Мексико индивидуално патување

цена од
1.220
EUR ,00
сега од
1.120
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање


Одиме во земјата на сомбрерата, брзиот гонзалес, текилите, тортиљите и омилениот чили сос. Одиме на величенствените Кариби во магичното Мексико! Сместени сме во Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)- Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови… Близу нас е Чичен Ица (Chichen Itza) едно од новите светски чуда, ги истражуваме божествата на Маите, обичаите и се восхитуваме на нивните достигнувања. Го учиме мајанскиот календар, ја пробуваме нивната храна и зачини...

Од Плаја дел Кармен може да се посети малиот рај Исла Мухерес (Isla Muјeres) каде плени капењето со делфини и Исла Холбош (Isla Holbox), сеуште неоткриениот карипски бисер кој ќе ве маѓепса со својата убавина и најубавото тиркизно море. Најубавиот Тулум (Tulum) каде палмите ги допираат облаците, додека се слуша шумот на морските бранови, а белиот песок ги милува стапалата и во автентична мексиканска атмосфера зачинета со малку бохо стил ќе се почувствувате како во рајот. Коба (Coba) го запира здивот кога од височина ќе ја видите густата тропска џунгла која се простира до недоглед и фасцинтните сеноти, најпознатите природни подземни базени каде Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега важат за прекрасни, извајани од природата атракции. Истражување на најрустичните колонијални градчиња чија посета не е целосна без малку текила и одлична храна.

Хедонистичка авантура што се памети цел живот! Добредојдовте во Мексико!


Рута
Скопје
Канкун (Cancun)

Превоз
Авион
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Дестинации
Кариби и Централна Америка, Мексико
Код на патување
MX11
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Започнува нашето патување во Мексико! Индивидуално поаѓање од Меѓународниот Аеродром во Скопје од каде се упатуваме во пресрет на сонцето и на рајските Кариби. Мексико е живописна и шарена приказна со тиркизна вода и бел песок зачинета со превкусна традиционална храна, текила и веселиот ритам на латино музика. Пред нас се денови каде природата одново и одново ќе не изненади со своите убавини! Мексико никого не остава рамнодушен и во тоа ќе се уверите безброј пати, а добар почеток е посетата на сенотите, познатите пештери, природни базени со бујна вегетација. Сведочат за начинот на живот на древните Маи, а се одлични за нуркање и капење. Нивната убавина одзема здив и не може да се опише со зборови! Тука е едно од новите седум светски чуда, Чичен Ица, на полуостровот Јукатан. Овој комплекс бил од големо значење за цивлизацијата на Маите, претставувал религиски, културен и трговски центар. Канкун и Плаја дел Кармен ќе ве фасцинираат со прекрасните плажи и топлото тиркизно море и големиот избор на прекрасни хотели, барови, ресторани... Од Плаја дел Кармен може да се посети малиот рај Исла Мухерес каде плени капењето со делфини и Исла Холбош, сеуште неоткриениот карипски бисер кој ќе ве маѓепса со својата убавина и најубавото тиркизно море. Најубавиот Тулум каде палмите ги допираат облаците, додека се слуша шумот на морските бранови, а белиот песок ги милува стапалата и во автентична мексиканска атмосфера зачинета со малку бохо стил ќе се почувствувате како во рајот. Коба го запира здивот кога од височина ќе ја видите густата тропска џунгла која се простира до недоглед.. Денови исполнети со авантури и уживање!

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Скопје – Канкун, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Канкун - Скопје, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Сместување

El Tukan Hotel & Beach Club 3* или The Reef Playacar Resort & Spa 4* или Magic Blue Boutique 4* или Allegro Playacar 4* или Sandos Playacar 5* 8 ноќи

Место

  • Скопје
  • Канкун (Cancun)

Храна

  • Континентален појадок × 8
  • All Inclusive × 8
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: Плаќањето на авио картата се врши во целост во оној момент кога авио картата треба да се издаде. Плаќањето на хотелското сместување и останатиот тип на услуги се врши во целост или на две или повеќе рати, со следните услови:

За пријави направени два месеци или повеќе пред почетокот на патувањето, се уплаќаат 25% од целиот износ веднаш, дополнителни 25% до 30 денови пред почетокот на патувањето и останатите 50% до 15 дена пред почетокот на патувањето.

За пријави направени од еден до два месеци пред почетокот на патувањето, се уплаќаат 40% од износот за време на пријавата, а останатите 60% се доплаќаат до 20 денови пред почетокот на патувањето.

Пријавувања кои се направени на помалку од еден месец пред почетокот на патувањето, плаќањето се врши во целост. 

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), во готово и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа со која патникот ќе патува, во спротивно агенцијата не сноси одговорност од принтање на авиокарти со погрешно име. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс. По уплаќање на авансот, веднаш се аплицира за виза и по добивањето на визата се издаваат авиокартите. По издавањето не е возможно откажување на аранжманот.

За поаѓање на 12. 10. 2020.

Креираната понуда е согласно моменталната расположливост на авио билетите и хотелското сместување. 

Што е вклучено

Сместување

El Tukan Hotel & Beach Club 3 Пример или The Reef Playacar Resort & Spa 4 Пример или Magic Blue Boutique 4 Пример или Allegro Playacar 4 Пример или Sandos Playacar 5 Пример 8 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Скопје – Канкун, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Канкун - Скопје, во економска класа, со 30кг. чекиран багаж и 7кг. рачен багаж

Храна

8 × Континентален појадок, 8 × All Inclusive

Останато

  • Ноќевање во стандардни двокреветни соби во избраниот хотел на база на наведените услуги.
  • Повратен авиобилет со сите такси на релација Скопје - Канкун - Скопје, во економска класа

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром
  • Виза за Мексико (сите патници се должни сами да се информираат за вадењето на виза)

Сместување

El Tukan Hotel & Beach Club 3*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

El Tukan Hotel & Beach Club е сместувачки објект во Плаја дел Кармен со *** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Адреса Calle Quinta Avenida
Gonzalo Guerrero
77710 Playa del Carmen
Q.R.
Mexico

The Reef Playacar Resort & Spa 4*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

The Reef Playacar Resort & Spa е сместувачки објект во Плаја дел Кармен со **** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база all inclusive.

Вебсајт https://www.thereefresorts.com/reefplayacar/?gclid=EAIaIQobChMIuKeIqOTR6gIVSYjVCh3nWA4iEAAYASAAEgISzvD_BwE&gclsrc=aw.ds

Адреса Paseo Xaman - Ha s/n
Playacar
77710 Playa del Carmen
Q.R.
Mexico

Magic Blue Boutique 4*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Magic Blue Boutique е сместувачки објект во Плаја дел Кармен со **** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://magicbluespahotel.com/

Адреса 10 Avenida Nte. S/N
Centro
77720 Playa del Carmen
Q.R.
Mexico

Allegro Playacar 4*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Allegro Playacar е сместувачки објект во Плаја дел Кармен со **** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база all inclusive.

Вебсајт http://www.allegroplayacar.com/

Адреса Lote Hotelero 7 Desarrollo
Playacar
77710 Playa del Carmen
Q.R.
Mexico

Sandos Playacar 5*

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Sandos Playacar е сместувачки објект во Плаја дел Кармен со ***** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база all inclusive.

Вебсајт https://www.sandos.com/sandos-playacar/beach-all-inclusive-resort

Адреса Paseo Xaman - Ha 1
Playacar
77710 Playa del Carmen
Q.R.
Mexico

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.