Колумбија 14 дена

цена од
1.790
EUR ,00
траење
14 дена
Пријави се Барање
Барање


Упатете се со нас на ова неверојатно и единствено патување во земјата на кафето! Некогаш Колумбија била позната како земја на Пабло Ескобар, а денес оваа земја привлекува голем број на туристи, поради својот разноврсен биодиверзитет, преубави плажи и интересни градови. На овие простори некогаш живееле староседелците попознати како “Muisca", а денес во Колумбија живеат 800.000 староседелци од 90 различни племиња. Ќе ја посетиме Богота - главниот и најголем град во Колумбија, сместен на 2600 метри висина. Една од омилените реченици на жителите на Богота е дека тие се “2600 метри поблиску до ѕвездите од останатите народи“. Потоа одиме во вториот најголем град во Колумбија - Меделин. Некогаш Меделин бил познат исклучиво по Пабло Ескобар - кралот на дрогата, кој живеел тука. Во тоа време Меделин бил место на вечна борба меѓу нарко картелите, но денес овој град е вистинска урбана престолнина која промовира култура и модерна уметност! Во овој град ќе наидете на изложба на скулптури на отворено од познатиот уметник Ботеро, но и на цели квартови ишарани со преубави графити. Ќе имаме прилика преку факултативен излет да посетиме една единствена атракција во Колумбија - карпата Ел Пењон де Гуатапе. На врвот на карпата ви се отвора неверојатен поглед на езера и островите Гуатапе. Следната наша станица е Картагена - еден од најубавите колонијални градови кои можете да ги посетите во Латинска Америка. Овој град, чие полно име е Картагена де Индиас, е основан уште во далечната 1533 година, а некогаш, покрај Хавана, бил најзначајниот град во “новиот свет“. Денес овој град, поради своите преубави згради во шарени бои, улици со калдрма и ритамот на салса, привлекува најголем број на туристи во Колумбија. Санта Марта е најстариот јужноамерикански град и втор по важност на колумбискиот карибски брег. Основан е од шпанскиот истражувач Родриго де Бастидас во 1525 година како прв град во тогашна Колумбија. Градот е познат по производството на банани, како и по исклучително убавите плажи. Од Санта Марте имаме прилика да го посетиме бисерот на овој крај, Националниот парк Тајрон, како и природниот резерват Таиронака и блиското рибарско село Таганга, каде ќе уживаме во песочните плажи и кристално синото море.


Рута
Белград
Истанбул
Богота
Меделин (Medellin)
Картагена (Cartagena)
Богота
Истанбул
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Акции - последни места, Далечни дестинации
Дестинации
Колумбија
Код на патување
CO1
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на групата на аеродромот ,,Никола Тесла‘’ во Белград. Лет од Белград за Истанбул во 20:25 часот (TK1084). Пристигнување во Истанбул во 23:10 часот и преседнување на лет за Богота.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Истанбул, во економска класа

Место

  • Белград
  • Истанбул

Лет од Истанбул за Богота во 10:05 часот (TK801). Пристигнување во Богота во 15:30 часот. Трансфер до сместувањето. Слободно време за истражување на третата најголема престолнина на светот.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Богота, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hotel *** во Богота 1 ноќ

Место

  • Богота

Факултативен излет разгледување на Богота, шпански колонијален град кој е главен град на Колумбија. Овој град е комбинација на модерна архитектура и колонијалното наследство на Шпанците, со големи плоштади и катедрали. Ќе го посетиме стариот град познат под името La Candelaria, на чиј плоштад Chorro de Quevedo, според преданието, е основана Богота во XVI век. Истотака, ќе го посетиме и Плоштадот Боливар (Bolivar), со главната градска катедрала и националниот парламент и Музејот на Златото, кој ја поседува најголема колекција на предмети од злато од пред-шпанскиот период, а потоа ќе отидеме и со жичарница на ридот Монсерат (Monserat) од каде се простира најубавиот поглед на Богота. Враќање во сместувањето. 

Сместување

Hotel *** во Богота 1 ноќ

Место

  • Богота

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Зипакира - Тргнваме во посета на градот Зипакира, што на чибче јазикот значи “град на нашиот Татко“. Во предколумбискиот период, солта околу тоа подрачје била најважна стока, а “солените колачи“ биле единствена валута за трговија. Со текот на времето технологијата се подобрувала и Чибче почнале да извлекуваат поголема количина сол. Поради тоа е формирано подземно лежиште за сол, кој го откриле народот Чибче пред 600 години и на него е изградена Солена катедрала, 180 метри под земја, која имаме можност да ја посетиме.

Сместување

Hotel *** во Богота 1 ноќ

Место

  • Богота

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Лет за Меделин (Medellin), град на ,,вечната пролет’’. Трансфер до сместувањето. Факултативен излет, разгледување на Меделин, вториот најголем град во Колумбија, кој некогаш бил познат како градот на Пабло Ескобар, а денес е главен урбан центар на целата земја. Ќе го истражиме центарот на Меделин, исполнет со историја и распеани ноти на традиционалната музика гуаска (guasca) која ја свират музичари во паркот Берио (Berio). Одиме до плоштадот Ботеро (Botero) по кој Меделин станал познат. Тука се наоѓаат прочуените фигури на познатиот ликовен уметник Фернандо Ботеро. Ќе ја посетиме и Ботаничката градина како и музејот ,,Casa de la memoria’’. Со жичарница одиме до ридот Санто Доминго од каде што ја започнуваме таканаречената Графити тура, која нѐ учи за борбата на локалното население за подобар живот. Враќање во сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Богота - Меделин, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел *** во Меделин 1 ноќ

Место

  • Меделин (Medellin)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет Гуатапе (Guatape) и Ел Пењол (El Peñol). Нова можност да се запознаеме со природните убавини на Колумбија, посета на езерото и познатата карпа Ел Пељол (El Peñol)! Оваа карпа се наоѓа на работ од езерото и ако сте доволно храбри можете да се искачите преку 700 скали до нејзиниот врв и да уживате во погледот на долината...Исто така, ќе го посетиме и селото Гуатапе кое го нарекуваат најшареното село во Колумбија, со многу шарени куќи во колонијален стил, тесни улички и продавници за сувенири. Враќање во Меделин. 

Сместување

Хотел *** во Меделин 1 ноќ

Место

  • Меделин (Medellin)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден во Меделин или можност за организирање на факултативен излет на хациендите за кафе. Одиме на семејни имоти каде ќе имаме можност да слушнеме од домаќините сѐ за надалеку познатото колумбиско кафе. Ке дознаеме како се одвива целиот процес, од берење до моментот кога овој пијалок ќе заврши во вашата шоља. После денот поминат на оваа автентична хациенда и одморањето во руралните предели на магичната Колумбија се враќаме во сместувањето. 

Сместување

Хотел *** во Меделин 1 ноќ

Место

  • Меделин (Medellin)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет за Картахена (Cartagena), најпосетениот и најубавиот град во Колумбија. Факултативен излет - разгледување на Картахена односно на стариот град кој е под заштита на УНЕСКО. Стариот град е најубавиот бисер на колонијалната архитектура во Колумбија – камени улици и згради стари повеќе од 300 години во најразлични бои. Вечерта танцуваме меренге, колумбиски танц, на некои од плоштадите во стариот град!

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Меделин - Картахена, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел *** во Картахена 1 ноќ

Место

  • Картагена (Cartagena)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет - разгледување на Картахена, односно стариот град кој е под заштита на УНЕСКО. Стариот град е најубавиот бисер на колонијална архитектура во Колумбија - лавиринт од улици со калдрма, балкони, цркви и згради стари преку 300 години во најразлични бои.

Сместување

Хотел *** во Картахена 1 ноќ

Место

  • Картагена (Cartagena)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање во Картахена.

Сместување

Хотел *** во Картахена 1 ноќ

Место

  • Картагена (Cartagena)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет - острови Росарио (Islas de Rosario). Одиме на островите Росарио. Уште еден ден за ужување на Карипското Море и преубавите песочни плажи! Тиркизно море и бел песок под нашите прсти. Слободното време можете да го искористите за посета на Аквариумот или за snorkeling на архипелагот кој го сочинуваат 27 корални острови. Прилика за опуштање со масажа и свежи сокови и коктели. 

Сместување

Хотел *** во Картахена 1 ноќ

Место

  • Картагена (Cartagena)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето. Лет за Богота. Поминуваме уште една ноќ во главниот град на Колумбија.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Картахена - Богота, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hotel *** во Богота 1 ноќ

Место

  • Богота

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродромот во Богота. Лет од Богота за Истанбул во 17:00 часот (ТК800).

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Богота - Истанбул, во економска класа

Место

  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул во 16:55 часот. Преседнување на лет за Белград во 18:45 часот (ТК1083). Пристигнување во Белград во 19:30 часот. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Белград, во економска класа

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel во Богота Пример 4 ноќи
Хотел во Меделин Пример 3 ноќи
Хотел во Картахена Пример 4 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Истанбул, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Богота, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Богота - Меделин, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Меделин - Картахена, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Картахена - Богота, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Богота - Истанбул, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Белград, во економска класа

Храна

11 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Богота - City tour

Цена: 35,00 EUR

Го разгледуваме историскиот центар на градот. Прва станица ни е Plaza de Bolivar каде ќе шетаме по улиците и ќе ги видиме важните градски знаменитости како што е Националниот Капитол, кој е центар на законодавниот живот на оваа земја, Casa de los Comuneros, Casa de Narino, која претставува претседателска куќа и музеј црквата Санта Клара. Ова разгледување вклучува и посета на музејот на златото, во кој се наоѓаат околу 34.000 парчиња метал од различни хиспански култури и посета на музејот Куинта де Боливар, односно куќата каде живеел Симон Боливар, познатиот јужноамерикански револуционерен водач. По посетата на музеите, се качуваме на жичара и одиме до симболот на Богота, ридот Монсерат, од каде има најубав поглед на градот. Во цената на излетот е вклучено: локален водич, билет за жичара и влезници за музеите.

Зипакира

Цена: 45,00 EUR

Зипакира - одиме во посета на градот Зипакира, што на чибче јазикот значи “град на нашиот Татко“. Во предколумбискиот период, солта околу тоа подрачје била најважен производ, а “солените колачи“ биле единствена валута за трговија. Со текот на времето технологијата се подобрувала и почнало да се извлекува поголема количина сол. Поради тоа е формирано подземно лежиште за сол, кој го откриле народот Чибче пред 600 години и на него е изградена Солена катедрала, 180 метри под земја, која имаме можност да ја посетиме. Во цената на излетот е вклучено: трансфер, локален водич.

Меделин - City tour

Цена: 65,00 EUR

Одиме на целодневно панорамско разгледување на градот каде ги посетуваме најатрактивните места во Меделин, како што се Pueblito Paisa, парк на скулптурите и музејот Antiokuia; таму се наоѓаат најважните дела на колумбијскиот уметник Фернандо Ботера. Потоа ја посетуваме ботаничката градина со изложба на орхидеи и музејот “Casa de la Memoria”, место посветено на промените низ историјата на Меделин и Колумбија. Ручек, па посета на популарната населба “Comuna 13”, место каде учиме и гледаме како уличните уметници од овој град ги создаваат графитите со кои сакаат да раскажат приказна за надеж, додека трагаат за подобри услови за живот на заедницата и покрај сите неволји. Во цената на излетот е вклучено: посета на Pueblito Paisa, влезници за музеите, ручек, билет за метро и жичара, Grafitti тура.

Гуатапе (Guatape) и Ел Пењол (El Peñol)

Цена: 65,00 EUR

За да се оддалечиме од градската врева заминуваме во мирниот и живописен Гуатапе! Овој шармантен град е еден од најфотогеничните гратчиња во Колумбија. Ќе поминеме низ градовите Мариниља (Marinilla), каде што ќе најдеме колонијални згради и ќе ја почувствуваме страсната религиозна традиција на овој крај; новиот Ел Пењол кој го заменил стариот Ел Пењол кој бил поплавен за да може да се изгради резервоартот Ел Пењол – Гуатапе на крајот од седумдесеттите и Гуатапе. Она што е карактеристично за Гуатапе е тоа дека на долните делови од куќите се насликани со различни детаљи, а фасадите се во силни бои што ова гратче го прави едно весело и опуштено место. Исто така она што е главна атракција на целиот регион е и тврдината Piedra del Peñol – карпата Peñol до чиј врв водат 740 скали! Од врвот можете да уживате во неверојатниот поглед на околината околу езерото и целиот регион! Искачувањето на карпата е опционално. Во цената на излетот е вклучено: водич, трансфер, ручек.

Картахена City tour

Цена: 35,00 EUR

Излетот го започнуваме во модерните населби Бокагранде (Bocagrande) и Манга (Manga), каде ќе видиме контраст помеѓу модерната архитектура и убавината на старите куќи од XX век. Потоа ќе го посетиме дворецот кој Шпанците настојувале да го заштитат од нападите на Англичаните во XVII век, “El Castillo De San Felipe de Barajas“. На крајот ќе го разгледаме историскиот центар на градот, ќе ја посетиме црквата San Pedro Сlaver, а потоа и Музејот Emerald. Во цената на излетот е вклучено: локален водич, трансфер, влезници за музејот и тврдината.

Островите Росарио (Rosario Islands)

Цена: 80,00 EUR

Овој целодневен излет го започнуваме со возење на глисер до островите Росарио, јужно од заливот Картахена. Овие острови се сметаат за национален парк на природата. Ќе уживаме во коралните плажи и разноликоста на фауната на гребенот и ќе го искористиме ова идеално место за релаксација и за капење. Во слободното време можете да го посетите и Аквариумот или да одите на snorkeling. Во цената на излетот е вклучено: водич, трансфер, ручек.

Сместување

Hotel *** во Богота

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** во Богота е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Хотел *** во Меделин

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** во Меделин е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Хотел *** во Картахена

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** во Картахена е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)