Мексико од Скопје

цена од
1.300
EUR ,00
сега од
1.250
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање


Одиме во земјата на сомбрерата, брзиот гонзалес, текилите, тортиљите и омилениот чили сос. Одиме на величенствените Кариби во магичното Мексико! Сместени сме во Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови... Ја посетуваме Чичен Ица (Chichen Itza) едно од новите светски чуда, ги истражуваме божествата на Маите, обичаите и се восхитуваме на нивните достигнувања. Го учиме мајанскиот календар, ја пробуваме нивната храна и зачини...

Го посетуваме малиот рај Исла Мухерес (Isla Muјeres) каде се капеме со делфини и Исла Холбош (Isla Holbox)сеуште неоткриениот карипски бисер кој ќе ве маѓепса со својата убавина и најубавото тиркизно море. Одиме во Тулум (Tulum) каде палмите ги допираат облаците, додека го слушаме шумот на морските бранови, а белиот песок ни ги милува стапалата и во автентична мексиканска атмосфера зачинета со малку бохо стил се чувстуваме како во рајот. Во Коба (Coba) ќе ни застане здивот кога од височина ќе ја видиме густата тропска џунгла која се простира до недоглед и фасцинтните сеноти, најпознатите природни подземни базени каде Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега важат за прекрасни, извајани од природата атракции. Истражуваме најрустичните колонијални градчиња чија посета не е целосна без малку текила и одлична храна.

Хедонистичка авантура што се памети цел живот! Добредојдовте во Мексико!


Рута
Скопје
Истанбул
Канкун (Cancun)
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Канкун (Cancun)
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Видови патувања
Далечни дестинации
Дестинации
Мексико
Код на патување
MX9
Тежина
Погодно за деца
Да
Големина на групата
Мин 10 , Макс 20 ,

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 28. 6. 202119. 7. 20212. 8. 20219. 8. 202116. 8. 202122. 10. 202115. 11. 202126. 11. 20216. 12. 2021

Состанок на групата на Mеѓународниот аеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 20:45h (TK1006). Пристигнување во Истанбул во 23:20h по локално време. 

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Конекција на лет за Канкун (Cancun) во 02:30h (TK182). Пристигнување во Канкун во 12:20h. ¡Hola Mexico! Трансфер до Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), преубаво место на брегот на Карипското Море во државата Кинтана Ро (Quintana Roo). Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови... Сместување во хотел. Вечерта, по желба, одиме на традиционална мексиканска вечера, а потоа во бар на неколку пијачки (текила, пиво или коктели, одлучете сами). 

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Канкун (Cancun)
  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Факултативен излет во Чичен Ица (Chichen Itza), градот на Маите и едно од новите светски чуда. Ова сигурно ќе биде едно од најимпресивните места кои ќе ги видите во животот, а приказната за Маите, нивната култура и начин на живот ќе ве допрат и ќе ве натераат на длабоко размислување. Ќе имаме прилика и да се искапеме во сенотите – природни езера кои се наоѓаат во пештери. На враќање од излетот правиме кратка пауза за да го видиме градот Ваљадолид (Valladolid). Враќање во Плаја дел Кармен. Слободно време.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет и запознавање на Карипските острови! Одиме на островот Исла Холобош (Isla Holbox) за кој без двоумење можеме да кажеме дека е рајот на земјата. Сеуште неистражениот остров е познат по kite boarding, убавите плажи и чудесниот биодиверзитет. Пред самиот остров се наоѓаат лагуните кои се дом на фламинга и пеликани. Враќање во Плаја дел Кармен.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет во Тулум (Tulum), градот на Маите на брегот на Карибите. Игуани во разни бои и со различна големина слободно ќе се шетаат покрај вас, а после разгледувањето на археолошкиот локалитет Коба (Сoba), одиме на една од најубавите плажи на Карипското Море и сигурно една од најубавите плажи на светот. Го имаме цело попладне за уживање во овој рај. Вечерта се враќаме во Плаја дел Кармен. 

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет и одлична прилика да го посетиме познатиот остров на жените односно Исла Мухерес (Isla Mujeres). Уживање во магијата на островот кој е посветен на мајанската божица на раѓањето Ишел. Овој остров е оддалечен само тринаесет километри од Јукатанскиот Полуостров и е лесно пристапен за љубителите на одлично капење во водите на тиркизните Кариби. Целиот остров може да се разгледа со голф количка со оглед на тоа што голф количките се единственото превозно средство на овој мирен остров. За љубителите на адреналински авантури постои и можност за нуркање со ајкули! Враќање во Плаја дел Кармен.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден во Плаја дел Кармен. По желба, може да се организира факултативен излет и капење во трите најпознати сеноти на Јукатан. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата, атракции. Овие природни јами настанати со пропаѓање на варовникот се најпопуларните природни базени на светот. Враќање во Плаја дел Кармен.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден посветен за Мексичките Малдиви! Одиме на факултативниот излет Бакалар, местенце кое се наоѓа на самиот југ на државата на Quintana Roo, на границата со Белизе. Со оглед на тоа што Бакалар се наоѓа надвор од туристичкиот дел на Јукатан и далеку од туристичките гужви сеуште е неистражено скриено богатство и нуди автентично доживување. Бакалар е место со необјаснива убавина благодарение на езерото кое се нарекува "Лагуната со седум бои". Ова прекрасно езеро како што посочува и неговото име, се прелива во седум нијанси сино кои се менуваат во текот на денот и на различни длабочини. Се восхитуваме на чистината и убавината на езерото и уживаме во спокојот кој маѓепсува на ова место.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден или прилика за посета на неоткриените делчиња на Јуката. Факултативниот излет Las Coloradas и Rio Lagartos е посебно доживување во Мексико! Розевите лагуни каде живеат фламингоси, возење со чамци низ мангровите шуми, крокодили, лековита кал која ја користат Мексиканците како и туристиите, а потоа следи вистинската мексиканска приказна – градот Тизимин. Враќање во сместувањето.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден во Плаја дел Кармен и прилика да ги впиеме последните сончеви зраци на Мексиканското сонце.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Канкун до Истанбул во 13:40h. (TK181). 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Канкун – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Место

  • Канкун (Cancun)
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул во 09:35h. по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 19:30 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:55h. . Крај на патувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€, по добивање на виза се уплаќаат уште 700€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Што е вклучено

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen Пример 9 ноќи

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Канкун – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мексико

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Чичен Ица (Chichen Itza)

Цена: 80,00 EUR

Ја посетуваме една од најпознатите Мајански пирамиди која е прогласена за едно од Седумте Светски Чуда! На овој излет ќе научиме нешто за културата на Маите, ќе го разгледаме целиот комплекс, кој освен пирамдата вклучува и терен за „мајански фудбал“, опсерваторија и други храмови. Исто така, ќе имате прилика да се избањате и во една од најубавите сеноти на полуостровот Јукатан, сенотата Oxman. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за археолошкиот комплекс и сенотите, локален водич и ручек.

Исла Холбош (Isla Holbox)

Цена: 80,00 EUR

Мал рај на земјата и тоа на сред Карибите! Ќе се нурнеме во светата сенота Yalahau од каде можете да уживате во мирниот тропски поглед. Ќе се заљубите во мистичниот Islа la Pasion познат по својот чудесен биодиверзитет. На островот Холбош ве чекаат 36 km чисти плажи со најубавиот бел песок. Овој остров е сеуште неоткриен туристички бисер кој заедно ќе го истражиме! Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич, појадок и ручек.

Тулум (Tulum) и Коба (Coba)

Цена: 60,00 EUR

Тулум е еден од последните изградени мајански градови пред доаѓањето на Шпанците. Исто така ова е најпознатиот град кој се наоѓа на самиот брег. Град кој останал релативно зачуван и сеуште тука може да се видат кули за набљудување, храмови посветени на богот Чак и резервоари со вода која ја користеле Маите. Коба е помалку позната туристичка дестинација, но е исклучително интересно место и претставува скриен бисер на на Јукатан. Од некогашниот град кој по некои пресметки во врвот на развојот имал веројатно помеѓу 50 и 100 илјади жители, денес се откриени само 5%. Во овој град ќе имате прилика да се искачите на пирамидата висока 42m (во останатите археолошки наоѓалишта забрането е качување по пирамидите) и да уживате во погледот на непрегледната џунгла. Исто така, на овој излет ќе имате прилика да се бањате на една од најубавите плажи на Карибите – плажата Тулум! Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за археолошките наоѓалишта, локален водич и ручек.

Исла Мухерес (Isla Muјeres)

Цена: 90,00 EUR

Пловиме со катамаран по Карибите и уживаме во сонцето, нуркањето и отворениот бар на нашиот брод. По пристигнувањето на островот прво имаме buffet ручек. Можеме да ја посетиме и Плаја Норте (Playa Norte) која е најпознатото место на островот. Ќе имаме време да си избереме сувенири на локалното пристаниште и да ја посетиме единствената населба на овој остров. Уживање и најубаво капење на островот кој е посветен на мајанската божица Ишел. Овој остров е оддалечен од Јукатанскиот полуостров само тринаесет километри и е лесно пристапен за љубителите на одлично капење во водите на тиркизните Кариби. Во цената на излетот е вклучено: превоз до пристаништето, ужина по пристигнување на пристаништето, возење со катамаран, посета на  Исла Мухерес и нуркање.

Три сеноти

Цена: 50,00 EUR

Во оваа авантура ќе посетиме три магични сеноти: големата сенота, отворената сенота и древната сенота. Ќе уживаме во длабокото синило и освежителната вода. Потоа одиме на една од најубавите плажи на Карибите. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата атракции. Овие природни јами настанати со пропаѓање на варовникот се најпопуларните природни базени на светот. Во цената на излетот е вклучено: превоз, посета на сенотите, локален водич и ручек.

Бакалар

Цена: 80,00 EUR

Добредојдовте на Мексичките Малдиви! Одиме на Бакалар, местенце кое се наоѓа на самиот југ на државата на Quintana Roo, на границата со Белизе. Со оглед на тоа што Бакалар се наоѓа надвор од туристичкиот дел на Јукатан и далеку од туристичките гужви сеуште е неистражено скриено богатство и нуди автентично доживување. За разлика од Тулум, Канкун и Плаја дел Кармен, ова место не се наоѓа на Карипското море туку во внатрешноста. Бакалар е место со необјаснива убавина благодарение на езерото кое се нарекува "Лагуната со седум бои". Ова прекрасно езеро како што посочува и неговото име, се прелива во седум нијанси сино кои се менуваат во текот на денот и на различни длабочини. Се восхитуваме на чистината и убавината на езерото и уживаме во спокојот кој маѓепсува на ова место. По езерото пловиме со бродче и се мачкаме со лековита кал. Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич, возење со бродче, посета на сеноти, ручек.

Rio Lagartos и Las Coloradas

Цена: 70,00 EUR

Истражете го прекрасниот пејзаж на Јутакан. Ве очекува спектакуларна розева лагуна со своите фламингоси, возење со чамци низ мангрова шума и големи површини прекриени со сол. Вистинско уживање претставува и посетата на Тизимин, градот каде може да го видите вистинското мексиканско секојдневие, далеку од туристичките центри на полуостровот. Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и оброк.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел со 4* по локална категоризација, е сместувачки објект кој се наоѓа во Плаја дел Кармен. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, TV и сеф. Услугата е на база на ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.haciendaparadise.com

Адреса Avenida 10 Nte. entre calles 20 y 22 Centro
Gonzalo Guerrero
77710 Playa del Carmen
Q.R.
Mexico

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.