Нова Година Перу, Боливија, Чиле, Аргентина, Бразил

цена од
2.890
EUR ,00
сега од
2.790
EUR ,00
траење
26 дена
Пријави се Барање
Барање

Незаборавно новогодишно патување во Јужна Америка - Перу, Боливија, Чиле, Аргентина, Бразил!


Рута
Белград
Будимпешта
Париз
Лима
Куско (Cusco)
Копакабана (Copacabana)
Ла Паз
Салар де Ујуни
San Pedro de Atacama (Атакама)
Сантјаго де Чиле
Буенос Аирес
Водопадите Игуасу
Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
Париз
Будимпешта
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse, Хостел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Авантури и експедиции, Далечни дестинации, Нова година
Дестинации
Аргентина, Боливија, Бразил, Перу, Чиле
Код на патување
PBCAB2
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 25. 12. 2020

Состанок на групата во Белград и поаѓање за Будимпешта. Лет од Будимпешта во 06:00h (AF 1695) со преседнување во Париз. Пристигнување во Париз во 08:30h и преседнување на лет за Лима во 13:10h (AF 480). Пристигнување во Лима по локално време. Трансфер до сместувањето во дел на Лима кој е безбеден, опуштен, близу океанот и со добра забава. Загревање за Латинска Америка.

Превоз

  • Трансфер од Белград до Будимпешта
  • Авиобилет со сите такси на релација Будимпешта – Париз во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Париз – Лима во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел *** во Лима 1 ноќ

Место

  • Белград
  • Будимпешта
  • Париз
  • Лима

Факултативно разгледување на историскиот центар на Лима. Плоштадот на оружјето (Plaza del Armas), плоштадот Сан Мартин, катедралата, народниот музеј, палатата на правдата. Во близина на историскиот центар е и познатата црква на Свети Франциско со катакомби во нејзините ѕидини. Факултативно разгледување на Мирамар, дел на Лима кој се наоѓа на брегот на Тихиот океан, паркот Кенеди, паркот и плоштадот на Љубовта (Plaza y parque del Amor) и боемскиот Баранко. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хотел *** во Лима 1 ноќ

Место

  • Лима

Факултативни излети

Лет до Куско. Се качуваме на 3400 метри. Некогашната престолнина на Инките, а денес мал и опуштен град опкружен со Андите и историски градови. Факултативен излет - разгледување на градот. Plaza del Armas, плоштадот Сан Франциско, локалниот пазар, катедралата Св. Доминго... Сместување.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Лима – Куско, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Факултативен излет - Светата долина на Инките. Древни градови во долината на Инките кои се наоѓаат во цврстата прегратка на реката Урубамба: Писак, Олантајтамбо и Чинчеро. Живописни градови кои во некои аспекти се поинтересни дури и од самиот Мачу Пикчу. Цркви и шпански колонијални градби. Се запознаваме со голем број туристи од сите делови на светот и пиеме јаки билни чаеви кои ни даваат сила и ни помагаат да ја издржиме надморската височина. Одиме кон небесата! Враќање во сместувањето.

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Факултативни излети

Дводневен факултативен излет на Мачу Пикчу (Machu Picchu). Трансфер од Куско до Олантајтамбо каде се качуваме на познатиот воз за Агвас Калиентес (Aguas Calientes), бајковито место опкружено со Андите кое претставува предворје на амазонскиот регион. Трансфер до сместувањето. 

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Факултативни излети

Продолжение на излетот на Мачу Пикчу. Влегуваме во историското наоѓалиште и град кој бил центар на Инките. Луѓето од виското општество на Инките доаѓале тука на одмор! Чувството е неверојатно. Го истражуваме мистериозниот град, ги разгледуваме тврдините и рушевините и ја слушаме приказната за големото царство на Инките. Попладне со воз се враќаме во Олантајтамбо, а потоа и во Куско. Трансфер до сместувањето.

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Слободно време во Куско. Прилика за купување на познатите џемпери, капи и шалови од лама како и други бројни автентични сувенири. За љубителите на авантура предложуваме факултативен излет на чудесниот zip line над Урубамба. Вечерта се спремаме за ноќно возење кон Боливија.

Превоз

  • Ноќно возење од Куско до Копакабана

Место

  • Куско (Cusco)

Пристигнување во Боливија во место кое се вика Копакабана (Copacabana). Град на езерото Титикака (Titicaca), највисокот пловно езеро на светот, нѝ посакува добредојде во еден нов свет. Во близина се наоѓа и Isla de Sol, познато место каде според преданието е роден Богот на Сонцето Инти. 

Сместување

Хотел *** во Копакабана 1 ноќ

Место

  • Копакабана (Copacabana)

Трансфер до Ла Паз. Сместување и прилика за запознавање на највисоката престолнина на светот.

Превоз

  • Трансфер од Копакабана до Ла Паз

Сместување

Hotel *** во Ла Паз 1 ноќ

Место

  • Ла Паз

Слободен ден или можност за организирање на факултативниот излет на „death road“, познатиот пат на смртта – Јунгас (Jungas). Спуштање со велосипеди од 5.000 метри на 1.300 метри низ планината со неверојатна брзина! Три часа и половина спуштање по ридот низ прекрасните предели, водопади, шуми и реки. Враќање во Ла Паз. Луд ноќен живот во баровите. 

Сместување

Hotel *** во Ла Паз 1 ноќ

Место

  • Ла Паз

Факултативен излет – разгледување на Ла Паз и Долината на Месечината. Го разгледуваме највисокиот главен град на светот, се возиме со жичарница над целиот град, се запознаваме со секојдневието на народот Ајмара (Aymara) и им се восхитуваме на релјефите кои изгледаат како од друга планета во Долината на Месечината. Напуштање на сместувањето и слободно време за истражување на вештерските пазари и уживање во храната. Вечерта се упатуваме кон Салар де Ујуни (Salar de Uyuni).

Превоз

  • Ноќно возење од Ла Паз до Салар де Ујуни

Место

  • Ла Паз

Факултативни излети

Пристигнуваме во Салар де Ујуни, се качуваме во џиповите и тргнуваме во тридневна авантура. Го преминуваме најголемото солено земјиште по површина на светот кое се простира на повеќе од 10 илјади квадратни километри. Со облаците кои се рефлектираат во непрегледната белина, го посетуваме споменикот Дакар и ги правиме најлудите фотографии. 

Сместување

Сместување во Салар де Ујуни 1 ноќ

Место

  • Салар де Ујуни

Посета на езера со необични бои и нереални предели – Лагуна Верде (Laguna Verde), Лагуна Роха (Laguna Roja), вулкани и гејзери, кањони и природа каква досега не сме имале можност да видиме... Се упатуваме кон Чиле.

Сместување

Сместување во Салар де Ујуни 1 ноќ

Место

  • Салар де Ујуни

Преминување преку Андите, необични бои, облаци на дофат на раката, фламингоси и нереален свет околу нас. Пристигнуваме во Сан Педро де Атакама во Чиле.

Превоз

  • Трансфер до Сан Педро де Атакама

Сместување

Хостел во San Pedrо de Atacamа 1 ноќ

Место

  • San Pedro de Atacama (Атакама)

Трансфер до Калама и лет за Сантјаго де Чиле (Santiago de Chile), главниот град на Чиле кој е сместен во централната долина на земјата на височина од 520 метри. Трансфер до сместувањето. Факултативен излет – разгледување на градот каде од секој дел можат да се видат врвовите на Андите, ќе ги посетиме знаменитостите од колонијалниот период, театарот, националната библиотека, музејот на ликовни уметности, старата зграда на Конгресот, ридот Санта Луција (Santa Lucia)…

Превоз

  • Трансфер од Сан Педро де Атакама до аеродром во Калама
  • Авиобилет со сите такси на релација Калама – Сантјаго де Чиле во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хостел во Сантјаго 1 ноќ

Место

  • Сантјаго де Чиле

Факултативен излет во Валпраисо (Valparaiso), прекрасен град на брегот на Тихиот океан, кој е преполн со шарени куќички и е под заштита на УНЕСКО. Град кој претставува лулка на чилеанската нација. Враќање во Сантјаго. 

Сместување

Хостел во Сантјаго 1 ноќ

Место

  • Сантјаго де Чиле

Факултативни излети

Трансфер до аеродорм и лет за Буенос Аирес. Трансфер до хостел. Главниот град на Аргентитна, втор по големина во Јужна Америка, град на устието на реката Ла Плата (La Plata) во Атлантскиот Океан. Град на тангото, фудбалот, вино, најдобриот бифтек на светот, Марадона, Евита Перон...

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Сантјаго де Чиле - Буенос Аирес во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хостел во Буенос Аирес 1 ноќ

Место

  • Буенос Аирес

Факултативен излет - разгледување на градот: Зградата на Конгресот, Casa Rosada, Plaza de Mayo, познатиот Обелиск, библиотеката Атенео (Ateneo), гробиштата Реколета (Recoleta)… Возбудлив ноќен живот придружен со малбек вино и звуците на тангото. 

Сместување

Хостел во Буенос Аирес 1 ноќ

Место

  • Буенос Аирес

Продолжуваме со факултативниот излет разгледување на градот и се упатуваме кон познатата Ла Бока (La Boca), шарен и посебен кварт на Буенос Аирес, посета на Ла Бомбоњера (La Bombonera), приказни за Марадона, и пробување на познатото јадење чорипан (choripan) зачинето со чимичури (chimichurri). 

Сместување

Хостел во Буенос Аирес 1 ноќ

Место

  • Буенос Аирес

Трансфер до аеродромот и лет за Фоз Игуасу. Трансфер до сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Абиобилет со сите такси на релација Буенос Аирес – Пуерто Игуасу во економска класа со 23кг.чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хостел во Foz de Iguazu 1 ноќ

Место

  • Водопадите Игуасу

Факултативен излет – Игуасу водопади или „големата вода“ како што ги викале Гуараните (Guarani), претставуваат најголем систем на водопади на светот. Се состојат од 275 водопади кои ги прави реката Игуасу на границата помеѓу аргентинската провинција Мисионес (Misiones) и бразилската сојузна држава Парана (Paranа). Опкружени со бујната вегетација на џунглата, во придружба на туканите (toucan) и коатите (coati), видови на ракуни карактеристични за ова место. Го впиваме чудото на природата заедно со моќните звуци на водата која паѓа и боите на виножитата кои се појавуваат над и помеѓу водопадите. 

Сместување

Хостел во Foz de Iguazu 1 ноќ

Место

  • Водопадите Игуасу

Факултативни излети

Трансфер до аеродром и лет кон престолнината на Базил, прочуениот Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro). Популарен, жив, уникатен и заводлив. Еден дел се наоѓа под заштита на УНЕСКО, а другиот дел го красат барови, самба и долги песочни плажи. Рио го основале португалците на 1 јануари 1502 година и го крстиле "Јануарска река". Трансфер до сместувањето. За крајот на денот препорака е качување на карпата Арпоадор, дом на уникатни кактуси. Мал полустров помеѓу Ипанема и Копакабана од кој има неверојатен призор на сонцето кое заоѓа позади најголемата бразилска фавела, Росиња. Кариоките со аплауз го отпоздравуваат секој залез на сонцето, а ние на враќање кон сместувањето застануваме во некои од нивните барови за да пробаме необични комбинации на амазонско овошје како асаи и рум и да кроиме авантуристички планови за наредните денови.

Превоз

  • Трасфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Игуасу – Рио де Жанеиро во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Факултативен излет во прашумата Тижука (Tijuca), статуата на Исус Спасителот (Christ the Redeemer), стадионот Маракана и Самбодромо (Sambodromо). Прашумата зазема речиси десетина од територијата на Рио и ја нарекуваат „белите дробови на градот“. Поминуваме низ егзотичен зелен свет и продолжуваме до статуата на Исус Спасителот на ридот Корковадо (Corcovado) која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара (Guanabara) и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е смeстена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од кој се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти е стадионот Маракана. Познатиот стадион сѐуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950 година шокантно им избега титулата светски првак. Денот ќе го разведриме со боите на Самбодромо, местото од кое почнува познатото дефиле во Рио односно карневалот кој со децении важи за планетарен спектакл. Овде се собираат главните школи за самба од целата земја облечени во богато украсените костуми потсетувајќи дека Рио е престолнината на хедонизмот. Враќање во сместувањето. 

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Факултативни излети

Факултативен излет - Шеќерната Глава (Pão de Açúcar), Олимпискиот булевар, скалите Селарон (Selaron), паркот Lege и гурманскиот рај – Ботафаго (Botafogo). Ден за посета на највпечатливите знаменитости на Рио. Одиме на другиот крај на градот да ја посетиме познатата Шеќерна Глава која се наоѓа над заливот Гванабара (Guanabara), а чиешто име симболизира издигнување на островот од заливот кој е дел од Атлантскиот Океан. Оттаму се гледаат областите Урка (Urсa), Ботафого и Копакабана. Не ја пропуштаме можноста да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон (Jorge Selaron). Низ скалите провејува сината, жолтата и зелената боја како боите на бразилското знаме. Бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и бендот U2 имаат снимено видео спотови на ова место. За крај се запознаваме и со урбаната страна на Рио. На Олимпискиот булевар нѐ чекаат огромни графити. Неискористените некогашни хангари неодамна станале место за изразување на алтернативниот Риo. За крај на денот одмараме во зеленилото на Паркот Леге каде се наоѓа грандиозна вила од почетокот на минатиот век која еден богат индустријалец ѝ ја подарил на својата жена за одржување на своите музички настапи. Враќање во сместувањето. 

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Факултативни излети

По напуштање на сместувањето, денот го користиме за одмор и факултативна посета на најпознатите плажи на градот. Уживање на Копакабана и Ипанема. Пиеме капириња и ја впиваме бразилската енергија. Препознатливото шеталиште на овие две плажи со брановидни шари мами туристи од целиот свет. Покрај капење на плажите има и бројни терени за фудбал и одбојска на песок, лежалки, свежи кокоси и вкусни морски плодови. Уште малку слободно време пред враќањето дома. Трансфер до аеродром и лет за Париз во 20:40h (AF 467).

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Рио де Жанеиро - Париз во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
  • Париз

Пристигнување во Париз во 11:50h. Лет за Будимпешта во 13:20h (AF 1294). Пристигнување во Будимпешта во 15:30h. Трансфер до Белград. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Париз – Будимпешта во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од Будимпешта до Белград

Место

  • Будимпешта
  • Белград
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 100€. По формирање на групата се уплаќаат уште 600€, а преостанатиот дел се плаќа најдоцна 7 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Хотел во Лима Пример 2 ноќи
Guesthouse во Куско Пример 4 ноќи
Хотел во Копакабана Пример 1 ноќ
Hotel во Ла Паз Пример 2 ноќи
Сместување во Салар де Ујуни Пример 2 ноќи
Хостел во San Pedrо de Atacamа Пример 1 ноќ
Хостел во Сантјаго Пример 2 ноќи
Хостел во Буенос Аирес Пример 3 ноќи
Хостел во Foz de Iguazu Пример 2 ноќи
Хотел во Рио де Жанеиро Пример 3 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Белград до Будимпешта
  • Авиобилет со сите такси на релација Будимпешта – Париз во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Париз – Лима во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Лима – Куско, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Ноќно возење од Куско до Копакабана
  • Трансфер од Копакабана до Ла Паз
  • Ноќно возење од Ла Паз до Салар де Ујуни
  • Трансфер до Сан Педро де Атакама
  • Трансфер од Сан Педро де Атакама до аеродром во Калама
  • Авиобилет со сите такси на релација Калама – Сантјаго де Чиле во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Сантјаго де Чиле - Буенос Аирес во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Абиобилет со сите такси на релација Буенос Аирес – Пуерто Игуасу во економска класа со 23кг.чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трасфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Игуасу – Рио де Жанеиро во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Рио де Жанеиро - Париз во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Париз – Будимпешта во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од Будимпешта до Белград

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Боливија
  • Излезна такса за Боливија (25 УСД)

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Лима City Tour

Цена: 30,00 EUR

После прошетката во паркот Кенеди (Kennedy) кој уште го нарекуваат и Паркот на мачките одиме со автобус до историскиот центар на Лима. Тука за прв пат се среќаваме со шпанското колонијално наследство и дознаваме зошто речиси секој плоштад во Јужна Америка се вика Plaza del Armas. Доколку нѝ се укаже прилика ќе присуствуваме на смената на стража на плоштадот каде со сета помпа Перуанците потсетуваат на својата борба за независност во XIX век. Потоа се упатуваме кон колоритниот дел на градот покрај брегот кој се вика Баранко (Barranco). Доколку сакате може да уживате во свежата морска храна во рестораните со најубавиот поглед на Тихиот Океан во Лима. Tука нѐ чекаат бројни специјалитети како chicha morade и ceviche. Попатно, се фотографираме пред многубројните графити кои го красат овој крај. Ќе одиме и до романтичниот Мост на воздишките. Подоцна ќе се прошетаме и низ Паркот на љубовта каде ќе го дочекаме залезот на сонцето.

Светата долина на Инките

Цена: 35,00 EUR

Светата долина на Инките – целодневен излет – На овој целодневен излет се запознаваме со древната цивилизација на Инките. Посетуваме три големи археолошки наоѓалишта. Писак (Pisaс), Олантајтамбо (Ollantaytambo) и Чинчеро (Chinchero) се места на кои ќе го разбереме секојдневниот живот на Инките и на нивните поданици. Ќе ги слушаме приказните на нашиот локален водич за боговите кои ги обожавале, како ја чувале храната, како транспортирале стоки, како комуницирале итн. Оваа цивилизација го доживеала својот зенит во текот на XV век, а веќе во средината на XVI век била покорена од страна на шпанските конкистадори. Сите споменати локалитети се наоѓаат во магичната природа околу реката Урубамба (Urubambа). Писаксе наоѓа покрај реката Урубамба, која на Кечуа (Quechua) и Ајмара (Aymara) јазиците се вика Вилканота (Vilcanota), а денес на локалитетот може да се видат тераси кои Инките ги користеле за одгледување на различни култури на големи надморски височиниOлантајтамбо е стара престолнина која ја основал владетелот Пачакути (Pachacuti) и во неа изградил куќи и церемонијален центар. Поголемиот дел од населението кое живее во Чинчерo се потомци на стариот народ Кечуа и тука ќе имаме можност да се запознаеме со деталите за нивниот живот и уредување. На овој излет освен со археолошките локалитети ќе се запознаеме и со конкретни занаети, па ќе научиме на пример како се бојат ткаенините или како се препознава вистинско сребро. Исто така, ќе посетиме и селски пазар каде покрај сувенирите ќе можеме да се сликаме и со припитомени лами. Во текот на овој ден имаме и вклучен ручек во најпознатиот ресторан во оваа долина. Тука нѐ чека неограничено јадење на разновидна перуанска храна, а за ваквата разновидноста најдобро говори фактот дека само андските култури познаваат преку 3800 видови на компир.

*Во цената на излетот не е вклучена влезница и таа чини 70 PEN

Мачу Пикчу - дводневен излет

Цена: 170,00 EUR

Најпознатиот град на Инките, во долината на реката Урубамба, недалеку од Светата долина и непознат за шпанските конквистадори и на западната цивилизација се до 1911 година. Се наоѓа на листата на Светско наследство на UNESCO од 1983 година. Скриената престолнина на Инките изградена е околу 1450 година, а напуштена е 100 години подоцна, со доаѓањето на шпанските конквистадори. На самиот локалитет се наоѓаат делови во кои живееле Инките, храмови посветени на богот на сонцето, различни скулптури, астрономски часовници, па дури и гробници.

Во цената на излетот е вклучено: повратен трансфер со автобус и воз на релација Куско – Олантајтамбо – Аквас Калиентес, сместување на база на ноќевање во повеќекреветни соби во хостел/хотел во Аквас Калиентес. Не е вклучена влезница за локалитетот: 152 PEN.

Ла Паз и Долината на Месечината

Цена: 35,00 EUR

Со овој излет го запознаваме највисокиот главен град на светот кој се наоѓа на околу 3650m височина, како и неговата околина. Денот го започнуваме со осврт на шпанското колонијално наследство. На плоштадот Муриљо (Murillo) е погубен најголемиот борец за независност од мадридската круна, Педро Муриљо. На самиот плоштад се наоѓаат Катедралата, Конгресот, како и Претседателската палата. На ова место се запознаваме со политичкиот живот на Боливија и како во последните години го обележуваат кокаљеросите (Cocaleros) и претседателот Моралес. Ќе ја разгледаме и црквата Сан Франциско (San Francisco) која е специфична по тоа што иако е градена во барокен стил, содржи детали од автохтоните народи. При разгледувањето на Ла Паз ќе ги посетиме со автобус и видиковците на овој несекојдневен град меѓу кои и Киљи Киљи (Killi Killi) од кој ја има најубавата панорама и поглед од речиси 360 степени на планината Иљимани (Illimani). Ќе имаме можност да се возиме и со највисоката жичарница на светот која поминува низ еден град. Незаборавното искуство над Ла Паз ќе го надополниме со посета на Долината на Месечината. Таа  претставува чудесно обликуван релјеф кој потсетува на површината на Месечината што го потврдил и самиот Нил Армстронг. Поради силниот ветар и дожд, песокот и глината се поиграле со овој предел оставајќи ги посетителите без здив. Како со орнаменти просторот е украсен и со по некој кактус, единствената вегетација што може да опстане на ваков терен. Денот го завршуваме на Вештерскиот пазар. Тука може да се најдат многу необични предмети и сувенири како фетуси од лама кои локалното население ги жртвува на божицата на земјата, Пачамама.

Валпараисо (Valparaiso)

Цена: 40,00 EUR

Посета на Валпараисо, живописно гратче на брегот на Пацификот кое е под заштита на UNESCO, а кое одишува со боемска и уметничка енергија, со бројни кафулиња, видиковци и шарени куќички. Овој град со право се нарекува „Бисер на Пацификот“ и денес има околу 275 000 жители. Градот претставува родно место на модерното Чиле со оглед на тоа дека тука се основани бројни институции како и најстариот весник на шпански јазик “El Mercurio”. Валпраисое местото во кое свое засолниште од прогонот нашол и славниот чилеански поет Пабло Неруда. Потоа го посетуваме Вино дел Мар (Vinо del Mar), познато летувалиште каде ги впиваме зраците на сонцето додека нозете нѝ ги заплискува водата на Тихиот Океан.

Водопадите Игуасу (Iguaсu)

Цена: 60,00 EUR

Се наоѓаат на истоимената река на границата помеѓу Аргентина и Бразил. Името потекнува од зборовите на племето Гуарани (Guarani) и значи голема водаЦелото подрачје околу самите водопади е прогласено за национален парк и се наоѓа на листата на Светско наследство на UNESCO. Самиот водопад се состои од 275 помали водопади, и тие заедно го прават најголемиот систем на водопади на светот. Најголемиот водопад се вика „дупката на ѓаволот“, во кој водата паѓа од височина од преку 100 метри, а звукот кој го произведува се врежува во сеќевање засекогаш. Водопади се наоѓаат во тропска шума опкружени со прекрасна природа, а рефлексијата од водата често формира виножито кое се наоѓа над површината. Во цената на излетот е вклучено: транспорт, влезница и водич.

Тижука, статуа на Исус Спасителот, Маракана и Самбодромо

Цена: 75,00 EUR

Прашума која завзема речиси десеттина од територијата на Рио и ја нарекуваат „белите дробови на градот“. Поминуваме низ егзотичен зелен свет. Ретки билки, необични птици и чудни животинки кои ни го сечат патот како бразилски ракун или капучински мајмуни. Најпрво, доколку ни дозволуваат условите, застануваме на видиковецот Vista Chinesa, кај градбата која ја подигнале кинески имигранти на местото каде уживале во опиум бегајќи од тешката работа во хациендите околу Рио. Потоа продолжуваме кон статуата на Исус Спасителот на ридот Корковадо која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е сместена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од која се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти е стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950. година шокантно им избега титулата светски првак. Денот ќе го разведриме со боите на Самбодромо, местото од кое почнува познатото дефиле во Риo односно карневалот кој со децении важи за планетарен спектакл. За симболична надокнада можете да ги облечете најоткачените костуми и да заиграте во ритмамот на самба во нив. Овде се собираат главните школи за самба од целата земја и уживаат во шетањето во богато украсените костуми потсетувајќи дека Рио е престолнината на хедонизмот. Во цената на излетот е вклучено: транспорт, локален водич и билет за воз до статуата на Исус Спасителот.

Шеќерна глава, Олимписки булевар и Парк Леге

Цена: 80,00 EUR

Заминуваме на другата страна на Рио и ја посетуваме прочуената Шеќерна Глава, која се наоѓа над заливот Гуанабара, чиешто име го симболизира издигнувањето на островот од заливот - кој е дел од атлантскиот океан. Планината го добила ова име поради нејзиниот облик, а Бразил е најголемиот извозник во светот токму на шеќер. Баш оттука е и прочуениот поглед на областа Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа следи посета на боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови. Одиме на обилен бразилски ручек каде можете да вкусите автентични јадења како што се на пример феижоаде (црн грав), мокеке (“бразилска паеља“), pao de queijao (пециво со сирење), но и многу други Бразилски деликатеси. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. Некогаш големите хангари, неодамна се искористени за израз на алтернативна уметност. Графитите го отсликуваат олимпискиот дух и планетарно заедништво во автохтон стил. За крај на денот, одмораме во зеленилото на паркот Лаге каде се наоѓа грандиозната вила изградена на почетокот на минатиот век, која еден богат индустриец и ја подарил на неговата сопруга како место за одржување на нејзините музички настапи. Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и билет за Шеќерната Глава.

Сместување

Хотел *** во Лима

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Лима е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Guesthouse во Куско

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Гестхаус (Guesthouse) во Куско е сместувачки објект каде собите се генерално помалку пространи, со два кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Хотел *** во Копакабана

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Копакабана е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Hotel *** во Ла Паз

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Ла Паз е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Сместување во Салар де Ујуни

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместување во Салар де Ујуни е во базични шесткреветни соби во guestohouse (hospedaje) карактеристичен за пустинската област. Тоалетите се заеднички на секој кат.

Хостел во San Pedrо de Atacamа

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хостел во San Pedrо de Atacamа е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација, како и за оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се двокреветни. Услугата е на база ноќевање.

Хостел во Сантјаго

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хостелот во Сантјаго е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација, но и за оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се двокреветни. Услугата е на база ноќевање.

Хостел во Буенос Аирес

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хостел во Буенос Аирес е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација, како и за сите оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се двокреветни. услугата е на база ноќевање.

Хостел во Foz de Iguazu

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хостел во Foz de Iguazu е семстувачки капацитет наменет пред се за младата генерација, како и за оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се двокреветни. Услугата е на база ноќевање.

Хотел *** во Рио де Жанеиро

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Рио де Жанеиро е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)