата се одржува на арамејски јазик, кој пред 2000 години го зборувал Христос. Потоа се упатуваме кон медресата Зинџирија. Оваа стара медреса (Теолошки факултет) во 1385 година ја основал последниот артукидски султан кој владеел од Мардин (Мелик Нечмедин Иса). Претставува едно од најдобро сочуваните објекти во персиски стил. Комплексот се состои од џамија со купола, мавзолеј и две градини. Архитектонската кулминација на овој објект е импозантниот влез и претставува прекрасен пример на исламската уметност. Од врвот на овој објект го има најубавиот панорамски поглед на градот и житните полиња на Месопотамија. Нашата авнтура ја продолжуваме кон Манастирот на шафран (Deyr-el-Zaferan). Еден од двата најважни православни сиријски манастири на светот. Според една од приказните, манастирот го добил името по цветовите шафран кои градителите ги измешале во малтерот, а според друга приказна наивот го добил по бојата на каменот која потсеќа на шафран. Сонован е во 493 година на местото каде некогаш се наоѓал храмот посветен на асирскиот бог на Месечината. Низ историјата манастирот бил претворен во тврдина и два пати бил срушен за по некое време да падне во заборав се до 793тата година кога го реновирал бискупот Mor Hananyo, по кој го носи и денешниот назив. Денес овој манастир претставува средиште на сиријската православна црква . Остатокот од авантурата продолжува кон арехолошкото пронаоѓалиште Дара, која го нарекуваат и мала Кападокија. Еден од најпознатите древни градови на горна Месопотамија. Овде ќе имаме прилика да ги видиме остатоците од аквадуктот, цркви палати и простории во кои во римско време се користеле за складирање на вода и намирници. Слушаме приказни за необичниот рељеф што не опкружва и за цивилизациите кои живееле и оставиле специфичен печат.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма, влезници за локалитетите, услуга преставник на нашата агенција.

Во цената на излетот не е вклучено: ручек

Крстарење по Еуфрат

Цена: 30,00 EUR

Крстарење по Еуфрат во округот Халфета. Халфета е округ во регионот на Шанлиурфа. Едно од најнеобичните пронаоѓалишта во Турција бидејќи стариот дел на градот е целиот потопен по изградбата на браната. Иако дел од Халфета е изгубен под вода, има богато културно наследство. Халфета е позната и посебниот вид ружи - црната ружа која исто така е позната и како "Арапќињата која плаче". Цвета во пролет и на есен. Денес Халфета е поделен на два дела: стар и нов дел. Во стариот домовите, џамијата се потопени под вода кога браната Биречик е поставена на реката Еуфрат. Во 2000та година, жителите морале да се преселат во новиот дел на градот оддалечен на 15км, наречен Нова Халфета, а првобитниот град Халфета, денес се нарекува Стара Халфета. Додека пловиме со бродот ќе имаме прилика да ги видиме потопените куќи од камен, дрва, минарето, остатоците од стариот замок, палати и други историски споменици кои може да се видат над и под водата.

Во цената на излетот е вклучено: услуга претставник на агенцијата, превоз по предвидениот план и програм.

Во цената на излетот не е вклучено: ручек

Традиционална турска вечер

Цена: 20,00 EUR

Уживање во звуците и вкусовите на Турција. Ќе ја вкусиме локална кујна, мезе и пијалок зачинето со вистинско традиционално турско гостопримство.

Во цената на излетот е вклучено: услуга претставник на агенцијата, традиционална храна, чај.

Шанлиурфа „Градот на Пророците“

Цена: 20,00 EUR

Како родно место на пророкот Аврам и место каде започнал со своите монотеистички учења, Шанлиурфа е еден од големите поклонички Турски градови. Градот првобитно се викал Урфа, но е преименуван во Шанлиурфа ("славната Урфа") од страна на Големото народно собрание на Турција во 1984 година во знак на признавање на локалниот отпор во турската војна за незавиност. Денес богатата историја и архитектура го чинат неверојатно место доколку сакате да нурнете во турската култура и наследство. Освен средишниот дел на Урфа кој е затрпан со џамии и медресна архитектира, има мноштво фасцинантни градби кои се наоѓаат во околината и вреди да се посетат. Авантурата ја започнуваме со Голбаши паркот, кој се наоѓа во самиот центар на градот. Во паркот се наоѓаат најважните туристички атракции на Шанлиурфа. Она што овој парк го чини посебен се сакралните рибници (Balikli gol) за чие настанување зборува една многу интересна легенда. Во подножјето на ридот, околу езерото Balikli gol е изградена џамијата Halil-ur Rahman, која исто така се наоѓа на нашата листа за посета и претставува едно од клучните светилишта во Урфа. Локално позната како Dosheme или Makam Cami, оваа џамија била дел од помал комплекс кој се состои од: џамија, верски училишта и гробишта со гробници на свети лица. Џамијата е изградена во 1211 година под Ајубидите, што ја чини најстара џамија во Balikli gol (иако натписот на нејзината источна страна укажува дека е обновена околу 1810 година). Покрај џамијата, главно место претставува и Аврамовата пештера, во која според легендата е роден пророкот Аврам. Се наоѓа во близина на на џамијата Мевлид Халил и се смета за свето место. Нашата авнтура ја продолжуваме кон еден од најавтентичните локални пазари кој го посетуваат и локалците, а не само туристи. Овде можеме да најдеме и да купиме се што ќе посакаме, од игла до локомотива. Од рачно изработени кожни дела до разноврсни антиквитети и голем број продавници за чај во кои ќе уживате во мирисите.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик и услуга преставник на нашата агенција.

Во цената на излетот не е вклучено: ручек

Целодневен излет на планината Немрут

Цена: 60,00 EUR

Планината Немрут е една од највисоките врвови на Месопотамија, на чиј кров се наоѓа храмот - гробница на кралот Антиох и се смета за едно од најумешно изградените градби на хеленистичкиот период, изградена во I век п.н.е. Самата планина е препознатлива по гигантските статуи на лавови и орли, Зевс, Хераклеа, како и самиот Антиох кои ја опкружуваат храмот - гробница и тешки се 6 тона, а високи 10 метри. Импозантноста на статуите е показател каков надчовечки напор е вложен во изградба на гробницата. Камените блокови се главниот материјал кој се користел за изградба. Самиот начин и тактика на градење се покажал како многу ефикасен во спречувањето на разбојниците да влезат внатре во гробницата која допрва треба да се истражува и чие богатство чека да биде откриено. Освен храмот, Немрут со највисока точка на надморска височина во регионот од 2206м. пружа спектакуларни видиковци и уживање во најпрекрасниот залез на сонцето. Ќе имаме прилика да го видиме и Римскиот мост, кој и денес е функционален како и древната Арсемија (Arsameia of Nymphaios) - некогашно средиште на Комагенското кралство (Kingdom of Commagene).  

Во цената на излетот е вклучено: Локален водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма, влезници за локалитетите и услуга преставник на агенцијата

Сместување

Hotel 3*

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel 3* е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби се климатизиран и поседуваат TWC. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, а најдоцна 2 недели пред пат.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)