Природа од која навистина ќе се чувствувате подобро и поубаво! Андите какви до сега не сте успеале да ги видите... Предели од кои на Инките и на нивните богови им застанува здивот. Необично патување во далечна и необична земја. Храмови, градови на Инките, модерни метрополи, астрологија, изненадувања, листови кока во чај, племенски врачари, пазари, портокалови компири, пастрмки, кактуси, зачини... Магичниот свет на Перу на дланка: качување на Мачу Пикчу, пловечки острови, кондори над кањонот Колка, алпаки на планинита со бои на виножитото (Rainbow Mountain), чудесните Наска линии...
Состанок на групата во Белград и трансфер до Будипмешта. Лет за Амстердам KL1972) во 06:30. Пристигнување во Амстердам во 08:40 и трансфер за летот за Лима во 12:35 (KL743). Пристигнување во Лима во 18:05. Трансфер до сместувањето кое се наѓа во дел од Лима кој е безбеден, опуштен, блиску до океанот и до плажите за сурфање, дискотеките и местата за забава. Загревање за големата авантура во Перу.
Превоз
Трансфер од Белград до аеродром во Будимпешта
Авионски билет со сите такси на релација Будимпешта - Лима, во економска класа со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
Факултативен излет разгледување на историскиот центар на Лима, Плоштадот на Оружјето (Plaza del Armas), Народниот музеј, Палатата на правдата, Плоштадот Сан Мартин (San Martin). Во близина се наоѓаат и познатите катакомби во манастариот Свети Франциско (San Francisco). Истражување на Мирамар (Miramar), дел од Лима кој се наоѓа покрај брегот на Пацификот, паркот Кенеди (Kennedy), паркот и плоштадот на Љубовта (Plaza y parque del Amor) и преубавиот Баранко (Barranco).
Слободен ден во Лима, се прилагодуваме на климата и се подготвуваме за голема авантура, и поголема надморска височина, која не очекува во наредните денови. Се запознаваме со перуанските специјалитети, шетаме низ живописните улици и уживаме во нереалниот поглед на Пацификот.
Поаѓање од сместување и лет од Лима до Куско. Пристигнување во Куско, трансфер до сместување. Куско - поранешен главен град на Инките; денес скапоцен камен на Андите, кој ги зачувува украсените балкони на шпанската архитектура и е опкружен со хармонично поврзани блокови на Инките. Факултативна екскурзија - Разглед на Куско - Плаза дел Армас, плоштад Сан Франциско, локален пазар, катедрала Свети Доминго, боемски кварт Сан Блас. Враќање во сместување.
Превоз
Авионски билет на релација Лима-Куско во економска класа со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
Факултативна екскурзија до планината Palacoyo – или како што се нарекува – Rainbow Mountain. Трекинг на височина од околу 4.000 метри и восхитување на природата што не опкружува - стада алпаки и разни бои кои се прелеваат во зависност од минерализацијата на почвата. Враќање во сместување.
Напуштање на сместувањето. Одиме на факултативен излет - Светата Долина на Инките. Античките градови во долината на Инките лоцирани покрај реката Урубамба: Писак, Олантајтамбо и Чинќеро - од некои аспекти поинтересни градови на Инките од самиот Мачу Пикчу. Ја запознаваме традицијата и наследството од времето на Инките: земјоделски лаборатории, градежни проекти, занаети со ткаење и изработка на сребро итн. Запознаваме голем број туристи од сите делови на светот. Дегустираме разни билни чаеви. Поаѓање за Олантајтамбо. Пристигнување во сместувањето.
Напуштање на сместувањето. Качување во познатиот воз до Агуас Калиентес, бајковито место опкружено со Андите, низ кое тече реката Урубамба, чие име во превод значи Света река. Трансфер до сместување. Слободно време.
Напуштање на сместувањето. Тргнуваме со воз до Агуас Калиентес. Овој ден е резервиран за факултативен излет - Тура на Мачу Пикчу. Влез во историски локалитет и многу посебен град на Инките. Чувството е неверојатно. Го истражуваме мистериозниот град на Инките, ги посетуваме тврдините и остатоците од градот, ја слушаме приказната за големата империја на Инките. Враќање во сместување.
Напуштање на сместувањето и слободното време, каде малку повеќе уживаме во шармот на Агуас Калиентес, до заминување со воз за Олантајтамбо. Трансфер до Куско и ноќен трансфер до Пуно.
Превоз
Трансфер од Агуас Калиентес до Олантајтамбо
Трансфер од Олантајтамбо до Куско
Трансфер од Куско до Пуно
Место
Агуас Калиентес
Олантајтамбо
Куско (Cusco)
Пуно
Храна
Континентален појадок ×
1
Пристигнуваме во Пуно - град на брегот на највисокото пловно езеро во светот - Титикака и на надморска височина од 3800м, блиску до границата со Боливија Трансфер до сместување Слободно време.
Пристигнуваме во Пуно - град на брегот на највисокото пловно езеро во светот - Титикака и блиску до границата со Боливија. Трансфер до сместување. По краткото освежување, тргнуваме на факултативен излет - пловечките острови, Урос и островот Такиле, каде што ќе видиме како живеат овие народи на надморска височина од над 4000 метри. Денот го поминуваме со заедници на луѓе кои живеат на необичен и традиционален начин. Враќање во сместување.
Напуштање на сместувањето. Тргнуваме од Пуно до Арекипа. Пристигнување во сместувањето. Ќе дознаеме зошто Арекипа го нарекуваат белиот град и зошто се смета за еден од најубавите колонијални градови во светот, кој е опкружен со моќни вулкани. Слободно време.
Ден резервиран за факултативна екскурзија - Разглед на Кањонот Колка, каде ќе имаме можност да се дружиме со лами и алпаки, да го посетиме малото гратче Чивеј и разни други автентични места. Се качуваме до видиковецот и го набљудуваме неверојатниот кањон, кој е вториот најдлабок кањон во светот, а ако имаме среќа, ќе видиме андиски кондори во нивното природно живеалиште. Кондорите на Андите имаат најголем распон на крилјата во светот и можат да достигнат над 3 метри. Прошетка во бујна природа и чист воздух. . После тоа ќе ги посетиме термалните извори и ќе уживаме, а по пат ќе видиме и бројни терасовити полиња од времето на Инките.
Факултативен излет - разглед на градот Арекипа. Во овој прекрасен перуански град, ќе имаме можност да ги видиме најдобрите атракции на градот, како што се црквата Свети Августин, манастирот Санта Каталина, моќниот вулкан Мисти и многу повеќе. Арекипа е неверојатна вулканска зона, но речиси сите се веќе неактивни, но сепак остануваат одлична атракција. Ноќен трансфер од Арекипа до Наска.
Пристигнување во Наска. Град и долински систем на јужниот брег на Перу. Тој е и најголемиот град во провинцијата Наска, чие име доаѓа од културата Наска. Трансфер до сместување. Слободно време за запознавање на градот.
Пристигнување во Наска. Трансфер до сместување. По кратка пауза одиме на факултативна екскурзија - Разглед на линиите Наска (лет над линиите на Наска) - чие потекло е поврзано со разни теории и мистерии. На површина од 350 квадратни километри има различни линии кои формираат форми на птици, различни животни и човечки облици. Овие древни пустински цртежи се стари над 1500 години. Кога ќе летаме над пустината, ќе имаме можност да ги видиме сите овие мистериозни геоглифи од птичја перспектива.
Напуштање на сместувањето. Трансфер од Наска до Паракас, познатиот вински регион. Пристигнување во Паракас, пристанишен град на брегот на Пацификот, кој е почетна точка за качување на бродови до островите Балестас. По желба, можеме да одиме во Писак, град во колонијален стил, кој го носи истото име како и познатиот локален алкохолен пијалок. Уживаме во гастрономските специјалитети на брегот на Тихиот Океан и во најдобрите вина.
Факултативен излет до островите Баљестас, кои се нарекуваат перуански Галапагос, кои се ненаселени, но дом на морски лавови, пеликани и пингвини. Уникатно искуство на престој во природната средина на овие животни. Враќање во сместување.
Авионски билет со сите такси на релација Будимпешта - Лима, во економска класа со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
Трансфер од аеродром до сместувањето
Трансфер од Лима до Писко
Авионски билет на релација Лима-Куско во економска класа со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
Трансфер од Писко до Наска
Трансфер од Куско до Олантајтамбо
Трансфер од Олантајтамбо до Агуас Калиентес
Трансфер од Агуас Калиентес до Олантајтамбо
Трансфер од Олантајтамбо до Куско
Трансфер од Куско до Пуно
Трансфер од Пуно до Арекипа
Трансфер од Арекипа до Наска
Трансфер од Наска до Паракас
Трансфер од сместувањето до аеродром
Авионски билет со сите такси на релација Лима - Будимпешта во економска класа со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
Трансфер од аеродром во Будимпешта до Белград
Храна
14 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Лима City Tour
Цена:
45,00 EUR
После прошетката во паркот Кенеди (Kennedy) кој уште го нарекуваат и Паркот на мачките одиме со автобус до историскиот центар на Лима. Тука за прв пат се среќаваме со шпанското колонијално наследство и дознаваме зошто речиси секој плоштад во Јужна Америка се вика Plaza del Armas. Доколку нѝ се укаже прилика ќе присуствуваме на смената на стража на плоштадот каде со сета помпа Перуанците потсетуваат на својата борба за независност во XIX век. Потоа се упатуваме кон колоритниот дел на градот покрај брегот кој се вика Баранко (Barranco). Доколку сакате може да уживате во свежата морска храна во рестораните со најубавиот поглед на Тихиот Океан во Лима. Tука нѐ чекаат бројни специјалитети како chicha morade и ceviche. Попатно, се фотографираме пред многубројните графити кои го красат овој крај. Ќе одиме и до романтичниот Мост на воздишките. Подоцна ќе се прошетаме и низ Паркот на љубовта каде ќе го дочекаме залезот на сонцето.
Посета на Куско
Цена:
30,00 EUR
Куско бил главен град и културно центар на империјата на Инките, а современиот градски плоштад, Плаза де Армас, служи како едно од најважните и омилени места за собирање. Големиот плоштад на Инките што му претходел на Плаза де Армас бил двојно поголем од модерниот плоштад, тоа било место на редовни церемонии за медитација. Овие церемонии обично завршувале со солзи, давајќи му го на оригиналниот плоштад името Huacaipata, што во превод значи „место на плачење“ на кечуа - домородниот и примарен јазик на Инките. На оваа тура ќе го посетиме и плоштадот Сан Франциско. Овој плоштад претрпел многу промени за да изгледа онака како што изгледа денес. Во времето на Инките, овој плоштад бил дел од Хуакаипата, главниот плоштад на Инките. Ќе го посетиме и локалниот пазар каде најдобро ќе се запознаеме со животот и секојдневието на мештаните. Ќе ја видиме и катедралата Свети Доминго. Шпанските колонисти го изградиле на врвот на Кориканча, најважниот храм на Инките во главниот град на империјата. Ја продолжуваме нашата турнеја во Сан Блас, срцето на Куско. Тука ќе имаме можност да почувствуваме некоја мистериозна енергија. Нејзините улици се полни со ресторани и барови каде што можеме да јадеме, пиеме и да уживаме во одлична музика и друштво на луѓе од целиот свет и култура. Во цената на патувањето е вклучено: локален водич на англиски јазик, организиран превоз според планираниот план, услуги на претставник на нашата агенција.
Rainbow Mountain
Цена:
60,00 EUR
Rainbow Mountain– Најколоритниот ден на нашата експедиција е на 5000m надморска височина! Виникунка (Vinicunca), односно планината во седум бои на Квечуа (Quechua) јазикот, е новооткриен феномен кој никого не остава рамнодушен. Пејзажот надополнет со стадата алапаки и снежните врвови е идеален за уживање во искачувањето и набљудување на боите на оваа планина. Најживописниот детал од нашето патување нѐ чека после раноутринското поаѓање од Куско, поранешната престолнина на Инките. За да стигнеме до врвот на Виникунка потребно е со бавно темпо, џвакајќи листови кока кои помагаат против висинската нелагодност, да се искачиме совладувајќи неколку стотини метри во зависност од базата на која ќе бидеме стационирани. За оние кои ќе се изморат постои опција за изнајмување на коњ кој полека ќе ве пренесе низ магичната планина со нестварни бои и нијанси на Виникунка. Во цената на излетот е вклучено: трансфер според планот и програмата, локален водич на англиски јазик, влезници за Rainbow Mountain, оброк.
Светата долина на Инките
Цена:
75,00 EUR
Светата долина на Инките – целодневен излет – На овој целодневен излет се запознаваме со древната цивилизација на Инките. Посетуваме три големи археолошки наоѓалишта.Писак (Pisaс), Олантајтамбо (Ollantaytambo) и Чинчеро (Chinchero) се места на кои ќе го разбереме секојдневниот живот на Инките и на нивните поданици. Ќе ги слушаме приказните на нашиот локален водич за боговите кои ги обожавале, како ја чувале храната, како транспортирале стоки, како комуницирале итн. Оваа цивилизација го доживеала својот зенит во текот наXV век, а веќе во средината на XVI век била покорена од страна на шпанските конкистадори. Сите споменати локалитети се наоѓаат во магичната природа околу реката Урубамба (Urubambа). Писаксе наоѓа покрај реката Урубамба, која на Кечуа (Quechua) и Ајмара (Aymara) јазиците се вика Вилканота (Vilcanota), а денес на локалитетот може да се видат тераси кои Инките ги користеле за одгледување на различни култури на големи надморски височини. Oлантајтамбо е стара престолнина која ја основал владетелот Пачакути (Pachacuti) и во неа изградил куќи и церемонијален центар. Поголемиот дел од населението кое живее во Чинчерo се потомци на стариот народ Кечуа и тука ќе имаме можност да се запознаеме со деталите за нивниот живот и уредување. На овој излет освен со археолошките локалитети ќе се запознаеме и со конкретни занаети, па ќе научиме на пример како се бојат ткаенините или како се препознава вистинско сребро. Исто така, ќе посетиме и селски пазар каде покрај сувенирите ќе можеме да се сликаме и со припитомени лами. Во текот на овој ден имаме и вклучен ручек во најпознатиот ресторан во оваа долина. Тука нѐ чека неограничено јадење на разновидна перуанска храна, а за ваквата разновидноста најдобро говори фактот дека само андските култури познаваат преку 3800 видови на компир.
*Во цената на излетот не е вклучена влезница и таа чини 70 PEN
Мачу Пикчу
Цена:
105,00 EUR
Најпознатиот град на Инките, во долината на реката Урубамба, недалеку од Светата долина, бил непознат за шпанските конкистадори и западната цивилизација до 1911 година. На списокот на светско наследство на УНЕСКО е од 1983 година. Скриената престолнина на Инките била изградена околу 1450 година, а напуштена 100 години подоцна, со доаѓањето на шпанските конкистадори. На самиот локалитет има делови каде што живееле, храмови посветени на богот на сонцето, разни скулптури, астрономски часовници, па дури и гробници, како и патеки по кои гласниците (гласниците) минувале низ планинските сртови. Во цената на патувањето е вклучено: локален водич на англиски јазик, организиран превоз според планираниот план, услуги на претставник на нашата агенција.
Пловечки острови Урос (Uros) и Такиле (Taquile)
Цена:
60,00 EUR
Пловечки острови Урос (Uros) и Такиле (Taquile) – Незаборавна авантура на највисокото пловно езеро на светот – Титикака (Titicaca). Ќе зачекориме на пловечките острови од трска и ќе им бидеме гости на Уру народот кој сеуште живее во духот на својата традиција. Свет на Индијанците во кој само сте можеле да прочитате во книгите! На островот Такиле нѐ чека медитативна природа (остров на 4000 метри надморска височина), но и бројни изненадувања за занаетите на локалните жители. На островот ќе одиме на интересна трекинг авантура веднаш под синиот свод кој во далечината се спојува со самото езеро. Нѝ следи богата трпеза на сред езерото кое дише со посебна енергија и по кое пловат необични чамци со насмеана посада во народни носии. Во цената на излетот е вклучено: трансфер – пловење со брод, локален водич на англиски јазик, ручек.
Кањон Колка
Цена:
85,00 EUR
Кањонот Колка (лет на кондорите) - раноутрински излет до вториот најдлабок кањон во светот. Се наоѓа на 160 км северо-западно од Арекипа и е едно од најпосетуваните места во Перу. Во утринските часови над Круз дел Кондор видиковецот, прелетуваат највеличенствените и најголеми птици во Јужна Америка - кондорите, или како што ги нарекуваат на кечуански „кантури“. Во околните населби учиме интересни работи за традициите на луѓето од овој крај, Кабанас и Коyагви. Шетаме низ зачудувачките области, чистата природа на Андите... Посетуваме градови како Чивеј на 3500 m надморска височина и ги гледаме автентичните животни, специфични за овие предели. После перуанскиот ручек, одиме на пливање во термалните извори на отворено во срцето на моќната андска природа. Во цената на излетот е вклучено: трансфери до предвидената локација, локален водич на англиски јазик, ручек, билет за национален парк, влезница за термалните извори.
Арекипа City Tour
Цена:
45,00 EUR
Познат и како „белиот град“, Арекипа е опкружен со спектакуларни планини, вклучувајќи го и вулканот Ел Мисти. Фасцинантна карактеристика на градот се многуте прекрасни градби направени од лесни вулкански карпи наречени силар. Разглед на градот е најдобриот начин да се види убавината на Арекипа. Турата вклучува локации како што се катедралата Арекипа, манастирот Санта Каталина, карактеризиран со тесни улички и различни стилови кои датираат од 16 век и моментално дом на 450 калуѓерки. Исто така, ќе ги видиме и музејот „Сантуариос Андинос“ и познатата мумија Хуанита. Во цената на патувањето е вклучено: организиран превоз според планираната маршрута, локален водич на англиски јазик, услуги на претставник на нашата агенција.
Лет над линиите во Наска
Цена:
130,00 EUR
Лет над Насканските линии. Една од најголемите мистерии на нашиот свет се токму Наска линиите. Бараме одговори за значењето на овие линии и зошто се направени. Како старите цивилизации успеале да направат нешто чиј облик не можеле да го видат? Чудесни приказни кои сведочат за стари цивилизации и теории кои прераснуваат во вселенски објаснувања. За полн и јасен преглед на линиите летаме со авион во потрага по објаснување... Во цената на излетот е вклучено: превоз по предвидениот план, лет над Наска линиите, сите авионски такси.
Островите Баљестас
Цена:
60,00 EUR
Полудневен излет каде ќе имаме можност да се упатиме кон Тихиот океан. Прво, се качуваме на нашиот брод со кој ќе заполовиме во потрага по необичен животински свет, од морски лавови до Хумболтови пингвини. Сите тие се во нивното природно опкружување и ние ќе бидеме нивни гости. По патот, ќе забележиме необични геоглифи како Ел Канделабро. Подгответе ги вашите камери и уживајте во разновиден и разнобоен свет. Во цената на излетот е вклучено: превоз до пристаништето, возење со брод, влез во комплексот, локален водич на англиски јазик.
Сместување
Хотел *** во Лима
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел *** (по локална категоризација) во Лима е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање.
Guesthouse во Куско
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Гестхаус (Guesthouse) во Куско е сместувачки објект каде собите се генерално помалку пространи, со два кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.
Хотел *** во Куско
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел *** (според локална категоризација) е сместувачки објект со двокреветни соби. Сите соби се климатизирани и имаат WC. Услугата се базира на ноќевање со доручек. Имињата на хотелите ќе бидат потврдени по формирањето на групата, а најдоцна 2 недели пред патувањето.
Хотел во Олантајтамбо
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Сместување во двокреветни соби на база 1 ноќевање со појадок
Хотел во Агуас Калиентес
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Сместување во двокреветни соби на база 1 ноќевање со појадок
Хотел *** во Пуно
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел *** (по локална категоризација) во Пуно е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.
Хостел во Арекипа
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хостел во Арекипа е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација, како и за сите оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се двокреветни. Услугата е на база ноќевање со континентален појадок.
Guesthouse во Наска
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Гестхаус (Guesthouse) во Наска е сместувачки објект каде собите се во главно малку пространи, со два кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со континентален појадок.
Хостел во Паракас
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хостелот во Паракас е сместувачки капацитет со двокреветни соби. Услугата се базира на ноќевање со доручек.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA стандардот.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:
А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај:
Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување: 1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и 2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување.
Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште.
Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.
(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)