Занзибар Авантура од Скопје

цена од
1.349
EUR ,00
траење
14 дена
Пријави се Барање
Барање

Одиме на Занзибар, Hakuna Matata! 

На оваа програма, првите денови се сместуваме во Stone Town - главниот град на Занзибар. Не се секирајте, не ве носиме во главен град да се шетате по улици по цел ден. Тука се сместуваме прво поради тоа што Stone Town е фасцинантен сам по себе и тука можете да ја видите “Африка како на discovery", а градот е и совршено позициониран на островот, па е блиску до сите најважни работи кои факултативно не смееме да ги пропуштиме. Деновите ни се секако исполнети со многу плажирање, на различни плажи, песочни дини и пусти острови. Од Stone Town одиме на Накупенда - пуст остров (песочна дина) која од градот е одалечена само 25 минути возење со бродче. Гарантираме дека Накупенда ќе ви биде highlight на цело патување. Како на цртан филм, бел прашкаст песок, опколен со корален гребен и тиркизна лагуна - најегзотичната “плажа“ која ја имате видено во животот. Слушаме музика, пиеме пиво и комплетно се опуштаме. Од Stone Town одиме и во Паџе - центарот на Источен Занзибар, селце со десетици клубови на плажа, ресторани, добра музика и добра храна, кој на некој начин, многу луѓе ги потсетува на Тулум, Мексико. Одиме и во џунгла со зачини и на blue safari - сафари во океан, нуркање и чилање на островот Квале. Ноќите ни се исполнети со вечери и уживање во некој од стотиците одлични ресторанчиња во овој град, но и журка во некој од локалните клубови. Турата низ Stone Town е исто така нешто кое цел живот ќе го памтиме. Шарени тесни улички помеѓу камените куќи кои како лавиринт, нé водат од куќата на славниот Фреди Меркјури до локалниот пазар што гарантирано ќе биде една од најуникатните работи кои ги имате видено во животот. Хаотична атмосфера, ценкање, бука, деца, месо, зачини, свежо овошје, мирис на риба, жени кои се шетаат со садови врз глава и се останато што ќе ви падне на памет, на едно место. Жива и динамична атмосфера! Гарантираме дека после 3 дена ќе бидете комплетно заљубени во Stone Town и Занзибар!

Патувањето го продолжуваме во Кендва или Нунгви, двете најпознати и најубави места на Занзибар за чилање на плажа и полнење батерии. Доколку сте слушнале дека на Занзибар е прилично изразена плимата и осеката, да знаете дека тоа не важи за северот - Нунгви и Кендва, местата каде се сместуваме ние. Преку цел ден имаме на располагање огромна плажа со бел најситен песок, палми, кокоси и бесконечниот тиркизен Индиски океан. Десетици барчиња и клубови на плажа, добра храна, ефтино пиво и Конаги - локална ракија од шекерна трска, еден од најпознатите производи на Танзанија. Хотелите кои ги работиме се на сама плажа. Навечер, лежалките се повлекуваат, а во песок се ставаат маси и столчиња, се палат свеќи и оган и се вечера под отворено небо, додека свири Афричка музика.

Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?

Во цената на аранжманот е вклучено и:
* Факултативна посета на основно училиште и тура низ Занзибарско селце!


Рута
Скопје
Истанбул
Stone Town
Нунгви/Кендва
Занзибар
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Занзибар
Видови патувања
Голема Летна Акција 2022, Далечни дестинации, Летувања
Код на патување
TZ23
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред лет. Утрински лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул и конекција на лет за Занзибар во попладневните часови.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Занзибар (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнување во Стоун Таун (Stone Town) во утринските часови (околу 03:00 часот наутро), по што следи трансфер до сместувањето. Во хотелот ја плаќаме и претходната ноќ, што значи дека веднаш по доаѓање во хотел, можеме да влеземе во собите. Одмараме, се освежуваме, појадуваме, па се сретнуваме со нашиот претставник и го одржуваме информативниот состанок. Нашиот претставник ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.)

Потоа, заминуваме на нашиот прв излет, со цел да го отвориме ова патување со плажа и пливање, како што ни доликува... Одиме на Накупенда! Накупенда е песочен насип кој се наоѓа отприлика 25мин. возење со чамец од пристаништето во Stone Town. Околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Дечкото кој го вози чамецот забива 4 дрвени колци во песокот и врз нив става шаторско крило за сенка. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. 

Вечерта излегуваме во некои од локалните клубови. Пазиме колку пиеме бидејќи веќе од следниот ден ни почнува незаборавна авантура, исполнета со многу плажа, пливање и нови искуства!

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Smiles Stone Town Hotel или Dhow Palace Hotel Zanzibar 2 ноќи

Место

  • Stone Town

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор... Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. 

По Stone Town, одиме на Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. 

Бидејќи Накупенда, каде што бевме и претходниот ден, е “искутво“ кое мора и ќе сакате да се повтори, од Prison Island, повторно се упатуваме на оваа магична песочна дина. Овој ден, постои можност да правиме “скара“ на Накупенда и да ручаме морски плодови и највкусен органски “помфрит“. Ручекот го договараме со нашиот претставник на дестинацијата. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето.

Сместување

Smiles Stone Town Hotel или Dhow Palace Hotel Zanzibar 1 ноќ

Место

  • Stone Town

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Одиме во џунглата со зачини! Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Потоа го посетуваме селото Паџе (Paje) - традиционално Африканско место, куќи од камен, училишта, фризерници, пекари и вулканизери какви не сте виделе никогаш во животот. Паџе e центарот на Источен Занзибар, со десетици клубови на плажа, ресторани, добра музика и добра храна, која на некој начин, многу луѓе ги потсетува на Тулум, Мексико. Паџе е и едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf). Дружење, пиење коктели, неверојатна храна, сончање и уживање. Враќање во сместувањето.

Сместување

Smiles Stone Town Hotel или Dhow Palace Hotel Zanzibar 1 ноќ

Место

  • Stone Town

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот ни започнува со нова авантура наречена Blue Safari. На овој факултативен и излет ги посетуваме најубавите плажи на островот и одиме на нуркање. Се возиме со традиционални едрилици кои се карактеристични за овој остров. Посетуваме песочни насипи кои исчезнуваат кога ќе си поиграат плимата и осеката. По факултативниот излет трансфер до Нунгви/Кендва (Nungwi/Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободен ден за уживање на плажа.

Важна напомена: За сите патници кои нема да одат на излетот Blue Safari, ќе биде организиран индивидуален трансфер до Нунгви/Кендва, во договор со водичот. 

Превоз

  • Трансфер од Stone Town до Kendwa/Nungwi

Сместување

Amaan Beach Bungalows или Sunset Kendwa 1 ноќ

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Започнуваме со пливање во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа продолжуваме до ресторанот The Rock. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар.  Денот го завршуваме во “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;) 

Сместување

Amaan Beach Bungalows или Sunset Kendwa 1 ноќ

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, одиме на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Одиме во авантура на која ќе го истражуваме најинтересниот подводен свет на Занзибар. Враќање во сместувањето и слободно време. Вечерно излегување во некои од баровите во Кендва или Нунгви.

Сместување

Amaan Beach Bungalows или Sunset Kendwa 1 ноќ

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден одиме во посета на основно училиште на Занзибар каде ќе се запознаеме со нивниот образовен систем, ќе имаме шанса да се фотографираме со дечињата, но и да донираме работи кои секако ќе им бидат од огромно значење. Искуство кое никогаш нема да го заборавите! Потоа продолжуваме со разгледување на “селцето", па имаме слободно време да се плажираме. Ноќевање.

Сместување

Amaan Beach Bungalows или Sunset Kendwa 1 ноќ

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите. За оние кои се расположени за авантура, има можност за тридневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.

Сместување

Amaan Beach Bungalows или Sunset Kendwa 4 ноќи

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 5

Факултативни излети

Се будиме наутро. Појадуваме. Околку пладне, ги напуштаме собите (check-out) и куферите ги оставаме на рецепција. Последниот ден имаме слободно време да се поздравиме со нашиот нов омилен остров. Ја впиваме енергијата на Занзибар, уживаме на некоја од тропските плажи, пиеме уште по некој Килиманџаро или Конаги и докупуваме сувенири. Ова е нашиот последен ден. Околу полноќ имаме трансфер за аеродром.

Место

  • Нунгви/Кендва

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнуваме на аеродромот во Stone Town после полноќ. Лет од Занзибар до Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Преседнување на вечерниот лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Занзибар – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2х 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Занзибар
  • Истанбул
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€ (9.300,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Smiles Stone Town Hotel Пример или Dhow Palace Hotel Zanzibar Пример 4 ноќи
Amaan Beach Bungalows Пример или Sunset Kendwa Пример 8 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Занзибар (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Stone Town до Kendwa/Nungwi
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Занзибар – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2х 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Храна

13 × Континентален појадок

Останато

  • Посета на основно училиште и разглед на Занзибарско село

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)
  • За невакцинирани или нецелосно вакцинирани патници: Задолжителен ПЦР или БРЗ АНТИГЕН ТЕСТ за влез во земјата!

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Накупенда

Цена: 30,00 USD

*** ИЗЛЕТОТ Е БЕСПЛАТЕН ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ ЌЕ УПЛАТАТ ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ***

Нашиот одмор го започнуваме со Накупенда, нашиот прв излет, со цел да го отвориме ова патување со плажа и пливање, како што ни доликува... Накупенда е песочен насип кој се наоѓа отприлика 25мин. возење со чамец од пристаништето во Stone Town. Околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Дечкото кој го вози чамецот забива 4 дрвени колци во песокот и врз нив става шаторско крило за сенка. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. 

* Во случај на временски неприлики и/или доцнење на летот од Истанбул за Занзибар, постои можност овој излет да биде откажан.

Занзибар - пакет излети

Цена: 220,00 USD

1. Stone Town - City Tour, Prison Island (Остров на желките) и Накупенда

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Веднаш до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. 

По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Prison Island. Овој магичен остров, по официјалното укинување на ропството во 1873 година, некое одредено време бил место за нелегална трговија со робови (доказите за ова и ден-денес се наоѓаат во овој комплекс во вид на алки и ланци). Кога дошло крај и на тоа, Британците го преуредиле целиот остров со намера да го направат затвор, но тој никогаш не послужил за таа цел. Денес Prison Island e резерват на копнени Aldabra желки, кои британскиот гувернер од Сејшелите ги пратил на Занзибар како поклон во 1919 година. Тогаш имало 4, а денес се преку 100. Сите се исклучиво расположени за дружење со посетителите. По дружењето со желките, ги посетуваме рушевините од “затворот” и уживаме во егзотичноста на овој магичен остров. 

Бидејќи Накупенда, каде што бевме и претходниот ден, е “искуство“ кое мора и ќе сакате да се повтори, од Prison Island, повторно се упатуваме на оваа магична песочна дина. Овој ден, постои можност да правиме “скара“ на Накупенда и да ручаме морски плодови и највкусен органски “помфрит“. Ручекот го договараме со нашиот претставник на дестинацијата. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Забораваме на сите проблеми. Совршен ден на Занзибар!

Вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма, овошје, вода и “сокчиња“ на Накупенда.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 50$ 

_____________________________________________________________________________________________________________

2. Џунгла со зачини - Селото Паџе

Нашата следна авантура е џунглата со зачини. Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видиме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар.. 

Излетот го завршуваме со посета на Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој иако не е толку развиен како северниот, има еден посебен шмек. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека, ќе видиме како изгледа брегот кога водата се повлекува скоро километар од него. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови со одлична храна и музика. Овој дел, многумина ги потсетува на Тулум, Мексико. За крај, прошетка низ селото и доцна попладне се враќаме во сместувањето.  

Вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 45$

_____________________________________________________________________________________________________________

3. Blue сафари

Зборот сафари на свахили значи патување, а во останатиот дел од светот е збор кој симболизира патување за кое вреди да се живее. На излетот Blue safari одиме на авантура низ бескрајното синило на Занзибарските плажи и спрудови, познати по кристално белиот и ситен песок. Над нас е синото небо, а околу нас индискиот океан со целата своја величенственост. Пловиме со традиционалните “dhow” чамци со кои Занзибарците пловат веќе стотици години и уживаме во бистрата тиркизна вода, тропското сонце, егзотичното овошје и магичните мали островчиња од Занзибарскиот архипелаг. Авантурата ја започнуваме од Stone Town, од каде се упатуваме кон полуостровот Фумба, каде што нѐ чекаат нашиот чамец, капетан и опрема за снорклинг. Се качуваме на чамците и поаѓаме. По кратко време сите го наоѓаме нашиот зен на чамците и потонуваме во мир и тивкиот хедонизам на “хакуна матата” животот. Набрзо пристигнуваме до песочен насип, кој за време на плимата, станува пуст остров, од сите страни опкружен со вода, идеален за сончање и пливање во нереално сината вода која сите нас нѐ мами. Нашите насмеани локалци, кои не придружуваат на ова патување, нѐ послужуваат со тропско овошје како освежување и подготовка за ручекот кој нѐ очекува. По капењето и уживањето на оваа плажа, се враќаме во нашиот чамец и се упатуваме кон отворено море, каде што го истражуваме подводниот свет на Занзибар. Време е за снорклинг! Разнобојни тропски рипчиња (како Немо) и корали, го прават овој дел од нашиот излет посебен. По снорклингот, се возиме со чамецот до најголемиот остров кој ќе го посетиме овој ден – Kwale. Островот е дом на едно од најнеобичните и најстарите баобаб стебла на Занзибар. На островот Кwale уживаме во локален ручек кој се состои од разновидни морски плодови, ориз и помфрит. По ручекот, посетуваме две лагуни. Првата се наоѓа на другата страна на островот Kwale, а втората, на околу 20 минути одалеченост од овој остров. Во прашање е отворена лагуна со мала плажа, која е воглавно напуштена – како од рајот. Тука уште малку уживаме на плажа, се сончаме и правиме незаборавни фотографии, по што се враќаме на местото на поаѓање. Овој пат патуваме низ ветерот и ги отвараме нашите едра! Патуваме како што морнарите патувале со векови – само со помош на ветерот, дрвата и платната. Сега, кога сѐ што се слуша е водата под налетот на нашиот чамец и местимичното затегање на јажињата, дозволуваме новонастанатиот мир да нѐ хипнотизира и тивко испрати до нашето пристаниште, каде што нашата авантура завршува. 

Вклучено е: превоз до местото на поаѓање на излетот и назад, возење со чамец, опрема за снорклинг (маска со цевка и пераи), дегустација на овошје, ручек и безалкохолни пијалоци (вода и газирани сокови), услуги од локален водич и нашиот претставник од агенцијата.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 60$

_____________________________________________________________________________________________________________

4.Blue Lagoon, Ресторан The Rock, Kae Funk 

Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Одиме на авантура каде пливаме во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа одиме до ресторанот The Rock каде имаме доволно време да се сликаме, па продолжуваме до “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;)

Вклучено: водич на англиски јазик, сите влезници и организиран превоз по предвидениот план и програма.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 55$

_____________________________________________________________________________________________________________

5. Мнемба

Добредојдовте на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Главната цел на овој излет е пливањето со делфини, кое никогаш нема да го заборавиме.

Вклучено: организиран превоз по предвидениот план и програма, услуга преставник на агенцијата.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 35$

ЦЕНА НА СИТЕ ИЗЛЕТИ ЗАЕДНО ВО ПАКЕТ (БЕЗ САФАРИ ВО НП МИКУМИ): 220$

Посета на основно училиште и село на Занзибар

*** ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОT ***

Овој ден одиме во посета на основно училиште на Занзибар каде ќе се запознаеме со нивниот образовен систем, ќе имаме шанса да се фотографираме со дечињата, но и да донираме работи кои секако ќе им бидат од огромно значење. Искуство кое никогаш нема да го заборавите! Потоа продолжуваме со разгледување на “селцето", па имаме слободно време да се плажираме.

Сафари НП Mikumi (3 дена)

Цена: од 400,00 USD до 600,00 USD

За сите кои би сакале да ја доживеат вистински Танзанија и да одат на сафари, по што оваа земја е позната низ целиот свет, имаме подготвено посета на Националниот Парк Микуми. Доколку сте спремни за авантура, три дена на плажа ќе ги замените со неповторливо и единствено искуство – Африканско сафари. Микуми е четврт по големина национален парк во Танзанија. Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам, најголемиот пристанишен град на Танзанија. Микуми е природно живеалиште на жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови. Ова сафари ни нуди единствена прилика да ја осознаеме африканската дивина и да го разбереме кругот на животот и смртта.

Цената на излетот вклучува: трансфер од сместувањето на Занзибар до пристаништето во Stone Town, карта за ferry на релација Занзибар – Дар ес Салам, трансфер од пристаништето во Дар Ес Салам до Микуми националниот парк, две ноќевања во Хотел со *** во Микуми, влезници за сафари во НП Микуми, ручек и вечера првиот ден, појадок, ручек и вечера вториот ден од сафарито, појадок третиот ден, трансфер од НП Микуми до Дар ес Салам, карта за ferry на релација Дар Ес Салам – Занзибар, трансфер од пристаништето на Занзибар до сместувањето, локален водич на англиски јазик.

Сместување

Dhow Palace Hotel Zanzibar

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Dhow Palace Hotel е хотел со 4* по локална категоризација во срцето на Stone Town и претставува локална автентична градба од 1559 година, која му дава посебно доживување на престојот. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба има клима уред, TV и телефон. Хотелот располага со базен, ресторан и roof-top тераса со панорамски поглед на градот.

Вебсајт http://dhowpalace-hotel.com/

Адреса Kenyatta Road
Shangani
Stone Town
1052 Zanzibar City
Tanzania

Smiles Stone Town Hotel

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Smiles Stone Town е хотел со 3* по локална категоризација. Се наоѓа во центарот на Стоун Таун, позади пристаништето, околу 4-5 минути пешки до Cape Town Fish Market ресторанот, кој се смета за “најцентралната“ локација во Stone Town. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, балкон, фрижидер, сеф, ТВ и клима уред. Собите се чисти и едноставно уредени. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок, кој најчесто вклучува различни видови на омлет, јајца, овошје и пецива).

Адреса Mizingani Road Mizingani Road and Malawi Road Intersection
Stone Town
Tanzania

Amaan Beach Bungalows

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Amaan Beach Bungalows e хотел со 3* по локална категоризација со кој соработуваме повеќе од 10 години. Хотелот се наоѓа на самата плажа во Нунгви. Има прекрасен ресторан, издигнат на колци, врз самата плажа, а хотелот располага и со базен и лежалки на базенот. За разлика од Кендва, која е генерално “помирна“ и не нуди многу активности по зајдисонце, во Нунгви сликата е различна :) Хотелот е перфектно позициониран и опкружен со десетици барови и ресторанчиња со прекрасна храна и атмосфера преку ден, лежалки и чадори на самата плажа во Нунгви кои можат да се изнајмат за околу 5 долари по лице. Навечер, лежалките се заменуваат со маси на самата плажа, на песок, каде можеме да уживаме во прекрасна храна и вино, под отворено небо, свеќи и факли кои горат околу нас. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба располага со фрижидер, клима-уред и сеф. Собите се едноставено уредени во “Афрички“ стил. Истите се исклучително чисти, а се чистат и секој ден за време на престојот. Низ целиот хотел има бесплатен Wi-Fi интернет. Услугата е на база ноќевање со појадок. 

Вебсајт http://oceangrouphotel.com/amaan-bungalows/

Sunset Kendwa

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

 Sunset Kendwa 4* по локална категоризација е хотел со кој соработуваме преку 10 години и од кој не сме имале незадоволен патник. Вредноста која ја добивате тука е огромна! Sunset Kendwa е лоциран на најубавиот дел од најубавата плажа на Занзибар - Kendwa. Плимата и осеката во овој дел на Занзибар скоро и да не се изразени, па можеме да уживаме во белиот песок и тиркизно синиот океан преку целиот ден! Сите гости имаат на располагање и приватни лежалки. Во склоп на хотелот има бар, ресторан и базен, на самата плажа. Собите се двокреветни или трокреветни со приватен тоалет, клима уред, сеф, фрижидерче, балкон, фен за коса и бесплатен Wi-Fi интернет. 

Вебсајт https://www.sunsetkendwa.com/

Адреса Kendwa
Tanzania

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

Вакцинирани патници: Потврда за целосна вакцинација (минимум 2 дози) против Ковид-19! Вакцината “Спутник“ не се признава на Занзибар. Вакцинираните лица со оваа вакцина се третираат како невакцинирани и мораат да прават ПЦР тест!

Невакцинирани патници: Негативен ПЦР тест за Ковид-19 не постар од 72 часа пред времето на поаѓање (време на полетување од Скопје). Тестот треба да биде издаден на англиски јазик, да го содржи името и адресата на лабараторијата каде истиот е направен, да покажува јасен негативен резултат и јасно да биде напишан датумот и времето на земање на примерокот. 

Сите патници пред патувањето мораат да пополнат и Travel Authorization форма на следниот линк: https://healthtravelznz.mohz.go.tz/traveller/#/home

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.