Jungle Едрење Јонски Острови

цена од
650
EUR ,00
сега од
600
EUR ,00
траење
8 дена
Пријави се Барање
Барање

Овој пат немаме хотел со 5 ѕвезди туку со 5 милиони ѕвезди! 

Нова уникатна и возбудлива приказна со насмеаното племе - морепловци. Несекојдневна авантура и изолација, бесконечно тиркизно море околу нас и милион ѕвезди над нас. 

Пловиме по кристално чистата вода, се капеме на најубавите, неоткриени, диви плажи и посетуваме места за кои сонува #ЦелСвет! 

Одиме на едрење! 

Одиме на Јонските острови, рамо до рамо со Тајланд, Сејшели, Кариби, Бали... Се будиме со мирисот на морето, нуркаме, учиме да едриме и го гледаме сонцето како исчезнува позади брановите. 

Секој ден се будиме на ново парче рај кој го имаме само за себе. 

Сами ја креираме морската приказна и избираме кое копно што се издига од морето да го истражуваме. 

1. Популарната Лефкада со своите егзотични плажи и карактеристична архитектура
2. Кефалонија, бисерот на Јонското море
3. Инспиративната Итака која претставува ветена земја 
4. Паксос и Антипаксос со своите неоткриени заливи
5. Смарагдниот Крф, засолништето на Одисеј на крајот од неговите патувања, брег полн со врвови кои оставаат без здив и “шарената” Парга која ќе ја здогледаме од далечината и чија атмосферата возвишува до облаците, а во кристално чистата вода уживаме со срцето и душата.

Прилика за создавање на нови животни искуства со тим кој е со вас од самиот почеток кога се бира бродот, до испловување и враќање!

Забавно и возбудливо.. како и секоја наша досегашна приказна. 

Безбедно, егзотично, различно! 

Морски поздрав 

<3


Рута
Каламос
Антипаксос
Итака
Паксос
Кефалонија
Сивота
Кефалонија
Крф
Скорпиос
Крф
Лефкада
Парга

Превоз
Едрилица
Сместување
Едрилица
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Видови патувања
Авантури и експедиции, Летувања
Код на патување
GR13
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 6 , Макс 10 ,

План и програма

Се упатуваме јужно во пресрет на морето. Дневно возење до Грција со попатни задржувања за царински формалности. Пауза во Грција за заедничко купување на намирници по што следи пристигување во Лефкас и check in на бродот во 17:00ч, односно состанок на кој скиперот ќе ги објасни основните правила на бродот и безбедносните аспекти. Краток вовед за едрењето и припрема за сето она што допрва ќе го научиме пловејќи. Првиот ден е наменет за купување намирници, распакување, запознавање со едрилицата и основни поими врзани за едрењето и за безбедноста на посадата. Поаѓаме од пристаништето и пловиме кон северниот дел на Јонските острови или кон јужниот дел во зависност од рутата која ќе ја изберете. 

Јужна рута: Крстарењето започнува со обиколка на Лефкада и се упатуваме кон Меганиси, каде ќе ја поминеме првата ноќ на сидро под ѕвездите. Уживаме во првото капење од оваа едриличарска авантура. Во зависност од желбите може вечера на бродот или во некоја локална рибарска таверна со "tsipouro & meze" каде ќе го почувствуваме за вкусот на Медитеранот.

Северна рута: Спремни сме за испловување и авантурата може да започне! Се упатуваме кон Антипаксос кој е дел од островската група Пакси, заедно со својот придружник Паксос. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза. Тиркизната боја на морето и единствените сини пештери нудат незаборавно искуство. На ова прекрасно место морето е толку кристално чисто и сино, што бродчињата изгледа како да лебдат над водата.

Превоз

  • Превоз со едрилица

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица) или Bavaria 43 CR (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица) 1 ноќ

Јужна рута:
Волшебно будење додека нежно не лулаат морските бранови и отсјајот на првите сончеви зраци во морето. Добредојдовте во рајот! По појадокот и утринското капење го напуштаме Меганиси и се упатуваме кон прекрасното островче Каламос. Се закотвуваме во напуштениот залив Порт Леоне каде можеме да останеме целиот ден. Се вели дека најдобрата морска храна на Јонското море е тука! Домаќинот Џорџ кои сите го познаваат е урбана легенда, самопрогласен харбор мастер на единственото пристаниште во селце со 500 жители. Рибата е свежа, саганакито идеално припремено и се точи домашно вино во лимени литарски бокали. Гастрономско уживање...Тиркизно, мирно, релаксирачки зачинето со прекрасно зајдисонце.

Северна рута:
Добро утро! Прво морско освежување па утринско кафе и појадок... Ако навистина денот се познава по утрото, загарантиран ни е прекрасен ден на Антипаксос. Ќе ги уживаме бројните заливи кои овој остров љубоморно ги крие и совршенството создадено од природата. Секое тиркизно парче рај е само за нас! Ги посетуваме плажите Vrika и Mesovrika кои пленат со својата убавина, кристално чиста вода и магичната плажа Voutoumi. Оваа плажа со тиркизна вода се смета за една од најубавите плажи во цела Грција. Нуркаме, се капеме и уживаме! Во попладневните часови се упатуваме кон Паксос, каде ќе ја продолжиме едриличарската авантура. 

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица) или Bavaria 43 CR (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица) 1 ноќ

Место

  • Каламос
  • Антипаксос

Јужна рута:
Се упатуваме кон Итака, позната по грчките митови и прославена во Хомеровите епови, Илијада и Одисеја, а попатно го посетуваме малото островче Аркуда каде ќе направиме пауза за капење и ќе уживаме во неговата природа, а оттаму одиме кон Атокос, познат по необичниот пуст залив, кој изгледа како пештера со смарагдно зелена боја и полна со риби па може да уловиме и по некое парче за ручек! (Spearfishing сметаме дека е најодговорниот начин за ловење риби - селективно ловење само онолку колку ни е потребно). Ручаме, нуркаме и уживаме. Морската авантурата ни продолжува кон Итака и шармантното село Киони со прекрасна камена плажа покрај која има кантина заробена во времето - со домашно вино и локално мезе или градчето Вати. На северот на Итака се наоѓа најубавата песочна плажа, со најситниот песок, а водата како бесконечен базен, најтиркизното нешто што го имате видено!

Северна рута:
Се будиме на бисерот на Јонското море, Паксос, а пред нас е вистинска морепловска приказна. Паксос и Антипаксос претставаат вистински скапоцени камења на Јонското море, сеуште недоволно истражени, блескави парчиња рај во морето. Ги посетуваме прекрасните заливи Lakka, Longos, Gaios, Mongonisi, Emerald bay и плажите Erimitis Bay Beach, Galazio Beach, Avlaki, Kipiadi итн. Плажата Erimitis на грчки значи пустиник или монах и оваа плажа е затскриена, а тоа ја прави уште поубава, бидејќи сме далеку од сите! Посебна убавина на оваа приказна даваат морските пештери кои може да се видат само со брод. Едрилицата влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии, а посебно доживување е кога ручаме во природната сенка на карпите и магичната атмосфера. Посетата сините морски пештери под карпите на Паксос е несекојдневно доживување на кое може да не изненади и некој делфин :)!

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица) или Bavaria 43 CR (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица) 1 ноќ

Место

  • Итака
  • Паксос

Јужна рута:
По утринското освежување и појадок, продолжуваме со истражувањето на магијата на Итака, нејзините смирувачки заливи со ситни бели камчиња и кристално чиста вода, опкружени со бујна вегетација. Остров каде ќе ги наполниме батериите и ќе доживееме целосен мир. Ја разгледуваме источната страна на островот Итака и се капеме во прекрасниот Pera Pigadi залив и се упатуваме кон Кефалонија, бисерот на Јонското море со традиционални грчки селца. Кефалонија е најголем остров во Јонското море, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија маѓепсува на прв поглед! Брегот е преполн со мирни заливи, а плажите претежно се каменести и песочни со кристално чисто море! Уживаме на плажата Antisamos каде заради својата убавина се снимани многу филмови и продолжуваме кон Agia Afimi каде можеме да преноќиме. 

Северна рута:
Северната приказна плови кон шарената Сивота. Ја запознаваме нејзината околина со широка насмевка, коктел во рака и ветер во коси. Рецептот за одлична забава и доживување! Сивота е мало прекрасно место кое е лоцирано помеѓу Парга и Игуменица на крајбрежјето на Јонско море. Со големиот број на преубави плажи со кристално чиста вода, мали островчиња, продавници, таверни, кафе барови, идилични пејсажи ни претставува одлична станица. Во близина се наоѓаат едни од најубавите плажи на Јонското Море – вистински скриени бисери на регионот Епирус. Отспротива се наоѓаат две мали островчиња кои кријат бројни заливи со всидрени бродчиња и тиркизни плажи. Шетаме, истражуваме и забавуваме :)!

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица) или Bavaria 43 CR (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица) 1 ноќ

Место

  • Кефалонија
  • Сивота

Јужна рута:
Се будиме на Кефалонија, фасцинантен остров чија интересна историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Се вели дека не сте биле на Кефалонија ако не сте го посетиле ова место. Заштитниот знак на островот и една од најсликовитите плажи во Грција. Водата е нереално бистра и се гледа буквално секое камче на дното. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли. Меѓу најпознатите туристички места на Кефалонија, освен градот Аргостоли, на западната страна се издвојува и градот Ликсури, на Северната страна е гратчето и пристаниште Фискардо, а на неговата југоисточна страна се можеби и најубавите места со песочни плажи Скала и Порос. Секој агол и секој залив на Кефалонија е магичен и ќе ни го направи престојот незаборавен!

Северна рута:
Изутрината по појадокот и морското освежување се упатуваме кон островот Крф, еден од најубавите острови во Грција и смарагдот на Јонското море. Крф е остров со бурна историја, исполнет со бујна вегетација и зелени површини, затоа уште и го нарекуваат Зелениот смарагд. За Крф пишувал и Хомер во неговата Одисеја. Нé привлекува да го истражиме и откреме сите негови скриени богатства. Крф е стар, Крф е нов, Крф е шармантен и одушевувачки, но исто така и модерен и тренди! Крф е „се во едно“! Прекрасните заливи кои ќе ги истражуваме ќе не остават без здив. Плажата Arillas, Agios Georgios, тиркизната Rovinia beach, Klimatia... Се закотвуваме, со залезот на сонцето, ги чекаме ѕвездите кои ќе ни ја осветлат магичната ноќ на сидрото.

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица) или Bavaria 43 CR (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица) 1 ноќ

Место

  • Кефалонија
  • Крф

Јужна рута:
По појадокот ја напуштаме Кефалонија и отпловуваме североисточно кон островот Аркуди каде ќе направиме пауза за ручек и ќе се освежиме на неговите прекрасни плажи. По Аркуди одиме во малиот рај наречен Скорпиос! Приватниот остров на милијардерот Аристотил Оназис и место каде се оженил со Жаклин Кенеди, поранешната прва дама на САД. Ноќта можеме да ја поминеме на островот Меганиси, на кој со голема возбуда и радост ќе му се вратиме :)

Северна рута:
Во нашата северна приказна, сеуште пловиме и уживаме околу островот Крф кој е неисцрпна зелена оаза сред море. Уживаме, нуркаме, се забавуваме и сончаме!

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица) или Bavaria 43 CR (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица) 1 ноќ

Место

  • Скорпиос
  • Крф

Јужна рута:
По фасцинантниот Меганиси, испловуваме и се враќаме на Лефкада! Убавицата на Јонското море од каде ја започнавме оваа приказна и која е неисцрпен извор на убавини и места за истражување. 

Северна рута:
Пловејќи, оддалеку ја здогледуваме шарената и шармантна Парга! Опкружена со неверојатна природа, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, има градче со свој единствен и својствен шарм. Ќе бидеме импресионирани од зеленилото и маслиновите дрва, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини. Се закотвуваме за уште малку истражување и уживање!

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица) или Bavaria 43 CR (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица) 1 ноќ

Место

  • Лефкада
  • Парга

Ја завршуваме нашата морска авантура и се враќаме во Скопје. Одморени и насмеани од нашето седмодневното едрење и разгледување на Јонските острови познати по кристално синото море, неистражените заливи и рибарски градчиња. Секоја испловена милја донесе ни донесе нов спомен и понесовме делче од рајот со нас. Ни се остварија наутичките соништа! 

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Уплати и пријавување:
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro. Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето).

Напомена Covid-19: 
Согласно моменталната ситуација со вирусот Covid-19, доколку дојде до затворање на границите, односно оневозможување на патниците од нашата држава да влезат во Република Грција, уплатените средства за ова патување, во форма на вредносен ваучер, ќе бидат префлени на друго поаѓање во договор со патниците и агенцијата.

Останати важни информации:
1. Рутата на пловење во планот и програмата е само предложена рута која е подложна на промени во зависност од временските услови и прилики, но и Вашите желби се разбира.
2. Скиперот е одговорен за бродот, Вас и Вашата безбеднот, па така, скиперот секогаш го има последниот збор.
3. Скиперот не е одговорен и задолжен за одржување на хигиената на бродот. 
4. За време на 8 дневното пловење, потребно е најмалку 1-2 пати да се застане и да се преноќи на пристаниште, за да се наполнат резервоарите за техничка вода и бензин, плин, но и батериите на бродот. 

Што е вклучено

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица) Пример или Bavaria 43 CR (6 лица) Пример или Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица) Пример или Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица) Пример или Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица) Пример 7 ноќи

Превоз

  • Превоз со едрилица

Останато

  • Осигурување од штета за едрилицата
  • Закуп на едрилица
  • Динги со вонбродски мотор
  • Сите трошоци и такси поврзани со застанување во марините/пристаништата за време на патувањето
  • Садови за готвење и прибор за јадење
  • Постелнина и пешкири (еден комплет по лице)
  • Комплетна безбедносна опрема
  • Гориво, техничка вода и плин
  • Услуги од скипер (капетан) со долгогодишно искуство
  • Задолжително завршно чистење на едрилицата по завршување на чартерот

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Храна и пијалоци
  • Храна и пијалоци за Скиперот
  • Превоз на релација Скопје - Лефкас - Скопје

Сместување

Jeanneau Sun Odyssey 42DS (6 лица)

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Jeanneau Sun Odyssey 42DS се одлично и луксузно уредени едрилици од 2011 година со големина од 87м2 и должина од 12.93м, три двокеветни кабини и 2 тоалети со туш кабина, салон и кујна. Поседуваат голема и удобна палуба со маса и место за седење. Sun Odyssey 42DS поставува нови стандарди на удобност во користењето на чартер едрилици. Во салонот се наоѓа голема маса која овозможува да се смести поголем екипаж и комплетно опремена кујна со шпорет, рерна, фрижидер и дополнителни кујнски апарати. Овој модел на едрилица има капацитет за гориво од 130 литри и капацитет за вода 355 литри. Специјалниот дизајн и посветеноста на детали во производството овозможува одлична брзина на едрење од 8 чворови. Благодарение на својата тежина пружа комфор и стабилност дури и на разбранувано море. Како дел од едрилицата има и динги, гумен чамец со мотор.   

Вебсајт https://www.mgyachts.gr/our-fleet/bareboat-charters/jeanneau/111-sun-odyssey-42-ds

Bavaria 43 CR (6 лица)

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Bavaria 43 CR се одлично и луксузно уредени едрилици од 2009 година со големина од 95м2 и должина од 13.01м, три двокеветни кабини и 2 тоалети со туш кабина, салон и кујна. Поседуваат голема и удобна палуба со маса и место за седење. Bavaria 43 CR поставува нови стандарди на удобност во користењето на чартер едрилици. Во салонот се наоѓа голема маса која овозможува да се смести поголем екипаж и комплетно опремена кујна со шпорет, рерна, фрижидер и дополнителни кујнски апарати. Овој модел на едрилица има капацитет за гориво од 210 литри и капацитет за вода 360 литри. Специјалниот дизајн и посветеноста на детали во производството овозможува одлична брзина на едрење од 7 чворови. Благодарение на својата тежина пружа комфор и стабилност дури и на разбранувано море. Како дел од едрилицата има и динги, гумен чамец со мотор.   

Вебсајт https://www.mgyachts.gr/our-fleet/bareboat-charters/bavaria/61-bavaria-43-cr

Jeanneau Sun Odyssey 39i (6 лица)

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Jeanneau Sun Odyssey 39i се одлично и луксузно уредени едрилици од 2007 година со големина од 68м2 и должина од 11.86м, три двокеветни кабини, WC и еден тоалет со туш кабина, салон и кујна. Поседуваат голема и удобна палуба со маса и место за седење. Sun Odyssey 39i поставува нови стандарди на удобност во користењето на чартер едрилици. Во салонот се наоѓа голема маса која овозможува да се смести поголем екипаж и комплетно опремена кујна со шпорет, рерна, фрижидер и дополнителни кујнски апарати. Овој модел на едрилица има капацитет за гориво од 130 литри и капацитет за вода 355 литри. Специјалниот дизајн и посветеноста на детали во производството овозможува одлична брзина на едрење од 8 чворови. Благодарение на својата тежина пружа комфор и стабилност дури и на разбранувано море. Како дел од едрилицата има и динги, гумен чамец со мотор.   

Вебсајт https://www.mgyachts.gr/our-fleet/bareboat-charters/jeanneau/116-sun-odyssey-39i

Jeanneau Sun Odyssey 44i (8 лица)

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Jeanneau Sun Odyssey 44i се одлично и луксузно уредени едрилици од 2009 година со големина од 99.6м2 и должина од 13.75м, четири двокеветни кабини и 2 тоалети со туш кабина, салон и кујна. Поседуваат голема и удобна палуба со маса и место за седење. Sun Odyssey 44i поставува нови стандарди на удобност во користењето на чартер едрилици. Во салонот се наоѓа голема маса која овозможува да се смести поголем екипаж и комплетно опремена кујна со шпорет, рерна, фрижидер и дополнителни кујнски апарати. Овој модел на едрилица има капацитет за гориво од 240 литри и капацитет за вода 615 литри. Специјалниот дизајн и посветеноста на детали во производството овозможува одлична брзина на едрење од 8 до 10 чворови. Благодарение на својата тежина пружа комфор и стабилност дури и на разбранувано море. Како дел од едрилицата има и динги, гумен чамец со мотор.

Вебсајт https://www.mgyachts.gr/our-fleet/bareboat-charters/jeanneau/109-sun-odyssey-44i

Jeanneau Sun Odyssey 49 DS (8 лица)

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Jeanneau Sun Odyssey 49 DS се одлично и луксузно уредени едрилици од 2006 година со големина од 97м2 и должина од 14.98м, четири двокеветни кабини и 2 тоалети со туш кабина, салон и кујна. Поседуваат голема и удобна палуба со маса и место за седење. Sun Odyssey 49 DS поставува нови стандарди на удобност во користењето на чартер едрилици. Во салонот се наоѓа голема маса која овозможува да се смести поголем екипаж и комплетно опремена кујна со шпорет, рерна, фрижидер и дополнителни кујнски апарати. Овој модел на едрилица има капацитет за гориво од 240 литри и капацитет за вода 700 литри. Специјалниот дизајн и посветеноста на детали во производството овозможува одлична брзина на едрење од 6.4 до 7.5 чворови. Благодарение на својата тежина пружа комфор и стабилност дури и на разбранувано море. Како дел од едрилицата има и динги, гумен чамец со мотор.   

Вебсајт https://www.mgyachts.gr/our-fleet/bareboat-charters/jeanneau/768-sun-odyssey-49-ds

Превоз

Едрилица

Едрилица е брод кој делумно или целосно се движи со помош на едра.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.