Вкусовите на Куба!
.jpg)
*** ИЗЛЕТОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ ***
Овој вечерен излет е посветен на вкусот, на ритамот и на вистинската душа на Куба. Далеку од туристичките рути и комерцијалните објекти, ќе се нурнеме во интимна гастрономска прошетка низ два автентични барови во Старата Хавана, место каде времето тече побавно, музиката е во воздухот, а секој пијалок раскажува приказна.
Во секој бар ќе поминеме најмалку еден час, доволно време за да се изгубиме во традицијата на кубанските коктели. Потоа, како продолжение на ова вкусно патување, ве очекува уште еден коктел и сет од внимателно одбрани тапаси, богати залаци кои совршено ја пренесуваат кулинарската суштина на Хавана. Ова е двочасовно сетилно доживување, совршен спој на вкус, историја и атмосфера.
Препорака: Баровите се наоѓаат во близина на сместувањето (зоната на Старата Хавана), па се препорачува удобна облека и обувки за пешачење.
Вклучено во излетот: претставник од агенцијата, посета на 2 автентични кубански барови, 2 класични коктели по лице, во секој бар, 1 тапас по лице, во секој бар.