Дубаи

За нас и многу наши патници Дубаи подразбираше само една работа: попатна посета. Место каде што слетуваме, купуваме по нешто и гледаме да полетаме што побрзо. Мислевме дека Дубаи не е добар фит за нашата приказна, но пред околу една година спонтано одлучивме да се симнеме од нашиот авион и да видиме што има овој град да ни понуди. Уште првиот ден сфативме дека Дубаи не е како ни еден друг град што го имаме видено до сега и е многу повеќе од шопинг, големи згради, брзи коли и прескапи ресторани. Всушност направивме Дубаи совршено да се вклопи во нашата приказна и од таму излезе нашата најнова урбана Jungle Авантура.

Помеѓу светкавите облакодери на Дубаи, не чекаат безброј незаборавни авантури — пустински дини, бедуински села, уникатни градини, стари арапски обичаии... Дубаи е античка Арабија со “огромен” новчаник :).

Со својата смела архитектура и врвен стил, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Дубаи претставува град на невозможното и најдоброто!!! На кратко во Дубаи се е НАЈ!! — НАЈвисоката зграда, НАЈголемата рамка, НАЈголемиот аквариум, НАЈголемата фонтана, НАЈголемиот златен ланец, и може да редиме уште 333 други светски рекорди кои ги “држи” Дубаи!!

Дубаи не само што ја исполнува својата репутација како најдобриот град на #целсвет туку и целосно ќе ги надмине вашите очекувања!!!

Во 2024 Дубаи го работиме на неколку начини:
Дубаи Getaway -- 6 дена, кратко бегство од тмурната, ладната и загадената зима, 

Дубаи Зимување -- 10 или 11 дена прописно зимување на плажа. 

Или во комбинација со нашите две најпосакувани дестинации:

Дубаи и Малдиви -- Необично патување кое е комбинација на модерните архитектонски достигнувања на Дубаи и уживање на најубавите плажи на #целсвет на Малдиви! 

Дубаи и Занзибар -- Нашата авантура ја започнуваме на Занзибар -- островот кој е синоним за рај и хедонизам, уживаме на прекрасни плажи, полниме батерии и позитивна енергија. Потоа нашата авантура ја завршуваме во градот кој никогаш не спие -- Дубаи.

Спремни за незаборавна авантура?

Поаѓања

Патувања

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Дубаи

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез во Дубаи не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против COVID-19.

Задолжително е здравствено осигурување кое покрива и пандемија COVID-19.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

ВИЗА
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во земјата. Нашата агенција има посредничка и консултативна улога во процесот на визирање и може да извади виза во име на патникот. Потребна документација за виза е скенирана копија на скенер во боја од првите две страни на пасошот (без останати видливи работи на сликата) и слика од патникот во боја на бела позадина, без гримаси со димензии 4.3 x 5.5 cm. Документите е потребно да бидат испратени во PDF или JPEG формат.

Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќање од патувањето и да содржи најмалку две празни страници, слободни за нови печати.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување во Дубаи не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.

ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден во периодот од Октомври до Мај се движи помеѓу 24-35 степени, а навечер се движи помеѓу 14-25 степени. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци. 

БЕЗБЕДНОСТ
Дубаи е, всушност, еден од најбезбедните градови во светот. Неговите построги закони значат дека криминалот се сведува на минимум, а многу туристи се чувствуваат многу побезбедно во Дубаи отколку во другите делови на светот. Стапката на криминал во Дубаи е многу помала споредено со земји во другите региони во светот.

ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Дубаи е неверојатен спој на јазици, култури и кујни. Дубаи ги спојува културата и наследството на повеќе од 200 различни националности во рестораните, и добива дополнително признание како глобално позната дестинација што го трансформира туризмот со храна.

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат во Дубаи. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.

СТРУЈА
Во Дубаи се користи приклучок тип G. Тип G е приклучокот кој има три правоаголни влеза во триаголен образец како што се користи во Велика Британија.

ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Дубаи е ОАЕ Дирхам. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 3.80 AED
1 USD = 3.67 AED
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување. 

Можете да носите евра или долари. Постои можност да користите и платежни картички. Провизиите за платежните картички треба да ги проверите со вашата матичната банка. 

ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC+4, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и OAE е 3 часа, а во текот на летното сметање на времето е 2 часа, затоа што OAE не преминува на летно сметање на времето.