Jungle Едрење All Inclusive

цена од
850
EUR ,00
сега од
790
EUR ,00
траење
8 дена
Пријави се Барање
Барање

Овој пат немаме хотел со 5 ѕвезди туку со 5 милиони ѕвезди! 

Нова уникатна и возбудлива приказна со насмеаното племе - морепловци. Луксузна, Холивудска и несекојдневна авантура и изолација, бесконечно тиркизно море околу нас и ѕвездите над нас. 

Пловиме по кристално чистата вода, се капеме на најубавите, неоткриени, диви плажи и острови и посетуваме места за кои сонува #ЦелСвет! Одиме на едрење! 

Одиме на Северни Споради, рамо до рамо со Тајланд, Сејшели, Кариби, Бали... Се будиме со мирисот на морето, нуркаме, учиме да едриме и го гледаме сонцето како исчезнува позади брановите. 

Секој ден се будиме на ново парче рај кој го имаме само за себе. 

Сами ја креираме морската приказна и избираме кое копно што се издига од морето да го истражуваме. Популарниот Скопелос каде е сниман мјузикалот "Mamma Mia" со неверојатната капела Agios Ioannis и прекрасните плажи на Алонисос и Скијатос. Пловење со јато делфини и будење во мирни заливи каде кога ќе го погледнеме морето, гледаме морски ѕвезди и шарени рипчиња, а на крајот од денот, се релаксираме со најубавото зајдисонце на Медитеранот. 

Секој ден носи нов магичен призор!

Забавно и возбудливо.. како и секоја наша досегашна приказна. 

Безбедно, егзотично, различно! 

Морски поздрав 

<3


Рута
Скопје
Волос
Скопелос
Алонисос
Кира Панагија
Перистера
Скијатос
Трикери
Волос
Скопје

Превоз
Едрилица
Сместување
Едрилица
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Скопје, Македонија
Видови патувања
Авантури и експедиции, Летувања
Код на патување
GR15
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 6 , Макс 10 ,

План и програма

Се упатуваме јужно во пресрет на морето. Дневно возење до Грција со попатни задржувања за царински формалности. Пауза во Грција за заедничко купување на намирници по што следи пристигување во Волос и check in на бродот во 17:00ч, односно состанок на кој скиперот ќе ги објасни основните правила на бродот и безбедносните аспекти. Краток вовед за едрењето и припрема за сето она што допрва ќе го научиме пловејќи. Поаѓаме од пристаништето и пловиме 2 часа и половина кон Agia Kyriaki, крајбрежно селце каде ќе го почувствуваме за вкусот на Медитеранот. Уживаме во првото капење од оваа едриличарска авантура и "tsipouro & meze". 

Превоз

  • Превоз со едрилица на релација Волос - Северни Споради - Волос

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица) 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Волос

Храна

  • Ручек × 1

Изутрината го напуштаме Agia Kyriaki и пловиме околу 3 часа и половина додека ја учиме уметноста на едрењето. Гледаме како се менува брзината со невидливата моќна сила, која учиме како да ја скротиме и да ја прилагодиме на нашите потреби. Едрата се полни и нема бука од моторот во позадината. Се слуша само ветерот и бродот како ги сече брановите. Попатно застануваме да се искапеме и да уживаме на островчето Tsougria. Ја спуштаме котвата во идиличната лагуна опркужена со борова шума. Се капеме во кристално чистата вода, се освежуваме со пијалок и лесен ручек по што продолжуваме кон нашата финална дестинација, островот Скопелос. Фасцинантни пејсажи, тиркизна вода која го гали златниот брег, скриени пештери со мали рибарски бродчиња, врвна и автентична архитектура се само дел од магијата на "најзелениот" остров. Можеме да се закотвиме во Лутраки, каде ќе преноќиме и вечерта ќе го разгледаме селцето Глоса или во заливот Панормос. Тиркизно, мирно, релаксирачки зачинето со прекрасно зајдисонце.

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица) 1 ноќ

Место

  • Скопелос

Храна

  • Појадок × 1
  • Ручек × 1

По појадокот и утринското капење го напуштаме Лутраки (Скопелос) и пловиме долж неговиот јужен брег. На брановите на Егејското море уживаме во возењето со едрилицата и смирувачкото синило околу нас. Попатно застануваме да се искапеме и да се освежиме во морето и правиме пауза за ручек во заливот и плажата Staphylos (Скопелос) каде октопод и јастог се надалеку прочуени специјалитети. Попладне (околу 16 часот) се упатуваме кон Алонисос, каде се закотвуваме и можеме да го посетиме неговиот главен град Патитири или Стени Вала, малечко но прекрасно рибарско пристаниште. Во вечерните часови, може да се прошета и разгледа стариот дел на градот Патитири, сместен на врв на ридот со прекрасен поглед од 360 степени и да се почувствуваме како во минатото, од каде староседелците гледале дали доаѓаат пиратите. Алонисос е благословен со прекрасни недопрени пејсажи и опкружен со архипелаг од расеани островчиња околу него и претставува еден од најголемите заштитени подрачја во Грција. Националниот парк, освен морското подрачје ги вклучува и островот Алонисос, шесте помали острови (Перистера, Кира Панагиа, Гиоура, Псатхоура, Пипери и Скантзоура), како и 22 ненаселени острови. Недопрени заливи и изолирани манастири во националниот парк кои се недостапни, а ние имаме шанса да ги видиме. Исто така во овој регион може да се видат и различни видови делфини. 

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица) 1 ноќ

Место

  • Алонисос

Храна

  • Појадок × 1
  • Ручек × 1

Волшебно будење додека нежно не лулаат морските бранови и отсјајот на првите сончеви зраци во морето. По појадокот и утринското расонување во море, авантурата ја продолжуваме северно и се упатуваме кон ненаселениот остров Kyra Panagia. Сеуште пловиме во заштитениот дел од националниот морски парк. Прво го посетуваме мирниот јужен залив и брег на островот каде одмораме, уживаме и ручаме и се капеме во најтиркизната. чиста морска вода. Попладне (околу 18 часот) продолжуваме кон северниот брег на Кира Панагиа - Планитис, најголемото природно пристаниште на Медитеранот. Уживаме, нуркаме, истражуваме.... Ја поминуваме ноќта на сидро под ѕвезденото небо

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица) 1 ноќ

Место

  • Кира Панагија

Храна

  • Појадок × 1
  • Ручек × 1

Изутрина го напуштаме Планитис по што не очекува возбудлив ден на едрилицата и едрење кон познатиот бродолом на островчето Перистера. Се закотвуваме и се чувствуваме како да сме дел од некоја авантуристичка, Холивудска приказна. Пливаме, нуркаме по што истражувањето го продолжуваме во заливот Kokkinokastro на Алонисос, дел од фасцинантниот национален парк каде ќе ручаме и ќе уживаме во долгиот летен ден. Попатно застануваме за капење и во други бројни заливи... Денот го завршуваме на Скопелос кој маѓепсува со своите убавини и главниот град Chora, живописно мало градче со прекрасни плажи во околината.

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица) 1 ноќ

Место

  • Перистера

Храна

  • Појадок × 1
  • Ручек × 1

Го напуштаме Скопелос околу 10 часот и ја продолжуваме нашата возбудлива приказна кон Агиос Иоанис каде е сниман филмот "Mamma Mia" и неговата култна сцена со црквата на ридот. Се закотвуваме за да се увериме со сопствени очи и да ја засведочиме оваа несекојдневна убавина. Можност да ги направиме најубавите фотографии кои ќе ни го овековечат споменот од ова место. Попатно застануваме и на островот Аркос, близу Скијатос, каде ручаме и одмораме. Околку 16 часот и половина, се упатуваме кон Скијатос. Оддалеку ја гледаме впечатливата белина и неодолива архитектура на морските градчиња украсени со палми и цвеќиња во живописни бои. Скијатос е најкосмополитскиот остров на Северните Споради, вистински рај на земјата со густи борови шуми и кристално чисто азурно море. И покрај неговиот космополитски карактер, задржан е веселиот дух и суштината на медитеранот. Островот претставува вистинска ризница со преку 66 плажи! Можеме да се закотвиме во главниот град, Скијатос или на малото пристаниште Glossa/Loutraki за помирно доживување.

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица) 1 ноќ

Место

  • Скијатос

Храна

  • Појадок × 1
  • Ручек × 1

Со огромниот број на плажи, диви недопрени заливи и места кои љубоморно се чуваат, а може да се стигне до нив само со брод пред нас е еден возбудлив ден во рајот. Се будиме и започнуваме ден исполнет со забава и уживање! Скијатос крие плажи каде ќе го најдете најситниот песок што сте го виделе, party плажи, мирни места каде се доживува целосен зен, бранови на кои може да се сурфа, а насекаде синилото на морската вода пати да се прави да се чувствувате како на најегзотичното место на #ЦелСвет! Можеме да ја посетиме Koukounaries, плажа за која надалеку се слуша, Vromolimnos, Banana и Bananistas и секое тиркизно парче рај што ќе не привлече! Островот Tsougria, што се наоѓа непосредно до Скијатос, плени со својата убавина и е неизбежна станица на сите хедонисти. Во попладневните часови се упатуваме кон островчето Трикери и заливот Pagasitikos, каде ќе се закотвиме и ќе ручаме во старото рибарско пристаниште оддалечено од Волос на околу 2 часа.

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица) или Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица) 1 ноќ

Место

  • Трикери

Храна

  • Појадок × 1
  • Ручек × 1

Ја завршуваме нашата морска авантура околу 9 часот наутро во пристаништето во Волос и се враќаме. Одморени и насмеани од нашето седмодневното едрење и разгледување на Северни Споради познати по кристално синото море, неистражените заливи и рибарски градчиња. Секоја испловена милја донесе ни донесе нов спомен и понесовме делче од рајот со нас. Ни се остварија наутичките соништа! 

Место

  • Волос
  • Скопје

Храна

  • Појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Уплати и пријавување:
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro. Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето).

Напомена Covid-19: 
Согласно моменталната ситуација со вирусот Covid-19, доколку дојде до затворање на границите, односно оневозможување на патниците од нашата држава да влезат во Република Грција, уплатените средства за ова патување, во форма на вредносен ваучер, ќе бидат префлени на друго поаѓање во договор со патниците и агенцијата.

Останати важни информации:
1. Рутата на пловење во планот и програмата е само предложена рута која е подложна на промени во зависност од временските услови и прилики, но и Вашите желби се разбира.
2. Скиперот е одговорен за бродот, Вас и Вашата безбеднот, па така, скиперот секогаш го има последниот збор.
3. Скиперот не е одговорен и задолжен за одржување на хигиената на бродот. 
4. За време на 8 дневното пловење, потребно е најмалку 1-2 пати да се застане и да се преноќи на пристаниште, за да се наполнат резервоарите за техничка вода и бензин, плин, но и батериите на бродот. 

Што е вклучено

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица) Пример или Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица) Пример 7 ноќи

Превоз

  • Превоз со едрилица на релација Волос - Северни Споради - Волос

Храна

7 × Ручек, 7 × Појадок

Останато

  • Осигурување од штета за едрилицата
  • Закуп на едрилица
  • Динги со вонбродски мотор
  • Сите трошоци и такси поврзани со застанување во марините/пристаништата за време на патувањето
  • Садови за готвење и прибор за јадење
  • Постелнина и пешкири (еден комплет по лице)
  • Комплетна безбедносна опрема
  • Наем на хостеса задолжена за одржување на хигиената на бродот и подготовка на оброци.
  • Гориво, техничка вода и плин
  • Услуги од скипер (капетан) со долгогодишно искуство
  • Задолжително завршно чистење на едрилицата по завршување на чартерот

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Алкохолни и безалкохолни пијалоци
  • Останати оброци за патниците, скиперот и хостесата кои не се вклучени во цената

Сместување

BENETEAU OCEANIS 54 (за 8 лица)

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

BENETEAU OCEANIS 54 се одлично и луксузно уредени едрилици од 2011 година со должина од 16.20м, четири двокеветни кабини, посебна кабина за скиперот, кревет на извлекување во салонот и 4 тоалети со туш кабина, салон и кујна. Поседуваат голема и удобна палуба со маса и место за седење. BENETEAU OCEANIS 54 поставува нови стандарди на удобност во користењето на чартер едрилици. Во салонот се наоѓа голема маса која овозможува да се смести поголем екипаж и комплетно опремена кујна со шпорет, рерна, фрижидер и дополнителни кујнски апарати. Овој модел на едрилица има капацитет за гориво од 500 литри и капацитет за вода 960 литри. Специјалниот дизајн и посветеноста на детали во производството овозможува одлична брзина на едрење до 11 чворови. Благодарение на својата тежина пружа комфор и стабилност дури и на разбранувано море. Како дел од едрилицата има и динги, гумен чамец со мотор.  

Вебсајт https://sailwithus.gr/our-boats/

Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance (6 лица)

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance се одлично и луксузно уредени едрилици од 2007 година со должина од 12.85м, три двокеветни кабини, WC и два тоалет со туш кабина и дополнителен туш на кокпитот, салон и кујна. Поседуваат голема и удобна палуба со маса и место за седење. Jeanneau Sun Odyssey 42i Performance поставува нови стандарди на удобност во користењето на чартер едрилици. Во салонот се наоѓа голема маса која овозможува да се смести поголем екипаж и комплетно опремена кујна со шпорет, рерна, фрижидер и дополнителни кујнски апарати. Овој модел на едрилица има капацитет за гориво од 150 литри и капацитет за вода 400 литри. Специјалниот дизајн и посветеноста на детали во производството овозможува одлична брзина на едрење од 8 чворови. Благодарение на својата тежина пружа комфор и стабилност дури и на разбранувано море. Како дел од едрилицата има и динги, гумен чамец со мотор.  

Вебсајт https://sailwithus.gr/our-boats/

Превоз

Едрилица

Едрилица е брод кој делумно или целосно се движи со помош на едра.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.