Кападокија од Скопје

Кападокија од Скопје

цена од
549
EUR ,00
сега од
449
EUR ,00
траење
6 дена
Пријави се Барање
Барање

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе биде напишана за Кападокија

Добредојдовте во земјата на самовилите, прекрасните коњи, најубавите пејзажи на светот дополнети со шарено небо... 

Кападокија е место кое изобилува со убавини кои го одземаат здивот, уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Од самовилски оџаци до подземни градови создадени во вулкански карпи и пештерски цркви

Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!

Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка. 

Целото искуство го надополнуваме со неверојатната Турска храна и гостопримливост. 

Се сместуваме во таканаречени Cave Boutique Hotels - хотели изградени во вулкански карпи, уникатно искуство кое ретко каде може да се доживее на друго место!   

Се вивнуваме високо во облаците и повторно сме слободни! Возбудлива Jungle авантура! Одиме?


Рута
Скопје
Истанбул
Кајсери
Ѓореме
Кајсери
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Европа, Турција
Видови патувања
Кратки патувања
Код на патување
TR17
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје и лет за Истанбул (TK1004) во 08:40ч. Пристигнување во Истанбул во 11:15ч. по локално време. Лет (TK2004) од Истанбул до Невшехир во 13:20ч. Слетување во Невшехир во 14:30ч. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. 

Попладневен факултативен излет на кој поаѓаме околу 18:00ч. и се возиме со ATV - четирицикли низ овој магичен регион! Нестандардно разгледување и необична Jungle авантура низ Гореме (Göreme) и посета на селото Чавушин (Çavuşin village), долината Ѓулудере (Güllüdere valley) и долината на Љубовта (Love valley). Магично зајдисонце кое гарантирано ќе го памтите уште многу долго! 

Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Невшехир (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hotel Artemis Cave Suites или Kookaburra 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Кајсери

Факултативни излети

Факултативен излет - лет со балон над Кападокија, на изгрејсонце, зачинето со најмагичните глетки на овој регион! Во 05:30ч. изутрина поаѓаме на факултативен излет со кој започнува нашето истражување на Кападокија и моментот од кој засекогаш ова место ќе ни остане во срцето! Едно од највозбудливите доживувања на ова патување е дефинитивно летањето со балон. Чувството на слобода додека околу нас небото го шараат илјадници други балони е незаменливо. Враќање во хотел околу 8:30 часот. Појадок во хотел. 

Факултативен излет – Мистична тура и ден посветен за истражување на убавините на Кападокија! Излетот го започнуваме во 09:30ч. Прво го посетуваме видиковецот во Гореме (Göreme Panaroma), каде уживаме во неверојатните и уникатни глетки. Оттаму турата ја продолжуваме во подземниот град Кајмакли (Kaymakli Underground City), еден од најпознатите подземни градови во Кападокија. По Кајмакли продолжуваме јужно кон долината Ихлара. Пешачиме покрај реката Мелендиз во Кањонот Ихлара. Попатно застануваме на ручек на самата река во селцето Belisirma. По паузата за ручек продолжуваме до Катедралата Селиме, која е најголем камен манастир во регионот. При враќањето во Гореме, ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley), која е сместена во Учисар (Uçhisar). За крај ја посетуваме фабриката за Оникс, каде гледаме како се обработува овој полудраг камен. Враќање во сместувањето. Слободно попладне. Ноќевање.

Сместување

Hotel Artemis Cave Suites или Kookaburra 1 ноќ

Место

  • Ѓореме

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, во 9:30 часот наутро поаѓаме на факултативен излет - Срцето на Кападокија. Кога називот на овој историски многу важен регион би се превел на Македонски, истиот би значел “земја на убави коњи“. Со векови на овие простори се мешале влијанијата на Персија, Александар Македонски, римските владетели и раните христијани, додека пак денеска, овој регион е дел од Турција и претставува важна туристичка престолнина на државата. Необични географски формации, вклесани во бел камен (бела вулканска пепел). Излетот го започнуваме со замокот Учхисар (Uçhisar) - највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Гореме. Се упатуваме кон големиот манастирски комплекс - “Зелве музејот на отворено” (Zelve Open Air Museum) каде ќе ги видиме најубавите цркви вклесани во карпите, создадени од раните христијански монаси и најубавите примери на византиска уметност. Авантурата ни продолжува со истражувањето и го разгледуваме Пашабаги (Paşabağı) со необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена во самата долина. Следи пауза за ручек во градот Аванос. Аванос е сместен на брегот на Црвената река (Kızılırmak) која воедно е и најдолга река во Турција. Познат е по глинените работилници и глинени производи, за кои се верува дека почнале да ги изработуваат Хититите во II милениум п.н.е. Го разгледуваме гратчето и посетуваме работилници во кои учиме за глинените и керамички ремек дела. Локалците во живо ни ги демонстрираат и некогашните техники на изработка. Посетуваме и фабрика за теписи. За крајот на оваа авантура ја оставаме Долината на Љубовта (Love Valley). Враќање во сместувањето околу 17:00ч. Слободно време. Ноќевање.

Сместување

Hotel Artemis Cave Suites или Kookaburra 1 ноќ

Место

  • Ѓореме

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Стануваме пред изгрејсонце и одиме на лов на балони со кабриолети или “олдтајмери“ (факултативен излет). Секое утро кога се раѓа денот, се раѓаат и стотици шарени балони. И ако имавме прилика првиот ден да го осетиме вивнувањето високо во небото со hot air balloon, сега ќе го гледаме тоа од друга перспектива. Утринска свежина го милува нашето лице, возиме олдтајмери низ неверојатни долини, ветрот и игра со нашите коси и секако, глетка која не се пропушта – шарени балони кои летаат околу и над нас и го украсуваат небото. Ја истражуваме Кападокија низ неколку попатни станици каде правиме врв фотки. Појадок. 

Слободно време. Ноќевање.

Сместување

Hotel Artemis Cave Suites или Kookaburra 1 ноќ

Место

  • Ѓореме

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет на кој поаѓаме во 09:45ч. - Јавање коњи низ прекрасните пространства на Кападокија! "Земјата на убавите коњи” како најавтентично да се доживее, ако не со коњ! Слободно време и можност за уживање на базен.

Волшебно сафари кое никогаш нема да го заборавите во волшебната Кападокија! Попладневен факултативен излет (16:00ч.) кој го започнуваме со посета на селото Ибрахимпаша чие поранешно име било Бабајан (Babayan) и мостот Ибрахимпаша (Ibrahimpaşa Bridge) од 1939 година, фасцинантните куќички направени од карпести камења и фасцинантен поглед од другата страна на селото на недопрената долина која остава без здив... Потоа ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley). За крајот на оваа адреналинска авантура е панорамата на Ортахисар (Ortahisar Panorama). Во малиот град доминира карпест замок висок 90 метри во центарот на градот, кој жителите го нарекуваат Сиврикаја. Станува збор за извонреден пример на архитектурата во карпа која е типична за регионот и која служела како засолниште од напаѓачите во византиско време. Враќање во сместувањето. Слободно попладне. Ноќевање.

Сместување

Hotel Artemis Cave Suites или Kookaburra 1 ноќ

Место

  • Ѓореме

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Појадок. Трансфер до аеродром. Лет (TK2013) во 15:00 часот од Кајсери за Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 16:30 часот. Лет (TK1005) во 19:00 часот од Истанбул за Скопје. Пристигнување во Скопје во 19:30 часот по локално време. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Кајсери - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Кајсери
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Artemis Cave Suites Пример или Kookaburra Пример 5 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Невшехир (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Кајсери - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

5 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • За невакцинирани или нецелосно вакцинирани патници: Задолжителен ПЦР или БРЗ АНТИГЕН ТЕСТ за влез во земјата!

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

2 часовна ATV (Quad Bike) тура

2 часовна ATV (Quad Bike) тура
Цена: 35,00 EUR

2 часовна тура со ATV четирицикли за истражување на најубавите предели на Кападокија! Поаѓање од хотел во 16:00ч. на нестандардно разгледување и необична Jungle авантура низ Гореме (Göreme) и посета на селото Чавушин (Çavuşin village), долината Ѓулудере (Güllüdere valley) и долината на Љубовта (Love valley). Сите теренски четирицикли се лесни за управување, целосно автоматски така што претходно искуство не е потребно. Патеките и рутата која се вози е внимателно избрана да не биде застрашувачка туку за уживање и предизвик.

Напомена: Eдно лице ја води целата група, но не во својство на водич кој ќе ги објаснува пределите, туку само застанува за фотографирање.

Мистична тура

Мистична тура
Цена: 45,00 EUR

Факултативниот излет го започнуваме во 09:30ч. Го посетуваме видиковецот во Гореме (Göreme Panorama) од каде ни се отвора најубавиот поглед на целиот регион. Оттука ја започнуваме нашата авантура, од каде буквално на дланка ги гледаме прекрасните предели, додека водичот ни ја “доловува“ магијата на овој регион. Продолжуваме кон замокот Учхисар (Uçhisar Castle). Овој прекрасен и историски замок се наоѓа во градот Учисар и претставува највисоката точка во Кападокија. Се упатуваме кон подземниот град Деринкују (Derinkuyu Underground City), еден од најпознатите подземни градови во Кападокија. Овој комплекс бил исклесан под земјата и бил населен стотици години од страна на локалците кои се засолнувале и се бранеле од опасносните на Романите, Персијците и Арапите. Внатре посетуваме простории и објекти кои се достапни и отворени за посетители, додека водичот ни ги раскажува приказните и историјата која се крие позади нив. По Деринкују правиме пауза за ручек. По паузата за ручек за крај ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley). 

Во цената на излетот е вклученo: трансфер со комбе, локален водич на англиски јазик, влезници на наведените локалитети, ручек, услуги од претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: пијалоци за време на ручекот

Hot Air Balloon

Hot Air Balloon
Цена: од 200,00 EUR до 320,00 EUR

Раноутрински лет со балон над Кападокија, за време на изгрејсонце! Поаѓаме во 05:30ч. наутро на едно од највозбудливите искуства на ова патување. Кападокија секоја година се прогласува како едно од најдобрите места на светот за летање со ваков тип на балони. Искуство кое секако ќе го памтите цел живот. Самиот излет трае околу 3 часа, од кои, летот околу 1 час. Обично на излетот се поаѓа помеѓу 4 и 5 часот наутро, а трае до 7-8 часот наутро. 

Самиот план на излетот, времетраењето и општо можноста да се организира истиот, зависи од временските услови во моментот, а на тоа агенцијата не може да влијае. 

👉 Корисни информации за летот со балони:

Потребно е да знаете дека лет со балон е како лет со авион. За да имаме сигурни места нашата агенција прави резервација со Butterfly Balloons бидејќи се најдобро рејтуваната компанија за лет со балон на Tripadvisor и дефинитивно најдобрата компанија во Кападокија според нас, компанија која ги има најискусните пилоти. Исто така поради неколку годишната соработка со Butterfly Balloons тие се единствената компанија која ни дозволува да правиме резервации предвреме. Нивните летови чинат околу 320 ЕУР. Освен резервацијата за лет, компанијата дозволува и еден back-up датум за летање (следниот ден), доколку балонот не полета поради временски услови.

Како одговорна агенција, сакаме дополнително да ве информираме дека во Гореме постојат препродавачи кои однапред закупуваат места на балони. Ден пред лет, доколку местата им останат непродадени, истите ги нудат на туристи за намалени цени. Во тој контекст, би можеле да начекате и летови кои се 50-100 ЕУР во просек поефтини од цената која ние ви ја нудиме со Butterfly Balloons. Со тоа што, оваа опција за жал ви е достапна само на лице-место, а доколку одлучите за оваа опција може да Ви помогне нашиот претставник на лице место.

Исто така, треба да знаете дека во Гореме (Кападокија) се нудат ефтини летови со балони кои не вклучуваат лет над "Goreme Valley", туку други долини во регионот. Истото, апсолутно не го препорачуваме. Единственото магично искуство во Кападокија каде секој ден има стотици балони на небото е Гореме. Во сите други места, на небото ќе биде или само вашиот балон со кој ќе летате, или 3-4 балони, искуство кое навистина не ја доловува магијата на летање со балон во Кападокија!

Во цената на излетот се вклучени: локален водич на англиски јазик, претставник на агенцијата, лет со балон, превоз. 

Срцето на Кападокија

Срцето на Кападокија
Цена: 45,00 EUR

Излетот го започнуваме во утринските часови (09:30ч). Aвантурата започнува со прошетка во Rose Valley и со уживање во геолошките шарени формации на оваа долина. Се упатуваме кон големиот манастирски комплекс - “Зелве музејот на отворено” (Zelve Open Air Museum) каде ќе ги видиме најубавите цркви вклесани во карпите, создадени од раните христијански монаси и најубавите примери на византиска уметност. Авантурата ни продолжува со истражувањето и го разгледуваме Пашабаги (Paşabağı) со необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена во самата долина. Следи пауза за ручек во градот Аванос. Аванос е сместен на брегот на Црвената река (Kızılırmak) која воедно е и најдолга река во Турција. Познат е по глинените работилници и глинени производи, за кои се верува дека почнале да ги изработуваат Хититите во II милениум п.н.е. Го разгледуваме гратчето и посетуваме работилници во кои учиме за глинените и керамички ремек дела. Локалците во живо ни ги демонстрираат и некогашните техники на изработка. Продолжуваме кон Devrent (Imagination) Valley или долината на имагинацијата. Долината дефинитивно ќе направи да се чувствувате како да сте во земја од бајките. Во регионот има многу фантастични геолошки форми кои наликуваат на животни каде што можете да ја искористите вашата имагинација и да се забавувате додека шетате по патеките. Денот го завршуваме со посета на античкото село Чавушин (Çavuşin). Селото е познато по своите уникатни куќи во пештери и зачудувачки карпести формации, што го прави популарна дестинација за посетителите во регионот. Враќање во сместувањето околу 17:30ч.

Во цената е вклучено: трансфер со комбе, локален водич на англиски јазик, влезници на наведените локалитети, ручек, услуги од претставник на агенцијата. 

Во цената не е вклучено: пијалоци за време на ручекот

Лов на балони со Кабриолети или Олдтајмери

Лов на балони со Кабриолети или Олдтајмери
Цена: 30,00 EUR

Стануваме пред изгрејсонце и одиме на лов на балони. Секое утро кога се раѓа денот, се раѓаат и стотици шарени балони. И ако имавме прилика првиот ден да го осетиме вивнувањето високо во небото со hot air balloon, сега ќе го гледаме тоа од друга перспектива. Утринска свежина го милува нашето лице, возиме олдтајмери низ неверојатни долини, ветрот и игра со нашите коси и секако, глетка која не се пропушта – шарени балони кои летаат околу и над нас и го украсуваат небото. Ја истражуваме Кападокија низ неколку попатни станици каде правиме врв фотки. Целиот излет трае 2 часа, а изразената цена е цена по лице за четворица патници. (Цената по лице за тројца патници во возило е 40,00 ЕУР и цената по лице за двајца патници во возило е 45,00 ЕУР)

Jeep Safari во волшебната Кападокија

Jeep Safari во волшебната Кападокија
Цена: од 35,00 EUR до 45,00 EUR

Волшебно сафари кое никогаш нема да го заборавите во волшебната Кападокија! Попладневен факултативен излет (16:00ч.) кој го започнуваме со посета на селото Ибрахимпаша чие поранешно име било Бабајан (Babayan) и мостот Ибрахимпаша (Ibrahimpaşa Bridge) од 1939 година, фасцинантните куќички направени од карпести камења и фасцинантен поглед од другата страна на селото на недопрената долина која остава без здив... Потоа ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley). За крајот на оваа адреналинска авантура е панорамата на Ортахисар (Ortahisar Panorama). Во малиот град доминира карпест замок висок 90 метри во центарот на градот, кој жителите го нарекуваат Сиврикаја. Станува збор за извонреден пример на архитектурата во карпа која е типична за регионот и која служела како засолниште од напаѓачите во византиско време.

Напомени: 
* Наведената цена од 35 ЕУР по лице е цена за 4 лица во 1 џип. 40 ЕУР по лице е цена за 3 лица во 1 џип. 45 ЕУР е цена за 2 лица во 1 џип.
* Лицето што ја води групата не е во својство на водич кој ќе ги објаснува пределите, туку само застанува за фотографирање. 
* Излетот се организира во зависност од временските услови.

Јавање коњи (1 час)

Јавање коњи (1 час)
Цена: 35,00 EUR

Кападокија или позната како “Земјата на убавите коњи” е совршеното место да се истражува галопирајќи по магичните пространства. Коњите завземаат посебно место во историјата на Кападокија и уникатните и необични пространства во околината на Гореме автентично може да се доживеат на Анатолиски или Арапски коњи! Поаѓање од хотел во 09:45ч. наутро од каде се посетуваат најубавите долини во Кападокија – Долината на мечовите (Swords Valley), Долината Мескендир (Meskendir Valley) и Црвената долина (Red Valley). Јаваме покрај плантажите со јаболка, кајсии, лешници и покрај виновите насади од каде се прават локалните вина. Рутата која ја следиме води кон вулканските камени ридови поминувајќи покрај прекрасните самовилски оџаци, цркви и глетки кои го одземаат здивот каде и да се завртиме. Вистинска Jungle авантура!

Сместување

Kookaburra Boutique Hotel

Kookaburra
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Kookaburra е сместувачки објект лоциран во централниот дел на Гореме со прекрасен поглед, градина и тераса за потполно уживање.

Едeн од првите сместувачки објекти во регионот, во традиционална архитектура од камен нуди прекрасен поглед на Гореме и камени автентични соби украсени со традиционални турски елементи карактеристични за овој регион. Барот на терасата нуди прекрасен поглед на градот. Има една голема тераса декорирана со разнобојни перничиња и килими за да уживате во утринското кафе со небо полно балони

Достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствено купатило.

Вебсајт http://www.kookaburrapension.com/en

Адреса Orta Mah. Konak Sok No:10 Göreme Nevsehir
50180 Goreme
Turkey

Hotel Artemis Cave Suites

Hotel Artemis Cave Suites
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Artemis Cave Suites 4* (по локална категоризација) е сместувачки објект лоциран во срцето на Гореме. Еден од најпознатите и најлуксузни Cave – хотели во Гореме кој пружа потполно доживување на Кападокија.

Најавтентичниот начин на сместување во Кападокија се Cave – хотелите, а Hotel Artemis Cave Suites е дефинитивно еден од најубавите во Гореме. Да се најдете во соби вкопани во карпи, да ве враќаат назад со векови и можеби нема да сакате да заминете. Секако, ви препорачуваме да погледнете и надвор поради уникатната локација на овој хотел.

Хотелот е поставен на дното на најпрекрасната точка; Ајдин Кираги, кој е исто така познат под неговото друго име „рид на љубовници“ во улица со романтичен изглед на која има историја напишана насекаде. Додека го пиете кафето, можете да уживате во пејзажот на приказната со самовилски оџаци насекаде низ ова магично место.

Има три големи тераси декорирани со разнобојни перничиња, килими, чинии со овошје за да уживате во утринското кафе со небо полно балони, а исто така има и два големи дела за јадење и уживање на сонце.

И ако сакате автентично културно искуство, пробајте ја нивната Турска бања!

Достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствено купатило.

Вебсајт http://www.artemiscavesuites.com/en

Адреса İsa Gaferli Mah. Aydınkırağı Sk. No:22 Göreme Nevsehir
50180 Goreme
Turkey

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез во Турција НЕ e потребен сертификат за вакцинација и/или било каков друг документ (потврда).

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.