Колумбија

Колумбија

Некогаш одамна, на тлото на Колумбија живеел кралот на племето Муиска кој се опсипувал себеси со златен прав и скокал во езерото близу Богота така што "Златниот град" се крие на дното на ова езеро. Митскиот Ел Дорадо, се наоѓа во Колумбија и е мотив на сите посетители со векови да го истражуваат. Богота е главниот и најголем град на Колумбија, а се нарекува и Атина на Латинска Америка. Овој град има 57 музеи, 35 библиотеки, 20 плоштади, 162 национални споменици, 45 театри и 20 културни центри. Од друга страна Меделин бил познат исклучиво по Пабло Ескобар "кралот на дрогата" кој живеел овде. Пабло Ескобар според преданијата заработувал околу 420 милиони долари неделно и во еден момент бил седми најбогат човек на светот! За тоа време Меделин бил место на вечната борба помеѓу картелите и носел репутација на "озлогласениот град", а сега овој град е вистинска урбана престолнина која промовира култура и модерна уметност! Имено, во овој град ќе најдете изложба на скулптури на отворено од прочуениот уметник Ботеро но и цели квартови со преубави графити создадени од автори кои инспирација црпат од градските власти. Една од уникатните атракции на Колумбија е карпата El Penjon de Guatape. Оваа џиновска монолитска карпа во сред равница изгледа како "зашиена" заради цик-цак скалите кои водат до самиот врв. Доколку ги совладате ви пружа неверојатен поглед на езерата и островцата Guatape. Картагена е еден од најубавите колонијални градови кои може да ги посетите во Латинска Америка. Денес овој град заради своите преубави згради во шарени бои, калдрмести улици и салса ритамот привлекува најмногу туристи во Колумбија. Градот е познат како место во кое прочуениот Габриел Гарсија Маркез ја започнал својата кариера и чие дело "Сто години самотија" е едно од најпродаваните дела на шпански јазик. Во кристално синото море ќе уживаме во малото рибарско село по име Таганга. Во близина се наоѓа и најубавиот национален парк во Колумбија-Тајрона. Преубави плажи со бел песок, кристално чиста морска вода, палми и кокоси се сѐ што е потребно за прав одмор. Упатете се со нас на ова неверојатно и единствено патување во земјата на смарагдот, кафето, Ескобар, Маркез, недопрени плажи и величенствени колонијални градови!

Поаѓања

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

Колумбија (Columbia) се смета за безбедна држава во Јужна Америка, без оглед на нејзината бурна историја, многу политички прашања се целосно решени и владата како и луѓето настојуваат да го подигне туризмот на високо ниво. Во моментов Колумбија е една од најпознатите туристички дестинации во Јужна Америка. Треба да водите сметка за ситни кражби и џепароши како и во било кој европски град.


За влез во Колумбија (Columbia) не е потребна против жолта грозница и со оглед на пределите кои ги посетуваме и местата кои се предвидени според планот и програмата нема опасност од тропски болести.


За државјаните на Р. С. Македонија не е потребна виза за влез на територија на Колумбија (Columbia).


1. На прво место дефинитивно е Theatron- клуб кој собира 4000 луѓе, има 14 соби со различна музичка содржина. Влезницата чини околу 15 евра со вклучен национален пијалак во цената до 2:00h. Отворено е во петок и сабота.
2. Andres Carne de Res - е ресторан но воедно и клуб. Оддалечен е од Богота (Bogota) 45 минути, но вреди да се посети. Прекрасен амбиент кој го оплеменува позната колумбиска музика.

3. Colombian Pub е одлично место доколку сакате да видите како изгледа вистинско колумбиско излегување со звуците на регетон. Отворено е во текот на целата недела, се наоѓа во Т зоната која е богата со разни барови и клубови.
4. El Tibiri bar - најпознатотот место во Медељин (Medellin). Погодно е за љубителите на латино ритамот од салса до афрорумба. Отворен е од среда до недела. 
5. Alquimico типично карипско место каде може да уживате во разновидните овошни коктели. Се наоѓа во Картахена (Cartagena) и е едно од најдобрите chill места.


Во историскиот центар на секој колумбијски град се наоѓаат шарени продавници за сувенири. Од сувенири најдобро е да се купи накит од емералд, чај од кока и ланчиња од Муиска народот.


Најдобро време за патување во Колумбија и највисока сезона е од Ноември до Март и во летниот период, Јули и Август.


Колумбијска храна:

  1. На прво место дефинитивно е ајиако (ahiako) супа- традиционално јадење со пилешко и пченка кое се служи со ориз и авокадо. - цена 6$
  2. Arroz atollado ова јадење е комбинација на ориз и пилешко, свинско, говедско со додаток компир, кромид и пиперка. - цена 8$
  3. Pargo риба- типична за северна Колумбија (Colombia), се служи со пржена банана, ориз и кокос. - цена 10$
  4. Bandeja Paisa е микс на се што Колумбијците сакаат да јадат, мелено месо, јајце, црн грав и ориз. - цена 7$
  5. Вашето утро не би смеело да започне без arepa (палачинки) и empanada (полнети пецива). - цена 2$

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Колумбија

1.ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Република Колумбија е држава која се наоѓа на северозападот на Јужна Америка. На север и на северозапад излегува на Карипско море, а на запад на големиот Тихи океан. Колумбија по површина е четврта најголема земја во Јужна Америка. Еден од главните производи на оваа земја е кафето.

Површина: 1,141,748 km2

Број на жители: 49 милиони

Главен град: Богота (8 милиони)

Националност: Колумбијци (претежно местици)

Официјален јазик: Шпански

Вероисповест: Католици

Независност: 07.08.1819.

2. ВИЗА

За државјаните на Р.С. Македонија не е потребна виза за туристичка посета.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Временската зона е UTC -5.

4. КЛИМА

Колумбија е огромна земја и поради тоа се карактеризира со повеќе климатски зони: дождливи шуми, савани, пустини и планини. Во главниот град Богота просечната годишна температура е 15°C, а најтопли месеци се март и април со температура од околу 20°C. Маглата исто така е честа појава. Меделин се наоѓа во тропски појас, а со оглед на тоа што градот се наоѓа на 1500м надморска височина просечната годишна температура е 22°C и не се менува многу во текот на годината. Температурата е уште поповолна на брегот на Карибите каде просечната температура е 27°C. Сушниот период во овој дел на државата трае од ноември до мај.

5. ХРАНА

Колумбијската храна е многу разновидна благодарение на географската разноликост, тропската клима и влијанието на различни имигрантски популациии- всушност секој има свои специјалитети. Колумбијската кујна нуди различни видови на храна со доста месо. Како главни прилози најчесто ги додаваат пченката и гравот. Најпопуларниот појадок скоро секаде вклучува арепа, нешто измеѓу леб и палачинки од пченично брашно, често полнета со јајце. Колумбија може да се пофали со околу 250 видови овошје и скоро исто толку видови зеленчук. Оние нам познати како на пример ананас, банана, манго и некои потполно едиствени феихоа, нисперо, јука... Специјалитети на оваа кујна се и чорбите. Чорбата San Cocho се прави од риба или пилешко и комбинација на друго месо и додаток на некој од членовите на семејството компири (бел, црвен и креолски компир, јука и јам) и кромид. Ajiaco е  прилично тешка супа базирана на компир која е особено популарна во и околу Богота. Додатни состојки се парчиња пилешко, пченка, капар и павлака. Ajiaco обично се служи со ориз и свежо авокадо. Можете да се "засладите" и со чичарони- некоја врста на нивни чварки. Во секој случај во Колумбија нема да останете гладни!

6.ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА

За влез во Колумбија не е потребна против жолта грозница и со оглед на пределите кои ги посетуваме и местата кои се предвидени според планот и програмата нема опасност од тропски болести. Пожелно е да се понесат лекови за стомак (пробиотици), Фервекс или некои лекови за болка и температура за секој случај. Доколку не понесете со вас, не е ништо страшно може да се купат и од аптеките таму. 

7. ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурувањето не е задолжително, но е препорачливо. Можете да го подигнете во било која осигурителна компанија или да го уплатите во нашата агенција најдоцна 5 дена пред поаѓање.

8. БЕЗБЕДНОСТ

Колумбија се смета за безбедна држава во Јужна Америка, без оглед на нејзината бурна историја, многу политички прашања се целосно решени и владата како и луѓето настојуваат да го подигне туризмот на високо ниво. Во моментов Колумбија е една од најпознатите туристички дестинации во Јужна Америка. Треба да водите сметка за ситни кражби и џепароши како и во било кој европски град.

9. ОБЛЕКА

Спакувајте слоевита облека и понесете што помалку работи! Со обзир на тоа што во Богота просечните температури се 15°C за овој град е потребно да понесете потопла облека (јакнички, панталони, блузи..). Во другите телови на земјата (Меделин и брегот на Карипското море) се високи температурите и за таму се препорачува носење лесна летна гардероба. Исто така се препорачува носење шешир и капа за деновите кои ги поминуваме на плажа.

10.ПАРИ

Како и во другите латиноамерички земји, најприфатена странска валута е америчкиот долар кој изнесува 1 USD = 2.900 пезоси. Евра не може да се сменат во повеќето менувачници освен во поголемите банки. Прифатливи се најпознатите светски платежни картички, првенствено Visa i Master Card.
 

11. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мобилни мрежи функционираат во Колумбија, а секако може да купите и локална СИМ картичка. WiFi имате во сите сместувања и ресторани, така што нема да имате проблем во одржувањето на комуникација со семејството и пријателите.