Јапонија есен од Скопје

цена од
1.490
EUR ,00
траење
13 дена
Пријави се Барање
Барање


Патување во чудесната Јапонија од Скопје! Нашето запознавање со оваа земја го започнуваме од нејзината престолнина Токио. Освен тоа, ќе ги запознаете и Никко, Јокохама, Кјото, Осака, Нара и Хирошима. Ве чека и возење со познатите јапонски возови, најдоброто суши, познатите палати и запознавање со автентичната Јапонија! 

Земјата на изгрејсонцето, земја која е изолиран свет со посебна култура и пејзажи. Ретко каде на планетата како во Јапонија може да се види контрастот помеѓу модерното и традиционалното кој креирал неодолив спој и не се рефлектирал само на архитектурата и на уметноста, туку и на луѓето и нивниот дух. Најголем дел од територијата на државата заземаат плаинини. Дури 70% од површината на Јапонија е покриен со планини, вклучувајќи и преку сто активни вулкани. Земјата е составена од преку 6.800 острови. Јапонскиот архипелаг содржи 6.852 острови од кои најголеми се Хоншу, Хокаидо и Кјушуу и Шикоку.


Рута
Скопје
Доха
Токио
Кјото (Kyoto)
Токио
Доха
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер, Метро
Сместување
Хостел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Видови патувања
Далечни дестинации
Дестинации
Јапонија
Код на патување
JP7
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Состанок на Меѓународниот аеродром во Скопје, два часа и половина пред летот. Разговараме за егзотични дестинации и се смешкаме додека го чекаме нашиот лет. Одиме на исток во пресрет на Сонцето. Лет од Скопје до Доха (лет QR 306, Скопје 12:25 – Доха 18:05). Пристигнување во Доха.

Превоз

  • Авионски билет на релација Скопје - Токио со сите такси, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Скопје
  • Доха

Конекција на лет за Токио (лет QR 806, Доха 02:10 – Токио 18:40, Нарита Аеродром). Пристигнување во Токио во доцните попладневни часови, трансфер со метро до сместувањето. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативен излет - Разгледување на Токио, престолнината на “Земјата на Изгрејсонцето”. Прво ќе ја посетиме Кралската Палата која не е отворена за посетители, но се наоѓа во исклучително живописен јапонски парк во самиот центар на градот. Потоа следува посета на Мetropolitan Government, третата највисока зграда во Токио, каде ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед на овој неверојатен град. Ќе го посетиме Меиџи храмот (Meiji Shrine) изграден во класичен шинто стил. Потоа со нивното супер брзо метро ќе одиме во прекрасниот живописен дел од градот наречен Ашакуша (Asakusa), место во кое може сеуште да се почувствува атмосферата и духот на старата Јапонија. Тука ќе го посетиме едниот од најважните храмови на Еdo периодот, Asakusa Kanon. За крајот на денот го оставаме Ueno паркот каде ќе се уживаме во мирот. Вечерта ја посетуваме Шибуја, дел од градот кој е познат по шопинг и вообичаениот метеж на најпознатата раскрница на светот. Ноќевање.

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Факултативен излет- "Fuji Five Lakes. Одиме во Националниот парк каде ќе имаме прилика да и се восхитуваме моќната Фуџи (Fuji) планина. Доколку не послужат временските услови, ќе имаме спектакуларен поглед на оваа величенствена планина. Fuji Five Lakes регионот лежи на 1000 метри надморска височина и се состои од 5 езера кои ќе имаме прилика да ги посетиме и цел ден да уживаме во нереалната природа. Враќање во Токио. Ноќевање

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Факултативен излет - Посета на градот Nikko со локален воз. Град кој е ризница на културно-историски знаменитости, но исто така изобилува и со природна убавина. Тука се наоѓа мавзолејот Toshogu, гробното место на основачот на династијата Tokugawa leyasu. Ова е еден од најубавите дворски комплекси во Јапонија и е град под заштита на УНЕСКО. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат бројни простории со уметнички дела и резби од дрво, од кои најпознати се Трите мудри мајмуни (едниот не слуша, вториот не зборува, третиот не гледа). Покрај ова, можеме да видиме и бројни пагоди, како и Тајниот мост преку реката Даија. Во близина се наоѓа и храмот на Буда, Rinno-ji. Враќање во Токио во доцните вечерни часови. Ноќевање

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во Токио и поаѓаме за Кјото во раните утрински часови. Доколку временските прилики дозволуваат ќе уживаме во погледот на величенствената планина Фуџи. По пристигнувањето во Кјото се сместуваме во хостел, па го разгледуваме градот. Целодневно разгледување на Кјото - исклучителен град кој заедно со 17 големи храмови претставува дел од светското културното наследство. Ќе го посетиме храмот Киџомизу, замокот Ниџо, како и храмот Кинкакуј или Златниот павилјон со градина која е класичен пример на градинарската култура на 14-от век и спаѓа во најпознатите храмови во Кјото. Враќање во хостел со метро. Организирано разгледување со водич на шинто храмот Fushimi Inari Taisha. Во попладневните часови ќе одиме во квартот Гион во Кјото, традиционално јапонско место каде што доминираат локалните ресторани, чајџилници и место каде што работат гејшите. На ова место е сниман филмот Мемоарите на една гејша. Ноќевање

Превоз

  • Трансфер од Токио до Кјото

Сместување

Khaosan Kyoto Guesthouse 1 ноќ

Место

  • Токио
  • Кјото (Kyoto)

Факултативни излети

Ден за факултативен и излет - посета на Осака. Полудневно разгледување на оваа интересна метропола со преку 1000 години долга историја. Дури и надалеку прочуениот Патот на свилата водел преку Осака. Денес Осака е трет по големина град во Јапонија. Ќе го видиме и замокот изграден во 16 век, во кој денес се сместени неколку музеи. Го разгледуваме Дотонбори, дел од градот познат по локалните рестораните со традиционална јапонска храна. Враќање во Кјото. Ноќевање.

Сместување

Khaosan Kyoto Guesthouse 1 ноќ

Место

  • Кјото (Kyoto)

Факултативни излети

Факултативен излет - Посета на Нара. Целодневно разгледување на некогашната престолнина на Јапонија, позната по првите почетоци на Будизмот од каде и започнал да се шири низ целата земја. Разгледување на храмот Тодаиџи од 8 век, граден со цел да ја заштити земјата и да донесе просперитет на нацијата. Храмот сеуште се состои од 30 павилјони од различни периоди и со различни стилови. Во близина се наоѓа светилиштето Касуга, вистинско национално богатство од 8 век, како и паркот на елените. Враќање во Кјото. Ноќевање.

Сместување

Khaosan Kyoto Guesthouse 1 ноќ

Место

  • Кјото (Kyoto)

Факултативни излети

Факултативен излет - целодневно разгледување на Хирошима која е оддалечена 300 километри од Кјото. Разгледување на паркот и Меморијалниот музеј на мирот, во спомен на 6-ти август 1945 година и загинувањето на повеќе од 100.000 луѓе кои настрадале од експлозијата на атомската бомба. Заминување во Мијаџима и посета на “црвените Тории” – водени порти, кои се наоѓаат на овој остров. Гастрономско уживање во свежи остриги и други вкусни морски плодови. Враќање во Кјото во доцните вечерни часови. Ноќевање.

Сместување

Khaosan Kyoto Guesthouse 1 ноќ

Место

  • Кјото (Kyoto)

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во раните утрински часови. Можност за посета на шумата на бамбусите - Арашијама (Arashiama). Слободно време во Кјото сé до заминувањето за Токио. Пристигнување во Токио. Ноќевање

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Кјото (Kyoto)
  • Токио

Факултативни излети

Слободен ден во Токио, современата престолнина на традиционалната земја на Истокот, земјата на Сакура, самураи, саке, суши, храмови, острови, планини, изгрејсонцето, мирот... Ноќевање.

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови и слободно време за индивидуални активности. Трансфер со метро до аеродромот. Лет од Токио за Доха, во доцните вечерни часови (лет QR 807, Токио 22:20 – Доха 04:50)

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет на релација Токио - Скопје со сите такси, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Токио

Пристигнување во Доха и преседнување на лет за Скопје (лет QR 305, Доха 07:30 – Скопје 10:55). Пристигнување во Скопје во претпладневните часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Скопје во економска класа, со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Доха
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. По формирање на групата се доплаќаат уште 300€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

Што е вклучено

Сместување

Хотел Palace Japan Пример 6 ноќи
Khaosan Kyoto Guesthouse Пример 4 ноќи

Превоз

  • Авионски билет на релација Скопје - Токио со сите такси, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Токио до Кјото
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет на релација Токио - Скопје со сите такси, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Скопје во економска класа, со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Јапонија - пакет на излети

Цена: 250,00 EUR

1. Разгледување на Токио - Токио е главен и најголем град во Јапонија, ама не само таму, туку и во целиот свет! Ако го погледнеме поширокото подрачје на градот, Токио е најнаселената агломерација на светот со околу 38 милиони жители! Старото име на градот бил Едо, а во 19 век е сменето името во Токио што значи Источна престолнина. На ова место во 15 век имало мала рибарска населба, а градот почнал забрзано да се развива кога царот Меиџи го преселил кралството од Кјото во Токио. Градот официјално, под ова име, има статус на град од 1899 година. Во 20 век, овој град има претрпено големи катастрофи, некои природни, а некои како последица на војна. На почетокот на 20 век бил погоден од катастрофален земјотрес, во кој што животот го изгубиле над 140.000 луѓе, а исто така има претрпено и големи штети за време на Првата и Втората Светска војна. Меѓутоа, после војната, градот започнал забрзано да се развива и целата земја го добива епитетот Економско чудо, затоа што веќе кон средината на шеесетите години на минатиот век, била втора најразвиена економија на светот. Токио бил домаќин на Олимписките игри во 1964 година, а повторно ќе ја има оваа чест да биде домаќин на овој спектакл во 2020 година. Една од главните атракции на градот е храмот Сенсо-ји, најстариот будистички храм во Токио. Овој храм претставува оаза на духовноста, сместена помеѓу реките Sumide и TokioSkyTree, во дистриктот Ашакуша. Посветен е на божицата на милоста. На ова место ќе се запознаеме со приказната за двата големи системи на мислата, Шинтоизмот и Будизмот. Првите податоци за храмот потекнуваат од 645 година, што го прави најстар храм во Токио. За да можеме подобро да го разбереме јапонскиот политички систем и нивната верност и послушност кон Царот, ќе го посетиме Империјал паркот кој е обиколен со средновековен канал. Доколку ни се создаде можност, ќе прошетаме низ Источната градина, а треба да се има во предвид дека Кралскиот Дворец е отворен за посетители само на два датуми, на 23.12. кога е роден Царот и за Нова Година. Ќе бидеме во можност да го видиме и Меиџи храмот кој е посветен на царот реформатор од крајот на 19 век. Царот Меиџи успеал да ја доближи земјата до западниот свет за многу краток период. Далекусежните и темелни промени и дале на Јапонија нов изглед, а царот добил нов храм во Токио. Во времето кога сакура-та цвета, Уено паркот е облечен во најубавото руво и тој станува една од најголемите атракции на градот. Навечер, место кое мора да се доживее е раскрсницата на Shibuyi. Голема концентрација на луѓе, неонски реклами и весели џинглови. Ја преминуваме најпознатата дијагонална раскрсница на светот и се восхитуваме на верноста на кученцето Хачико, покрај неговата статуа.

2. Излет во Никко - Ќе се упатиме кон руралниот север на Јапонија. Далеку од метежот на пацифичкото крајбрежје, одиме во затскриено е гратчето Никко. Влегуваме во грандиозниот храм на големиот шогун Ieajasu Tokugawa и и ја гледаме познатата скулптуа: Трите мудри мајмуни - едниот не слуша, другиот не зборува, третиот не гледа. Овој храм е и еден од најубавите и најживописните храмови во Јапонија. Го изградил во 1617 година, синот на шогунот Iejasua Tokugawa, а е надограден од неговиот внук. Шонгунот ја воспоставил својата власт во 1603 година. Неговото семејство владеело со Јапонија над 250 години, т.е. до прекинот на феудализмот во 1868 година. Всушност, тоа е причината што овој храм претставува големо светилиште. Исто така во овој храм може да се види ретката комбинација на будистички и шинтоистички елементи. До воспоставување на Меиџи периодот ова била честа комбинација, иако станува збор за две религии. Со тоа што, од 1868 година од храмовите се отстранети елементите од едната религија, па така се останати или само будистички или само шинтоистички елементи. Околу храмот се наоѓа бајковита шума и пешачки стази кои пружаат вистинска релаксација во природата. Исто така во овој град се наоѓа и Rinno-ji храмот, кој го подигнал будистички монах во 8 век. Во овој храм се наоѓаат и дрвените статуи на трите планински божества - Amida, Senju-Kannon и Bato-Kannon. Во Никко се наоѓаат многу занаетчиски работилници, места каде можете да присуствувата на создавање на змеј во еден потег.

3. Fuji Five Lakes – Одиме во националниот парк од каде ќе имаме прилика да и се восхитуваме на моќната планина Фуџи. Доколку времето не’ послужи, ќе имаме спектакуларен поглед на оваа величествена планина. Fuji Five Lakes регионот лежи на 1000 метри надморска височина и се состои од пет езера (Kawaguchiko, Saiko, Yamanakako, Shojiko и Motosuko) кои ќе имаме можност да ги посетиме и цел ден да уживаме во нестварната природа на оваа островска земја.

4. Излет во Кјото – Кјото е град лоциран во централниот дел на островот Хоншу кој има популација од околу 1.5 милиони жители. Овој град од 794 година, па се’ до 19-тиот век бил престолнина на Јапонија и кралски град. Првиот назив на градот некогаш бил Heian-kyo, што во превод значи “престолнина на мирот”. Меѓутоа, историјата на Кјото била далеку од мирна. Градот повеќе пати страдал во војни (најпознатата Онинска војна во 15-тиот век). За среќа, градот бил поштеден од страдања во Втората Светска Војна – иако во првиот залет, Кјото бил таргетиран како град на кој ќе се фрли атомската бомба, но сепак одлуката “паднала” на градот Нагасаки. Кјото е еден од ретките градови каде што можете сеуште да видите Јапонски традиционални куќи. Фушими Инари е една од најфотографираните туристички атракции во Азија. Во прашање е главното светилиште на богот Инари, кој е заштитник на оризот. Ова место претставува вистинска рапсодија на портокалови бои во шумско зеленило. Се проценува дека тука се наоѓаат околу 10.000 тори, односно “капии” кои водат до храмот. Киџомизу храмот е атракција која се наоѓа на рид кој со векови бил мета на аџиите. Храмот кој го посетуваме потекнува од 1633 година, додека првобитната градба е изградена уште во далечниот 8-ми век. Овој храм е единствен и поради тоа што глaвната сала е изградена на масивни дрвени столбови, без употреба на ниту еден клинец! Поради својата убавина овој храм бил дел од потесниот избор за едно од 7-те нови светски чуда. Покрај овој храм кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство, тука е и Кинкакуџи – Златен павилион, со оглед на тоа што кровот на овој храм е прекриен со златни лисја. Првобитно е изграден како вила на шогунот Јошимичуа. По неговата смрт, станал зен храм, а денес зен градина го опкружува овој блескав павиљон кој во себе крие необични приказни за сопственото совршенство. Неколку пати е запален до темел, дури два пати во Онинската војна во 15-ти век, но и во неодамнешната историја. Во 1950 година, еден монах фанатик го запалил храмот и пробал да се самоубие. Храмот е обновен во 1955 година. Исто така, Ниџо замокот припаѓа во групата од 17 споменици кои се под заштита на УНЕСКО. Овој замок го изградил првиот шогун Токугава, го надградил неговиот внук, а во него – последниот шогун се пензионирал. По падот на Токугава шогунатот, кратко бил кралска палата, а потоа е отворен за јавноста. Гион е населба во Кјото, покрај реката, каде и денес постојат гејшите. Овие слатки Јапонки ги забавуваат своите гости со танц, игра, интересни разговори, служење чај и свирење на шамисену. Гејшите не се благонаклонети кон блицовите на туристите, бидејќи рестораните во Гион претставуваат нивни работни места.

5. Излет во Нара – Целодневно разгледување на некогашната престолнина на Јапонија, која е позната и како бастион на будизмот, бидејќи токму од тука – се проширил низ целата земја. Тоџаџи храмот е најпознатата атракција, не само на градот Нара, туку и на целата држава. Тоа е најголемата дрвена градба на светот. Иако после реконструкцијата во 17-тиот век, се простира на само 2/3 од некогашниот објект! Во храмот се наоѓа и бронзена статуа на Буда, висока 15 метри. Овој град е дом на 360.000 жители но е и дом и на преку 1000 елени! Според легендата, божеството Такемиказуцкхи “дојавал” во овој град на елен и оттогаш се смета за свето животно. Убивање на овие животни се казнувало со смрт до 1637 година. По Втората Светска Војна, на елените им е одземен статусот на боженствени битија, но тогаш се заштитени како вид и се прогласени за национално богатство. Најмногу од нив се наоѓаат во Нара паркот, но можат да се видат и како слободно шетаат низ градот. Треба да се напомене дека покрај тоа што елените се “гласници на боговите”, тие се и вешти “крадци”, па треба да ги чуваме нашите вредни работи од нив..

6. Излет во Осака – Шетајќи низ Осака, носиме заклучок дека ова е еден одлично уреден град со 9 милиони жители. Ручаме во Дотонбори кварт во градот, која е гастрономски центар во Јапонија поради големиот број на ресторани. Тука се наоѓа Кани Дораку, познатиот “краба знак” – покрај кој секој турист се фотографира. Не пропуштајте да ги пробате такојаки куглите и окономијаки палачинките. Градот изгледа футуристички. Тука настанал првиот робот на светот, а ние ќе запознаеме уште една димензија на Осака. Ќе ја посетиме внатрешноста на дворецот во Осака, која е сега музеј од времето на самураите. Во прашање е исклучителна градба од 17-тиот век. За дворецот е заслужен шогунот Хидејоши Тојотоми, итар владетел кој повеќе од се’, сакал жени и чај. Како таков бил и запамтен – необичен хедонист, што од него наследиле и сегашните жители на Осака, кои ги бие ист глас. Замокот се наоѓа на 25 минути прошетка од станицата и монументално се издигнува над сакура крошните.

7. Излет во Хирошима – Градот Хирошима, кој се наоѓа на некои 300 километри од Кјото, денес е модерен и новоизграден град што ве остава без зборови, заради фактот што на 06.08.1945 експлодирала првата атомска бомба! Оваа трагедија и нејзините последици ќе ги видиме во Музејот на мирот, посветен на повеќе од 100.000 настрадани луѓе во немил овој настан. Ќе шетаме низ Меморијалниот парк, замислено ќе стоиме пред оганот на мирот и ќе слушнеме една многу тажна приказна за едно девојче. Се возиме со траект до островот Мијаџима. Покрај најсвежите остриги, можеме да направиме и фотографија за памтење покрај познатите пловечки тори врати.

8. Излет во Арашијама – познатата шума на бамбуси, едно од најпосакуваните и најфотографирани места во целата земја. Шетаме по патеките, помеѓу високите бамбуси, полниме батерии, се смируваме, се опуштаме и ги будиме истражувачите и авантуристите во нас! Поминуваме покрај жени во кимона и мажи кои влечат рикши. Цела Јапонија во една шума!

Во цената на пакет излетите е вклучено: превоз (трансфери со локални и брзи возови), влезници за локалитетите по планот и програмата на излетот, како и пратител на српски јазик.

Fuji Five Lakes

Цена: 120,00 EUR

Одиме во националниот парк од каде ќе имаме прилика да и се восхитуваме на моќната планина Фуџи. Доколку времето не’ послужи, ќе имаме спектакуларен поглед на оваа величествена планина. Fuji Five Lakes регионот лежи на 1000 метри надморска височина и се состои од пет езера (Kawaguchiko, Saiko, Yamanakako, Shojiko и Motosuko) кои ќе имаме можност да ги посетиме и цел ден да уживаме во нестварната природа на оваа островска земја.

Сместување

Хотел Palace Japan

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел Palace Japan е сместувачки капацитет кој се наоѓа во Токио во близина на метро станицата Minami – Senju Subway Station. Располага со двокреветни и четирикреветни соби, со кревети на спрат. Сите соби поседуваат клима уред, фрижидер и TV, а тоалетите се заеднички - на секој кат. Хотелот има услужна кујна и сервис за перење алишта. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт http://www.palace-japan.com/english/index.html

Адреса 111-0022 Tokyo-to
Taito-ku Kiyokawa 2-31-6
Japan

Khaosan Kyoto Guesthouse

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Khaosan Kyoto Guesthouse e сместувачки капацитет кој располага со двокреветни, четирикреветни и шесткреветни соби, со кревети на спрат. Тоалетите се заеднички - на секој кат. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт https://kyoto.khaosan-tokyo.com/en-gb

Адреса 600-8032 Kyoto
Kyoto
Shimogyo-ku Teramachi-dori Bukkoji-agaru Nakano-cho 568
Japan

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Јапонија е островска држава во источна Азија сместена на ланец острови источно од Азијскиот континент, на западниот дел од Атлантскиот океан северно од Источнокинеското море. Јапонија ја сочинува архипелаг со повеќе од 3000 острови од кои најголеми се: Хоккаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу кои зафаќаат повеќе од 97% од површината. Двете јапонски букви кои го означуваат името на Јапонија значат “извор на сонцето“ па така целата земја често се нарекува “Земја на изгрејсонцето“. Јапонија е планинска земја, имајќи во предвид дека околу 80% од површината ја сочинуваат планини. Околу 66% од површината е покриена со шуми. По државно уредување Јапонија е уставна парламентарна монархија на чело со цар. Јапонија е десетта земја на свет по бројот на жители со нешто помалку од 128 милиони, од кои 99% се Јапонци. Главен град е Токио кој со соседните градови има околу 32 милиони жители и е најголемо метрополско подрачје во светот.

2. ВИЗИ

За државјаните на Р. С. Македонија не е потребна виза.

3. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

За влез во земјата не е потребна вакцина. Состојбата во поглед на нуклеарно зрачење е нормализирана (вода, тло, воздух, храна) и претставува предмет на секојдневни опсежни анализи на јапонските органи. Здравствената состојба во Јапонија е задоволителна. Водата од чешма е бактериолошки исправна и сигурна за пиење. Сепак, ние им препорачуваме на патниците да пијат флаширана вода.

4. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Јапонија се наоѓа во временската зона UTC+09:00, односно +7 во однос на С. Македонија.

5. КЛИМА

Јапонија има умерена клима и 4 различни годишни времиња, но поради големата далечина од север кон југ климата варира од регион во регион. Крајниот север во зима е многу ладен, додека крајниот југ има суптропска клима. На климата покрај тоа влијаат и сезонските ветрови кои дуваат од континентот кон океанот во зима и во спротивен смер во лето. Доцниот јуни и раниот јули е период на дождови (освен во Хоккаидо), кога над Јапонија се наоѓа дождовен фронт (baiu zensen). Во доцното лето и раната есен од тропските подрачја со низок притисок над екваторот се развиваат тајфуни и поминуваат од југозапад кон североисток, често носејќи обилни дождови.

6. ХРАНА И ПИЈАЛОК

Постојат две јапонски кујни - и двете се традиционални. Едната е традиционална во вистинска смисла на зборот коа со векови се наоѓала на трпезата пред шеесеттите години на XIX век и јапонското отворање кон запад, и другата која всушност претставува воведување на нови состојки и познати јадења припремени на јапонски начин. Имајќи во предвид дека Јапонија е островска земја, во подготовка на јадењата се користат сите видови на морска риба, ракчиња и морски плодови во сите облици. Како задолжителни јадења на јапонската трпеза се вбројуваат разни видови на супа, речиси задолжителен прилог со секое главно јадење е обарен ориз наместо кој многу често се служат и тестенини, додека главното јадење се состои во главно од месо или риба - варени, пржени или печени на скара. Во подготовка на храната се користат и сите видови на зеленчук и овошје, голем број зачини од кои соја сосот е речиси задолжителна состојка така што јапонската кујна во главно е многу богато зачинета и во споредба со останатите кујни е значително посолена но и многу помалку масна. Многу често месото, а особено рибата, се служи термички необработена како традиционалното суши или сашими. Кога станува збор за цените на оброк во ресторан, тие варираат во зависност од местото каде што јадете. Најевтин оброк можете да јадете во рестораните со брза храна каде јадат поголемиот дел од јапонците и каде оброкот ќе ве чини од 5-7 ЕУР. Во малку полуксузните ресторани оброкот чини во просек од 10-20 ЕУР.

7. СИГУРНОСТ

Јапонија важи за држава со високо ниво на јавен ред и мир, без ризик од вооружени пресметки и со ниска стапка на криминал во споредба со други развиени земји. Јапонија меѓутоа е земја со висок ризик од природни непогоди.

8. ОБЛЕКА

Без разлика дали патувате во Јапонија на пролет или есен, се препорачува слоевито облекуѕвање поради разликата помеѓу утринските и попладневните температури. Секако ве советуваме да понесете удобна облека како и тенка јакна за вечерните часови.

9. ЛОКАЛНА ВАЛУТА

Официлајна валуте во Јапонија е јапански јен (JPN, Yen) и тоа е единственото дозволено средство за плаќање. Плаќање со странска валута не е дозволено.

По среден курс 1ЕУР = 125 ЈЕН, 1$ = 103 ЈЕН-и. можат да се користат платежните картички American Express, VISA, Diners Club и Master Card а во банкоматите картички со ознака Cirrus, PLUS, Maestro и Visa Electron но мора да напоменеме дека често се случува платежните картички да не поминуваат во Јапонија, па затоа Ве советуваме да се потпрете исклучиво на готовина.

10. СТРУЈА

Потребно е да понесете адаптер за електрична енергија. Струјата во Јапонија е 100 волти (САД 120 волти, Европа 230 волти). Адаптеро е со два текни и сплоснати влезови (како за во САД).

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.