Куба индивидуално патување

цена од
1.200
EUR ,00
сега од
1.100
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање


Ако досега сте сонувале за Карипските острови и се наоѓаат на вашата bucket листа, започнете ја животната авантура со живописната Куба! Освен што ќе се телепортирате во минатото, ќе се телепортирате и во шареноликиот свет на музиката, слободата и различностите, а таму ќе ве пречека насмеан народ на кого му се доволни салса, мохито и пури, за еден магичен и среќен живот. Прошетајте по автентичните улици на шармантната Хавана, впијте ја нејзината енергија, нејзините бои и препуштете им се на звуците што ќе ве натераат да почнете да тацувате. Ве очекува возење со стари автомобили од '50-тите и ветар во коса! Мохито во Бодегита Дел Медио и даикири во Ел Флоридита - омилените места на Хемингвеј.

Варадеро, главниот туристички центар ќе ве освои со белите песочни плажи кои изгледаат како некој да ги оживеал најегзотичните разгледници.

Насмеаното племе Ве носи на уште едно незаборавно патување на Куба.

Денови за враќање во минатото, гласна музика, насмевки, ветар во коси, сонце, плажа, разиграни деца, насмеани луѓе, луди излегувања и желба што поскоро да се вратиме на ова магично место. 

 

Viva la Cuba!


Рута
Скопје
Хавана
Варадеро

Превоз
Авион
Сместување
Guesthouse, Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Дестинации
Кариби и Централна Америка, Куба
Код на патување
CU20
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Креиравме приказна за најдобро доживување на Куба! Индивидуално поаѓање од Меѓународниот Аеродром во Скопје од каде се упатуваме во пресрет на сонцето и на рајските Кариби. Престојот во Хавана ќе ги освои засекогаш вашите срца, а потоа тиркизно Карипско доживување во Варадеро! Препорачуваме да ја разгледате Старата Хвана, Kapitolio, петте главни плоштади во Старата Хавана, улицата Обиспо (Obispo) – главната шетачка зона, Централ Парк (Central Park) каде што се собираат локалците за разговараат за бејзбол, шеталиштето Прадо (Prado) кое е главно собирно место за локалните уметници и секако задолжителното возење со шарени кабриолети! Плоштадот на Револуцијата каде низ приказна ќе се вратите во деновите на Кубанската револуција, а вечерта можете да ја поминете на шеталиштето Malecon, каде може да се дружите со Кубанците и да танцувате!

Од шарената и живописна Хавана, авантурата продолжува во Варадеро! Следат денови за уживање во тиркизното море, одморање под сенката на палмите на белиот песок и музика од локалните музичари. Од Варадеро можете да ја посетите фабриката за шеќер каде ќе го пробате автентичниот кубански пијалок „guarapo”. Самиот процес на производство и уживање во неговиот вкус. На плантажите во близина има можност за дегустација на овошје и посета на малата зоолошка градина. Во работилниците посветени на танците, правењето коктели и кубанска керамика ќе имате прилика да го збогатите искуство од Куба. Интересно доживување е фармата на крокодили, животни кои претставуваат симбол на регионот и можост за посета на репликата на Таино (Taino) индијанско село, каде ќе се запознаете одблиску со традиционалниот живот на Индијанците. Можете да ги исполните деновите со незборавно пловење со катамаран по Карибите. Уживање во рајските плажи и сноркелинг. 

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Скопје – Хавана, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Хавана - Скопје, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Сместување

Hotel Inglaterra 4* или Memories Varadero 2 ноќи

Место

  • Скопје
  • Хавана
  • Варадеро

Храна

  • Континентален појадок × 2
  • All inclusive × 5
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: Плаќањето на авио картата се врши во целост во оној момент кога авио картата треба да се издаде. Плаќањето на хотелското сместување и останатиот тип на услуги се врши во целост или на две или повеќе рати, со следните услови:

За пријави направени два месеци или повеќе пред почетокот на патувањето, се уплаќаат 25% од целиот износ веднаш, дополнителни 25% до 30 денови пред почетокот на патувањето и останатите 50% до 15 дена пред почетокот на патувањето.

За пријави направени од еден до два месеци пред почетокот на патувањето, се уплаќаат 40% од износот за време на пријавата, а останатите 60% се доплаќаат до 20 денови пред почетокот на патувањето.

Пријавувања кои се направени на помалку од еден месец пред почетокот на патувањето, плаќањето се врши во целост. 

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), во готово и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа со која патникот ќе патува, во спротивно агенцијата не сноси одговорност од принтање на авиокарти со погрешно име. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс. По уплаќање на авансот, веднаш се аплицира за виза и по добивањето на визата се издаваат авиокартите. По издавањето не е возможно откажување на аранжманот.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Inglaterra 4 Пример или Memories Varadero Пример 2 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Скопје – Хавана, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Хавана - Скопје, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Храна

2 × Континентален појадок, 5 × All inclusive

Останато

  • Ноќевање во стандардни двокреветни соби во избраниот хотел на база на наведените услуги.
  • Повратен авиобилет Скопје – Хавана – Скопје со сите такси во економска класа со дозволен чекиран багаж 30кг. и 7кг. рачен багаж

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром

Сместување

Memories Varadero

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Memories Varadero е хотел со 4* по локална категоризација. Сместувањето располага со базен во својот комплекс. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Сместувањето е на база ноќевање со all inclusive услуга.

Вебсајт https://www.memoriesresorts.com/resort/memories-varadero-beach-resort

Hotel Inglaterra 4*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Inglaterra е сместувачки објект со 4* по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Сместувањето е на база ноќевање со појадок

Вебсајт https://www.hotelinglaterra.es/en/

Адреса Habana Vieja
Old Havana
10100 Havana
Cuba

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.