Кападокија од Скопје - есен

цена од
600
EUR ,00
сега од
520
EUR ,00
траење
6 дена
Пријави се Барање
Барање


Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе биде напишана за Кападокија

Добредојдовте во земјата на самовилите, прекрасните коњи, најубавите пејзажи на светот дополнети со шарено небо... 

Кападокија е место кое изобилува со убавини кои го одземаат здивот, уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Од самовилски оџаци до подземни градови создадени во вулкански карпи и пештерски цркви

Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!

Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка. 

Целото искуство го надополнуваме со неверојатната Турска храна и гостопримливост. 

Се сместуваме во таканаречени Cave Boutique Hotels - хотели изградени во вулкански карпи, уникатно искуство кое ретко каде може да се доживее на друго место!   

Се вивнуваме високо во облаците и повторно сме слободни! Возбудлива Jungle есен! Одиме?


Рута
Скопје
Истанбул
Кајсери
Ѓореме
Кајсери
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Дестинации
Турција
Код на патување
TR17
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10 , Макс 12 ,

План и програма

Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје три часа пред лет. Лет за Истанбул (TK1004) во 08:50ч. Пристигнување во Истанбул во 11:25ч. по локално време. Лет (TK2020) од Истанбул до Кајсери во 18:05ч. и слетување во Кајсери во 19:20ч. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул, во економска класа со 20 кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Кајсери, во економска класа со 20 кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hotel Hera Cave Suites или Hotel Artemis Cave Suites или Design Cappadocia Hotel 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Кајсери

Факултативен излет - лет со балон над Кападокија, на изгрејсонце, зачинето со најмагичните глетки на овој регион! Започнува нашето истражување на Кападокија и моментот од кој засекогаш ова место ќе ни остане во срцето! Едно од највозбудливите доживувања на ова патување е дефинитивно летањето со балон. Чувството на слобода додека околу нас небото го шараат илјадници други балони е незаменливо. Слободно време. Вечерта можност за организирање на уште еден факултативен излет - Танц на Дервиши. Вид на традиционално танцување со кое Дервишите, кој инаку водат аскетски живот, паѓаат во транс, вртејќи се, и молејќи се за добрина и среќа. Нешто што навистина мора да се засведочи и зарагарантирано нема да ве остави рамнодушни. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Hotel Hera Cave Suites или Hotel Artemis Cave Suites или Design Cappadocia Hotel 1 ноќ

Место

  • Ѓореме

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, одиме на факултативен излет - Срцето на Кападокија. Кога називот на овој историски многу важен регион би се превел на Македонски, истиот би значел “земја на убави коњи“. Со векови на овие простори се мешале влијанијата на Персија, Александар Македонски, римските владетели и раните христијани, додека пак денеска, овој регион е дел од Турција и претставува важна туристичка престолнина на државата. Необични географски формации, вклесани во бел камен (бела вулканска пепел). Излетот го започнуваме со замокот Учхисар (Uçhisar) - највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Гореме. Се упатуваме кон големиот манастирски комплекс -  “Гореме музејот на отворено” (Gӧreme Open Air Museum) каде ќе ги видиме најубавите цркви вклесани во карпите, создадени од раните христијански монаси и најубавите примери на византиска уметност. Продолжуваме со авантурата и го посетуваме Чавушин (Çavuşin), старо сликовито грчко село со автентични и напуштени грчки куќички. Пауза за ручек во градот Аванос. По паузата во Аванос, се упатуваме кон Пашабаги (Paşabağı) - необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена во самата долина. По Пашабаги, следи фасцинантната долина на имагинацијата: Дервент (Devrent Valley), преполна со природни камени форми со црвена боја. Враќање во сместувањето околу 16:00ч. Слободно попладне. Ноќевање.

Сместување

Hotel Hera Cave Suites или Hotel Artemis Cave Suites или Design Cappadocia Hotel 1 ноќ

Место

  • Ѓореме

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Појадок. Слободно време за прошетка, уживање и впивање на Кападокија со сите сетила! Можност за организирање факултативен излет: Јавање коњи низ прекрасните пространства на Кападокија! "Земјата на убавите коњи” како најавтентично да се доживее како ако не со коњ! Остатокот од денот е резервиран за авантура и адреналин. Се возиме со ATV - четирицикли низ овој магичен регион! Нестандардно разгледување и необична Jungle авантура низ Гореме (Göreme), долината Ѓулудере (Güllüdere valley), долината на Љубовта (Love valley) и селото Чавушин (Çavuşin village). За време на излетот го дочекуваме зајдисонцето, па се враќаме кон сместувањето ИЛИ факултативен излет Jeep Safari Волшебно попладне на сафари кое никогаш нема да го заборавите, зајдисонце и чаша добро вино! На факултативниот излет поаѓаме попладне, во зависност од зајдисонцето, околу 3 часа и половина пред да исчезне сонцето. Ја посетуваме Долината на Гулабите (Pigeon Valley) која е сместена во градчето Учхисар (Uçhisar) каде го има најпрекрасниот панорамски поглед на регионот. Овој дел е карактеристичен и по куќичките за гулаби кои биле изградени од античките предци во регионот. Мостот Ибрахимпаша (Ibrahimpaşa Bridge) кој порано се викал Бабајан (Babayan), и фасцинантните куќички направени од карпести камења; Долината Панчарлик (Pancarlık) со црквата на која не можеме да останеме рамнодушни. Природната убавина на долината и нејзината историја прави да се чувствуваме како во бајка! Ја посетуваме и долината Гомеда (Gomeda Valley) односно фасцинантниот подземен дел на Кападокија кој како мрежа од тунели се испреплетува и секое делче од мрежата завршува во темна пештера. За крај ја имаме втората нависока камена формација во регионот Ортахисар (Ortahisar Panorama). На зајдисонце ќе бидете послужени со чаша добро вино за доживувањето и уживањето да биде потполно! Излетот го завршуваме 30-тина минути по зајдисонце. Слободно време. Ноќевање

Сместување

Hotel Hera Cave Suites или Hotel Artemis Cave Suites или Design Cappadocia Hotel 1 ноќ

Место

  • Ѓореме

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет – Мистична тура и ден посветен за истражување на убавините на Кападокија! Излетот го започнуваме во 09:30ч. Прво го посетуваме видиковецот во Гореме (Göreme Panaroma), каде уживаме во неверојатните и уникатни глетки. Оттаму турата ја продолжуваме во подземниот град Деринкуј (Derinkuyu Underground City), кој претставува најголемо и најдлабоко подземно, утврдено, населено место. Ја посетуваме и Катедралата Селиме - најголемиот камен манастир во регионот. Правиме пауза за ручек каде јадеме превкусни локални специјалитети. По ручекот, пешачиме покрај реката Мелендиз во Кањонот Ихлара. За крај ја посетуваме долината на гулабите, која е сместена во Учисар (Uçhisar) и од каде ни се отвора еден од најубавите панорамски погледи во овој дел од светот. Враќање во сместувањето. Слободно попладне. Ноќевање.

Сместување

Hotel Hera Cave Suites или Hotel Artemis Cave Suites или Design Cappadocia Hotel 1 ноќ

Место

  • Ѓореме

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и поаѓање на аеродром. Трансфер до аеродром. Лет (TK2027) од Кајсери за Истанбул во 09:10ч. Пристигнување во Истанбул. Лет (TK1005) од Истанбул во 19:05ч. до Скопје. Пристигнување во Скопје во 19:30ч. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Кајсери - Истанбул, во економска класа со 20кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје, во економска класа со 20кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Кајсери
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 2 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Hera Cave Suites Пример или Hotel Artemis Cave Suites Пример или Design Cappadocia Hotel Пример 5 ноќи

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул, во економска класа со 20 кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Кајсери, во економска класа со 20 кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Кајсери - Истанбул, во економска класа со 20кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје, во економска класа со 20кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Храна

5 × Континентален појадок

Останато

  • Факултативен излет - Срцето на Кападокија (Црвена тура)

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Hot Air Balloon

Цена: 130,00 EUR

Раноутрински лет со балон над Кападокија, за време на изгрејсонце! Едно од највозбудливите искуства на ова патување. Кападокија секоја година се прогласува како едно од најдобрите места на светот за летање со ваков тип на балони. Искуство кое секако ќе го памтите цел живот. Самиот излет трае околу 3 часа, од кои, летот околу 1 час. Обично на излетот се поаѓа помеѓу 4 и 5 часот наутро, а трае до 7-8 часот наутро. 

Заради целата новонастаната ситуација со пандемијата, се почитуваат сите мерки и протоколи, па корпите за 20 лица, се употребуваат за 16 лица, а корпите за 16 лица се со намален капацитет до 12 лица. Самиот план на излетот, времетраењето и општо можноста да се организира истиот, зависи од временските услови во моментот, а на тоа агенцијата не може да влијае. 

Во цената на излетот се вклучени: локален водич на англиски јазик, претставник на агенцијата, лет со балон, превоз. 

Во цената не се вклучени: храна и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи и индивидуалните трошоци.

Танц на Дервиши

Цена: 30,00 EUR

Вид на традиционално танцување со кое Дервишите, кој инаку водат аскетски живот, почнуваат да се вртат, со што влегуваат во транс во кој се молат за добрина и среќа. Искуство кое е уникатно за Турција и кое зарагарантирано нема да ве остави рамнодушни. Церемонијата се изведува во Sarihan Caravanserai, односно Сарихан Ан и започнува во 18:00ч. а поаѓањето на факултативниот излет е половина час порано, како би имале време прво да го разгледаме Сарихан Ан-от кој сам по себе е фасцинантен.

Срцето на Кападокија (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА)

Излетот го започнуваме во утринските часови (09:30ч). Aвантурата започува со замокот Учхисар (Uçhisar), највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Гореме... Се запознаваме со магичната Кападокија и учиме од локалниот водич за сите камени формации во регионот, по што имаме слободно време за разгледување и прошетка. Следен на листата за посета е огромниот манастирски комплекс “Отворениот Музеј на Гореме” (Gӧreme Open Air Museum), каде ќе ги видиме најубавите цркви вклесани во карпите од раните христијански монаси. Главната карактеристика на црквите во Кападокија и нивната уникатност се живописните фрески и начинот на кој раните Христијани ги украсувале ѕидовите. Овие фрески датираат од 10-тиот и 11-тиот век. Водичот ќе го објасни значењето на фреските кои ги покриваат ѕидовите на овие пештерски цркви стари илјадници години. Уживаме во глетката, учиме за раното Христијанство и монашкиот живот во Кападокија. Авантурата ни продолжува со истражувањето и го разгледуваме Пашабаги (Paşabağı) со необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена во самата долина. По Пашабаги следи посета на долината на имагинацијата - Дервент (Devrent Valley), преполна со природни камени форми со црвена боја, кои генерално претставуваат ликови на животни (камила, був, пингвин итн. но можат да се заменат и со нешто од нашата имагинација) по што следи посета на Чавушин (Çavuşin) - старо сликовито грчко село со автентични грчки куќички кои се напуштени. Следи пауза за ручек во градот Аванос. Аванос е сместен на брегот на Црвената река (Kızılırmak) која воедно е и најдолга река во Турција. Познат е по глинените работилници и глинени производи, за кои се верува дека почнале да ги изработуваат Хититите во II милениум п.н.е. Го разгледуваме гратчето и посетуваме работилници во кои учиме за глинените и керамички ремек дела. Локалците во живо ни ги демонстрираат и некогашните техники на изработка. За крајот на оваа авантура е Долината на Љубовта (Love Valley) Враќање во сместувањето околу 17:00ч.

Излетот е вклучен во цената!

2 часовна ATV (Quad Bike) тура

Цена: 25,00 EUR

2 часовна тура со ATV четирицикли за истражување на најубавите предели на Кападокија! Нестандардно разгледување и необична Jungle авантура низ Гореме (Göreme), долината Ѓулудере (Güllüdere valley), долината на Љубовта (Love valley) и селото Чавушин (Çavuşin village). Двочасовно разгледување од 16:30ч. до 18:30ч. Сите теренски четирицикли се лесни за управување, целосно автоматски така што претходно искуство не е потребно. Патеките и рутата која се вози е внимателно избрана да не биде застрашувачка туку за уживање и предизвик.

Напомена: Eдно лице ја води целата група, но не во својство на водич кој ќе ги објаснува пределите, туку само застанува за фотографирање.

Jeep Safari на зајдисонце

Цена: 30,00 EUR

Волшебно попладне на сафари кое никогаш нема да го заборавите, зајдисонце и волшебната Кападокија! На факултативниот излет поаѓаме попладне, во зависност од зајдисонцето, околу 3 часа и половина пред да исчезне сонцето. Започнуваме со посета на селото Ибрахимпаша чие поранешно име било Бабајан (Babayan) и мостот Ибрахимпаша (Ibrahimpaşa Bridge) од 1939 година, фасцинантните куќички направени од карпести камења и фасцинантен поглед од другата страна на селото на недопрената долина која остава без здив... Потоа ја посетуваме долината Панчарлик (Pancarlık) со црквата на чии фрески не можеме да останеме рамнодушни. Природната убавина на долината и нејзината историја прави да се чувствуваме како во бајка! Ја посетуваме и долината Гомеда (Gomeda Valley) или најзелената долина на Кападокија. За крајот на оваа адреналинска авантура е селото Мустафапаша, старогрчко село чии градби кои имаме можност да ги прошетаме и разгледаме, сведочат за историјата на овој предел. Грчки поседи и фасцинантна архитектура!

Напомени: 
* Наведената цена од 30 ЕУР по лице е цена за 4 лица во 1 џип.
* Лицето што ја води групата не е во својство на водич кој ќе ги објаснува пределите, туку само застанува за фотографирање. 
* Излетот се организира во зависност од временските услови.

Јавање коњи (2 часа)

Цена: 40,00 EUR

Кападокија или позната како “Земјата на убавите коњи” е совршеното место да се истражува галопирајќи по магичните пространства. Коњите завземаат посебно место во историјата на Кападокија и уникатните и необични пространства во околината на Гореме автентично може да се доживеат на Анатолиски или Арапски коњи! Се посетуваат најубавите долини во Кападокија – Долината на мечовите (Swords Valley), Долината Мескендир (Meskendir Valley) и Црвената долина (Red Valley). Јаваме покрај плантажите со јаболка, кајсии, лешници и покрај виновите насади од каде се прават локалните вина. Рутата која ја следиме води кон вулканските камени ридови поминувајќи покрај прекрасните самовилски оџаци, цркви и глетки кои го одземаат здивот каде и да се завртиме. 2 часовна Jungle авантура!

Мистична тура

Цена: 40,00 EUR

Факултативниот излет го започнуваме во 09:30ч. Го посетуваме видиковецот во Гореме (Göreme Panorama) од каде ни се отвора најубавиот поглед на целиот регион. Оттука ја започнуваме нашата авантура, од каде буквално на дланка ги гледаме прекрасните предели, додека водичот ни ја “доловува“ магијата на овој регион. Се упатуваме кон подземниот град Кајмакли (Kaymakli Underground City), првиот и најпознат подземен град во Кападокија. Овој комплекс бил исклесан под земјата и бил населен стотици години од страна на локалците кои се засолнувале и се бранеле од опасносните на Романите, Персијците и Арапите. Кајмакли своевремено претставувал најголем и најдлабок подземен град кој бил дом на преку 20.000 луѓе, заедно со нивниот добиток. Се состои од 8 спрата достапни за посета, поврзани со тесни тунелчиња. Внатре посетуваме винарија, црква, остатоци од тезги и останати простории и објекти кои се достапни и отворени за посетители, додека водичот ни ги раскажува приказните и историјата која се крие позади нив. По Кајмакли продолжуваме јужно кон долината Ихлара. Пешачиме покрај реката Мелендиз во Кањонот Ихлара. Целиот кањон е долг 14км., но за нашата прошетката го бираме најубавиот дел, што е околу 4км. долг, а целата прошетка трае 1 час. Попатно застануваме на ручек на самата река во селцето Belisirma. По паузата за ручек продолжуваме до Катедралата Селиме, која е најголем камен манастир во регионот. При враќањето во Гореме, ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley), која е сместена во Учисар (Uçhisar). За крај ја посетуваме фабриката за Оникс, каде гледаме како се обработува овој полудраг камен.

Во цената на излетот е вклученo: трансфер со комбе, локален водич на англиски јазик, влезници на наведените локалитети, ручек, услуги од претставник на агенцијата.

Сместување

Hotel Hera Cave Suites

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Hera Cave Suites 3* (по локална категоризација) е сместувачки објект лоциран во централниот дел на Гореме со прекрасен поглед. Достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствено купатило.

Вебсајт https://www.heracavesuites.com/?dil=en

Адреса Uzun Dere Caddesi no:23 Göreme Kasabası
50180 Goreme
Turkey

Hotel Artemis Cave Suites

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Artemis Cave Suites 4* (по локална категоризација) е сместувачки објект лоциран во срцето на Гореме. Луксузен Cave - хотел за потполно доживување на Кападокија. Достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствено купатило.

Вебсајт http://www.artemiscavesuites.com/en

Адреса İsa Gaferli Mah. Aydınkırağı Sk. No:22 Göreme Nevsehir
50180 Goreme
Turkey

Design Cappadocia Hotel

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Design Cappadocia Hotel 3* (по локална категоризација) е сместувачки објект лоциран во централниот дел на Гореме со прекрасен поглед, градина и тераса за потполно уживање. Достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствено купатило.

Вебсајт https://www.designcappadocia.com/

Адреса Aydınlı Mahallesi Maşat Sk:2
50180 Goreme
Turkey

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.